дома блог страница 3133

Авионот на Владата со сменето име

Делегацијата предводена од премиерот Зоран Заев вчера пристигна во посета на Австрија, каде Курц го покани Заев и на Виенскиот Бал како специјален гостин.

И авионот со кој слета Заев е со сменето име и на него пишува Северна Република Македонија, пренесе Емагазин.

(Видео) Американка збунета поради кафанските обичаи на Балканот – „Не ми е јасно зошто мора така“

Американката Кејли Хендершот последниве две години живее во Хрватска, каде е мажена за Хрватот Доминико.

Кејли изминативе месеци објавува свои гледишта за животот во Хрватска на Јутјуб. Така вистински хит било видеото во кое зборува за тоа што ја нервира кај нејзиниот сопруг, а и за разликите меѓу Америка и Хрватска.

„Интересна е ситуацијата со броењето спратови. Во Америка не постои приземје, туку веднаш е прв спрат“, вели Кејли и додава дека поради тоа неколку пати залутала на погрешен спрат.

Американката досега навикнала дека Хрватите со часови седат на кафе, а она што не ѝ е јасно е дека после првата нарачка мора повторно да се повика келнерот.

„Во Америка келнерот се враќа после некое време и ве прашува дали е се во ред, дали ви треба уште нешто. Во Хрватска мора да кренете рака и да воспоставите контакт со очи со келнерот ако сакате нешто да нарачате“, додава Кејли.

Една од работите што не ѝ се јасни е што нема правила за движење десно.

(Видео) Џиновски радиоактивни сомови пливаат во каналот: Ја спушти камерата во водата во која некогаш се ладел реакторот на централата и сними шокантни сцени

Подводното видео на младиот авантурист Еуген Мазуренко ги запали социјалните мрежи.

Мазуренко за време на неодамнешната посета во чернобилската зона одлучи да ја спушти камерата во каналот во кој некогаш се ладел реакторот на нуклеарката.

Видеото брзо се прошири на социјалните мрежи, иако на него е прикажан само еден канал и животинскиот свет во него.

Тој се наоѓа во непосредна близина на нуклеарната електрана која е позната во светот по катастрофата од 1986 година, а каналот служел за ладење на реакторот.

Коктел од традиционална македонска ракија се подготвува во бар во Австралија- можете и вие дома да го направите (ВИДЕО)

Еден австралиски ресторан ги изненади своите посетители откако на менито овој месец најавија македонски пијалаци и храна.

На Фејсбук страната на ресторанот со име „WTF- World Travel Food Bar“, тие објавија видео на кое еден бармен покажува рецепт за правење на коктел од традиционална македонска ракија.

Ресторанот секој месец има посебни специјалитети од различни држави ширум светот, а тие за од утре за месец март ја најавуваат македонската кујна и пијалаци.

Силјановска: Да им покажеме дека сакаме држава без кopупциja, администрација без партизација, судство и безбедносни служби без притисоци

Да им покажеме дека сакаме држава без корупција, администрација без партизација, судство и безбедносни служби без притисоци. Инсистирам на слобода и ја бранам слободата на другите, напиша Гордана Силјановска Давкова на својот Фејсбук профил.

„НАПИШЕТЕ МИ ВО КОМЕНТАРИ, КОЕ ПРАВО ВАС НАЈМНОГУ ВЕ ЗАСЕГА?

Да им покажеме дека сакаме држава без корупција, администрација без партизација, судство и безбедносни служби без притисоци. Инсистирам на слобода и ја бранам слободата на другите!

Секој има право на лична среќа. Државата мора да биде гарант на нашите права и да гарантира еднаквост во можностите за човечки развој и напредок, како и достоинствен живот за нашите семејства!

А, јас сум бунтовник, се повикувам и борам за правда, секаде и секогаш! Се залагам за ист третман пред законите, за рамноправност на сите граѓани и верувам во неизбежноста на победата на правдата!

Право на правда имаме сите, право и правда за Македонија!“, напиша професорката Силјановска Давкова.

(Видео) Каде е Јокич таму е и забавата: Србинот им приреди шоу на Американците на аеродром

Во Денвер веќе знаат- каде е Јокич, таму е и забавата.

Српскиот центар знае да ги изненади Американците. Тој заедно со групата соиграчи го поминаа денот на аеродром.

Србинот меѓу другото учеше како се управува авион, а потоа приреди вистинско шоу за присутните на аеродромот.

Силјановска вечерва во Дебрца: “Ветувам дека правото и правдата ќе победат во Македонија!”

Kaндидатката за претседател на државата од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Проф. д-р Гордана Силјановска Давкова, вечерва оствари средба со граѓаните на општина Дебрца.

“Денеска остваривме средба во Дебрца. Благодарност за срдечниот прием. Ветувам дека правото и правдата ќе победат во Македонија”, напиша Силјановска на Фејсбук.

Тони Михајловски до Костадинов: Чуму ти е главата? За шишање?

Актерот Тони Михајловски на својот Фејсбук профил ја потсети јавноста на една од најскандалозните изјави дадени од функционер на СДСМ, поточно изјавата на портпаролото и пратеник на СДСМ, Костадин Костадинов ,, Кога немаш пари, не ти треба идентитет”. Тој едноставно го запраша портпапролот на СДСМ:

-Кога немаш мозок, чуму ти е главата? За шишање?

Интервју со Александар Крстески: Челичниот столб на одбраната на прилепска Победа стави крај на својата извонредна кариера

Уште една фудбалска легенда од Прилеп ги закачи копачките на ѕид и ја заврши својата извонредна кариера. Александар Крстески, столбот во одбраната на прилепска Победa, на 35-годишна возраст реши да стави крај и да се збогува со фудбалскиот терен. Настапуваше за 10 фудбалски екипи, играше и надвор од земјата и секаде достојно ги бранеше клубските бои. Крстески е можеби рекордер со тоа што со шест различни екипи играше финалиња на фудбалски купови. Титули освои со Слога Југомагнат, Работнички, Металург и Тетекс, а во финале загуби со Победа и Динамо Тбилиси од Грузија. Kрстески сеуште размислува за фудбалот и ветува дека ќе продолжи во тренерските води. Со него разговаравме за целата блескава кариера и за неговите искуства од различните фудбалски средини.

1.Александар, зад себе имаш една блескава фудбалска кариера. Настапуваше за повеќе клубови, а твојата улога беше клучна во средините каде играше. Како се одлучи да ставиш крај на својата кариера и фудбалски речено да се “пензионираш”?

Да се донесе ваква одлука не беше многу лесно, меѓутоа после долго размислување и одолговлекување , сепак се решив на овој чекор. Како причина се и неколкуте повреди кои ги имав низ кариерата, но сметам и дека 35 годишна возраст е доволно да се стави крај. Ми преостануваа уште 6 месеци од договорот со Победа, но ете одлучив да ставам крај и сметам дека тоа е добро за моето тело, а тука се и домашните обврски и семејството.

2.Колку години кариера имаш зад себе и како изгледаа твоите почетоци во прилепска Победа?

Фудбалската кариера ја започнав како пионер најпрво во фудбалската школа на Веле Јакимоски, па следуваа кадети и младинци во Победа. Првиот настап кој го имав за првата екипа на Победа беше далечната 1999-2000 година, а веднаш потоа следуваше и првиот професионален договор со тогашната силна екипа на Слога Југомагнат. Таму поминав прекрасни 4 години, а исто така на 18-годишна возраст ја освоив и првата титула во Купот на Македонија, кога во финалето го победивме Напредок.

3.Настапуваше и за двата скопски ривали Работнички и Вардар. Како се снајде таму и која е разликата да се настапува пред прилепската и скопската публика?

Сите знаеме дека не е лесно секој да се снајде во таа средина, посебно играч од друг град во Скопје. Најпрво направив трансфер во Работнички, каде играв во квалификациите за Лигата на шампионите и бев стандарден првотимец. Истата година го освоиме и фудбалскиот Куп на Македонија. Можам да кажам дека носам позитивни искуства од двете средини и сметам дека достојно ги бранев боите и на двата клуба.

4. Веднаш потоа ја започна својата интернационална кариера, замина во Грузија, а потоа и во Албанија. Што донесе тоа искуство во твојата кариера?

Мојата интернационална кариера ја започнав во Грузија, каде настапував за Динамо Тбилиси. Знаеме дека Динамо од секогаш важел за силна екипа, особено во поранешните простори на Советскиот сојуз. Се работи за клуб гигант во Грузија кој секоја година настапува во квалификациите за Лига Европа или Лигата на шампиони. И таму одиграв финале во фудбалскиот куп, а најголемото искуство и нешто што ми остави впечаток е тоа што уште во тоа време Динамо Тбилиси располагаше со тренинг капм, тренинг база, огромна професионалност и модернизираност, налик на она што денеска во Македонија го поседува Вардар.

5.Кој момент од кариерата би го издвоил како најголем отскок, нешто што те прави горд и секогаш ти предизвикува пријатни спомени?

Како што кажав и претходно, огромно задоволство ми претставува тоа што настапував за клуб како Динамо Тбилиси, а особено среќен сум на сите освоени титули, финалињата за фудбалските купови кои ги имам 6 на број, како и шампионската титула со Победа.

6.Кариерата ја заврши таму каде што почна, во црвено-белиот дрес на Победа, каде се врати по 7-8 години надвор од Прилеп. Како го дочека тој момент и дали ти беше мило што одново заигра во родниот град?

Се разбира дека уште од првиот ден кога заминав од Победа знаев дека тука ќе се вратам и ќе ја завршам мојата кариера. Се вратив во моментот кога Победа беше во Втора лига, па веќе по една година влеговме во Прва лига, а за среќа еве сеуште клубот е во најелитното фудбалско друштво во државата.

7.Состојбата со клубот денеска не е ниту малку добра. Победа за жал се наоѓа на последното место на прволигашката табела. Колку е болно да се види дека омилениот клуб е на самото дно и што според тебе би можело да биде спас за Победа до крајот на сезоната и останување во најелитното друштво?

Моменталната состојба како што сите знаеме во клубот не е најсјајна. Има некои финансиски проблеми, меѓутоа само што започна втората полусезона, па сеуште е рано да се каже дали има или нема спас за Победа. Се надевам дека ќе изнајдат спас и дека Победа ќе остане таму каде што и е местото, односно во Првата лига. Знаеме дека заминаа голем број играчи, а пристигнаа малку засилувања. Можеби за тоа причина е моменталната финансиската конструкција која ја има клубот, но не сум моментално таму и не можам да кажам која е точната ситуација.

8.Има ли Прилеп фудбалски потенцијал како порано? Дали и како може да се изгради стратегија за враќање на фудбалот во Прилеп на самиот врв во државата?

Се разбира Прилеп дека има и ќе има потенцијал. Прилеп е најфудбалскиот град во Македонија, меѓутоа . За да се врати фудбалот на највисоко ниво треба многу вложување и многу работа. Најпрво мора да се направи стадионот во Прилеп, потоа да се направи тренинг камп, па помошни игралишта за деца и од некаде да се тргне од мртва точка. Професионалниот фудбал бара вложувања, во спротивно се’ би било залудно.

9. Дали планираш да продолжиш во водите на фудбалот и да се занимаваш со тренерска професија?

Планирам во следните 6 месеци малку да одморам. Инаку се запишав на тренерската Б лиценца која за скоро ќе ја завршам. Така да за во иднина секако сакам повторно да се занимавам со фудбалот, затоа што сметам дека нас на спортистите местото ни е во спортот. Имам желба тоа да биде повторно во Победа, за каде имав и понуда од раководството да останам, но сметам дека сеуште не е време и дека ми е потребно повеќе искуство.

10. За крај, една порака до сите млади луѓе кои пробуваат да градат кариера во Македонија

Пораката до сите млади таленти во Победа е да тренираат, да живеат спортски и да се надеваат дека ќе успеат. Секогаш патот до успехот, посебно за играчи кои доаѓаат од Прилеп е потрнлив за разлика од другите градови, меѓутоа имаме многу примери, а тука ќе го издвојам примерот со мојот кумашин Илија Несторовски. Така да нека го следат неговиот пример, затоа што единствено во фудбалот преку ноќ може да ти се заврти и животот и кариерата за 360 степени.

Анѓушев: Рекордно ниво на странски директни инвестиции во земјава во 2018 година

Заменикот на претседателот на Владата за економски прашања д-р Кочо Анѓушев и директорот на ДТИРЗ Александар Младеновски на прес конференција во Владата, соопштија дека во 2018 година, Народната банка , забележа највисоко ниво на странски директни инвестиции во историјата во вредност од 624,5 милиони евра.

Вицепремиерот за економски прашања посочи дека нивото на странски директни инвестиции во Македонија во 2018 година е за 276% повисоко во однос на просекот во претходните 8 години и за 82% повисоко од претходно најдобрата 2011 година.

„Претходно гледавме многу лопати, ленти, маркетинг, виртуелна економија, промотори и роуд шоа и потрошени над 225 милиони евра за привлекување на странски инвестиции со резултати како што ги знаеме. Со посветеност и јасна визија за модернизација и индустријализација на стопанството, со нула трошоци за маркетинг, постигнавме резултатите кои се 276% повисоки од просекот во последните 8 години“, нагласи Анѓушев.

Владата во изминатите година и половина успеа да привлече 18 нови, реномирани странски инвеститори, со повисок степен на технолошки развој, кои креираат подобро платени работни места.

„Сите овие компании се компании кои ќе исплаќаат над 300 евра просечна плата и кои креираат работни места за високо едуциран и професионален кадар, нема веќе компании кои креираат трудоинтензивни работни места. Зборуваме за компании кои користат високи технологии и кои ќе креираат по неколку стотини работни места за високо едуцирани и квалификувани кадри со што се надеваме дека ќе ги мотивираме нашите млади луѓе да останат во својата земја. Претстои силна индустријализација во нашата земја, како резултат на работата на економскиот тим на Владата, но и како резултат на пристапувањето на Република Северна Македонија во НАТО, што дава стабилност на државата, но и охрабрување за инвеститорите“, нагласи Анѓушев

Вицепремиерот додаде дека и нивото на странски директни инвестиции во четвртиот квартал на 2019 година е на највисоко ниво досега во споредба со истиот кваратал во претходните години, од над 311 милиони евра.

Директорот на Дирекцијата на технолошко индустриските развојни зони Алекснадар Младеновски посочи дека дирекцијата посветено работи на подобрување на условите во зоните со цел да се обезбедат подобри услови за работа на инвеститорите.

„Во 2018 година компаниите од зоните забележаа извоз од околу 2,5 милијарди евра, што е за околу 20% повеќе од 2017 година. Зоните ги развиваме во забрзано темпо, дел од нив беа недоволно развиени. Ќе започнеме со изградба на ТИРЗ Скопје 3, во ТИРЗ Штип ќе започнеме со реализација на гасовод, во ТИРЗ Струмица се гради терминалот, последиот дел од заоната. Во ТИРЗ Прилеп се гради приклучниот пат, водоводот и канализацијата се завршени, во ТИРЗ Струга исто така се гради приклучен пат, додека водоводот е завршен лани, а во ТИРЗ Кичево се доградува внатрешната инфраструктура. Сите овие инвестиции ги правиме во насока на побрзо завршување на зоните и обезбедување на подобри услови за работа на компаниите, што очекуваме да резултира со отворање на нови работни места“, кажа Младеновски.