дома блог страница 3131

ЛДП исти со Амди Бајрам? Немаат кандидат, остануваат привезоци на СДСМ?

Пратеникот Амди Бајрам вечерва изјави дека се повлекува од претседателската трка и ќе го поддржи кандидатот на СДСМ и коалицијата Стево Пендаровски.

(Видео) Бурно во црногорското Собрание – спречена физичка пресметка на ратификацијата на Протоколот за влез во НАТО

Црногорските пратеници денеска го ратификуваат Протоколот за пристапување на Македонија во НАТО, но за време на седницата беше прилично бурно.

Од власта стигнаа оценки дека станува збор за историски чекор напред, од кој бенефит ќе има целиот регион, меѓутоа опозицијата смета дека се работи за погрешна одлука.

Особено им пречеше присуството на претседателот на Собранието на Македонија, Талат Џафери, кој од страната на лидерот на опозициската партија, Андреј Мандиќ беше наречен терорист кој пукал во македонската полиција.

Но, тука не бил крајот, за малку ќе дошло и до физичка пресметка, откако еден од лидерите на Демократскиот фронт Милан Кнежевиќ од клупата почнал да дофрла навредувачки зборови за Миодраг Вуковиќ од ДПС.

Кнежевиќ го прекинувал Вуковиќ додека зборувал, поради што од претседателот на црногорското Собрание побарал да го прекине, додавајќи дека не сака да полемизира со него.

Откако пресметката била прекината, Кнежевиќ имал и нова порака за Вукович.

„Мене Мишко Вуковиќ овде ми вели „сега ќе видите што ќе ви направиме“. И никој не реагира. Е, јас му порачувам на Мишко и на сите кои ќе се обидат нешто да ми направат на мене и на Андреј Мандииќ, или на било кој од нашето семејство, нека бидат подготвени дека ќе ги чека повратен удар“, рекол Кнежевиќ.

“Пендаровски за ДУИ и Ахмети: Tендераши, немаат никаков резултат, фингираат меѓуетнички тензии, филмовите на Али Ахмети не помиунуваат?!”

Tвитерџиите потсетуваат што зборувал Пендаровски за ДУИ и Али Ахмети во пресрет на предвремените парламентарни избори во 2016 година.

“СДСМ се откажа од неопределените? Еве кој е претседателски кандидат”

Стево Пендаровски е претседателски кандадат на СДСМ за претстојните избори закажани за 21-ви април. По тричасовни партиски консултации партијата одлучи да го предложи Пендаровски за претседателски кандидат, објави Телма.

Веднаш по состанокот, лидерот на СДСМ Зоран Заев замина во скопски хотел, каде го очекуваат лидерите од коалицијата предводена од СДСМ на дополнителни консултации.

Пред средбата со нив, Заев рече дека очекува поддршка од сите и додаде дека останатите фаворити за претседател го прифатија Пендаровски како претседателски кандидат.

Пендаровски беше кандидат на СДСМ и на претходните избори.

(Видео) Пендаровски: Референдумот бил манипулација со народот?

“Еве еден чист став. Името не може да се решава без државен консензус. Не партиски, не владин, не етнички, туку државен. Тоа значи дека сите релевантни чинители, Влада и опoзиција, Албанци и Македонци, сите треба да се сложиме околу тоа што е црвената линија на Република Македонија. Јас тврдам дека ова прашање има толку големи пропорции и не засега сите, посебно Македонците, па легитимитетот кој владеачката партија го има добиено на избори не е доволен. Колку гласови имаат добиено, колку пратеници? Треба ли да имаме референдум на крајот од тој процес?”, вака зборуваше пред неколку години потенцијалниот консензуален претседателски кандидат од владеачката коалиција, Стево Пендаровски.

Тој додаде дека референдумот мора да биде облигаторен во спротивно ќе претставува манипулација на граѓаните. Пендаровски дури и знаел што значи успешен референдум:

Македонец стана европски шампион сред Солун!

На седмото европско првенство за клубови во Солун 2019 таеквондо клуб Бутел настапи со сениорскиот тим.

Филип Додевски, категорија -87кг со пет победи освои златен медал. Македонија доби европско сениорско злато.

Тој во полуфинале го победи бронзениот медалист од Светско првенство Трабелси од Тунис кој се бори за австриски клуб.

Македонската гордост оставри победи против: Диамантидис-Грција, Бабаевски-Русија, Антониос-Грција, Трабелси-Тунис, Драшко Јованов-Србија.

Дејан Георгиевски категорија +87кг со две победи освои сребрен медал. Добивме европско сениорско сребро, во финале цврста до крај борба со актуелниот светски шампион Абдул од Нигерија кој се бори за австриски клуб.

Тој победи над:Марчетиќ од Србија и Омар од Франција.

Одлични настапи имаа и Анамарија Георгиевска, Марко Стевиќ и Иван Крстевски. Костадин Георгиевски загуби во тесна битка за медал.

Чудо: Се појави амфибија во Штип? Плови по Брегалница?

Возач со автомобил од марката „Волво“ влетал во реката Отиња во Штип.

Според дел од коментарите, возачот бил повозрасен човек, а нeмилиoт настан се случил кога му заглавила гаста од автомобилот. Други пак велат дека на возачот му се cлoшиo.

Лудост! Роналдо ќе стане апсолутен рекордер! Ќе го напушти Јувентус за плата која не е видена во светот на спортот

Кристијано Роналдо нема намера долго да се задржи во Јувентус, тврди шпанскиот весник “Дон Балон”.

Наводно, Роналдо има план по една или две сезони да го напушти клубот од Торино и кариерата да ја продолжи во Соединетите Арапски Емирати.

Роналдо моментално зема 30 милион годишно, а во Емиратите му нудат двојно повеќе.

Шапнскиот весник дознава дека Роналдо добил понуда да игра за неверојатни 60 милиони евра годишно. Со тоа ќе стане апсолутен рекордер во колективните спортови.

Се шпекулира дека Португалецот веќе наредните денови би можел да постигне договор со клуб од УАЕ.

Иако има 34 години Роналдо игра одлично. Најдобриот играч на Јувентус оваа сезона постигна 19 голови и запиша 8 асистенции.

Социјалните мрежи вријат: „Каде ли ќе вечера денес Заев додека Македонија гладува, а тој оди по балови“ (ФОТО)

Додека Зоран Заев се расфрла со пари ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека тој и картелот околу него енормно се богати.

-Преку 500.000 луѓе не можат да се прехранат, а Заев ги убедува дека во Македонија тече мед и млеко, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

И додека партијата реагира за луксузот на Заев, социјалните мрежи вријат откако Заев замина во посета на Австрија.

Имено граѓаните гневни го прашуваат Заев „Каде ќе вечера денес?“, освен тоа тие додаваат и дека „Додека Македонија гладува Заев оди по балови!“

Извор: “Курир”

Девојчето кое ја обедини во хуманост Македонија победи, Охрид Победи: Сара се врати дома!

Семејството на 15-годишната Сара Настеска, преку писмо до јавноста информираат дека Сара се врати во Охрид и испраќаат огромна благодарност до сите за помошта.

Писмото го пренесуваме во целост.

Почитувани,

Охрид победи, Сара се врати дома жива и здрава!

Почитувани, познати и непознати, ЛУЃЕ во вистинска смисла на зборот,

Со овие неколку зборови сакаме да Ве известиме дека го поминавме најтешкиот дел од патот. Поминавме тешки моменти, сигурно најтешките во нашите животи, поминавме многу, но ги поминавме на крилата на поддршката која токму ВИЕ ни ја дадовте.

Сара синоќа пристигна во Македонија, а од утрово е веќе во својот дом во Охрид. Заврши третманот во болницата во Германија и состојбата на Сара секој ден се подобрува и нормализира. Треба да се направат повеќе контроли, да се почитуваат строгите насоки и препораки дадени од медицинските лица, но сепак, најтешкото е веќе зад нас.

Сега ние знаеме колку големо срце имаат охриѓани, но и сите граѓани од целата држава, од целиот свет, кои ни помогнаа кога ни беше најтешко. Секој збор е премал, што и да кажеме е недоволно за да ја изразиме нашата благодарност.

Единствено што можеме е да помагаме и ние натаму, колку што можеме, онаму каде што е најпотребно. Токму тоа и ќе биде нашата мисија и преку секоја спасена детска насмевка ќе кажеме по едно благодариме за се` што ВИЕ направивте за нас.

Од срце ВИ БЛАГОДАРИМЕ за секој денар, за секоја насмевка, секој збор за поддршка, секоја прегратка за да ја поделиме болката заедно.

Ви благодариме ОД СРЦЕ семејство Настески