дома блог страница 3130

Важна вест за прилепските тутунопроизводители

Тутунарите од вчера започнаа со вадењето на белите картони кое според законскиот рок ќе трае до 31 овој месец.

Од подрачната канцеларија на министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство истакнаа дека со новиот Закон за тутун, кој е во собраниска процедура, од наредната година ќе бидат укинати евидентните листови.

До денеска на ниво на Македонија биле откупени 25 милиони килограми тутун, од кои во прилепскиот регион откупени биле околу 13 милиони килограми тутун.

Од подрачно министерство за земјоделство истакнаа дека доколку има потреба ќе работат и втота смена и во сабота за да се издадат сите потребни евидентни листови.

За изминатата реколта 2018/2019, од Подрачното министерство за општините Прилеп, Кривогаштани и Долнени, биле издадени 10.300 евидентни листови, односно бели картони.

За оваа година се очекува да бидат издадени 11.000 бели картони и да се засади површина од 7.000 хектари.

Димитров: Македонското малцинство во Грција е грчка внатрешна работа

Текстот на Би-Би-Си за постоењето на македонско малцинство во Грција е грчка „внатрешна работа и предмет на грчка дебата”, рече Никола Димитров кој гостувше на грчката телевизија СКАИ.

-Живеев и го дишев Преспанскиот договор со месеци … понекогаш го гледам и во моите соништа. Така го гледам ченот 4 (3) од договорот, велејќи дека се согласуваме да не се мешаме во внатрешните работи на соседот. Текстот на БиБиСи и прашањата што ги покрена се нешто што се за грчкиот внатрешен политички дијалог, можеби тоа е прашање на меѓународните обврски, тоа треба да биде тема на грчка дебата, рече шефот на македонската дипломатија.

На прашањето дали „Северна Македонија чувствува дека постои северно македонско малцинство” во Грција и дека е обврзана да го заштити, Димитров инсистираше на тоа дека “двете страни, Атина и Скопје, се согласиле дека нема да има интервенции за овие прашања“.

Извор: “Курир”

Видео: “За Пендаровски народот е стока??”

Tвитерџиите потсетуваат на зборовите на Стево Пендаровски за време на претходната кампања за претседател во 2014 година.

„Вас не ве качуваат во комбиња како стока“ – рече тогаш Пендаровски

ВИДЕО: „Уапсен“ познатиот рапер Слаткар

Новата песна на Слаткар и 2Бона е дефинитивно нешто што доаѓа од друг континент и звучи доста интересно. Слаткар како и секогаш има некоја финеса која буквално „останува во глава“, но 2Бона на песнава дефинтивно се надминале со нивниот перформанс. Една од подобрите песни иако оваа екипа на Урбан Рекордс стануваат полека хит кај младата публика овие дечки од песна во песна се се подобри и подобри за тоа е доказ трендингот кој во моментов е опседнат со песната Дијаманти, не пробувајте да ги пребарувате на Инстаграм таму веќе се на секое story.

Денеска се празнува Светиот великомаченик Теодор Тирон:Помолете се за здравје!

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 17 февруари.

Светиот великомаченик Теодор Тирон

„Тирон“ значи „регрут“. Штотуку светиот Теодор беше стапил во војска, во Мармаритскиот полк, во градот Амасија, започна гоHењето на христијаните под царевите Максимијан и Максимин. Со оглед дека тој не сакаше да крие дека е христијанин, го подложија на суд и го фрлија во затвор, заклучен и запечатен.

Во затворот му се јави Самиот Христос велејќи му: „Не плаши се, Теодор, Јас Сум со тебе, не земај веќе овоземна храна и пијалак, зашто ќе бидеш во другиот живот, вечниот и неминливиот, со Мене на небесата“. При ова, се јави мнозинство ангели во затворот и сиот затвор заблеска прекрасно, а затворските стражари ги видоа ангелите облечени во бело и мошне се уплашија. Потоа свети Теодор беше изведен и осуден на смpт. Го фрлиjа во оган и Му ја предаде својата душа на севишниот Бог. Поcтрада во 306 година.

(Видео) Младиот прилепчанец со нов извонреден документарен филм: Уживајте во прекрасната глетка и научете се’ за манастирот во Зрзе

Краткиот документарен филм „Зр, Зр“, посветен за манастирот „Свето Преображение – Зрзе“ на младиот кино аматер и фотограф од Прилеп Горан Попоски е одличен видео запис кој ќе ве запознае со легендите, мистериите и историја на овој манастир.

Манастирот Зрзе се наоѓа на 34 км оддалечен од Прилеп, на 1,000 метри надморска височина, во подножјето на дел од планинскиот масив Даутица. Изграден е врз една огромна бигорна карпа и е еден од најубавите во Македонија.

Погледнете, научете и уживајте во прекрасната глетка:

Прилепчанките со хет-трик и ново финале: Утре ќе се борат против Италија за злато

Девојките од Прилеп, сестрите близначки Маријана и Мишела Димоски, заедно со Кириана Камческа, во недела ќе се борат за злато во К1 Премиер лигата која се одржува во Салзбург.

Противник на девојките кој ги бранат боите на Австралија е репрезентацијата на Италија.

Нашите девојки сигурно го освојуваат третиот последователен медал на овие натпреварувања, откако во Шангај и Дубаи освоија бронзи.

Еве која боја на паричник ви е потребна според кинескиот хороскоп- за секогаш тој да биде полн

Ако сакате да ја привлечете позитивната енергија на финансиски план ви предлагаме да си купите паричник во една од 5-те фенг шуи бои.

Најпрво проверете кој елемент сте го добиле при раѓањето, тој кој го карактеризира вашиот знак во кинескиот хороскоп (пр. 2019 година владее знакот на земјена свиња и во оваа година главен елемент е земјата).

Потоа прочитајте која боја на паричник совршено ви одговара.

1. Црвен паричник

Црвената боја привлекува богатство во животот. Оваа боја е фаворит и по фенг шуи затоа што е огнена боја. Оваа боја ја уништува негативната енергија. Црвен паричник е најдобар избор за родените во елементот оган и земја, додека послабо дејство има на вода и метал.

2. Темно син паричник

Сината боја е воден елемент и симбол на изобилство. Доколку вашиот елемент е дрво или вода во тој случај паричник во оваа боја е вистинскиот избор за вас.

3. Црн паричник

Црната боја исто како и сината е поврзана со водените елементи па затоа доколку вашиот елемент е дрво или вода, а не ви се допаѓа сината боја- можете да си купите паричник во црна боја.

4. Кафен паричник

Кафениот паричник е многу популарен поради изборот на преубави текстури кои ги има. Кафената боја е земјен елемент, па затоа на луѓето родени во елементот земја или метал ќе им донесе големо богатство.

ВИДЕО: Ова е српскиот Шварценегер – има само 80 килограми, а трактор крева како од шега

Влада Јовановиќ е момче кое на прв поглед изгледа како и сите останати, но сепак неговиот талент е нешто што се издвојува од масата.

Иако има само 80 килограми, тој има сила да крене тртактор како на шега. Тој се потпира на машината и потоа со грбот успева да го крене тракторот од земја на страничните гуми.

Ако тракторот е тежок 1.500 килограми, Влада може да подигне барем половина од тежината. Го нарекуваат српскиот Шварценегер. Погледнете како изгледа тоа:

БАБА МАРТА СО 300 УМА: Временска прогноза за цел месец, еве што не чека!

Почна месец Март, женскиот месец со многу пресврти. Така ќе биде и овој месец.

Ова е временската според Accuweather