дома блог страница 3128

“Нетпресс”: Функционер на СДСМ му се 3аканувал по животот на опозициски функционер

Ѓорѓи Влајнкиноски, претседател на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Вевчани, утрово добил сериони закани по живот, но и по животите на членовите на неговото потесно семејство, упатени од локален функционер на владејачката СДСМ – објави “Нетпресс”.

Во статусот кој утрово го објави Влајнкиноски пишува:

„Утрово добив телефонски повик од лицето Жарко Лешоски, член на Централниот одбор на СДСМ и директор на ООУ “Страшо Пинџур” Вевчани. Добив сериозни закани по животов мој, по животите на членовите на моето семејство и по животите на членовите на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Вевчани. Ми рече дека ќе ме убиел, ќе ми ја запалел куќата, и ќе ја запалел зградата на комитетот со сѐ сите ВМРО-вци. Јас оваа закана ја пријавив во полиција. Утре ќе ги известам и просветниот инспекторат и Министерството за образование“, напиша на својот Фејсбук профил, претседателот на ОК ВМРО-ДПМНЕ Ѓорѓи Влајнкиноски.

Во телефонски разговор Влајнкиноски за Курир.мк вели дека пред малку и синот од Лешоски му се заканувал, исто така, на телефон. Вели и дека разговорите се снимени во целост.

Утре нова цена на горивата

Изминаа две недели од последната промена на цената на горивата, а веќе утре напладне се очекува Регулаторна комисија за енергетика да ги соопшти новите цени, кои ќе важат од полноќ.

Со последната промена имавме поскапување за 0,5, односно 1 денар на бензините, додека цената на дизелот остана иста.

Што значи, ЕУРОСУПЕР БС 98-ца се точи по цена од 64,50 денари, цената на ЕУРОСУПЕР БС изнесува 62,50 денари за литар, а дизелот остана 60 денари.

“Наместо во членка на НАТО, новите инвестиции во Србија? Фолксваген инвестира 1.4 милијарди евра?”

Германскиот автомобилски гигант “Фолксваген” одлучи новата фабрика да ја гради во Србија, дознаваат од “Новости”. Најголемиот производител на автомобили во светот се одлучил за Србија во конкуренција на Бугарија, Романија, Турција и Македонија.

Иако како фаворити за добивање на оваа инвестиција долго време биле Бугарите, Германците сепак ја избрале Србија. Според сознанијата на српскиот портал “Новости”, првиот автомобил во српската фабрика на “Фолксвеген” би требало да биде произведен во 2023 година.

Според изворот на “Новости”, како локација за новата фабрика се споменува Шумадија, а новата фабрика би требало да има капацитет од 300.000 автомобили годишно.

Вредноста на инвестицијата би изнесувала 4,5 милијарди евра, а во Србија би се произведувале 5 модели од “Фолксваген”, “Шкода” и “Сеат”, односно марки на возила кои се во состав на оваа германска фирма.

Според изворот, фабриката ќе вработува 5000 луѓе, од кои 650 ќе бидат вработени како инженери. Она што е исто така важен фактор, е тоа што Србија располага со 10% од светските залихи на литиум, елемент од кој се прават батериите на електромобилите.

Покрај оваа фабрика, според “Новости” за инвестирање во Србија се заинтересирани и инвеститори од Кина и другите азиски земји, кои исто така планираат да отворат производствени капацитети во авто-индустријата.

Следете во живо: Мицкоски, Силјановска Давкова и Ласовска ќе се обратат на Конференцијата на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ

Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе ја одржи 18-тата Годишна конференција.

На конференцијата е најавено обраќања на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, претседателот на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ Благица Ласовска и кандидатот за претседател Гордана Силјановска Давкова.

Конвенцијата која треба да започне во 13 часот, можете да ја следите во живо

Се повеќе „Шарени револуционери“ разочарани од расипништвото и неспособноста на власта, најавуваат бојкот на изборите

Изминатиов период многу поддржувачи на СДСМ, јавно ја критикуваат работата на владата на Зоран Заев.

Активисти на некогашната „Шарена револуција“, кои вандализираа низ повеќе градови со цел СДСМ да дојде на власт, сега кога истиот тој СДСМ е на власт, го искажуваат својот револт.

Социјалните мрежи вријат од незадоволството и разочараноста кај некогашните најгласни поддржувачи на СДСМ.

Меѓу нив и Мери Николова Буџаку, кога пред 5 години активно работеше во кампањата на Пендаровски.

Сега таа пишува:

„За Стево на претходните претседателски избори многу работев и финансирав. Лично му честитав за изборот за Претседател на мобилен. Тој е добар човек, но нека ми прости. И јас имам своја гордост.

Се додека имаме министер за смрт кој не распишува тендери за лекови на лица со ретки болести. Се додека бројчаникот не проработи. Се додека немаме правна држава јас не излегувам и не гласам за никој ниту сега ниту во иднина. Но битно е тоа дека не сум само јас со ваков став, многу сме. Знаеме за што се боревме и стоеме цврсто зад тоа. Мразам дволични луѓе и подалеку од таквите“-вели Николова Буџаку.

На нејзиниот статус, реагираат и “соборците“ од шарената револуција. Тие велат дека револтот им е настанат затоа што не се исполнети ветувањата кои им биле дадени, дека власта не се грижи за здравјето на граѓаните. најавуваат бојкот на претстојните избори.

Николова Буџаку со уште една критика до власта:

„Претходните со мерцедес 600.000 евра. Сегашните со авион 20.000.000 евра. Па нели ќе се штеди за граѓаните, што ви текна сега?“-напиша таа.

Извор: kurir.mk

Алегри и Јувентус вечерва ќе бркаат нов клубски рекорд против Наполи

Италијанскиот шампион, Јувентус вечерва гостува во Неапол, а тренерот Масимилијано Алегри се надева дека ќе постави нов рекорд во клупската историја.

Доколку Јуве остане непоразен против Наполи ќе биде тоа 26 последовен натпревар на гости, на кој тимот на Алегри нема да доживее пораз.

Со тоа ќе го надмине остварувањето на Антонио Конте, кое заврши во сезоната 2012/13 со 25 меча без пораз надвор од Торино.

Последниот пораз на Алегри на клупата на Јувентус беше во ноември 2017, кога тимот загуби со 3-2 на гостувањето против Сампдорија.

Оттогаш на 25 последовни натпревари Јувентус не знае за пораз на гости.

Тој шармира сѐ околу себе: Ова дете со Даунов синдром работи како модел (ФОТО)

4-годишниот Рајли Бакстер од Кент, Велика Британија е толкав шармер што полека, но сигурно гради манекенска кариера.

Детето е родено со Даунов синдром, а со околината комуницира со помош на знаковниот јазик Макатон. Родителите го нарекуваат “Smiley Riley”.

Сите кои го запознале Рајли едноставно го обожуваат бидејќи зрачи со ведрина која брзо се проширува и на другите луѓе.

“Го нарековме “Smiley Riley” уште кога беше многу мал бидејќи луѓето ги прави многу среќни. Кога ќе ја видат неговата насмевка, таа им го разубавува денот”, вели неговиот татко Стјуарт.

Тој додал и дека неговиот син има природен шарм кој го препознале и експертите од модната индустрија, а со тоа Бакстер потпишал договор за брендовите како “Mothercare”, познат британски ланец на трговија со опрема за деца.

Неговиот татко се присетил колку биле загрижени кога по неговото раѓање ја слушнале дијагнозата.

“Плачев. Не затоа што помалку би го сакал туку затоа што знам во каков суров свет живееме и се грижев како ќе се однесуваат луѓето со него. Тоа беше првото нешто што ми пројде низ глава, но очигледно моите перцепции беа погрешни. Сега знам дека сето тоа беше само страв од непознатото”, вели тој.

“Рајли го извлекува најдоброто од животот. Сега се занимава со моделинг и ја обожува камерата. Тој ужива во сѐ што прави и тоа го прави со насмевка, а на снимањата сака кога децата се природни”.

4-годишното момче моментално е во состојба да изговара реченици кои се состојат од два збора, вклучувајќи и “мама” и “тато”. Знае да брои до 10 и да рецитира еден дел од азбуката.

Во градинката децата го обожуваат – Рајли е секогаш во центар на вниманието.

“Еднаш задоцнивме на една детска забава на која имаше околу 20 деца. Тие беа собрани околу жените облечени како самовили, но кога го видеа Рајли, почнаа да го извикуваат неговото име и сите трчаа кон него”, вели Стјуарт.

“Тој може сѐ што прават и другите деца, само му треба повеќе време”, додал тој.

Ќе го препознаете ли ова место во центарот на Прилеп? Фотографија од 50-тите години на минатиот век

Педесетти години од минатиот век. Зјае празнина како тепсија, на местото каде сега е настаменет Домот на културата.

Улицата се уште ја нема, но тука е еден од триаголниците со трева, што бил карактеристика за тој период.

Правлив простор од скелињата и рамките на кои се суши миризливиот тутунот и малите куќички како кутии неправилно распоредени, даваат слика на сиромашен Прилеп.

Само зеленилото во дворовите укажува на потребата на луѓето од природен спој.

Десно е зградата на киното Работнички и Синдикатот, а вишнее и црквата Свети “Кирил и Методиј” или Параклис. Се истегнал и Тутунскиот комбинат. Бдеат и Марковите Кули.

Извор: “Неделник ЗЕНИТ”

“Заради непотизмот, СДСМ се соочува со бојкот во двојазичен Прилеп??”

По последните пресови на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, во кои се гледа безмилосниот јуриш на непотистите кон државните функции и работни места, во Прилеп стана главна тема, кој кого каде вработил од СДСМ последните 26 месеци?

Кој советник се вработил, кој роднина на Градоначалникот, кој претседател на месна заедница каде се стационирал?

Кој зел опремнина од “Тутунски Kомбинат”, па пак се вработил…и на тие дебати им нема крај.

Додека градот тоне, додека сметките за вода пораснаа за 60%, двојазичноста стана реалност, функционерите си ги вработуваат само најблиските, а партијците немо гледаат и чекаат шанса да го казнат овај хаос?

Членовите на СДСМ сами испраќаат пораки на ФБ со имиња на нови случаи на непотизам и тоа е добра пракса. Списокот се зголемува од ден на ден, а и оние што се охрабруваат да пратат нови случаи на “заразени” од непоризам.

Пред неколку месеци за дел од вработувањата реагираа од ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп:

53-годишна прилепчанка 20 години е активист на СДСМ, а сега живее со 1400 денари и моли за помош кај Градскиот саат: “Тие ме вадат луда, веќе не креваат ниту телефон”

Живот со 1400 денари социјална помош

Кога животот ќе се подврзе во песјазол, кога болеста ќе го избрка здравјето, а беспарицата ќе се втурне во ,,царството,, на сиромаштијата, тогаш, сосема небитно станува кои сме биле, а каде сме стигнале, или, поточно, каде другите нé сместиле.

Сограѓанката Паце Кафкалеска, внука на Илинденец и ќерка на познат уметник, веќе неколку години е социјален случај. Со нарушено здравје и сама, таа преживува со само 1400 денари социјална помош, откако пред две години починал нејзиниот татко. Немајќи друг излез, десетина дена питачи под Градскиот саат за да не умре од глад – објави неделниот весник “ЗЕНИТ”.

-Да имав пари, зар ќе се одлучев на овој болен чин?! Не се срамам, оти сакам чесно да заработам за леб. Нека се срамат тие што со години ги молам и не ми даваат работа. Не крадам, не сум неморална, не лажам… Тоа е најважно за мене – ја раскажува болната приказна 53-годишната Паце.

Таа е фармацевтски техничар. Во работната книшка досега се внесени само 9 месеци рабитен стаж во 2014 година. Не крие и дека е активен член на СДСМ повеќе од 20 години. Затоа и гневот и’ е уште поголем што за неа нема работа, додека сите поблиски и подалечни роднини на новите функционери се вработувале секојдневно.

-Ѕвонам постојано во партијата, им одев и таму, ги бараше и сестра ми да помогнат, да ми најдат некаква пристојна работа. Тие ме вадат луда. Веќе не креваат ниту телефон – се жали Паце.

Меѓуопштинскиот центар за социјални работи го знае случајот на Паце. И’ било дадено тоа што и припаѓа по Законот. Се очекува новиот Закон, кој во соработка со Агенцијата за вработување, на лицата во социјален ризик треба да им овозможи некакво вработување соодветно на психо-физичката здравствена состојба. Дотогаш, на несудената фармацевтска техничарка Паце Кафкалеска, ,,работното,, место најверојатно ќе и’ биде картонската кутија под Градскиот саат од која измолува милост на своите сограѓани.

Извор: “ЗЕНИТ”