дома блог страница 3127

(Фото) Италијанската министерка повторно го “запали” интернетот ?

Марија Елена Бочи е италијанска политичарка и адвокат која била министерка за уставни реформи во периодот од 2014 до 2016 година.

Иако таа свечената заклетва ја потпишала пред околу 5 години, деновиве на социјалните мрежи, но и на дел од светските портали се појава фотографија на која таа ја потпишува заклетвата, а додека го прави тоа, на виделина излегува дел од нејзината долна облека.

Сепак, станува збор за „едитирана“ фотографија, за што реагирала и самата Бочи, која што станала интернет хит додека да објасни дека не станува збор за реална фотографија.

Во прилог може да погледнете неколку фотографии од тоа како навистина изгледало нејзиното потпишување на свеечената заклетва.

ФОТО: Пендаровски во посета на Мала Речица, пречекан без македонските знамиња

Заедничкиот кандидат за претседател на партиите од владејачката коалиција Стево Пендаровски денеска имаше средба и кусо обраќање пред членовите на Централниот совет на ДУИ во Мала Речица.

На седница меѓу другото се очекува потврда за неговата кандидатура за претстојните претседателски избори.

„Македонија за сите, нема да има граѓани од прв ред и втор ред, не смее да има привилегирани граѓани, туку сите треба да бидат рамноправни. Јас не отстапувам од овој концепт, напротив, ќе се ангажирам ова да стане реалност“, изјави Пендаровски за медиумите, пред седиштето на ДУИ.

Извор: kurir.mk

Светските ѕвезди споделија фотографии од детството и буквално не оставија без текст (Фото галерија)

Сакате да патувате низ времето, се’ што треба да направите е да го отворите својот албум со фотографии и за миг ќе се вратите на спомените, детството, сите случувања…

Некои јавни личности на социјалните мрежи споделија нивни стари фотографии и еве какви реакции предизвикаа кај јавност.

Некои од овие фотографии ќе ве насмеат, а некои ќе ве разнежнат.

Проследете ја фотогалеријата во продолжение:

Насмеаниот Крис Прат потсетува на куклата Чаки

Адел

Вил Смит

Орландо Блум

Метју Меконахи

Кејти Пери

Бен Стилер

Кристина Агилера

Џек Блек

(Видео) Решена најголемата мистерија во историјата на авијацијата? Лоциран исчезнатиот малезиски авион!

Местото на падот на малезискиот авион МХ370 е конечно идентификувано во џунгла во Камбоџа, тврди истражувачот Даниел Бојер.

Авионот на компанијата “Малезија ерлајнс” исчезна на 8 март 2014 година на летот од Куала Лумпур кон Пекинг со 239 патници и до ден денес претставува најголемата мистерија во историјата.

Сепак, Бојер верува дека ги пронашол остатоците од авионот во Камбоџа со помош на сателит и испратил тим од истражувачи во јануари оваа година, меѓутоа тие не успеале да стигнат до тоа место.

Меѓутоа, и лидерот на тимот верува дека авионот се наоѓа на тоа место, а Бојер тврди дека не може да биде ниту еден друг авион.

Калиопи: На оној кој му пречи тоа, тој не е за „Евровизија“

Во финалето на фестивалот „Беовизија“, Србија вечерва ќе го избере својот претставник на „Евровизија 2019“. Српските новинари го искористија присуството на Калиопи во Белград, за да ја прашаат за нејзиното искуство на европскиот фестивал.

Според новинарката, пејачите на „Евровизија“ најчесто се жалеле дека учеството е доста напорно, со многу проби, но и многу притисок.

На оној кој му пречи, тој е на погрешно место. Јас тоа не го доживеав така, јас едноставно уживав од првиот до последниот ден во целиот процес, бидејќи не се претставував само себеси, туку и својата земја, а кога ќе ја претставуваш својата земја мораш да дадеш 10 пати повеќе од тоа што си навикнат, вели Калиопи.

УKPAДEHA ИКОНА НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА ОД БИТОЛА ЗАВРШИЛА КАЈ СРБИН: Не можел да спие, молел да ја врати!

Икона посветена на Пресвета Богородица од 1748 година, која според мотивите се нарекува „Достојно ест“, првпат била насликана во светогорските манастири.

Таа икона била украдена пред неколку децении од црква во Битола, по што преку шверцepcки пат и кpиминaлни канали, завршила кај еден колекционер во Белград.

Откако ја набавил, немал мирен сон. Иконата на Мајката Божја често му се јавувала на сон молејќи го да ја врати тамо од каде што е yкpaдена. Колекционерот веќе не можел да издржи, па стапил во контакт со владиката Петар и понудил да му ја врати иконата, но под еден услов- да не биде пријавен во полиција.

„Му ветив и по цена на својот живот дека нема да го пријавам во полиција доколку ја врати иконата. И други чуда се случувале, а и сега се случуваат, но за нив нема да зборуваме, можеби наредните години.“- изјавил владиката Петар.

Откако била реставрирана, таа сега се наоѓа во црквениот храм Пресвета Бгородица во Битола, а за чудата, како што вели владиката, уште долго ќе се зборува.

Извор: “Инфомакс”

“Осмомартовска прослава за пониските пензии и 60% повисоки сметки за вода!?”

Во пресрет на Денот на жената 8.Март, жените пензионерки од урбаните заедници „Тризла 1“ и „Тризла 2“ денеска ја одржаа својата традиционална забава. Во име на локалната самоуправа и градоначалникот Илија Јованоски, на присутните празникот им го честиташе Елена Ташкоска, член на Советот на општина Прилеп – информираат на веб страната на општина Прилеп.

Таа рече дека борбата за остварување на правата на жената е процес кој трае и дека таа борба никогаш не треба да престане. Во тој контекст, потенцираше Ташкоска, жените од општина Прилеп секогаш ќе ја имаат поддршката и од градоначалникот Јованоски, и од општинскиот Совет.

На осмомартовската забава присуствуваше и претседателот на Здружението на пензионери на Прилеп, Славе Трајкоски. Трајкоски истакна дека со неговиот избор за прв човек на прилепските пензионери, учеството на жените во органите и телата на Здружението е значително зголемен и дека очекува тој тренд во иднина да биде запазен.

Забавата по повод Денот на жената, беше збогатена со учество на КУД „Моминок“ од Прилеп.

Забавата на прилепските пензионери ќе им биде “солена”, кога од наредниот месец ќе стигнат повисоките сметки за вода, кои одсега ќе треба да ги плаќаат со пониски пензии.

Како што веќе пренесоа сите медиуми, цената на сметките за вода во Прилеп ќе порасне за 60%, а новите сметки прилепчани ќе ги добијат веќе овој месец. Причината за тоа е зголемувањето на сметките за вода преку додавката за финансирање на пречистителната станица.

За оваа намена прилепчани ќе плаќаат по 17 денари за секој метар кубен потрошен вода.

Од друга страна со измените на Законот за пензии се предвидува усогласување на пензиите само доколку постои раст на трошоците за живот, а не како досега, кога усогласувањето се вршеше не само кога постои пораст на трошоците за живот туку и според растот на платите во државава.

Имајќи во предвид дека Македонија е земја каде сите политики се насочени кон најниска инфлација, односно што помало зголемување на трошоците за жиивот, а резултатите од минатата година покажуваат дека истите се зголемиле само за 1,5% пензионерите речиси нема да добијат некое покачување на своите месечни примања.

Од друга страна имајќи го во предвид движењето на нето платите за миинатото полугодие, со ова законско решение пензионерите ќе бидат оштетени за околу 500 денари месечно.

Во ситуација кога повеќе од половина од пензионерите во земјава имаат потпросечни примања, односно добиваат помалку од 14.421 денар, ова ќе биде удар врз пензионерите кои се најранливи, односно оние со најмали пензии.

Вака предвидените измени на Законот, секако нема да ги одминат и прилепските пензионери, кои се повеќе од 12.000 на број и важат за едно од поголемите пензионерски здруженија во државава.

“Победа” во кома, РК “Прилеп” ништо подобар, а градоначалникот навива за Северна во Германија?”

Спортот во Прилеп како никогаш во изминатите години се наоѓа во тешка криза и речиси безизлезна ситуација.

Победа денеска одново загуби и ја продолжи низата лоши резултати. Како домаќини црвено-белите беа поразени со 0:1 од Работнички и ја продолжија низата од сега 8 натпревари без триумф во Првата лига.

Димитровски во 21-та минута беше единствениот стрелец на денешниот натпревар доволен за 3 бога за “романтичарите”.

Само големиот пораз на Беласица со 3:0 од Шкендија ја искачи Победа на претпоследната позиција на табелата.

Иако 7-та позиција е оддалечена само 4 бода и е достижна за сигурен опстанок во најелитното друштво, се чини дека во таборот на прилепчани ништо не се променува и тешко дека клубот со ваков пристап би успеал во главната цел.

Ништо подобар не е ниту ракометниот клуб Прилеп, кој се наоѓа на 8-та позиција во ракометната Супер лига.

РК Прилеп сезонава има три победи, еден нерешен резултат и дури 10 порази, а под прилепчани се само екипите на Вардар Јуниор и Борец.

Втората полусезона РК Прилеп ја стартува на 10.03 со гостување во Охрид.

Иако актуелниот градоначалник и локалните власти ветуваа препородување на спортот и условите за спортување во градот, прилепската спортска јавност го гледа сосема спротивното. Спортот и клубовите како никогаш во изминатите години тонат, а се наѕира и најлошото – испаѓање на екипите во втор ранг на натпреварување.

Мицкоски: Или сте со нас и заедно ќе се бориме, или ќе ја одобрите неправдата да стане закон

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денес порача дека Заевизмот мора да биде поразен, а изборите што доаѓаат дека ќе бидат референдум на народот.

-Сега е време да се чуе вашиот глас во политиката и моментот кога мора секој од вас да се определи. И навистина не е доволно да стоите пред малите екрани и да бидете само огорчени поради лошата реалност. Мора да одберете страна да излезете и да гласате. Мора да се одлучите. Или ќе гласате против сето ова што се случува, или ќе одбиете да влијаете на работите кои стануваат се полоши. А зависи од вас. Или сте со нас и заедно ќе се бориме, или ќе ја одобрите неправдата да стане закон. И добро знаете дека нема да биде подобро ако се продолжи вака. Да не ги повторуваме грешките од минатото кога предупредувавме како партија дека со овие на власт Македонија ја губиме. Дека ќе направат промена на име, идентитет, дека ќе ја понижат Македонија, дека лажат кога ветуваат живот. И не сакам да звучам отмено и паметно и во стилот “ви рековме дека вака ќе биде” зошто знам дека сте имале доволно причини да гласате против нас, и ние сме поискусни и свесни за нашите пропусти во минатото, денес ви велам секоја задршка која постои кај некој од граѓаните да не поддржи сигурно е помала од опасноста и пропаста кон која власта ја носи Македонија, рече Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ порача дека од сите нас зависи што ќе избереме, поискусни сме, ги идентификувавме грешките и знаеме како.

-Вистинскиот мандат во оваа земја се помалку е во она Собрание кое толку многу пати ги прекрши процедурите, туку во народот на оваа земја. Силата е во вашиот глас и сега нема да има изговори. Сликата е многу јасна и совршено чиста. Само заедно да се обединиме и да влијаеме да ги промениме работите. Да се дочекаме на нозе. Нема изговори, и сите наши разлики се помали од нашата цел која е поголема и повисока од секој нас посебно. Ние тргнавме да го рушиме Заевизмот и за секој има место до нас, потенцира Мицкоски.

Тој се обрати и до оние кои се мислат дали да излезат да гласат.

-Значи не до оние уценети слуги на Заев кои работат на дугме, тие знам дека имаат задача и таму бизнис и притисоци се во прашање, и такви има се помалку, туку на оние чесни родољубиви луѓе, интелектуалци и искрени патриоти кои се разочарани од секојдневието, а на кои Македонија им е важна. Имаме ист противник, Заевизмот е наш противник исто колку што е и ваш. Но Македонија ни е заедничка. А бојкотот е слепа еднонасочна улица после која нема втор чекор. Тоа е ѕидот на власта. Нема втора опција и решение. Затоа да си подадеме рака и да ја искористиме неповторливата шанса да го поразиме Заевизмот на избори и само така да ја издигнеме Македонија. Да застанеме заедно под бајракот на заедничката победа, додава Мицкоски.

Пожар во прилепско: Горека шума во атарот на селото

На 02.03.2019 во 11,35 часот била добиена пријава за настанат пожар во атарот на с.Царевиќ-Прилеп, на место викано Царев даб, а била зафатена шума.

Пожарот бил локализиран од екипи на ТППЕ-Прилеп во 17,30 часот.