дома блог страница 3126

COOБPAЌAJKA BO ПPИЛEПCKO: Се судрија две возила “Опел астра”

На 03.03.2019 во 18.30 часот на патот село Крушеани-село Обршани, прилепско, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Опел астра“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Т.Ј.(37) од Прилеп и патничко возило „Опел астра“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Р.П.(39) од село Беранци, општина Могила.

Со тешки телесни повPеди се здобил М.П.(64), сопатник од возилото „Опел Астра“, а двајцата возачи и двајца сопатници М.Т.(32) и шестгодишно дете од другото возило се здобиле со телесни повPеди.

Со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Градската болница во Прилеп за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

Повторно поскапуваат горивата, еве ги новите цени

Регулаторната комисија за енергетика ги определи новите цени на нафтените деривати и тие се зголемуваат во просек за 2,24%.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 2,00 ден/лит, во однос на цените утврдени со Одлуката од 18.02.2019 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 64,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 66,50 ден/лит.

Малопродажните цени на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 1,00 ден/лит, во однос на цените утврдени со Одлуката од 18.02.2019 година и со тоа малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 61,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 49,50 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,619 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 18.02.2019 година и со тоа цената на мазутот М-1 НС изнесува 32,847 ден/кг

Мицкоски: Бојкотот е слепа улица после кој нема чекор напред

Тоа е ѕидот на власта. Нема втора опција и решение. Затоа да си подадеме рака и да ја искористиме неповторливата шанса да го поразиме Заевизмот на избори и само така да ја издигнеме Македонија. Да застанеме заедно под бајракот на заедничката победа, додава Мицкоски

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, порача дека „заевизмот“ мора да биде поразен, а изборите што доаѓаат дека ќе бидат референдум на народот.

“Сега е време да се чуе вашиот глас во политиката и моментот кога мора секој од вас да се определи. И навистина не е доволно да стоите пред малите екрани и да бидете само огорчени поради лошата реалност. Мора да одберете страна да излезете и да гласате. Мора да се одлучите. Или ќе гласате против сето ова што се случува, или ќе одбиете да влијаете на работите кои стануваат се полоши. А зависи од вас. Или сте со нас и заедно ќе се бориме, или ќе ја одобрите неправдата да стане закон. И добро знаете дека нема да биде подобро ако се продолжи вака. Да не ги повторуваме грешките од минатото кога предупредувавме како партија дека со овие на власт Македонија ја губиме. Дека ќе направат промена на име, идентитет, дека ќе ја понижат Македонија, дека лажат кога ветуваат живот. И не сакам да звучам отмено и паметно и во стилот ‘ви рековме дека вака ќе биде’ зошто знам дека сте имале доволно причини да гласате против нас, и ние сме поискусни и свесни за нашите пропусти во минатото, денес ви велам секоја задршка која постои кај некој од граѓаните да не поддржи сигурно е помала од опасноста и пропаста кон која власта ја носи Македонија”, рече Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ порача дека од сите нас зависи што ќе избереме, поискусни сме, ги идентификувавме грешките и знаеме како.

“Значи не до оние уценети слуги на Заев кои работат на копче, тие знам дека имаат задача и таму бизнис и притисоци се во прашање, и такви има се помалку, туку на оние чесни родољубиви луѓе, интелектуалци и искрени патриоти кои се разочарани од секојдневието, а на кои Македонија им е важна. Имаме ист противник, „заевизмот“ е наш противник исто колку што е и ваш. Но Македонија ни е заедничка. А бојкотот е слепа еднонасочна улица после која нема втор чекор. Тоа е ѕидот на власта. Нема втора опција и решение. Затоа да си подадеме рака и да ја искористиме неповторливата шанса да го поразиме Заевизмот на избори и само така да ја издигнеме Македонија. Да застанеме заедно под бајракот на заедничката победа”, додава Мицкоски.

Извор: republika.mk

Шилегов и Сугарески брутално го искасапија Водно?

Продолжува сечата на дрва на Водно. На Фејсбук се објавени фотографии од состојбата на терен.

Се забележува дека градските власти продолжуваат со сечењето на шумата на Водно каде што треба да минува гасоводот.

-Само напред, сѐ уништете, без закони и прописи! Она од што најмногу стравувавме, рестартирање на градбата и сеча на шумата на Водно, се случи. Уништена е шумата на потегот Бел камен – бункери. Без најава, без решение за измени во тек на гардба. Немаме информации дали град Скопје издаде ново решение за сеча, сегашното, кое е крајно дубиозно, важеше до 1 март. Ако издаде, заедно со МЕР се директни учесници во овој дрзок и криминален чин, реагираат од граѓанската иницијатива „Го сакам Водно“.

Извор: kurir.mk

Прилепчанките повторно на подиумот: Маријана, Мишела и Кириана второпласирани во Салзбург (Фото)

Маријана и Мишела Димоски и Кириана Камческа го освоија најсјајниот медал во историјата на Австралија, односно сребрениот на Карате 1 Серија лигата во Слазбург, Австрија.

Ова е трет медал за Австралија на Карате 1 лигите, два бронзени на Премиер лигите и сребрениот во Серија А, и е трети во низа.

Во финалето италијанскиот состав беше подобар и доби оценка 25,28, а девојките од Прилеп 24,34.

Рамбо се враќа: Еве што ќе гледаме во најновото и последно издание од легендарниот филмски хит

Новото продолжение на филмскиот серијал за Рамбо „Rambo Last Blood”, петти и последен дел од познатата франжиза, премиерно ќе биде прикажан на 20 септември, а главната улога ја толкува Силвестер Сталоне.

Рамбо, овој пат тргнува за Мексико за да ја врати киднапираната ќерка на неговиот пријател. На тој пат Рамбо се судрува со еден од најсилните мексикански картели.

Режисер на петтиот дел е Ејдријен Гранберг, а сценариото е на Сталоне и Крулник.

Ивет Монреал ја игра киднапираната девојка Габриела, додека Пас Вега ја игра Кармен Делгадо, репортерка која ја следи трговијата со дрога во Мексико и му помага на Рамбо.

Eве како Сталоне се подготвува за ова најново филмско достигнување:

Орбан: “Оние кои повикуваат на исфрлање на мојата партија се корисни идиоти”

Унгарскиот премиер Виктор Орбан ги нарече членовите на Европската народна партија (ЕПП), кои бараат исклучување на неговата партија Фидес од ЕПП, „корисни идиоти” и додаде дека нивните напори им користат само на интересите на левицата.

Не го разбираaт тоа сите, но во академската литература Ленин ги нарече „корисни идиоти “. Иако мислат дека водат интелектуална борба, тие, всушност, им служат на интересите на нашите противници, рече Орбан, за германскиот весник „Велт ам Зонтаг“.

Тој оцени дека нападите доаѓаат „од левата страна”, со цел да се ослабне ЕПП.

Кога веќе нема да сме тука, на ред ќе дојдат Италијанците, а потоа и Австријците. Ова се нарекува „тактика салама“, рече Орбан.

Коментарите на Орбан уследија откако неколку партии, кои припаѓаат на Европската народна партија во Европскиот парламент, почнаа да лобираат да се суспендира унгарската партија Фидес или да се исклучи поради зголемената антисемитска и антиевропска реторика, пишува „Политико“, наведувајќи дека Фидес пред две недела почна кампања со постери со антисемитски тонови, а кои се однесуваат на финансиерот Џорџ Сорос и претседател на Европската комисија, Жан-Клод Јункер.

Кампањата, во која се сугерира дека ЕУ е премногу блага кон миграцијата, налути многу, вклучувајќи го и Манфред Вебер, водечкиот кандидат на ЕПП за претстојните избори и фаворит за нов претседател на Европската комисија, кој го повика Орбан да се извини за кампањата.

Извор: “Република”

Метеорологот Славчо Попоски со детална анализа за африканскиот бран кој ни следува оваа недела

Како што веќе беше најавено, новата недела ќе биде исполнета со невообичаена топлина и тоа поради топлиот бран кој ќе продре од северните предели на Африка кон нашата територија и најмногу ќе почнеме да го чувствуваме од среда па натака, информира nнајпознатиот метеоролог Славчо Попоски.

Времето ќе биде претежно стабилно и суво, оносно сончево повремено со умерена облачност, но и со слаб до умерен ветер од јужен и од југозападен правец, кој повремено ќе засилува по интензитет.

Од среда па натаму максималните дневни температури ќе бидат невообичаено високи и истите ќе бидат повисоки од нормалните за околу десет степени и ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 23 степени.

Во централните и во југоисточните предели, температурите се очекува да се искачат до рано – летни 25 степени.

Во текот на ноќта вторник кон среда, поради зголемената локална облачност ќе има услови и за слаб локален дожд, што нема да биде ништо посебно. Исто така на почетокот од неделата, поради јужното и југозападно струење од Сахара кон нашата територија ќе се врши минимален транспорт на прашина и на песок.

Сето ова лошо ќе влијае врз поголем дел од граѓаните, а особено врз метеопатите каде е можна појава на мачнини, главоболка, несоница, повремена нервоза, но и поспаност и несоница, тежина на главата и на телото.

Ефтов: ВМРО-ДПМНЕ води со 20 отсто пред СДСМ кај Македонците

Анкетите велат дека ВМРО-ДПМНЕ води некаде со 20 отсто разлика кај Македонците во однос на СДСМ, а другата анкета која покажа дека СДСМ се доближува до рејтингот на ДУИ и АЛи Ахмети кај Албанците. Тоа е главната причина зошто СДСМ и ДУИ одат со заеднички кандидат, анализираше новинарот Васко Ефтов во својата вечерна емисија „Во центар“.

Во овој момент, таа коалиција меѓу СДСМ и ДУИ, Зоран Заев и Али Ахмети на некој начин наликува на битката на ранетите, или битката на Неретва. Всушност, станува збор за две крахирани политички структури. Зоран Заев со убедливо низок рејтинг кај Македонците, но висок рејтинг кај Албанците и Али Ахмети со рејтинг кај Албанците кој е во надолна линија, рече Ефтов.

Гледајќи ги анкетите, додава Ефтов, и едниот и другиот доаѓаат до одреден заклучок дека не треба да дозволат фер битка меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во првиот круг од претседателските избори.

-Тоа значи СДСМ да оди со свој кандидат, ВМРО да оди со свој кандидат, па да се види во првиот круг од претседателските избори чиј кандидат ќе има повеќе гласови. Гледајќи ги анкетите, Зоран Заев и Али Ахмети доаѓаат до заклучок дека треба да имаат консензуален кандидат. Тој консензуален кандидат треба да ги скрие грешките и лошите моменти на СДСМ кај Македонците и на Али Ахмети кај Албанците, вели Ефтов.

Затоа, заклучува новинарот, Али Ахмети и Зоран Заев одлучуваат во првиот круг од претседателските избори да излезат со консензуален кандидат.

-Тоа им го кажуваат анкетите. Анкетите кои велат дека ВМРО-ДПМНЕ води некаде со 20 отсто разлика кај Македонците во однос на СДСМ, а другата анкета која покажа дека СДСМ се доближува до рејтингот на ДУИ и Али Ахмети кај Албанците. Имајќи во предвид дека и едните и другите губат, тие се обидуваат штетата да ја надокнадат или елиминираат со заеднички консензуален кандидат. Тоа е причината зошто на крајот на денот СДСМ и ДУИ се одлучија да одат со заеднички кандидат. Зоран Заев ги гледа анкетите според кои енормно губи кај Македонците, а Али АХмети ги гледа анкетите во кои губи од СДСМ и Зоран Заев кај Албанците. И сега кога двете партии се губитнички, идејата е со еден консензуален кандидат да се намалат штетите, заклучи Ефтов.

Вечерва Прилеп доби нов милионер! Со здравје да си ги трошите и да Ви се множат!

Повторно милионска добивка во Прилеп!

Двајца прилепчани успеаа да погодат 21 тип и да ја “олеснат” Евро тип за неверојатни 1.700.000 денари.

Секоја чест мајстори! За убаво да се трошат.