дома блог страница 3120

„Вибер“ со нова опција: Корисниците задоволни, но не можат сите да го користат

„Вибер“ вчера официјално ја пушти новата верзија на апликацијата со една значајна промена, ноќен режим, односно опција за прилагодување на изгледот на интерфејсот со темни бои.

Но, оваа опција не е достапна за сите уреди. Всушност, можат да ја користат само оние кои имаат андроид-уреди и „апдејтот“ на „Вибер“ v.10.2.0. Темниот режим не е достапен за десктоп, за апликацијата за Виндоус 10, ниту пак за корисниците на епл-уреди.

За да ја добиете темната верзија на „Вибер“ треба да ја ажурирате на последната верзија, па потоа преку прилагодувањата да ја активирате рачно.

Ноќниот режим ќе ви помогне да заштедите батерија, но и полесно да комуницирате кога интензивната светлина ви пречи.

Вака Русија го решава проблемот со “белата чyмa”: Семејствата со три деца ќе добиваат 18.000 евра

Русија е една од државите кои преземаат сериозни мерки за позитивен наталитет.

Рускиот претседател Владимир Путин објасни зошто оваа политика е важна:

“Почитувани,

Дозволете ми да споделам неколку детаљи за нашите цели. Ќе започнам со клучната цел за зачувување на нашата нација, што значи пружење целосна поддршка на семејствата.

Русија влегува во исклучително тежок период, во смисла на демографијата, стапката на наталитетот опаѓа. Денес сакав да говорам за новиот пакет мерки кој е наменет за поддршка на семејствата. Како што знаете, веќе обезбедивме исплата на субвенции за првите две деца, додека не наполнат 18 месеци. Парите за првото дете се исплаќаат од сојузниот буџет, а семејствата може да користат капитална субвенција за породилно осигурување за второто дете”.

Путин најави дека детскиот додаток кој го добиваат старателите со деца со хендикеп двојно ќе се зголеми, а за трето дете ќе се добиваат и до 18.000 евра од државата.

“Eве по ново колку ќе плаќате за 15, 25 и 30 кубни метри потрошена вода во месецот?” (Фото)

Прилепчани ги добија новите сметки за вода, а на истите веќе е содржана ставката за пречистување на урбани отпадни води која изнесува 17, 35 денари за секој метар кубен потрошена вода.

Oва зголемување на сметките се должи на одлуката на Советот на Општина Прилеп, која беше донесена на 20-тата седница одржана на 13.11.2018 година.

Со овие нови цени, за потрошени 15 метри кубни вода во месецот, сметката за вода ќе изнесува 800 денари, за потрошени 25 метри кубни, прилепчани ќе плаќаат 1345 денари, а за 30 кубни метри 1607 денари месечно.

Ова е спротивно на предизборното ветување на градоначалникот Јованоски за намалување на сметките за вода за 20%.

Гледано во бројки ова претстваува поскапување на сметките за околу 60%, што ќе биде огромен товар за прилепчани, особено за оние семејства со средни примања во месецот, но и за пензионерите кои се околу 12.000 на број во општина Прилеп.

Ова е второ зголемување на сметките за вода, откако претходно во месец февруари минатата година, советниците од владеачкото мнозинство, го зголемија и надоместокот за одведување на урбани отпадни води од 3 денари на 5,28 денари за метар кубен.

Тоа доведе до зголемување на оваа услуга за дополнителни 2,28 денари за секој потрошен метар кубен вода.

Во изминатото деноноќие од СВР Битола контролирале 445 возила, констатирани низа прекршоци кај повеќе возачи

На 05.03.2019 полициски службеници во Секторот за внатрешни работи Битола извршиле контрола за брзина, зимска опрема, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство, исправност на возилата, товарни возила, сигурносен појас, светло, при што биле контролирани 445 возила.

При контролата, констатирано е дека 20 возачи го управувале возилото со поголема брзина од дозволената, седум возачи управувале без возачка дозвола, кај пет возачи е утврдено присутво на алкохол и истите се отсртанети од сообраќај.

Нерегистрирани биле четири возила, на мобилен разговарале двајца возачи и шест возачи не користеле сигурносен појас.

Исто така, осум возачи се писмено опоменати, а на 48 возачи изготвени им се мандатни платни налози и ќе се соочат со соодветни глоби, а исто така изготвени се и 17 прекршочни налози.

Исто така, при контролата откриени се и други 18 видови останати прекршоци.

Пендаровски за Курц: “Тој нема висок рејтинг во сопствената држава, а не пак на европско ниво” (Видео)

Кандидатот за претседател на СДСМ, Стево Пендаровски, во едно гостување во емисија на “ТВ НОВА” кај новинарот Борјан Јовановски, зборувал дека актуелниот австриски канцелар Себастијан Курц не поседува висок рејтинг во сопствената држава.

После околу една година од оваа изјава на Пендаровски, Курц станува канцелар и најмоќен политичар во Австрија – се вели во видеото кое деновиве се шири на социјалните мрежи.

Се’ за прилепските Мечкари: Младиот кинематограф од Прилеп објави одличен документарец во пресрет на Прочка (Видео)

Младиот фотограф и кинематограф Горан Попоски од Прилеп го објави своето најново дело “Bear – Man” или во превод “Мечкари”.

Во 15-минутното видео, Попоски одново на уникатен начин ги претставува сите интересни работи поврзани со маскирањето на касапскиот еснаф во Прилеп, кои за Прочка се преправаат во познатите прилепски Мечкари.

Навистина одличен документарен филм кој во пресрет на 18-от Меѓународен фестивал “Прочка 2019” вреди да се погледне:

Претходно Горан направи документарни филмови и за Градскиот Саат во Старата прилепска чаршија и за манастирот Св. Преображение во село Зрзе.

Силјановска Давкова: Најновиот потег на Владата е бришење на сѐ што носи придавка „македонско“

Најновиот потег на Владата е со еден потег на перото бришење на сѐ што носи придавка „македонско“, па дури и на институциите основани со закон, од страна на Собранието, напиша кандидатот за претседател Гордана Силјановска Давкова.

„Со декрет, кабинетот на Зоран Заев не само што врши упад во уставно-правниот систем и во поделбата на власта, туку и врши национален инженеринг без никаква легитимација, консултација или правна основа. Како што веќе реков, заевизмот се сведува на три зборови: кажувам, заборавам, негирам! Поддржувачите на Преспанскиот договор се обидуваа да ни ја продадат тезата дека со него е зајакнат, „бетониран“ македонскиот (национален и етнички) идентитет. Изминатите недели беа во фаза на амнезија, а сега веќе почнуваат да негираат дека некогаш го тврделе тоа. Тврдеа дека го зацврстуваат идентитетот, дека го „бетонираат“, дека атрибутот „македонско“ ќе се употребува слободно и широко: кажаа, заборавија, негираат!

Се потврдува дека планот и начинот на „имплементација“ на Преспанскиот договор отсекогаш биле однапред утврдени и дека ништо, ама буквално ништо, не зависело од македонската страна! Од буквата „С“, преку ноќ, државата ја преведуваат на буквата „Н“! Она што најнапред требаше да биде исклучок (регистарските таблички на возилата, НМК) стана правило. Ако на сите национални институции им залепија „Н“ и тоа за внатрешна употреба, тогаш тоа значи само дека државата и народот ги третираат полошо од обично возило. На ред се трговските кодови. Невладините организации веќе доброволно се откажуваат од придавката „македонски“ заради добивање европски пари.

Кој за што сака нека се продава, ама нема никогаш да им простиме за најголемото понижување преку обезличувањето на сето она што Македонија и Македонците го имаат изградено како национална вредност (од уметноста до науката). Ова нема да им помине, нема да фати корен, а во првата прилика – со потег на перото – и новата власт ќе го врати она што го граделе и во што се вложиле генерации пред нас“-напиша таа.

Ова е балканскиот Фреди Меркјури: Наставник со своите ученици со својот настап ги воодушевија сите (Видео)

Наставникот по музичко образование Томислав Цвртила од Вараждин настапи со детскиот хор, изведувајќи уникатна изведба на „Bohemian Rhapsody“.

Но, публиката била воодушевена од тоа што наставникот бил маскиран токму во Фреди Меркјури.

Неговиот настап брзо стана хит на Балканот и доби многу позитивни коментари.

За да добиете 500 евра поврат на ДДВ ќе треба да потрошите 18.520 евра

Од први јули стартува најавената мерка со која граѓаните ќе добиваат поврат од 15 отсто од платениот данок на додадена вредност (ДДВ).

Според најавите, со оваа мерка годишно кај граѓаните би се вратиле меѓу 60 и 100 милиони евра.

Мала математика, покажува дека на секоја сметка од 1.000 денари, на која ДДВ е 18 %, повратот би бил цели 27 денари. На сметка од 10.000 – 270 денари или на потрошена цела просечна плата од 26.000, поврат би бил 702 денари.

Кога предизборно беше најавена мерката, се говореше дека во секое домаќинство, по основ на поврат на 15 % од ДДВ-то, годишно ќе се вратат до 500 евра.

Пресметките сепак говорат дека за да се „врати“ толкав износ, ќе треба за една година едно семејство да потроши 18.520 евра.

Извор: “Курир”

ВМРО-ДПМНЕ: “Врел туш за прилепчани со новите сметки за вода: Народот крајно револтиран од Градоначалникот за 60% повисоките сметки!?” (Видео)

Иако градоначалникот Илија Јованоски ветуваше намалување на сметките за вода од 20% во предизборната кампања, прилепчани овие денови сведочат за спротивното. Истакна на денешната прес конференција Иван Младеновски од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

Во продолжение интегрално ја пренесуваме целата прес-конференција:

“СДС удира повторно по џебот на обичниот граѓанин кој на своја кожа го почувствува зголемувањето на сметките за водни услуги.

Граѓаните се гневни и измамени затоа што поверуваа дека токму новата локална самоуправа предводена од СДС ќе си достои на својот збор и ветувањето кое го даде. За жал и на штета на сите прилепчани, со секој изминат ден се соголуваат ветувањата кои беа нафрлани без детална анализа, колку да се добија по некој дневнополитички поен.

Она што на крајот од денот го интересира обичниот народ е есапот во секоја една куќа, кој со овие поголеми давачки воведени во време на СДС, го осиромашува и онака сиромашниот народ кој едвај врзува крај со крај.

И наместо 20% поевтини сметки за вода, прилепчани добија повисоки сметки за околу 60%.

Градоначалниче, прилепчани ве гласаа за 20% поевтини сметки за вода, а не за вработување и поставување на директори на вашите внуци, зетови, братучеди. Прилепчани ве гласаа за да ги реализирате предизборните проекти, а не да агитирате за смена на име, национално предавство и двојазичен Прилеп.

Почитувани, досегашното владеење на СДС, како на централно, така и на локално ниво се покажа како крајно ненародно и дрско, кое освен што го влоши животниот стандард на секој еден, не донесе ништо корисно. Затоа мора што поскоро да заврши ова владеење. Затоа што граѓаните заслужуваат подобар живот и власт која ќе работи за доброто на секој еден граѓанин!”, истакна Младеноски.