дома блог страница 3119

Ова слатко девојче денес е најголема заводничка од турските серии: Eве за која глумица станува збор (ФОТО)

Ако не го препознавте ова слатко бебенце на фотографија, сосема е разбирливо и зашто минале повеќе од три децении откако е направена оваа фотографија.

Сигурни сме дека сте слушнале за турската актерка Мерјем Узерли, која се „крие“ зад ликот на ова слатко девојченце на фотографијата.

Всушност, оваа убавица неодамна објави на својот Инстаграм профил слика од раното детство на која таа има речиси идентична гримаса, како онаа што често знаеше да ја направи во хит серијата “Сулејман Величествениот“ со која се прослави во нашиот регион.

Оваа стара фотографија има собрано речиси 50.000 лајкови, и безброј коментари колку актерката уште од детството била харизматична.

Мерјем играше улогата Султан Хурем во споменатата серија, па и покрај тоа што во моментов во Македонија не гледаме ниту една серија во која е присутна оваа убавица, таа се’ уште е многу популарна.

Пендаровски предвидел дека СДСМ ќе се распадне за век и веков?

“Ако СДСМ повторно амнестира ќе биде закопана за век и векова во македонската политика.
Во овој момент ако се понуди амнестија, правната држава е мртва”, викаше “консензуалниот”.

Реков, пореков, заборавив, “Заевизмот” веројатно не е одлика само на премиерот.

Села: Зошто пак да го поддржам Заев, затоа што го направив премиер, доста е веќе (ВИДЕО)

Лидерот на Алијансата за Албанците денеска нагласи дека не гледа веќе причина да го поддржува и да се гледа со премиерот Зоран Заев откако тој се здружил со ДУИ и дека два пати ги одзеле ингеренциите на општина Гостивар во образованието.

На прашањето зошто треба пак да го поддржам Заев јас немам одговор.Затоа што го направив премиер-праша Села

Тој нагласи дека гласале за уставни измени не поради Заев туку поради иднината на нашите деца.

Извор: “Прессинг ТВ”

Важна информација за пушачите: Оваа храна го чисти телото од никотин

Брз и здрав начин за чистење на телото на пушачите од никотин е да се јаде повеќе здрава храна.

Ако редовно се консумира морков, зелен чај, спанаќ, киви, лимон и портокал, брокула, карфиол, прокељ и зелка, можат да му помогнат на телото да ги исфрли штетните материи од цигарите.

Зелен чај

Со пушењето телото ја губи неопходната течност и телото многу побрзо доаѓа во состојбата на дехидрација. Пиењето големи количини на домашна витаминска вода (две литри вода со една лажичка рендан ѓумбир, една краставица, лимон и 12 листови нане, и зелен чај преполн со антиоксиданси) ќе го испере никотинот од телото.

Морков

Никотинот ја уништува кожата и ја прави безживотна и сува. Ако сакате да ги решите овие грди несакани ефекти, јадете колку што е можно повеќе моркови. Тој содржи големи количини на витамин А, К, Ц и Б, кои се главни чистачи на телото. Исцедете морков во соковник измешан со јаболко и лимон или ставете го во салата.

Спанаќ

Фолната киселина е многу важна за нормално функционирање и развој на организмот, но, исто така, му помага на телото да се реши од никотин. Големи количини на фолна киселина се наоѓаат во спанаќот.

Брокули, прокељ и зелка

Освен што овие видови на зеленчук содржат полифеноли, кои се покажаа корисни во намалувањето на воспалението во дигестивниот систем, исто така содржат антиоксиданси кои го чистат телото од многу токсини. Подготвувајте ги што е можно пократко, за да можете да ги зачувате сите нивни квалитети.

Киви, лимон и портокал

Покрај вода, никотинот од организмот исфрла и витамини А, Ц и Е, кои го зајакнуваат имунолошкиот систем и помагаат на телото да се бори против разни инфекции и бактерии. За да се надокнадат загубените витамини посегнете по кивите или испијте една чаша лимонада. Сок од портокал го хидрира телото, ги обезбедува потребните витамини, но, исто така, го чисти организмот од никотин. Стиснете два портокали, додадете малку вода и пиете помеѓу оброците.

Извор: “Нетпресс”

Пендаровски: Ме следи тајна разузнавачка служба блиска на опозицијата

Kандидатот за претседател на СДСМ Стево Пендаровски вели дека пред пет години, во време на режим, врз него немало физичко следење, а телефоните му биле прислушувани четири години.

24 часа мене, а веројатно и моето семејство, ме следи тајна разузнавачка служба блиска до наша голема опозициска партија. За 10 дена неколку пати се објавуваат фотографии од тоа каде се движам, вели Стево Пендаровски, консензуален кандидат за претседател на владејачката структура во интервју за 1 ТВ.

Пендаровски вели дека пред пет години, во време на режим, врз него немало физичко следење, а телефоните му биле прислушувани четири години.

Ова е само сигнал, насоката во која ќе се движи кампањата за претседател, само што ќе биде уште повалкана. Мене не ми се блиски подземни кампањи, јас ќе одговорам со аргументи и јавно. Остатоците од режимот не смеат да бидат толерирани, тоа е работа на институциите од оваа власт – вели претседателскиот кандидат.

ОВАА ВЛАДА НА СДСМ Е KATACTPOФA: Новинарот на „24Вести“ со жecтoки kpитики за СДСМ и нивната влада!

Жecтoкa дебата се разви во синоќешното издание на емисијата „Анализа“ на 24 ТВ, во која гостин беше потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски.

Во еден момент, уредникот на емисијата Мишко Иванов, на Николоски му призна дека власта на СДСМ е кaтacтpoфa, но дека слично работела и претходната влада.

– Kpиминaлнa приватизација во времето на Бранко Црвенковски, Заев со „Глобал“, оваа влада е кaтacтpoфа! Преспанскиот договор, кaтacтpoфа! Единствена добра работа е што ќе влеземе во НАТО, но што кога ќе влеземе бeзимeни, како што велите вие. Јас се согласувам дека СДСМ е навистина, особено на овој делот со нeпoтизaм, дека е cтpaшнp. Па СДСМ се мали деца во однос на ВМРО-ДПМНЕ за тој нeпoтизaм, вие имавте ситуација каде едниот братучед беше премиер а другиот шеф на УБК – му се обрати Иванов на Николоски.

Николоски на ова одговори дека тие се свесни за пропустите од претходно, но актуелното раковотство на ВМРО-ДПМНЕ нема ништо со овие политики.

Чепреганов: Јас не мислам на студентите да им предавам нешто за Северна Македонија

Јас не мислам на студентите да им предавам нешто за Северна Македонија, вели професорот по историја Тодор Чепреганов во неговото гостување во Само Вистина на Канал 5 телевизија.

Коментирајќи ги комисиите со Бугарија и Грција кои треба да расправаат за македонските учебници, тој посочи дека македонските учебници за разлика од останатите балкански држави меѓу кои и овие две држави најмалку се оптеретени со национализам и се направени според сите европски стандарди.

– Јас сум против комисии и уште на почетокот кога бев поканет да бидам член на оваа комисија кажав дека немам проблем со сопствената историја, сметам дека само тој што има проблем со сопствената историја ќе учествува во комисија за да решава некакви си работи, нагласи Чепреганов.

(Видео) Никој не се осмелува да појде на овој остров: Погледнете зошто !

На само 32 километри од Сао Паоло се наоѓа островот кој не е населен од луѓе, но на кој има еден светилник од 19 век.

Островот Кејмада гранде, познат како Змиски остров, е домот на најсмpтoнocнитe змии во светот, златните змии, чиј отров буквално го растопува човечкото месо.

Според некои проценки на островот има околу 4.000 од овие змии, кои главно се хранат со птици. Бразилската влада строго забранува посета на овој остров. Дозволено им е само на биолозите кои можат да појдат на неколку години со цел да истражуваат. Секој друг би платил парична казна доколку го посети Змискиот остров.

Имало дури и обид островот да се “исчисти” од змиите, но овој обид бил без успех.

Островот го посетуваат и ловците на златни змии, чија кожа на црниот пазар достигнува цена од 30.000 долари.

Фармацевтите веруваат дека отровот на овие змии би можел да се користи како лек против рак.

Силјановска од Радовиш: Имаме наследено име и имаме вековна обврска тоа да го пренесеме на идните генерации

Проф. Д-р Гордана Силјановска Давкова, кандидатот за претседател на Република Македонија денес оствари средба со граѓаните на Општина Радовиш.

Пред големиот број на граѓани Силјановска Давкова нагласи дека имаме наследено име и имаме вековна обврска тоа да го пренесеме на идните генерации, додавајќи дека таа лично нема да го употребува новото име Северна Македонија.

Фото: Ова ли е “Југото” од Пендаровски во германска верзија старо повеќе од 20 години?

Стево Пендаровски пријавил дека вози „Југо“, а немал никаков недвижен имот според анкетниот лист пријавен во Државната Комисија за спречување на кopупциja, a денес корисниците на социјалните мрежи го забележаа Пендаровски како упраува со истото.

Нека не ве чуди тоа што не изгледа како обично Југо, ова е германската верзија.