дома блог страница 3118

Седум предмети кои според Баба Ванѓа треба да ги има секој дом

1. Мед

Ванѓа рекла: „Мед во куќата – просперитет во куќата“. Ов памтивек, се верува дека медот е особено популарен дома. Тој го чува мирот и удобноста на вашиот дом.

2. Потковица на влезот – за среќа

Првото нешто што мудрата баба Ванѓа го кажала било потковица. Таа рекла: „Држете ја потковицата на влезот за среќа и успехот ќе го најде патот до вашиот дом, коњот секогаш носи среќа, а на коњот му е потребна – потковица“.

3. Фениксова палма и врба

Познатата баба Ванѓа рекла: „Дланката на семето расте. Нека те заштити и чувај го својот дом и Христос секогаш да го фалиш. Се верува дека палмата е свето растение кое го чисти домот, ја шири добрината и чистотата, отфрла нечистотии“.

4. Сапун

Washing of hands with soap under running water

За сапунот Ванѓа вели: „Живееш брзо, се плашиш дека нема да успееш во времето, а всушност ќе ги земеш работите површно. Дали мислите да потрошите неколку минути обидувајќи се да размислите за суштината на нештата кои толку често се дел од секојдневниот живот? Сапунот се користи само за физичко прочистување, но всушност може да ви даде многу повеќе. Обичниот сапун дефинитивно треба да биде во вашиот дом, а тој ќе ви служи верно, и секое зло и нечистотија ќе ги измие“.

Погленете ја продавницата за обичен сапун – нема хемикалии, туку само природни состојки.

5. Лук

Ставете лук во аголот на заедничката просторија во близина на таванот за да ги одземете злите духови: „Сакате да се заштитите самите себе си и вашата куќа од зли духови? Исплашете ги со лук. Тие не го сакаат и се плашат од нив, а во куќата каде што има лук, ѓаволот никогаш не може да се одржи. Како што изгледа, тој брзо ќе побегне“.

6. Камбана (изработена од сребро и челик)

Претставниците на злите сили се кукавички суштества кои сакаат тишина и имаат страв од гласни звуци. Затоа е особено лошо ако звуците се повторуваат периодично, така што добро е да има ѕвонче во секој дом“, вели Ванѓа.

7. Килибар

Килибар, ќилибар или јантар претставува тврда кристализирана фосилна смола од растително потекло, најчесто со жолта боја. Килобарот се користи како состојка во парфемите, за лекување во народната медицина и за изработка на накит и добро е да го имате во домот.

Во живо: Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски гостува на “Aлфа”

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва е гостин во емисијата „Отворено“ на Телевизија Алфа.

Емисијата следете ја на линкот во продолжение:

(ВИДЕО) Кирацовски: МВР ќе ги фати странските служби кои го следат Пендаровски

Генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски кажа дека МВР ќе ги фати странските служби кои го следат претседателскиот кандидат Стево Пендаровски.

Според Кирацовски штом Пендаровски кажува дека одредени служби од опозицијата го следат, тоа значело дека истите и постојат. Како што кажа тој МВР веќе презеде иницијатива за откривање на истите.

– Видете, штом иден претседател на држава изјавува за одредени индиции, алудира на одредено следење од одредени служби од опозицијата, евидентно е дека истите постојат. Тука министерството за внатершни работи веднаш презеде иницијатива истите да бидат откриени и нормално истите да бидат изведени пред лицето на правдата. – изјави Кирацовски.

Видео: “ТВ 21”

Ѓорчев : Дали маж со променет родов идентитет има право да влезе во женска соблекувална? (Видео)

На денешната 80-та седница на Собранието една од точките на дневен ред беше и Предлог Законот за спречување и заштита од дискриминација, по скратена постапка.

Во дискусијата пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ се обрати до пратеничката од ДОМ Маја Морачанин, со прашањето “Дали маж со променет родов идентитет има право да влезе во женска соблекувална?”.

Целата негова дискусија погледнете ја во видеото во прилог:

Голем пожар беснее во прилепско: Гори 15 хектари борова шума (Фото)

Од утрово голем облак од чад се издигна над Прилеп, а се работи за пожар во прилепското село Дабница.

Се очекува до вечер да биде локализиран големиот пожар што денеска околу 13 часот избувна во атарот на прилепското село Дабница, изјави Влатко Велески, раководител на Подружницата „Црн бор“ при ЈП „Македонски шуми“-Прилеп.

Тој е на теренот со вработени од ова претпријатие, со пожарникарите од прилепската Противпожарна единица и со вработени од прилепски „Комуналец“, кои заедно работат во гасењето на пожарот,.

Според Велески, пожарот зафатил над 15 хектари со борова и нискостеблеста шума. Рече дека има сериозни индиции дека пожарот е намерно подметнат. Екипите се сè уште на терен во атарот на селото Дабница.

Велески рече и дека во Прилепско има неколку активни помали пожари, меѓу кои и еден во атарот на селото Зрзе во општина Долнени, кој настанал од палење стрништа.

Oва е најбрзиот автомобил во светот: Новата ѕверка достигнува 300 км/час за 12 секунди (Видео)

Најбрзиот автомобил на светот е електричен. Во прашање е aвтомобилот “PININFARINA BATTISTA”, кој има дури 1900 коњи и достигнува максимална брзина од неверојатни 349 километри на час.

Овој автомобил е побрз од сите болиди во Формула 1, а со него не може да се спореди ниту еден “Ферари” или “Ламбургини”.

Претставен е на Саемот за автомобили во Женева и се одликува со неверојатни технички податоци. Од 0 до 100 километри на час забрзува за помалку од 2 секунди.

Брзината од 300 км/час достигнува за 12 секунди, а со едно полнење може да помине 450 км.

Сериското производство на оваа “ѕверка” започнува во 2020 година.

Цел клас бара работа за да можат сите деца да одат на матурска екскурзија (Видео)

Цело одделение од Десетта гимназија во Беград бара работа за да можат сите ученици да одат на екскурзија.

Идејата се родила кога започнале подготовките за матурската екскурзија, а дел од учениците се соочиле со проблем, бидејќи нивните родители немале пари да платат за тоа. Затоа целиот клас одлучил да најде работа, а класната Драгана Можек седнала и напишала оглас.

Учениците од Десеттата гимназија во Белград се подготвени да работат и физичка работа само за да успеат да соберат пари и да им помогнат на своите другарчиња. Меѓу 32 ученици има такви кои ќе ви бидат личен потрчко, има и бубалици кои со задоволство ќе држат часови по математика и физика, а освен класната, во акцијата ќе усчествуваат и мајките и бабите.

За физичка работа се квалификувани 13 ‘рмбачи.

Огласот е објавен на Фејсбук профилот на наставничката Драгана Можек, а за кратко време тој се раширил по социјалната мрежа.

Акцијата не само што ја поддржале сите, туку во неа се вклучиле и родителите. Така, на пример, мајките и бабите заедно со нив ќе месат кифлички, ќе прават колачи и крофни.

Побарувањата за нивните услуги се повеќе од очекувани.

Кога ќе собереме пари за нашето одделение, доколку ни остане нешто ќе им ги понудиме и на децата од другите одделенија или ќе ги дадеме во хуманитарни цели, вели класната.

Таа вели дека донациите не се опција и дека целта е учениците сами да ги заработат парите.

Матурска екскурзија, според нив, е нешто што се памети целиот живот, па не постои причина некое од децата да ја пропушти таа шанса.

Извор: “Република”

Силјановска за тврдењето на Пендаровски дека го следеле тајни служби: “Ако Пендаровски се чувствува небезбеден, што да очекуваме ние, останатите?”

Кандидатката за претседател, Гордана Силјановска Давкова излезе со реакција за јавно искажаниот сомнеж од страна на кандидатот Стево Пендаровски дека е следен и фотографиран од страна на странски тајни служби.

-Вознемирена сум од сомнежот на противкандидатот за претседател на Македонија, Пендаровски, дека е следен од безбедносните служби на некоја странска држава. Се прашувам, ако некој што речиси одраснал во безбедносните служби, ако некој кој бил национален советник за безбедност дури на двајца претседатели, се чувствува небезбеден, што да очекуваме ние, останатите противкандидати?-праша таа.

Силјановска Давкова како што посочи, го охрабрува Пендаровски да го пријави случајот.

-Сомнеж за следење во земја која штотуку не влегла во НАТО и очекува датум за преговори со ЕУ, е нешто што сите треба да нè загрижи, порача таа.

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Јованоски си поигруваат со разумот на народот: Прилепчани добија за 60% повисоки сметки за вода

На лагите на криминалната, предавничка и неспособна СДС им нема крај. Неможејќи да ја сокријат својата неспособност, пишуваат манипулативни соопштенија со кои сакаат да си поиграат со разумот на народот. Но народот е мудар и повеќе не им верува. Истакнаа на денешната прес конференција Бојан Димески, потпретседател на Унија на млади сили на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

Прес-конференцијата ја пренесуваме интегрално во продолжение:

“На лагите на криминалната, предавничка и неспособна СДС им нема крај. Неможејќи да ја сокријат својата неспособност, пишуваат манипулативни соопштенија со кои сакаат да си поиграат со разумот на народот. Но народот е мудар и повеќе не им верува.

Она што СДС не може да го сокрие се два факти. Прво дека градоначалникот Јованоски ветуваше 20% поевтини сметки за вода. Второ, дека граѓаните на општина Прилеп плаќаат и ќе плаќаат во иднина за околу 60% повисоки сметки за вода.

Или со овие нови цена, за потрошени 15 метри кубни вода во месецот, сметката за вода ќе изнесува 800 денари, за потрошени 25 метри кубни ќе изнесува 1.345 денари, а за 30 кубни метри 1607 денари месечно. Граѓаните веќе ги примија првите сметки кои значително удрија по нивните џебови.

Ова не е прво зголемување на сметките за вода во време на СДС. Најпрво премолчено се поскапи цената на вода од 26.22 на 26.70 денари, ставката за надомест за одведување на урбани отпадни води од 3 на 5.28 денари, за најпосле, да се додаде и ставката за пречистување на урбани отпадни води која изнесува 17.35 денари за секој метар кубен потрошена вода.

СДС и Јованоски треба да им одговорат на семејствата кои едвај врзуваат крај со крај зошто не е реализирано предизборното ветување за 20% пониски сметки за вода? Наместо пониски сметки, сега истите ќе треба да платат значително повисоки сметки.

Дали граѓаните на ваков начин го плаќаат вработувањето на партиски војници и роднини на функционери од редовите на СДС во ЈКП Водовод? И наместо субвенционирање на работата на Пречистителната станица, СДС реши оваа давачка да биде на грбот на прилепчани.

Затоа оваа неспособна власт мора што поскоро да си замине! За добро на градот, за доброто на сите сограѓани!”

До недела топло и убаво време: Од понеделник нова промена

Стабилно и топло време со мала до умерена облачност, најавуваат метеоролозите за следните денови. Максималните температури ќе бидат над просекот за овој период од годината и на повеќе места ќе надминувааат 20 степени.

Според УХМР, под влијание на влажен и постуден бран во понеделник во вечерните и ноќните часови ќе настапи промена на времето.

На места ќе има врнежи од дожд, а на планините од снег и ќе дува умерен до засилен ветер. Врнежите ќе продолжат и во вторник, а температурите ќе бидат во значително опаѓање.