дома блог страница 3117

Дете виртуоз на гитара ги освои скопјани: Погледнете како растура малиот виртуоз (Видео)

Уличните свирачи се составен дел од секој голем град. Но, она што го има Скопје е уникатно и со тоа не може ама ниту еден друг голем град да се пофали…

Тоа е младиот гитарист кој кога ќе засвири „растура“ и секој би помислил дека свири некој возрасен…

„Ете и нашиов град има нешто вакво неописливо, моќно, магично. Царе, секоја чест, ми го однесе денот во облаци!“, напиша Виктор Петрески во описот на виеото…

Погледнете и слушнете:

Прилепчанец паднал од мопед на патот Прилеп-Витолиште и завршил во бoлница

На 07.03.2019 година во 18,30 часот било пријавено дека на регионалниот пат Прилеп-с.Витолиште Ц.Б. (77) од Прилеп управувајќи мопед „Томос“ изгубил контрола над истиот и паднал на коловозот.

Ц.Б. бил пренесен во Градска Болница-Прилеп, каде од страна на лекар констатирани му биле тешки телесни пoвPeди.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

“Објавен вториот пример за ултра непотизам во Прилеп? Кој е советникот од СДСМ што ја “дрма” цела партија??”

Непотизмот во Република Македонија зема се поголем замав.

Покрај роднинските вработувања на централно ниво, непотизмот е пуштен на најјако и во локалните самоуправи.

Експлицитен пример претставува членот на Советот на Општина Прилеп, Жарко Северкоски – пишува порталот “Инфо Плус”.

Имено, најстарата ќерката на Жарко Северкоски, Ц.Б. вработена како наставничка во основното училиште во с. Обршани Општина Кривогаштани, а нејзиниот сопруг А.Б. е вработен како доктор во општина Македонски Брод – велат од “Инфо Плус”.

Најмалата ќерка В.С., матурантка во 2017 година, побрзал да ја вработи како секретарка на Градоначалникот на Општина Прилеп.

Покрај двете ќерки има уште една ќерка за која во прилепската чаршија на големо се зборува дека влегла во потесниот круг за вравотување во МВР, но тоа ќе се случи веднаш по завршувањето на претседателските избори – додаваат од порталот.

Целата сторија прочитајте ја ТУКА

Силјановска: “Само 6 од 80 градоначалнички, само 4 од 25 министерки, борбата мора да продолжи”

По повод Денот на жената “8-ми Март”, кандидатката за престседател од ВМРО-ДПМНЕ, на својот Фејсбук профил потсети на бројките на нееднаква родова застапеност на жените во политиката и проблемите со кои се соочуваат во секојдневието.

“Само 18% сопственост на имот; Само 4 / 25 министерки; Само 6 / 80 градоначалнички; Само 8 / 68 именувани функционерки во јавни компании и установи, Само 38 % пратенички во Собранието; Дури 18-19 % родов јаз во плати; Секоја трета жена жртва на насилство; Трипати понеплатен труд. Борбата мора да продолжи!”, напиша Силјановска на Фејсбук.

Глутници кучиња сеат страв низ центарот на Прилеп: Ваква е сликата на градот секој ден? (Фото)

Центарот на Прилеп врие од кучиња скитници. Цели чопори сеат страв помеѓу граѓаните, а тоа може да се забележи и од овие фотографии кои утринава ги испрати наш читател.

На ваквата појава и негрижа од локалните власти апелираат од повеќе населби во градот.

Граѓаните се жалат дека глутници кучиња има во “Тризла”, “Точила” и во други населби.

Денес се одбележува борабата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност: СРЕЌЕН 8-МИ МАРТ!!!

Осми март е денот кога се одбележува борбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност со мажите.

Светот денеска повеќе од 10 декади го одбележува Осми Март – Меѓународниот ден на жената. Овој ден започнал за првпат да се одбележува од 28 февруари 1909 година во САД, со декларација донесена од страна на американската Социјалистичка партија. Една година подоцна во Копенхаген се одржала првата меѓународна женска конференција, а на предлог на германската социјалистка Клара Цеткин бил востановен Меѓународниот ден на жената.

Во 1910 под закрила на Втората интернационала во Копенхаген е одржана Првата меѓународна конференција на жените и на неа е одлучено да се прославува Меѓународен ден на жената, но без да биде утврден точен датум. Следната година, на 19 март 1911, овој празник по прв пат е прославен од страна на повеќе од милион луѓе во Австрија, Данска, Германија и Швајцарија. На 8 март 1913 година жените ширум Европа одржале мировни собири. Демонстрации на работничките се оддржувале речиси во сите поголеми европски градови секоја година до 1915 година, а главно барање на тие маршеви било еворпските земји конечно да воведат универзално право на глас.

Обединетите нации(ОН) овој празник официјално започнале да го одбележуваат во 1975 година.

Денеска подарете со љубов и почит на најголемиот борец, жената. Но знајте дека ова не е единствениот ден во годината за кој е потребно внимание. Секој ден е посебен да се изнуди насмевка на женското лице, 8ми март е денот што треба да ве потсети на тоа.

“Дали нехигиената во Прилеп, ги натера граѓаните сами да набавуваат машини за чистење на улиците??”

На социјалните мрежи се појави фотографија од паркирано возило за чистење на улици во куќен двор.

Можеби неизметените улици од растурената ризла во снежните денови, ги натера прилепчани сами да се справат со чистењето на улиците?

„Во ВМРО-ДПМНЕ единствена поделба има околу тоа дали ќе имаме 500.000 или 490.000 гласови на изборите“

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски негираше дека има било какви поделби во партијата, потенцирајќи дека сите структури заедно со Унијата на млади сили, Унијата на жени и Ветераните се максимално ангажирани и работат напорно и обединети.

„Единствена поделба во партијата имаме околу тоа дали ќе имаме 500.000 или 490.000 гласови на изборите“, одговори Мицкоски на прашањето дали има поделби во партијата, вечерва во Отворено на Алфа.

Извор: “Алфа ТВ”

Горат стрништа покрај патниот правец Прилеп-Битола: Возете внимателно, чадот создава огромни проблеми за возачите (Фото)

На повеќе места покрај патниот правец Приле-Битола горат стрништа при што густ чад се крева и го отежнува сообраќајот.

Се чини оваа лоша навика никако не може да се искорени, па секоја година пред пролетната сеидба истата слика ја гледаме одново и одново.

Наши читатели испратија фотографии од денешната состојба низ Пелагонискиот регион:

(Видео) Мишко е тежок половина тон: Тој е апсолутен рекордер, но го чека лоша судбина

“Дојди, Мишко, дојди”. Упорно му викаше сопственикот на своето прасе, но Мишко не му посвети внимание.

Со 426 килограми кои ги добил за 18 месеци, Мишко едвај се движи, бидејќи неговите коски не можат да издржат таква телесна тежина.

Мишко е апсолутен рекордер на Балканот, но за жал го чека лоша судбина: