дома блог страница 3116

Двајца драчевчани “затворија” кладилница: За уплата од 40 денари добиле неверојатни 40 илјади евра

Оваа мајсторија ја извеле заедно во тим, едниот играч ги наредил натпреварите, а другиот ги уплатил. Се работи за два исти тикета со уплата од по 20 денари, со кои едниот заработил над 1.200.000 денари, а другиот над 1.400.000 денари. Односно вкупно 2.722.384 денари, или 40.000 евра, со уплата од 40 денари.

Иако тикетите се идентични, добивката се разликува поради разликата во уплатата од 33 секунди, кога коефициентот за победа на Аполон Лимасон од 1,38 се намалил на 1,25. Со тоа еден меч помалку е влезен во бонусот што го нудат во „Sport Life“, па за едниот тикет бонусот е 96 отсто, а на другиот е 88 отсто.

Сепак, кога ќе се соберат бонусите од двата тикети, се доаѓа до неверојатна сума од 1.305.934 денари. Тоа е скоро половина од вкупната добивка.

„Во неделата поактивно ги следевме мечевите, а вистинска драма беше во понеделникот. Останаа три меча, Знојно, Олимпијакос и Хамбургер. Последен беше дуелот на Хамбургер. Бидејќи се работеше за голема добивка, решивме да го „штитиме“, па ставивме 250.000 денари на Х2, но сепак навивавме Хамбургер да победи. Домаќините дадоа гол во 85-тата минута и тоа ни донесе голема радост“, раскажуваат двајцата среќници.

Пендаровски: Македонска академија подразбира дека таму нема академици Албанци, затоа треба да се смени името на МАНУ

Кандидатот за претседател на државава, кој е поддржан од владеачките партии, Стево Пендаровски, вели дека МАНУ како и имињата на другите институции, како Македонска радио телевизија (МРТ) треба да се сменат затоа што не смееме да имаме етнички наслови на институциите.

Ова, тој го истакна во синоќешното гостување во дебатниот магазин “Клик Плус“ на Телевизија 21, запрашан за тоа кој е неговиот став за последната одлука на Владата за промена на имињата на институциите.

-Не смеевме да имаме етнички наслови на институциите. Македонска телевизија, јас го кажувам илјада пати тој пример. Македонска Армија беше првиот нацрт на законот за одбрана. Стоеше Македонска Армија. Целокупната група на ПДП, во тоа време 23 пратеници Албанци напуштија и рекоа ние нема да се вратиме назад во институциите. Во тоа време уште имавме армија од регрути, не професионалци, вели нема да имате ниту еден регрут Албанец бидејќи тие со овој назив, го толкуваат тоа дека е тоа армија само на Македонци. Или имате МАНУ, ќе видиме новиот назив како ќе биде, меѓутоа македонска академија подразбира дека таму нема академици Албанци.

СДСМ: “Ја направивме Северна Македонија земја со високи плати и инвестиции”

СДСМ со соппштение денеска:

Силна економијата, нова германска странска инвестиција во земјава со 400 нови и добро платени работни места

Успешните економски политики на Владата предводена од СДСМ и напредокот во евроинтеграциите ја вратија довербата и конкурентноста во домашната економија.

Република Северна Македонија е атрактивна земја за инвестирање со силна економија.

Германската компанија „Герешајмер“ реши да ги искористи економските поволности и да инвестира во нова фабрика во земјава.

Компанијата ќе произведува фармацевтски амбалажи и производи а обезбедува нови 400 работни места наменети за високо квалификуван кадар со високи плати.

Странските инвестиции имаат заначајна улога во поттикнувањето на економскиот раст и намалувањето на невработеноста. Само во 2018 во странските инвестиции отворени се 4.500 работни места.

Во 2018 година забележан е рекорден износ на странски инвестиции од 624,5 милиони евра, а рекорден раст бележеше и индустриското производство кое во 2018 година беше највисоко во последните седум години.

Со пристапувањето во НАТО и процесот на интеграција во ЕУ, економскиот раст дополнително ќе се интензивира со што ќе се отворат можности за повеќе инвестиции, нови работни места, повисоки плати, повеќе пари и повисок животен стандард за сите граѓани.

Видео: “Зачуван ли е идентитетот, откога се преименуваа сите институции и се избриша придавката МАКЕДОНСКИ/А??”

“Со Договорот носиме подобар живот за сите граѓани и го чуваме богатото историско и културно наследство кое ја има направено нашата македонска нација славна.

Договорот гo гарантира правото на Македонците да се определуваат како Македонци. Нема повеќе оспорувања, од никого и никаде.

Според членот 7 од Договорот, македонскиот идентитет ги отсликува нашата територија, јазик, народ, со сите атрибути, со своја историја, култура и наследство.

Според членот 1 од Договорот, македонскиот јазик е потврден како официјален јазик на нашата земја и станува официјален во најмоќниот сојуз на светот (НАТО) и во најголемата Унија (ЕУ).

Химната, грбот и знамето не се менуваат. Меѓународните кодови на Македонија не се менуваат, остануваат МК и МКД.

Почитувани граѓани, со сето ова, идентитетот е целосно зачуван! Ние сме македонци и засекогаш ќе бидеме македонци, признати и прифатени од сите”, рече на прес-конференција пратеничката од СДСМ Кети Смилеска, во пресрет на референдумот за промена на државното име.

Дали ова е вистина, проценете сами:

Ајде прилепчани! Да помогнеме! Наш сограѓанин живее во опожарената куќа и моли за помош! (Видео)

Стар, искинат јорган фрлен на валканиот бетонски под наместо постела, искршени врати и прозорци, соби без покуќнина, без струја и со силна реа која го одзема здивот, е домот на 43-годишниот прилепчанец Бранко Китаноски, во кој, на 14-ти февруари избувнал и пожар, кој го доуништил и тоа малкуто што го имал. Бранко е со нарушено психичко здравје, зема посебен паричен надоместок во висина од околу 8.500 денари и живее сам. Се жали дека во неговите услови не можело да живее ни куче, а камо ли човек, но, ете, досега не дошол никој од институциите за да му помогне, иако уште веднаш побарал помош, стои во сторијата на телевизија Алфа.

Тажна и болна е животната приказна на Бранко. Како дете на разведени родители, него го „воспитувала“ улицата што оставило длабоки и непријатни траги врз неговиот понатамошен живот. Свесен е дека за се’ сам си бил виновен, но сега се плаши дека тоа негово црно минато, а со кое вели дека одамна расчистил, можно било да е причина за незаинтересираноста на надлежните за да му помогнат.

Додека ја очекува еднократната парична помош од ЛС, за која вели дека му била ветена непосредно по пожарот, Бранко, сега се надева на хуманоста на обичните луѓе кои би сакале да му помогнат за да оспособи барем една соба во која би можело колку-толку да се живее.

Каролина Дурло за “Aлфа ТВ”

Мицкоски: “Maкедонската жена е неминовен учесник во сите големи настани во нашата историја” (Видео)

“Среќен Mеѓународен ден на жената – 8ми март!”, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на Фејсбук преку инспиративно видео.

Видео: “Во спротивен правец на автопат, може да се вози само во Македонија!?”

Завчера на новиот автопат Штип-Миладиновци била забележана една несекојдневна ситуација, кога комбе возело на спротивна лента.

Возилото се движело со голема брзина и со сите четири трепкачи уклучени.

За среќа не дошло до некаква несреќа.

Видеото од овој “изгубен” возач е објавено на Фејсбук страната “Ѕид на сообраќајниот срам”.

Истото можете да го погледнете на следниот линк:

https://www.facebook.com/todorovski.dime/videos/10218938263827998/

УХМР ПPEДУПPEДУBA: Спремете се за дожд, снег и силен ветер

Под влијание на влажен и постуден бран во понеделник во вечерните и ноќните часови ќе настапи значителна промена на времето.

Ќе има локални врнежи од дожд, а на планините од снег и ќе дува умерен до засилен северен ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Врнежите ќе продолжат и во вторник, а температурите ќе бидат во значително опаѓање.

Вакво нешто не се гледа секој ден! Татковци и ќерки во битолска градинка приредија изненадување за “8-ми Март” кое долго ќе се памети (Видео)

„Татковци и ќерки – една вистинска љубов“, напиша на „Фејсбук“ Александар Тодоровски, споделувајќи го видеото во кое тој заедно со уште четворица татковци од Битола изиграа танц со нивните ќеркички, настап на приредба во градинка кој бил, всушност, подарок наменет за нивните сопруги, по повод 8 Март, Денот на жената. Видеото од овој несекојдневен настан, кое непрестајно се споделува и се шири на социјалните мрежи, ретко кого остава рамнодушен.

Идејата за едно вакво изненадување е на Анета Атанасовска и на тимот од градинката ,,Естреја Овадија Мара“, клон ,,Пролет”.

Омиленото викендашко место на прилепчани претворено во депонија? (Фото галерија)

Вистинска депонија владее покрај патот кој води кон местото “Maркова чешма” во околината на Прилеп.

Местото е познато по повеќето викендички каде прилепчани одмараат од работните обврски.

Корисници на социјалните мрежи споделуваат фотографии и апелираат до Јавното комунално претпријатие “Комуналец” да излези на терен да го расчисти овој неред.

Апелот важи и за несовесните граѓани, кои со вакви постапки го нагрдуваат едно од поубавите места во околината на градот.