дома блог страница 27

Прилепчанец ги пријавил синот и внукот – после расправија го нападнале

-На 04.03.2026 во 19:30 часот во ОВР Прилеп, 78-годишен прилепчанец пријавил дека во семејниот дом, по претходна расправија со неговите син и внук, внукот го удрил со вратата од дворот, при што се здобил со телесни повреди.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот – информираат од СВР Битола.

16-годишник од с.Алинци возел без возачка низ град

На 03.03.2026 во 13:20 часот на ул.„Пере Тошев” во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп лишиле од слобода 16-годишник од с.Алинци, прилепско, затоа што при сообраќајна контрола било констатирано дека управувал мопед без возачка дозвола.

По документирање на настанот против него ќе следува соодветна пријава.

Прилепчанката Јовческа: “10 години имав забрана за влез во Грција, оти пеев со македонското знаме во Егејска Македонија”

Eстрадната пејачка од Прилеп, Елена Јовческа, 10 години не можела да влезе на територија на јужниот сосед Грција.

Јовческа во “МАГАЗИН” на Сител објаснува зошто не може да разбере кога во Македонија се слави грчката музика и култура, а во Грција се забрануваат македонски пејачи затоа што ја промовираат македонската култура и музика.

Таа добила забрана за влез откако пеела македонски песни со македонско знаме во село во Егејска Македонија кое живеат Македонци.

Таа десетина години не можела да влезе а сега кога влегува е под посебни проверки од грчките полицајци.

,,Пеев во Грција со македонско знаме и добив забрана за влез 10 години”, вели Јовческа.

Медали има, поддршка нема, а за сликање сме први – Вас поважен ви е тендер од децата од Прилеп кои одат на Олимпијади

Професорот по филозофија во СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ од Прилеп, Рубин Матески, преку својот Фејсбук статус упати остра порака за односот на институциите кон учениците кои ја претставуваат државата на меѓународни олимпијади.

Во објавата, Матески реагира на, како што наведува, недоволната институционална поддршка за младите таленти, кои редовно освојуваат медали и ја претставуваат Македонија на највисоко ниво.

Во продолжение го пренесуваме неговиот статус во целост:

„Нема година а некој од нашите гимназијалци да не се натпреварува на некоја олимпијада и да не се врати со медал. И веднаш сите брзаат да се сликаат со нив. Но кога треба да се пратат таму …. Е тогаш ги оставаат сами да се сликаат. Министерството за образование не е надлежно. Општината нема пари за такви глупости. И кутрите деца генијалци и нивните ментори мора да питачат по општествено одговорните фирми. Барем патот да се плати. Господа, овие се децата кои можат државата да ја извадат на здрав пат. Ова е таа младина на која останува нашата иднина. Овие деца треба да земаат плати како министри и пратеници. Греота е што повеќе ве интересира тендер за осветлување од иднината на овие деца.“

Професорот во својата објава потенцира дека младите таленти и нивните ментори честопати се принудени сами да обезбедуваат средства за учество на натпревари, додека институциите, според него, покажуваат интерес дури по постигнатиот успех.

Неговата реакција доаѓа во период кога ученици од прилепската гимназија „Мирче Ацев“ повторно бележат значајни резултати на национални и меѓународни натпревари, потврдувајќи го континуитетот на успеси што училиштето го негува со години.

Денот станува подолг – Наскоро ги поместуваме стрелките на часовникот

На крајот на месец Март, Македонија преминува од зимско кон летно сметање на времето.

Стрелките на часовниците ќе се поместат за еден час нанапред, на 29 март во 02:00 часот, а потоа ги поместуваме часовниците за еден час нанапред, до 03:00 часот.

Со оваа промена, денот ќе станува „подолг“, а ноќта за еден час пократка.

Летното сметање на времето ќе трае до последната недела во октомври, кога часовниците повторно се враќаат еден час наназад.

Проверете ги сметките: Исплатени над 237 милиони денари на земјоделците

Денеска се реализирани исплати во вкупен износ од над 237 милиони денари кон македонските земјоделци, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

-Исплатите се однесуваат на – Интервентен фонд – мерка 1.2 „Произведено вино“ – 59.942.278 денари за 39 корисници; Мерка 213 „Плата за овчари“ – 34.089.868 денари за 43 корисници; Мерка 112 „Млади земјоделци“ – 17.815.422 денари за 48 корисници; Мерка 121.7 „Комбајни за ориз“ – 28.779.597 денари за 48 корисници, стои во соопштението.

Од Министерството додаваат дека исто така исплатени се и 96.661.300 денари за 34 корисници, по Програмата за рурален развој (набавка на добиток, плата за задругите, поддршка за каматни стапки и техничка помош).

-Продолжуваме со поддршка кон македонските земјоделци, се наведува во соопштението на МЗШВ.

Момироски: На Прилеп му се заканува нов шок со отпуштања од работа?!

Во најавата за најновата петочна колумна за минатонеделните случувања во Прилеп, новинарот Зоран Момироски пишува за фабриката на американски “Гентерм” која се наоѓа во технолошко-индустриската зона “Алинци”.

-Дали на Прилеп му се заканува нов шок – бран на отпуштање од работа?! За три месеци завршуваат државните субвенции за ,,Гентерм,,. Дел од производството ќе биде префрлено во Мароко и Украина. Современа технологија од Чешка доаѓа во Прилеп. На крај, на работа најверојатно ќе остават околу 700 луѓе, пишува Момироски.

Ова е обзнанување на сите чаршиски муабети кои во изминатиот период кружат помеѓу прилепчани. Голем број прилепчани стравуваат за своите рабтни места во “Гентерм” и секој ден се прашуваат дали ќе продолжат да одат на работа.

Швајцарска поддршка за нов импулс во развојот на туризмот во Крушево (ФОТО)

Градоначалникот на Крушево, Нико Чонески, информираше за нова иницијатива насочена кон стратешки и одржлив развој на туризмот во општината, реализирана во соработка со швајцарски партнери.

Во рамки на соработката со програмата Increasing Market Employability – IME, поддржана од швајцарската амбасада во Македонија, беше организирана работилница чија цел е зајакнување на партнерството меѓу јавниот и приватниот сектор и постигнување конкретни резултати во унапредување на туристичката понуда.

Работилницата ја предводеше швајцарскиот експерт Оливер Курат, кој со своето долгогодишно искуство во областа на туристичкиот менаџмент презентираше современи пристапи и модели за одржлив развој на туристичките дестинации.

На настанот присуствуваа претставници од приватниот сектор, кои имаа можност за директна дискусија, размена на идеи и предлози, како и отворање на прашања поврзани со актуелните предизвици во туристичката индустрија.

Според Чонески, целта е создавање конкурентна, автентична и одржлива туристичка понуда која ќе придонесе за отворање нови работни места, економски раст и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните.

Воедно, градоначалникот ги информирал присутните за проектите што следуваат во наредниот период, а кои директно и индиректно ќе влијаат врз сите чинители во туризмот – од угостителските објекти и сместувачките капацитети до занаетчиите, локалните производители и младите претприемачи.

Како дел од идните чекори, најавено е и формирање Општински совет за развој на туризмот, како советодавно тело што ќе обезбеди континуирана координација, транспарентност и активно учество на приватниот сектор, со цел одлуките да се носат заеднички и врз основа на реалните потреби на заедницата.

Од Општина Крушево порачуваат дека преку вакви партнерства и заедничка визија, градот има потенцијал да се позиционира како препознатлива и атрактивна туристичка дестинација во регионот, со фокус на долгорочни и одржливи резултати.

ПАДНА СЕДУМКАТА НА ЛОТО! Еве во кој град во Македонија ќе се трошат 1.280.000 евра

ПАДНА СЕДУМКАТА НА ЛОТО 7 од 37 на Државна лотарија!

Среќниот добитник во 18-то коло освои 78,522.512 денари или околу 1.280.000 евра, а добитното ливче е уплатено во Кавадарци.

Добитната комбинација е: 10, 1, 8, 4, 5, 2, 11.

Со шест погодени броеви се регистрирани 15 добитни комбинации, а секоја од нив ќе добие по 31,707 денари.

13 улици во Прилеп во петок ќе бидат повеќе часа без струја

Повеќе улици во Прилеп и дел од населеното место Канатларци, во петок (06.03.) повеќе часа во текот на денот ќе бидат без електрична енергија.

На веб страната elektrodistribucija.mk, објавени се планирани прекини на следниве улици: