Деновиве oпштинските служби ги кастреа дрвјата во центарот на Прилеп, но наместо кастрење оставија само трупци.
Вистина е дека со кастрење се продолжува животниот век на дрвјата, но ова веќе не личи на ништо.
Погледнете:
Премиерот Зоран Заев преку изјава од собраниската говорница изјави за што разговарале министерот Венко Филипче и неговиот брат.
-Разговараа со мојот брат тоа што секој ден го разговараат со граѓаните, помагајќи за подобра асистенција, да може некој подобро да биде прифатен, подобро да биде достапна услугата, да можат да се вградат повеќе можности за лицата со посебни потреби, да се најде начин за ортопедските помагала, тоа е нешто за што разговарале, вели Заев.
Тој додава дека можат да разговараат и за ајварот Мамас, немаат допирни точки, брат ми не е лекар.
-Разговарале затоа што допираат граѓани и замолуваат да се помогне и да влезат во програма кога и да е, јас сум и пријател и другар со моите министри од сите политички партии.
Ако може да им се верува на долгорочните прогнози, тогаш не чека блага зима со релативно малку снег, ако и тој воопшто падне.
AccuWeather предвидува дека првиот снег во Скопје може да се очекува на почетокот на наредниот месец но без некој посилен интензитет.
Услови за снежни врнежи според истите прогнози ќе се создадат во втората половина од декемри но најавите се дека новогодишната ноќ нема да биде студена и наместо снег, ќе врне дожд.
Високите температури кои што не следат од почетокот на есента како да најавуваат дека натпросечно топло време ќе имаме и во текот на целата зима.
Прогнозите велат дека до крајот на ноември нема да има утрински температури во минус по котлините а дневните само во последната недела од месецов ќе се спуштат под 10 степени.
Во споредба со повеќегодишниот просек, тоа е за околу 2 степени потопло.
Веќе во декември најавите се дека ќе се вратиме околу просечната повеќегодишна температура. Со почетокот на последниот месец во годината се очекува и првиот мраз во градовите. Во текот на целиот декември ќе имаме студени утра со температури од минус 5 до минус 10 степени, а дневните ќе се искачуваат само до 2 или 3 степени над нулата.
Студ не се очекува да донесе ниту јануари. На стартот од наредната година се очекуваат врнежи од дожд и температури кои кон средината на јануари наутро ќе се спуштаат до минус 5 а во текот на денот околу нула степени.
Метеоролозите велат дека е многу тешко да се направи прецизна прогноза на долг рок, но ваквите предвидувања можат да дадат насока за тоа какви услови не очекуваат.
(Фејсбук статус на Протоереј Љупче Петрески)
“Државата сторила ниет да прави ветинг (процес на проверка на интегритетот, работата и професионалноста) во судството и во МВР со цел да се врати довербата на јавноста во работата на државните институции.
Одлично! Оваа тушла држава (мислам на државата како апарат) еднаш мора да се исчисти од сите непрофесионални и неспособни кадри и тоа треба да биде регулирано со јасно дефинирање на клучните критериуми за ветинг, како, на пример, знаењето, професионалноста, моралниот и човечкиот интегритет и т.н., и да биде непристрасно и без партиски влијанија.
НО, зошто само во судството и во МВР? Зошто не и во државното здравство? Да, да, токму во државното здравство кое (не)функционира благодарение на нашите пари. Секој од нас може да каже барем по еден пример кога бил незадоволен, револтиран, бесен од незнаењето, непрофесионалноста, негрижата, неодговорноста, непожртвуваноста на некој доктор, лекар, мед. сестра или адм. службеник во здравството. За жал, често се случува, НЕКОИ од овие лица, место да помогнат, одмагаат, и прават штета врз нашето здравје па потоа докторите на Клиника во Скопје да ја оправаат работата.
Ако државата не знае од каде да почне со ветинг во здравството еве ќе и помогнам! Ветингот нека почне од прилепската болница и тоа од ДЕТСКОТО ОДДЕЛЕНИЕ!
И апсолутно сум против, сите доктори да земаат иста плата (100 000 денари?!). Оние што си ја работат работатанека земаат и 300 000, но за тоа нека одлучуваат нашите, на пациентите, оценки по завршената здравствена услуга, па да видиме кој колкава плата ќе заслужи!!!”
Продолжува серијалот на вработувања во администрацијата од страна на владата на СДСМ.
Изминатиот период во неколку наврати објавивме дека се објавени неколку огласи за вработување во државните институции, при што партиските вработувања продолжуваат да бидат тренд во Македонија.
Имено, објавени се повеќе огласи за вработување на државни службеници во голем број на министерства меѓу кои министерството за правда, министерството за финансии односно управата за финансиско разузнавање, министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, министерството за здравство, а има огласи за вработување и во дирекцијата за заштита и спасување, агенција за вработување, дирекцијата за задолжителни резерви, нафта и нафтени деривати, вработувања во археолошкиот музеј, во агенцијата за храна и ветеринарство, како и агенцијата за финансиска поддршка и рурален развој.
Се бараат различни профили, па така од помлади референти, соработници, раководители, се до инспектори, а според огласот платата достигнува и до над 30.000 денари.
Се по очигледно е дека огласите кои што се објавени се направени спрема кандидати кој веќе претходно се избрани.
Владејачката СДСМ додека беше во опозиција речиси и да поминуваше ден а да не обвини дека администрацијата е партизирана и дека се злоупотребува за партиски цели односно дека администрацијата е превработена.
Се држеа прес конференции се вадеа наводни „докази“ се збореше дури и во предизборниот период дека ситуацијата ќе се среди. Но, сега се појасно е дека едно се зборува во опозиција а сосема друго се прави од позиција на власт.
Огласите погледнете ги ТУКА
Според британските медиуми играчот Али Диа може да биде прогласен за најголемата измама во англискиот фудбал. Станува збор за Сенегалецот Али Диа кој во 1996 година заиграл во Премиер лигата во дресот на Саутемптон.
Се прашувате како е можно. За ова е „заслужен“ тогашниот менаџер на тимот Грем Сунес кој бил убеден дека ангажира врвен фудбалер кој имал препорака од славниот Жорж Веа. Но, наместо со Веа Сунес разговарал со пријателот на Али кој го убедувал дека нема да се покае ако го ангажира.
Сунес поверувал и потпишал договор на еден месец. Набрзо следувало и дебито во првиот тим и веднаш било јасно дека тој е далеку од професионален фудбалер. Ниту еднаш не бил во контакт со топката и постојано бил во офсајд.
Измамата набрзо била откриена. Али бил фудбалер во пониските аматерски лиги кој имал голема желба барем еден меч да одигра во најсилната лига на светот и сонот му се исполнил иако со измама.
Кога пред извесно време, драги мои другарки и другарчиња, ги најавивте вашата голема офанзива против „лажните вести“ и активностите за „одбраната од нападите против демократијата“, јасно ми беше дека опасно се глупирате. Пишував за тоа, а вие ме прогласивте за предавник на вашата „кауза“. И еве, сега јасно се гледа дека подготвувавте алиби за масивната пропагандна кампања за оцрнување на политичките противници и на критичарите на власта (кампањата е во тек), како и за обидите со репресивни мерки да ги спречите изливите на незадоволство на луѓето што ги разочаравте со лошото владеење – пишува новинарот Бранко Героски во неговата најнова колумна на порталот “Плус Инфо”.
Иако знам колку сте нервозни и очајни, сепак не верував дека ќе се осмелите својата замисла да ја преточите во нови, срамни, тоталитаристички законски ограничувања на уставното право на слободно собирање. Да ве потсетам, членот 21 од Уставот вели: „Граѓаните имаат право мирно да се собираат и да изразуваат јавен протест без претходно пријавување и без посебна дозвола. Користењето на ова право може да биде ограничено само во услови на воена и вонредна состојба“.
Целата колумна прочитајте ја ТУКА
Архангел Михаил е водачот на небесните војски кој секогаш се јавувал на местата на кои се појавувала Богородица, така што претставува небесна сила и заштита на земјата.
Според црковните преданија, ангелот Михаил првпат прв стапил во борба со злите духови и тоа во име на црковните толкувања означува оној кој е како Бог.
На грчки јазик зборот архи значи главен, прв, а значи весник, ангел.
Прв меѓу ангелите Архангел Михаил на иконата се претставува како борец-војвода со меч или копје во раката, а народното верување смета дека тој доаѓа и ги зема човечките души кога ќе чукне часот.
Постојат многу народни верувања за овој ангел: Велат дека тој ги посетува болните и ако застане кај нивните нозе- не е добро, а ако е кај главата – болниот ќе оздрави.
Се слави наесен на 21 ноември, а по народното верување, тоа е затоа што кога светците си ги делеле улогите, Архангел Михаил добил есенско и зимско време на зима и зимски тешкотии. Се вели дека во ова време Архангел талка по светот облечен во просјак да ги искара неверниците и да им помогне на оние кои се во неволја.
Едно народно верување вели дека според временските услови на овој ден може да се одреди каква ќе биде годината. Се вели: какво ќе биде времето на Аранѓеловден, такво ќе биде во текот на целата зима и пролет. Во некои краишта се слави и како празник на сточарите бидејќи се верува дека само тој може да ги истера волците.
Постои верување и обичај кај многу христијани кои го слават свети Михаил, бидејќи го сметаат за жив светител, да не подготвуваат пченица за славата, а тоа е неточно и неоправдано. Неопходно е да се подготви пченица за славата, бидејќи сите светители и сите мртви се живи пред Бога.
На овој ден преданијата велат дека треба да им се помогне на сиромашните и немоќните, да им се даде храна и пиење, а и да им се упати топол збор. За сета ваша добрина светецот ќе ве награди со ислушување на молитвите и желбите.
Инаку, Св. Архангел Михаил е најголемата куќна слава која христијаните ја празнуваат во месец ноември.
Славата оваа година е мрсна бидејќи 21 ноември се паѓа во четврток. Со оглед на тоа дека датумот е фиксен, дали славата ќе биде мрсна или посна се одредува според денот од неделата. Па така, ако е среда или петок, славата ќе биде посна, додека во останатите денови може да се прославува и со мрсна храна.
Вицепремиерот Кочо Анѓушев се повлекува од политиката по изборите, без оглед на нивниот исход, најави во вечерашното гостување на ТВ Телма.
Анѓушев рече дека ќе им се врати на своите компании, каде што рапидно паднал профитот откако стана вицепремиер. Ова Анѓушев го изјави во емисијата Топ тема на Телма.
Како што изјави тој една од причините е тоа што неговите „најчесни намери да и помогне на државата не биле секогаш најдобро прифатени од граѓаните“.
– Кога прифатив да бидам дел од Владата моите намери беа најчесни, со знаењето што го имав стекнато, да и помогнам на државата. Но, за овој период приходите во моите компании опаднаа, а и профитите, некаде и до 50 отсто. Тоа е и заради моето отсуство. Ќе си го доработам мандатот, но бидејќи не сум член на ниедна партија, нема да продолжам со политиката, рече Аншушев.