ЗАДОЛЖИТЕЛЕН ВЕТИНГ ВО ЗДРАВСТВОТО!!!

(Фејсбук статус на Протоереј Љупче Петрески)

“Државата сторила ниет да прави ветинг (процес на проверка на интегритетот, работата и професионалноста) во судството и во МВР со цел да се врати довербата на јавноста во работата на државните институции.

Одлично! Оваа тушла држава (мислам на државата како апарат) еднаш мора да се исчисти од сите непрофесионални и неспособни кадри и тоа треба да биде регулирано со јасно дефинирање на клучните критериуми за ветинг, како, на пример, знаењето, професионалноста, моралниот и човечкиот интегритет и т.н., и да биде непристрасно и без партиски влијанија.

НО, зошто само во судството и во МВР? Зошто не и во државното здравство? Да, да, токму во државното здравство кое (не)функционира благодарение на нашите пари. Секој од нас може да каже барем по еден пример кога бил незадоволен, револтиран, бесен од незнаењето, непрофесионалноста, негрижата, неодговорноста, непожртвуваноста на некој доктор, лекар, мед. сестра или адм. службеник во здравството. За жал, често се случува, НЕКОИ од овие лица, место да помогнат, одмагаат, и прават штета врз нашето здравје па потоа докторите на Клиника во Скопје да ја оправаат работата.

Ако државата не знае од каде да почне со ветинг во здравството еве ќе и помогнам! Ветингот нека почне од прилепската болница и тоа од ДЕТСКОТО ОДДЕЛЕНИЕ!

И апсолутно сум против, сите доктори да земаат иста плата (100 000 денари?!). Оние што си ја работат работатанека земаат и 300 000, но за тоа нека одлучуваат нашите, на пациентите, оценки по завршената здравствена услуга, па да видиме кој колкава плата ќе заслужи!!!”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.