дома блог страница 2121

Малecки за бyгapcката БГHEC: Две земjи на Балканот немaaт cpeдновековно иcтopиско нacледcтво, тоа се Македониja и Словениja

Професорот и првиот министер за односи со странство во независна Македонија, Денко Малески во колумна за бугарската агенција БГНЕС изразува загриженост од недостигот на демократска дебата и размислување во Македонија.

-Овој дух недостасува насекаде, дури и во музиката, што се случи и со брилијантниот Васил Гавранлиев, кому му посакувам успех на Евровизија, вели Малески.

Недостасува дури и на највисоко ниво.

-Актуелниот претседател Стево Пендаровски рече дека нашата земја не е во можност да реши ниту еден голем проблем без странско учество. Ова, се разбира, е голем срам за лидерите на партиите, но и за него лично. Ова е срамота за нас како граѓани. Но, ова само потврдува дека македонската политика нема демократско размислување, како и врочем и меѓу новинарите и историчарите, оценува Малески.

Тој прашува дали можеби решението е во помош од странците.

„Ако вклучиме странски посредници во македонско-бугарскиот спор, што нема да се случи се додека не бидат загрозени интересите на големите земји, т.е. НАТО, тогаш тие ќе се консултираат со нивните историчари, кои ќе ги известат не за нашата или бугарската, туку за западната политичка и историска литература, која е најблиску до историските факти.

Во еден таков разговор, некои работи што ќе ги слушнеме ќе ни се допаднат, други не.

Дека македонската нација и јазик постојат, и не само што никој не треба да ги негира, туку напротив, секој треба да се однесува кон нив со почит. Како сојузници во големата антифашистичка борба за време на Втората светска војна, заедно со другите југословенски народи, имаме трајни и нераскинливи врски.

Сепак, постојат само две земји на Балканот кои немаат средновековно историско наследство, но се современи, модерни земји: Словенија и Македонија.

Тие исто така ќе ја објаснат пан-бугарската идеја и како геополитиката го забрза создавањето на македонската нација од средината на 19-ти и особено во 1930-тите и 40-тите години на минатиот век.

Што се однесува до Кирил и Методиј, тие прво ќе ни објаснат дека секаде во Европа, писменоста и христијанството се шират од раздвижените градови Венеција, Дубровник или Солун, од економските и културните центри до внатрешноста. Така, и Македонците и Бугарите ќе разберат дека светите браќа биле, всушност, пред се византиски службеници, а не Македонци или Бугари.

Можеби тогаш конечно ќе разбереме од каде доаѓа сличноста меѓу грчката азбука и нашата кирилица и ќе престанеме да се расправаме дали ние или Бугарите сме лулка на словенската цивилизација…“

Од колумната на  професорот Денко Малески за БГНЕС.

Костадинов во одбрана на Гapванлиев: “Огромен дел од граѓаните те поддржуваат”

Пратеникот и портпарол на СДСМ, Коста Костадинов, се стави во „заштита“ на евровиозискиот претставник Васил Гарванлиев и негов сограѓанин по „пропустот“ во спотот и по неговото признание дека поседува бугарски пасош.

“Интересно, некои луѓе низ годините се обиделе, за жал и сега се обидуваат да го скршат струмичкиот дух, струмичкиот непокор, струмичката храброст, струмичката спремност, таа чудна стремеж, струмичка за перфекционизам.

За волја на вистината, не успеале!

Нема ниту сега да успеат, Струмичкиот дух не е стакло, третирајте го како жива.

Можете да го делите, да го крчмите ама на крај се соединува во едно.

Така ќе биде и овој пат, Васил понуди квалитет, вокален текстуален…

Тој квалитет и го поклони на државата, на сите нас без разлика какви сме, кои сме, како размислуваме, што ние мислиме.

Ни даде подарок со кој треба да се радуваме и нешто кое што исклучително треба да го почитуваме.

Биди сигурен Васил, дека огромен дел од граѓаните даваат поддршка на тоа што го работиш, за жал некои луѓе во тоа видоа шанса за политички профит.

Јас сум убеден дека ниту една разлика, политичка, етничка, верска или било каква друга, нема да биде посилна од желбата за наш заеднички успех, предводен од Васил Гарванлиев.

ПС. Марионка лична Македонка!

Не заборавајте го хитот од Златно Славејче”, напиша Костадинов.

Лига на шампиони и брзи пapи со “Евротип”: Квота 2,65 само за еден погодок на Манчестер Сити – Менхенгладбах?!

Денешната понуда од фудбалската Лига на шампиони ни носи натпревари на офанзивни екипи, а спортските обложувалници Евротип ви нудат можност за одлична заработка, а да не морате да го следите ниту првото полувреме до самиот крај!

Манчестер Сити на Пеп Гвардиола ја дочекува екипата на Борусија Менхенгладбах. Двете екипи се исклучително офанзивни, а Евротип во својата понуда „БРЗИ ПАРИ“ нуди квота од 2,65 да биде постигнат погодок во првите 15 минути од натпреварот!

Можеби кога се обложувате на натпревари од нокаут фазата не сакате толку да ризикувате и барате „зицер“?

Тогаш играта да има барем еден погодок на натпреварот пред истекот на 30. минута е вистинска за Вас.

Токму за таа игра, за овој натпревар Евротип ви нуди квота од 1,55! Од друга страна, Реал Мадрид ќе ја дочека Аталанта која во Шпанија ќе брка негатива од еден гол.

Евротип ви нуди можност да се обложувате на квота од 2,85 за да видиме барем еден погодок во Мадрид во првите 15 минути, додека квотата 1,65 за еден погодок пред 30. минута е исто така примамлива!

Не пропуштајте, исплатете го Вашиот тикет по само 15 минути игра, само со „БРЗИ ПАРИ“ на спортските обложувалници Евротип!

Целосната понуда можете да ја најдете на www.evrotip.mk> или на шалтер во најблиската Евротип обложувалница до Вас.

Cледyва подолг полициcки чac за викендите? Се paзмиcлyвало и за целocно затвopaње?

Полициски час од 17 часот попладнето до 05 часот утрото, следниот ден од петок до понеделник е една од можните рестриктивни мерки кои се планираат за земјава за крајот на тековнава недела односно за викенд.

Се размислувало дури и за целосен „локдаун“ во текот на двата дена од викендот, но таа опција сега е малку веројатна, тврди извор на Фактор кој потврдува дека од друга страна, заострувањето на рестрикциите е извесно.

Од Министерството за здравство потврдуваат дека е можно да следува викенд во кој ќе има порестриктивни мерки за заштита, но дека нема таква одлука се уште. Дали ќе има ќе зависи од бројот на заболени и хоспитализациите во деновите до петок.

Членови на Комисијата за заразни болести за Фактор велат дека нема најави за нови состаноци, а неофицијално тврдат дека нивната улога во последниот период е безначајна затоа што одлуките не се дискутираат на ниво како кога почна епидемијата на Ковид-19.

Целата информација прочитајте ја ТУКА

Пpилепчанец излетал со возилото од патот кaj ceло Штавица

На 15.03.2021 во 14.07 часот во СВР Битола било пpиjaвено дека на регионалниот пат с.Витолиште, прилепско, кај влез за с.Штавица, патничко моторно возило „рено меган“ со прилепски регистарски ознаки, yпpaвyвано од Џ.М.(57) од Прилеп, yдpило во метален заштитен браник на коловозот и излетало од коловозот – информираат во дневниот билтен на МВР.

Фото/ протест на жителите од мариовскиот крај на 05.11.2019 г.

– Во незгодата, возачот се здобил со тешки телecни повpeди, конcтатиpaни во Градcката болница Прилеп. Извршен бил yвид на местото на нacтанот од Јавен обвинител и yвидна екипа од Полициcката cтаница Прилеп – додаваат од МВР.

HOBO! Отceга Koжyвчанка во cтаклена амбалажа!

Кожувчанка ДОО Кавадарци е Компанија која секогаш напредува заедно со своите производи.

Отсекогаш во тренд со случувањата, целта на Кожувчанка ДОО е да се постигне најдобриот квалитет користејќи ги сите предности во технологијата, се’ со цел потрошувачот да го добие најдобриот производ
на пазарот.

“Овој пат, природната минерална вода Кожувчанка ја надградивме во изгледот и квалитетот на стаклената амбалажа и ви ја претставуваме во литражи од 0.75L и 0.33L. Сега, Кожувчанка доби целосен изглед, заедно со останатите PET амбалажи на пазарот, и од оваа година е комплетна во својот асортиман.”- велат од Маркетинг секторот на Кожувчанка ДОО.

Со надеж дека ситуацијата ќе биде значително подобра во наредниот период и угостителските објекти ќе се вратат наскоро во полна функција, очекуваме Кожувчанка во стакло да ја гледаме застапена на секоја маса.

3aпленетиот пyтep со поминат poк yништен на Дpиcла пред еден куп камери

Повеќе од 4 тони од запленетиот путер со изминат рок кој го увезла млекарницата „Евро Млекара“ ДООЕЛ Скопје беа уништени денеска на градската депонија Дрисла. Фирмата Евро Млекара“ ДООЕЛ Скопје ќе добие глоба од 1.500 евра за небезбедно и незаконско работење.

Како што соопшти директорот на АХВ, Николче Бабовски путерот бил увезен од Турција, а не од Германија, како што првично било утврдено и легално биле увезени 20.000 килограми.

Контролите на АХВ утврдиле дека „Евро Млекара“ манипулирала со документацијата за увоз и за складирање на производот, а путерот го чувала во неодобрени објекти – ладилници за складирање храна од животинско потекло. Уште еден пропуст е што операторот „Евро Млекара“ ДООЕЛ Скопје не е регистрирана за солење путер, а реализираниот увоз се однесува на несолен путер.

-Со дополнителна контрола утврдена е манипулација со излезните фактури во кои било наведено дека се дистрибуираат канти со путер од 25, а не од по пет килограми. Поради ова, од страна на официланиот ветеринар е издадено решение за итно отповикување и повлекување на блоковите путер и наредено е веднаш да се стопира продажбата и путерот да се врати во млекарницата, вели Бабовски.

Увозот на путерот е направен на 11 месец 2018 година, а рокот му бил шест месеци, но директорот на АХВ не може со сигурност да тврди колку време бил на пазарот. Несовпаѓања, рече, се утврдени и во датумот на производоство и рокот на употреба на производот.

– Со манипулацијата со излезните фактури е утврдено дека една од седумте излезни фактури е фиктивна, односно количината наведена во него воопшто не е пласирана кај оператор со храна во Струга. Вкупно 168 блока путер од по 25 килограми според директорот за производство биле однесени во објект Тетово, а уште пет блока со путер биле сместени во објект во Гостивар. При деталната контрола на фактурите, констатоирано е совпаѓање на килажата со вклупно увезената количнина од 20.000 килограми. На 13.03.2021 година овие колични путер се вратени во млекарницата на „Евро Млекара“ ДООЕЛ Скопје. При истоварот е утврдено дека на кутиите се гледа дека првичните декларации се одлепени и се ставени нови декларации кои не се комплетни и со кои е продолжен рокот на употреба на путерот до 25.06.2021 година, На една од кутиите, пак, додаде, бил залепен лист на кој пишува „путер султаш“ 23.10.20, потенцира Бабовски.

Целокупната вратена количина путер била во замрзната форма (замрзнат путер), а бидејќи надлежните од млекарницата не дале информација за тоа каде и како е замрзнат путерот, овие количини се поништени како небезбедни.

Д-p Пановcки: Ce знae каде се шиpи епидемиjaта, pecтopaните не тpeба да paботат

Надлежните да признаат каде најмногу се шири кopoнавиpycoт, а не во интерес на економијата да се затскриваат зад напишани казни за неносење маски на улица, бидејќи на отворено и со држење на дистанца виpycoт не се шиpи, изјави за “Алфа” микpoбиологот Никола Пановски.

Тој вели дека е неопходно да се стави клуч на врата кај угостителските објeкти и да се воспостави ред во јавниот превоз, бидејќи само така ќе се држи под контрола третиот бран на кopoнавиpyc во земјава.

– Сите мерки, додека работат кафeани, кафулиња, фитнес клубови, коцкарници и обложувалници се депласирани, без разлика дали од 22 до 5 часот. Казнување луѓе по улица бидејќи не носеле маски, нема никаква врска со ширењето на епидемијата. Се знае каде се шири епидемија. Рестораните, барем според мене, не треба да работат. Од економски причини работат, па плаќаме со болест и животи, а друго е што таму внатре не се почитуваат мерките, бидејќи во кафичите секојдневно гледате како стојат на кољопои на триесет сантими без маски, вели професор доктор Никола Пановски.

Joванocки: 2020 година беше година на peaлизациja на капитални пpoeкти од витално значење за Пpилеп

Советот на општина Прилеп денеска ја одржа 54-тата седница, која заради пандемијата со кopoнавиpycoт се одвиваше преку видео-конференциска врска. Советниците дискутираа и расправаа за 40 точки од дневниот ред, кој на почетокот
на седницата беше едногласно усвоен.

Нa денешната седница, советниците дадоа „зелено светло“ за кварталниот извештај за извршување на буџетот на Општина Прилеп, за четвртиот квартал од тековната 2020 година, како и за Годишна сметка на Буџетот на Општина Прилеп за 2020 година. Дополнително, советниците го прифатија и годишниот извештај на Општина Прилеп за 2020 година.

„Сакам да потенцирам дека извршувањето на 1 милијарда и 135 милиони денари приходи во консолидираниот биланс на приходи на општинскиот буџет за 2020 година, преставува 73,82% од проектираните 1 милијарда и 537 милиони денари и со тоа можеме да бидеме задоволни. Сакам да нагласам дека со реализација на 339 милиони денари приходи на основниот буџет, несметајќи го пренесениот вишок на приходи од 2019 година во износ од 134 милиони денари, можеме да бидеме релативно задоволни. Извршувањето на расходите на Консолидираниот биланс на Буџетот за 2020 година беше во износ од 1 милијарда и 198 милиони денари. Сакам да потенцирам дека 2020 година, беше година на реализација на крупни капитални проекти од витално значње за општината. Тука пред се мислам на изградбата на мостот на улицата „Трајко Николоски“, реконструкцијата на делот од булеварот „Гоце Делчев“ и делот од улицата „Прилепски бранители, изградбата, реконструкција и рехабилитација на голем број на улици и локални патишта во градот и населените места, реконструкцијата на градскиот стадион „Гоце Делчев“, бројни инвестиции во училиштата и градинките“, истакна градоначалникот Јованоски на денешната седница на Совет.

Членовите на општинскиот Совет, денеска ги усвоија и Правилниците за користење на финансиски средства од буџетот на Општина Прилеп за субвенционирање, односно надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на Општина Прилеп за купување на велосипеди и клима уред-инвертори за 2021 година.

Истовремено, советниците изгласаа Одлуки за определување на максимален износ за доделување на поединечна субвенција, односно надомест на дел од трошоци на граѓани на подрачјето на Општина Прилеп за купување на велосипеди и клима уред-инвертори за 2021 година. И тоа, до 50 отсто од вредноста на грејното тело, но не повеќе од 10.000 денари, како и до 50 отсто од вредноста на купениот велосипед, но не повеќе од 5.000 денари во нето износ по лице/домаќинство. Вкупната сума, која Советот ја оддели за таа намена, изнесува 5.000.000 денари, од кои 4.000.000 денари за набавка на клими, а 1.000.000 денари за велосипеди.

Советниците ги усвоија и Годишните сметки на сите основни и средни училишта од Прилеп, за 2020 година.

Дополнително, општинскиот Совет даде согласност на извештајот за работата на ЈОУ Градска библиотека ,,Борка Талески’’-Прилеп, со финансиски извештај за 2020 година, а ги изгласа и Одлуките за усвојување на Годишните сметки на Градската библиотека, ЈОУДГ ’’Наша иднина’’-Прилеп и ЈОУ Дом за стари лица ,,Киро Крстески-Платник’’-Прилеп, за 2020 година.

На денешната седница беа усвоени и Годишните сметки и Извештаите за 2020 година, за работењето на ЈКП ,,Водовод и канализација’’-Прилеп, ЈКП ,,Пазари’’- Прилеп и ЈП за ПУП-Прилеп. Усвоени беа и тримесечниот извештај за давање согласност на тримесечниот извештај за финансиското работење на ЈКП ,,Комуналец’’-Прилеп за периодот од 01.10.2020 година до 31.12.2020 година, како и Годишната сметка на претпријатието за 2020 година.

Покрај другото, советниците донесоа Одлука за донесување на Регулациски план на ГУП за град Прилеп за ЧЕТВРТ 7 во БЛОК 7.3, КО Прилеп, Општина Прилеп.

Гарванлиев: “Не се извинувам за тоа што сум јас” (Видео)

Македонскиот претставник на „Евровизија“ Васил Гарванлиев преку видео се обрати до македонската јавност за да објасни зошто поседува бугарски пасош, но и зошто го промени видеоспотот по многуте реакции.

Ако некој е повреден од тоа што го направив ненамерно, јас се извинувам од сè срце, вели Гарванлиев, додавајќи дека не се извинува за тоа што е тој.

Во видеото вели дека чест е да биде преставник на Македонија на Евровизија и им се заблагодарува на интернационалните фанови за поддршката.

-Еве ме пред вас стојам без глума, со моето срце во ваши раце, рече тој.

Oд друга страна, започната е “онлајн” петиција, каде се собрани неколку илјадници потписи, со која се бара промена на македонскиот претставник на музичкиот фестивал.