дома блог страница 2012

Џани “yкpaде” полициcко возило во Букypeшт (ФОТО)

Фотографиите и видеата кои излегуваат во медиумите и на социјалните мрежи, покажуваат дека во редовите на македонската фудбалска репрезентација владее одлична атмосфера, пред натпреварот против Австрија во недела.

Пред денешниот тренинг Езѓан Алиоски, кој важи за еден од најголемите шегаџии, влезе во полициско возило.

Ечи “Ќe пиjaм ќе лyмпyвам”: Диџej Елмac го пyшти звyчникот на нajcилно (Видео)

Oдлична атмосфера во редовите на македонската фудбалска репрезентација во пресрет на првиот дуел на Европското првенство против Австрија.

Диџеј Елмас го пушти звучникот на најсилно …. “Ќе пијам ќе лумпувам”…

Цела церемонија за поставена маса за играње шах во Битола: Знаат ли овие луѓе за одмор од работа? (Фото)

Општина Битола и градоначалничката Наташа Петровска, се пофалија со новопоставена маса за играње шах.

Еве што напишаа на социјалните мрежи од општината:

Љубителите на друштвените игри ќе можат да ја користат новата маса со клупи за шах, која е поставена во паркот кај Јени Џамија во Битола.

На иницијативата на Иутекредит Македонија филијала Битола, заменета е постоечката стара клупа за друштвени игри со нова, според Програмата за поставување урбана опрема на Општина Битола, во делот на паркот кај Јени џамија. На примопредавањето во функција на новата маса за шах, градоначалничката Петровска им се заблагодари на претставниците од Иутекредит Македонија и најави можност за следна соработка.

„Во животот убавите нешта лежат во едноставните работи како што е ова денес, кое што и тоа како ја збогатува можноста на граѓаните навистина да уживаат во ладовина и во играта која што е овозможена во овој простор, каде што веќе имаше ваква маса, но забот на времето си го направи своето. Кога зборуваме за урбаната средина, не се важни само големите инфраструктурни зафати. Битно се и ваквите елементи кои што му даваат душа на се друго што правите“ рече градоначалничката Петровска.

Претставниците на Иутекредит Македонија посочија дека ваквиот вид на донации го работат заедно со Пакомак, со цел да се испрати еко порака за селектирање на отпадот.

„Со донацијата сакаме да ја разубавиме средината во градовите каде што имаме експозитури, но и онаму каде што немаме. Среќни сме што Општина Битола ја прифати донацијата, а локацијат на која што е постаена е одлична и се надевам дека многу минувачи и граѓани на Битола тука ќе поминуваат убави моменти“, истакна Јасмина Апостоловска, раководител на одделот за маркетинг во Иутекредит Македонија.

Задоволството беше големо и за случаните минувачи кои веднаш ја искористија можноста за играње шах на новата табла. Оние пак, кои што немаат фигури, истите можат да ги подигнат од филијалата на Иутекредит.

Повеќе фотографии од целата церемонија погледнете во продолжение:

Се изнадава голови сезонава: Шокоски уште две години ќе го носи дресот на РК Прилеп

Давор Шокоски уште две години во дресот на Прилеп!

Левиот бек Шокоски после одличната сезона во дресот на Прилеп го продолжи својот договор и се обврза на двегодишна соработка со прилепскиот суперлигаш.

Шокоски беше еден од носителите на играта на Прилеп измината сезона и еден од најзаслужните за опстанокот на Прилеп во елитното друштво.

Шокоски е дете на Прилеп каде ги помина сите младински категории, а сега се наметнува како лидер во својот матичен клуб.

Следете во живо: Tрадиционален годишен концерт на музичкото училиште од Прилеп

Општинското Основно Музичко Училиште „Ордан Михајлоски – Оцка“ од Прилеп и оваа година го одржува традиционалниот годишен концерт, кој поради пандемиjaта се одржува онлајн, во соработка со IN Produkcija и MT music studio – Prilep

Во програмата учество ќе земат наградените ученици од државните и меѓународни натпревари заедно со нивните наставници.

Следете ги во живо нивните настапи на линкот во продолжение:

Дали омилениот прилепски доктор Јовчески, ќе го “гипсира” искршениот Прилеп од ортопедот Јованоски?

Се погласни се шпекулациите за тоа кои би биле кандидати на власта и опозицијата за локалните избори во октомври.

Иако најавија дека ќе ги соопштат своите фаворити во јуни, сепак извори блиски до двата табори шпекулираат со две имиња кај СДСМ и едно име кај ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ е во исклучително тешка состојба, бидејќи актуелниот градоначалник според последното истражување на МЦМС има рејтинг 1.1%, а тоа е веќе и под статистичка грешка.

Големиот број индикации за кpиминал на секое поле, крахот на јавните претпријатија, малкуте реализирани проекти и многуте лажни ветувања, не му одат во прилог на Јованоски.

Секако тука е и теретот од енормно поскапената вода и огромната бројка невработени во Прилеп. Но, сепак огромни се шансите повторно да ја добие довербата од досега најслабиот сосотав на ЦО, според сите мислења на разочараните членови на СДСМ.

Неговото некандидирање ќе биде ЈАСЕН СИГНАЛ ДЕКА НИШТО НЕ СРАБОТИЛЕ, ГО УНИШТИЛЕ ПРИЛЕП и бело знаме пред изборите.

Вториот кандидат со кој се шпекулира е Горан Сугарески, “ветеран” во политиката, како што велат постар и од Шекеринска.

Бил на многу позиции, но за Прилеп не направил ништо како што велат сопартијците. Во прилог не му оди и “сумливата” екипа околу него, која од еден истакнат член од основачите на СДСМ, беше наречена “злocтopничко здружение”. Големиот терет на Сугарески му дава минимални шанси да биде кандидат.

Кај опозицијата се погласно се шпекулира со името на “омилениот” прилепчанец, Борче Јовчески. Се истакнува дека е човек кој нема каде не помогнал, родољуб, локалпатриот…. кој жестоко ги бранел интересите на прилепчани и во општинскиот совет. Според доброупатените аналитичари, Борче Јовчески би го “спакувал” убедливо кандидатот на СДСМ во Прилеп.

Што ќе се случи и дали овие информации ќе се преточат во реалност, останува да видиме во периодот кој следи.

200.000 евpa за изгpaдба на cпомен кyла за бopците на OHA во Липково

Во околината на Слупчане, општина Липково ќе гради спомен кула на борците од ОНА. Локалните власти ќе потрошат неверојатни 200 000 евра за изградба на споменикот. Во време на пандемија општината реши меѓу приоритетите да биде токму градењето на ова спомен обележје – објави “АЛФА ТВ”

На сајтот на бирото за јавни набавки веќе е објавен договорот меѓу општината и компанијата Хоџа инжинеринг од Куманово, која има рок изградбата да ја заврши за шест месеци, односно до 25 ноември. Договорот, со вклучено ДДВ е склучен на сума од 12.115.109 милиони денари, или приближно 200.000 евра.

Го побаравме градоначалникот на општина Липково, Ерхан Арифи, кадар на ДУИ да ни објасни зошто толку пари за едно спомен обележје и зошто истото е приоритет во ковид криза. Се одѕва на нашиот прв телефонски повик и рече дека ќе не побара подоцна. Но возвратен повик не добивме.

Токму на местото, каде што треба да се изгради спомен обележјето,На 2 мај годинава, на 20-годишнината од воениот конфликт,лидерот на ДУИ, Ахмети положи свежо цвеќе, и вети дека спомен кулата набрзо ќе биде изградена.

-Секако дека денеска почнуваат работите. За изградбата на овој споменик, како што кажав, во спомен на паднатите борци, ОНА, мајките, жените, сестрите од оваа зона. На 28 ноември овој споменик ќе биде завршен-рече Али Ахмети – лидер на ДУИ.

Градиначалникот на Липоково неодамна за медиумите изјави дека споменикот ќе биде легално поставен со сите дозволи.

Прилогот на “АЛФА ТВ” погледнете го ТУКА

Апceње на патот Битола-Peceн: Во автомобил пpoнajден xepoин

На 09.06.2021 во 21.40 часот на патот Битола-Ресен, полициcки cлyжбеници од Отсекот за недозволена тpговиja со дpoга и opyжje од Одделението за кpиминалиcтичка полициja при СВР Битола и од Полициcко одделение за БПС од ОВР Ресен ги лишиле од cлобода С.Ф.(39) од Скопје, со живеалиште во Ресен и Ш.А.(54) од Ресен.

При преглед во патничко возило „опел“, yпpaвyвано од С.Ф., а сопатничка била Ш.А. бил пpoнajден и одземен xepoин.

Тие биле пpиведени во полициcка cтаница и по целосно докyментирање на cлyчajoт пpoтив нив ќе биде поднeceна cooдветна пpиjaва.

Прилеп доби нов пpeтceдател на Општинcката избopна комиcиja – Иcтaкнат лик

Oпштинската изборна комисија во Прилеп доби ново раководство, откако на претходното му измина мандатот.

На местото на Каролина Шукуроска, за претседател на ОИК Прилеп е назначен Валентин Божиноски, актуелен советник во Советот на општина Прилеп од СДСМ, и началник на инспекторатот во УЈП Прилеп.

Божиноски беше и поранешен претседател на младите социјалдемократи во општина Прилеп и еден од најистакнатите активисти на партиското раководство во градот.

Сега доаѓа на челното место во ОИК Прилеп, каде пред него и новите членови и заменици стои првиот вистински предизвик, а тоа е спроведување на локалните избори закажани за октомври годинава.

Се поставува прашањето дали Валентин Божиноски беше свесно изоставен како делегат на ЦО во последните пет минути за да биде претседател на Општинска изборна комисија Прилеп?

Дали со овој потег, актуелниот пратеник и претседател на ОО СДСМ Прилеп, Миле Талески сака да му се оддолжи на Валентин Божиноски, бидејќи нема да може да биде на советничка листа?

Она што е интересно е тоа што, партиските неистомисленици шпекулираат и апелираат да се провери и имотниот лист на советникот и дали е нешто скриено и не пријавено во него?

Во продолжение погледнете го комплетниот нов состав на ОИК Прилеп:

BMPO-ДПMHE: Co новиот данок кој го предлага Bладата, дизелот ќе пocкапи за нови 4 денapи

Со ребалансот на буџетот, Владата предводена од Зоран Заев, предлага воведување на нова давачка, нов данок, надомест при увоз и производство на дизел гориво од 4 денари по литар. Со овој нов данок дизел горивата трајно ќе поскапат за 4 денари, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

– Заев планира од ваквата мерка за половина година да собере скоро 27 милиони евра, односно околу 54 милиони евра за една година. Народот е тој кој е најпогоден од поскапувањето на дизелот заради новиот данок. Земјоделците, транспортерите и граѓаните во целост се тие кои ќе го понесат товарот на данокот на Заев. 4 години со Заев, 4 години беспарица, 4 години украден живот. Доста е, велат од партијата.