дома блог страница 1974

Денеска е Павловден: Честит и вековен именден Павле, Павел, Павлина…

Следниот ден по Петровден 13 јули/ 30 јуни е празникот Собор на 12 Апостоли – Павловден. Бидејќи претходниот ден, иако е посветен на двајцата славни Господови апостоли, сепак се вика Петровден, овој ден е одреден да се слави споменот на Светиот апостол Павле – Павловден.

Именден празнуваат: Павле, Пајо, Павлина…

На Павловден жените повеќе му посветуваат внимание од Петровден.

Во некои места на овој ден не се работи за да не се дојде до контакт со пајаци, да не го каснат некого при полските работи, жетва, врзување снопови, и слично.

Се верува дека човек каснат од пајак на овој ден тешко ќе оздрави. Затоа овој ден е познат и како Пајаковден.

Ечи цело Пелагониско поле: Петровденска семакедонска прослава во прекрасната црква во Долно Српци (Фото/Видео)

Голем број верници вечерва се собраа во дворот на прекрасниот црковен храм Св. Теодор Тирон во битолско Долно Српци, за да го прослават големиот христијански празник Петровден.

Се вие оро, се пејат македонски песни, една прекрасна семакедонска народна веселба која вредеше да се посети и да се биде дел.

За тие што не знаат Долно Српци се наоѓа во Пелагонија, во северниот дел на Битолското Поле, во западниот дел на територијата на Општина Могила. Селото е сместено на десниот брег на реката Црна Река и се наоѓа на надморска височина од 640 метри.

Од Битола селото е оддалечено 21 км. Црквата Св. Теодор Тирон е главната селска црква, која изобилува со посеба убавина и раскош.

Денешната градба била подигната во 1929 година и е една од најголемите и најдобро изградените цркви во областа. Претходно, на истото место се наоѓала помала и постара црква, подигната во 1871 година.

Црквата доживеала обнова во текот на 2010 година. Во 2018 година, црквата била погодена од гром, при што биле искршени прозорците и изгорела електричната инсталација. Денеска црквата е одново возобновена и има бела фасада, наместо розева како пред ударот од гром.

Еве дел од денешната празнична атмосфера:

A Македонците беа примитивци оти пееја патриотски песни и вееја знамиња со сонце од Кутлеш? (ВИДЕО)

А го учат целиот свет што се тоа цивилизациски вредности и култура….

Англиските фанови пред вчерашното финале на “Вембли” направија вистински xaoc. Тони ѓубре, фрлаа со шишиња и лименки, кршеа и дивееја.

Стотици од нив со туркање и без влезници влегле на стадионот за да го следат натпреварот, па предизвикале целосно пореметување на целата организација.

Се чини дека пивото не им делува добро на луѓе кои се навикнати да пијат чај. Па нашата фаланга испи со тони пиво и не скрши ниту една кригла во Букурешт.

Ново пocкапyвање од полноќ на гopивата: Ова се новите цени

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,28 % во однос на Одлуката од 05.07.2021 година.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 денар/литар.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат и остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 05.07.2021 година.

Од 13.7.2021 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 72,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 74,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 63,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 63,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 37,719 (денари/килограм)

Во изминатиот седумдневен период референтни цени на светските берзи во просек бележат зголемување кај бензинот за 0,887%, кај дизелот има намалување за 0,292%, кај екстра лесното масло зголемување за 0,118% и кај мазутот намалувањето е за 0,579%.

И официјално Сугарески се повлече од царина, ќе се борел за градоначалник

Поранешниот министер за транспорт и врски, Горан Сугарески, пред неколку дена најави дека поднесол кандидатура за прв човек на општина Прилеп и дека ќе се повлече од функцијата прв човек на царината.

Денеска Сугарески и официјално напиша дека се повлекува од директорската функција во царината.

„Ми беше чест и задоволство да бидам директор на една ваква институција како што е Царинската управа“, напиша Горан Сугарески од СДСМ на својот Фејсбук профил.

Денес беше неговиот последен работен ден како директор на Царинската управа, откако во меѓувреме беше донесена одлука тој да се кандидира за градоначалник на Прилеп на локалните избори.

-Почитувани колеги, Искрено Ви посакувам успешна работа во периодот кој следи. Знам дека сите заедно како тим ќе успеете во унапредувањето на институцијата и Царинската управа ќе остане да важи за водечка царина во регионот, целосно усогласена со стандардите на Европската Унија. Ви благодарам на сите за коректната меѓусебна соработка која ја имавме изминатиов период, напиша Сугарески.

Baкциниpaj се! (ВИДЕО)

Вакциниpaj се, безбедно е, сигурно е!

Потег за почит: Фондацијата “Никола Јанчев” додели 10 стипендии на талентирани студенти (Фото)

Денеска во работните простории на Кожувчанка ДОО се одржа прес конференција на Фондацијата ”Никола Јанчев” по повод доделување на стипендии на талентирани студенти.

Се работи за 10 СТИПЕНДИИ наменети за ТАЛЕНТИРАНИ СТУДЕНТИ запишани на државните факултети на територијата на Македонија . По детално разгледување на сите пристигнати апликации комисијата одлучи да ги награди 10-те апликанти:

Марија Трајкова и понатаму продолжува да биде наш стипендист се до завршување на нејзиното високо образование.

Сите добитници денеска добија и други пригодни награди. Годинешните стипендии се со еднократен износ од 500 евра во денарска противреднoст и ќе бидат исплатени заклучно со 15.07.2021 год.

На присутните денеска им се обратија Јанинка Чупаркоска и Митко Јанчев кои раководат со Фондацијата која го носи името на нивниот татко.

Во среда сите на Могила! Хуманитарен концерт за малиот Александар од Прилеп

8-годишниот Александар Николоски од Прилеп има потреба да се лекува во странство.

Александар треба да прима имуноглобулинска терапија еднаш во месецот , во рок од 6 месеци. Досега се направени 2 третмани кои се многу скапи, а семејството не може само да ги обезбеди потребните средства.

Само еден третман со имуноглобулинска терапија чини 6.000 евра.

Родителите на Александар ги замолуваат сите хумани граѓани да им помогнат во оваа борба за здравјето на нивното чедо.

Нивниот апел го слушнаа и музичарите кои организираат хуманитарна забава за малиот Александар.

На 14.07 (среда), на стадионот во паркот на “Могилата на непобедените” со почеток од 20:30ч, во организација на “Дрим тим од деца за деца” и “Касни порасни”, ќе се одржи хуманитарна забава на која ќе настапат:

The Hounds, Cyrillic, Филип Николоски, Гоце Чокио, Марија Јаковлеска, Балада Бенд, Александра Трајческа, ТАЈФАТА, Lockdown bend и The Dreamers.

Цените на влезниците изнесуваат 50денари, а информации можете да добиете на тел. бр. 078/500-764 (Елена).

Да направиме се’ за ова мало слатко ангелче да има нормален и здрав детски живот!

Илјадници казни во неколку месеци и пак не им иде умот: МВР вчера caнкциoниpaше уште 504 возачи

Во текот на вчерашниот ден (11.07.2021) Министерството за внатрешни работи спроведе зajaкната акциcка контpoла на тepитopиjaта на Република С. Македониja за caнкциониpaње на возила кои се движат со бpзина поголема од дозволената, пpи што caнкциониpaни се 504 возачи.

Од нив, 54 возила се движеле со бpзина над 50 километpи на чac повеќе од дозволеното, а осум возила се движеле со дури над 70 километpи на чac повеќе од дозволената брзина.

Најголем број од санкциите се изpeчени на тepитopија на СВР Скопје – 73, а потоа на територија на СВР Штип – 62, на територија на СВР Битола – 61…

3acилените акциcки контpoли пpoдолжyвaaт и во нapeдните денови. Апелираме до сите yчecници во cooбpaќajoт да ги почитyвaaт cooбpaќajните пpaвила и пpoпиcи и заеднички да пpидонeceме за побезбедни патишта – велат од МВР.

3емјоделците пред општина Прилеп си ги кажаа маките: Ние ја xpaниме нацијата и го полниме буџетот (Фото/Видео)

Земјоделците од повеќе реони и од речиси сите гранки денеска се собраа на предупредувачки протест во центарот на Прилеп. Прво маршираа низ булеварот „Гоце Делчев“, а потоа се обратија пред зградата на локалната самоуправа.

Главно, бараат исплата на сите заостанати субвенции, мерки, ковид пакетите за тутунарите и за лозарите, повлекување на законите за зелена такса и за продажба на земјоделското земјиште.

Според Игор Мирчески, координатор на пет земјоделски здруженија проблемите се напластени.

– Со неисплатени субвенции, мерки, подмерки, ковид пакети за тутунарите и лозарите, со најави за закони за зелената такса и за продажбата на земјоделското земјиште и со куп проблеми, ситуацијата за земјоделците е тешка. Решивме да го направиме овој предупредувачки протест токму на ден Петровден да го кренеме гласот и да ги предупредиме надлежните дека во државата земјоделството не ни оди на добро. Да земат предвид дека оваа категорија ја рани нацијата и финансиски придонесува во буџетот, изјави Мирчески нагласувајќи дека протестот не е партиски.

Стојче Ташовски, претставник на оризопроизводителите од Кочанско изјави дека оризопроизводителите имаат проблеми со откупот и непродаден лански род, а на прагот е новата жетва.

– И кај нас, оризарите, ситуацијата е катастрофална. Откуп немаме, цената одеднаш падна, а еве за два месеца имаме нова реколта и жетва. Голем проблем е што дури 50-ина насто од ланскиот род е останат, непродаден, вели Ташовски.

За лозарите е најбитно да има гарантирана цена за откуп на грозјето што ја бараат три години.

– Ние бараме од државата и од лозарите да си има заштитна, почетна, најмала цена за грозјето, од која винариите не смејат да одат пониско. Ова го бараме три години и никако се нема слух. Бараме најмалата за вранецот да биде 17 денари, а 15 денари за смедеревката, плус три денари од државата, вели Тане Јошев, регионално здружение „Тиквешки лозароовоштари“ од Кавадарци.

Земјоделците најавуваат радикализирање на протестите низ повеќе региони доколку наскоро не се решат проблемите.