дома блог страница 1962

Сугарески пред 3 години: “Експресниот пат Прилеп -Градско ќе ја развие Пелагонија” (Видео)

(14 мај 2018 година) “На мое огромно задоволство започнуваме со изградба на еден од најкрупните капитални проекти, изградба на најзначајната патна артерија во регионов, која долго време беше барана од граѓаните”, рече Сугарески, останатото е историја….

Три години подоцна се смени само делот од говорот со Република Македонија, се’ останато е исто, односно патот го нема, а прилепчани, битолчани и секој залутан низ овие неповрзани краишта, се уште мака мачи да го помине Плетвар и да стигне до Велес и Скопје.

Градоначалникот објави слика, шетале со СДСМ од врата до врата, граѓаните ги зедоа “под нозе” во коментари

Градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски, кој неодамна објави дека поднел кандидатура за нов мандат во партијата, објави фотографија на ФБ, каде информира дека заедно со активистите од неговата партија започнале со акцијата од врата до врата.

Она што прво паѓа в очи се коментарите на граѓаните под фотографијата на Јованоски, каде речиси и да нема ниту една пофалба.

Напротив може да се види гнев и голема разочараност од 4-годишното владеење на СДСМ на локално ниво.

Се потрудивме да ги извадеме оние коментари кои не содржат вулгарности:

– Градоначалнички каде беше до сега да ги видиш проблемите на граѓаните на Прилеп сега касно е палиш марко на косово

– Посетете те ги и урнатините на 11 октомври Еурокомпозит.Можеби ќе им кажете на зидовите каде им се вработените…

– 4 години не му текна за барањата на граѓаните, во глувчја дупка беа пикнати.. сега на 2 месеци пред избори ќе ги слушале барањата на граѓаните..? да не е малку касно?

Што мислите вие, дали е ова реалното расположение во пресрет на локалните избори во Прилеп?

Пратеникот Костовски со Ѓоковиќ си посакаа златни медали на Олимпијадата: “Поддршка за Деки и Македонија од врвниот спортски АC”

Си посакавме златни медали со Новак. Поддршка за Деки и Македонија од врвниот светски спортски АС, напиша aктуелниот пратеник Дарко Костовски на Фејсбук, кој во Токио е заедно со нашиот најдобар таеквондист.

Инаку, најдобриот македонски таеквондист и знаменосец на Македонија на игрите во Токио, Дејан Георгиевски ќе се соочи со светски шампион. Тој на ждрепката за олимпискиот турнир во категоријата до 80 килограмиго извлече актуелниот светски шампион, Рафаел Алба од Куба со кого ќе се сретне во првата борба.

Георгиевски на 27-ми јули во првото коло ќе се сретне со Алба.

Алба е фаворит на хартија, но како што деновиве пишуваат и кубанските медиуми, нема да биде лесно Алба да се бори со човекот што го елиминираше актуелниот олимписки шампион.

Можеби Алба е благ фаворит, тоа ќе биде така се додека не стапнеме на борилиште, тогаш е се подруго, ова се олимписки игри, тука се најдобрите.

Твит на денот: “Која е разликата помеѓу чекање ред за пасош и свадба со 200 гости?” (Фото)

Tвит на денот

“Која е разликата помеѓу чекање ред за пасош и свадба со 200 гости?”

Да почнеме да ја гледаме Македонија како Мет и Џулија – млад пар од Англија кој патува низ светот (Видео)

Мет и Џулија се млад пар oд Англија кој патува низ светот и ги пренесуваат нивните искуства на нивниот јутјуб канал Matt and Julia.

Во декември минатата година дале отказ од работа и го продале својот имот, па решиле со неколку куфери да патуваат и да го истражуваат светот.

Неодамна беа во Македонија и ги посетиле Скопје, Крушево, Преспа и Охрид, а нивното видување на нашите убавини треба да ве натера што повеќе да си ја сакате Македонија.

Мет и Џулија се буквално фасцинирани од Македонија, од природните убавини, храната, знаменитостите…

Видеата го прикажуваат нивното доживување во Македонија започнувајќи од Скопје, каде го посетија и Кањонот Матка. Потоа се упатуваат до Крушево, а попат застануваат и во Маврово.

За Крушево прво мислат дека е село, а потоа се извинуваат на нивните следбеници и на најдобар можен начин го претставуваат прекрасниот македонски туристички центар.

На Преспанското езеро ја посетуваат плажата во Долно Дупени и велат дека е прекрасна.

На крајот се упатуваат до Охрид, каде шетаат низ стариот дел на градот, ја посетуваат Самоиловата тврдина, манастирот Св. Јован Канео, а патувањето ќе го продолжат во соседните балкански држави.

Koлева од СДСМ: Пpoceчната плата забpзано се движи до 30.000 денapи, ќе биде и 36.000 (Видео)

Економските политики на Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев даваат реални резултати потврдени со официјални економски податоци. Според последните податоци од Државниот завод за статистика, просечната плата исплатена во месец мај изнесува 28.721 денари – истакна на денешната прес конференција Даниела Колева, пратеничка на СДСМ.

“Тоа е зголемување од 8,8 отсто споредено со месец мај 2020 година.

Просечната плата забрзано се движи кон 30.000 денари, што дава за право да веруваме дека до крајот на мандатот ќе го реализираме нашето ветување за просечна плата од 36.000 денари.

И во време на пандемија и светска и здравствена криза, и во време на пост ковид периодот, растот на платите не стагнираше, туку тие продолжија да растат во сите сектори.

Покрај растот на просечната плата, бележиме и раст на извозот, рекордна економска активности во Индустриските зони и пад на невработеноста на историски најниско ниво.

Сето тоа се податоци кои покажуваат дека македонската економија е на стабилни основи, дека е развојна, динамична и конкурентна.

СДСМ е партија посветена на интересите на граѓаните, на унапредување на нивниот животен стандард.

Затоа, продолжуваме со мерки и политики кои градат силна и стабилна економија која носи шанса за сите”, истакна Колева.

Cлавниот apгентинcки клyб cтана cветcка бpyка: Изгyбиja па peшиja да ce пpecметyвaaт со пpoтивничките игpaчи (Видео)

Бока Јуниорс е елиминирана од Копа Либертадорес, откако беа поразени од Атлетико Минеиро со 3:1.

Меѓутоа, тоа што се случуваше во соблекувалната и тунелот е далеку од фудбалска работа. По мечот се случи жесток инцидент меѓу играчите на двете екипи, во сето тоа се вмеша и полицијата и обезбедувањето.

Играчоте на Бока по натпреварот фрлаа метални огради и се што им се најде пред раце, за потоа да стане вистинска мешаница.

Потоа играчите на Бока влетаа и во соблекувалната на Атлетико, реагираше и обезбедувањето, изби тепачка по што хаосот се продлабочи.

Еве како изгледаше сето тоа:

Teпал девojче на yлица во Kyманово, а потoa cи добил што зacлyжил (Видео)

На Фејсбук страната “Куде Тумбу и 4 Бандере”, oбјавено е видео на кое се гледа како непознато машко лице yдиpa девojка на улица во Куманово.

Веднаш потоа следува уште едно видео, на кое се гледа како нacилникот си го добива зacлyженото. Друго машко лице го држи на земja и до yдиpa, a нacилникот почнува да вика “Помош”.

“Карма у Куманово брзо стиза кд сакаш да тепаш девојче. Свака част за дечка у белу маичку, кој и да е”, пишува во описот на видеата.

Момчето кое го совлада нacилникот дури доби и понуда за бесплатно застапување, доколку против него биде покрената постапка.

Елена Велевска знае како треба: Прилепчанката со овој потег ги воодушеви фановите (Видео)

По повод празникот Св. Недела, голем број верници го посетија истоимениот манастир во село Волино охридско.

За забавата беа заолжени “Челик бенд” и пејачката Елена Велевска. Прилепчанката настапи со знамето со шеснаесеткракото сонце од Кутлеш и предизвика воодушевување кај присутните, но и кај фановите на социјалните мрежи.

Дел од нејзиниот настап во живо го пренесуваше порталот “Шило магазин”. Погледнете во продолжение:

Пpилепcки тyтyнap pacкажyва пpeд камepaта на “Алфа”: Од тyтyн кyпyвавме кyќи, мебел…сега запocтавyваш фамилиja, деца и пак ништо (Видео)

„Кој не садел тутун и не ја почувствувал горчината на „туткалот“ замешан во залакот сув леб, набрзина каснат помеѓу бербата на две „ракатки“ тутун, не знае што е мака. Времињата се сменија, но големата тутунарска мака си остана, оти не е соодветно вреднувана“. Вака ја започнува својата приказна, 60-годишниот прилепчанец Пецо Јандрески, кој целиот свој живот е тутунопроизводител. Крајно е разочаран од актуелното обезвреднување на трудот на македонскиот земјоделец, па со видна носталгија се присетува на старите добри времиња, кога од тутунопроизводството добро се живеело – објави “АЛФА ТВ”

„Порано, од тутун се правеле и куќи, и свадби, и мебел се купувало, се. Како дете, татко ми, на пример беше арабаџија и од тутун живеевме, осум деца. Опстанувавме. Имало и аванси давале, сега ништо…“, вели Пецо Јандрески.

Јандрески е корисник на инвалидска пензија од само 10.000 денари. Вели, мора да го работи тутунот, за да му помогне на синот од кого има и две мали внучиња. „Најмногу ми е жал што од оваа мака никој од семејството не може да биде поштеден, дури ни најмалите. Се’ му е подредено нему“, објаснува нашиот домаќин.

„Се’ запоставуваш, и деца, и куќа за тутунот. И на крајот кога ќе земеш – една плата што земаат директорите, тие министрите…цела година, кога ќе ги поделиш, за 500-600 евра на човек, а работиш – најмалку три месеци се бери, уште три да го прибереш, шест месеци. За шест месеци да земеш 3.000 – 5.000 евра, не е ништо кога ќе ги поделиш…“, – констатира Јандрески.

Ова семејство кое некогаш садело и по 14 декари тутун, сега површините ги намалило на само три декари, заради катастрофалните откупни цени, заради ненавременото исплаќање на субвенциите и на другите видови помош, заради тоа што животот на вересија им станал секојдневие, иако тутунот го обработуваат на традиционален начин, за да заштедат.

„Двеста денари „двојката“ не е исплатлива, треба најмалку да е 250, разликите помежи класиве треба да бидат поблиску, 30 денари разлика, а не по евро од класа..Ова е кататсрофално, ова не е издржливо, особено овие луѓе што работат со аргати…земаат кредити и кога ќе видиш на крајот, на нула и еден ден и тие ќе откажат….“, – објаснува Јандрески.

Овој вреден тутунопроизводител го оставивме во дворот од семејната куќа во прилепски Варош. Не’ испрати со надеж дека со парите од годинашнава реколта можеби и ќе успее барем малку да си го „подзакрпи“ домот.

Каролина Дурло за “АЛФА ТВ”