Чyдо во Битола, водата ги заобиколува сливниците…
Па вештина треба и за ваква мајсторија…
Извор: analitikum.mk
Чyдо во Битола, водата ги заобиколува сливниците…
Па вештина треба и за ваква мајсторија…
Извор: analitikum.mk
Таеквондистот Дејан Георгиевски е еден од осумтемина македонски спортисти кои се дел од македонската делегација на Олимпијадата во Токио
Целата нација е во исчекување на неговиот настап на олимписките игри, со оглед на тоа дека Дејан е еден од македонските асови од кого се очекува успех.
Дејан утре ќе се бори против против актуелниот светски шампион Рафаел Алба од Куба. МРТВ 1 ќе врши диркетнен пренос од борбата по “наше македонско време” во 6:40 часот рано наутро.
Според него, бесмислено е да се воведуваат рестриктивни мерки како полициски час, ако на располагање имаме вakцини.
„Бранот од делта сојот почнува. 14-дневната инциденца на 100.000 веќе е 13, иако сме се уште зелена зона. Претпоставувам дека кон средината на август ќе пречекориме вредност 20, што значи дека ќе влеземе во прво ниво на ризици“, изјави епидемиологот д-р Драган Даниловски во интервју за Тв Канал 5.
Според него, се чини дека се шири делта сојот се шири повеќе меѓу младите лица, кои што генерално се невакцинирани.
„Фактот е дека еден заболен може да зарази 5 до 9 лица. Делта сојот носи потешка клиничка слика“, вели Даниловски.
Министерството за здравство информира дека од денеска, 26 јули (помеделник) почна пријавувањето за вакцинациja на граѓани во домашни услови.
Граѓаните кои од здравcтвени причини не се во можност да дојдат на вакциналните пyнктови да се вакциниpaaт ќе можат тоа да го сторат во домашни услови.
Закажувањето е преку јавување во здравствените домови или со директно пријавување на пунктовите за вакцинациja.
Во последните 24 часа се направени 2.473 тecтиpaња, а peгиcтpиpaни се 10 нови cлyчаи на KOBИД-19: Скопје – 7, Прилеп , Тетово и Струга – по 1.
Пpиjaвени се две починати лица од: Гостивар (67г) и Тетово (62г).
Peгиcтpиpaни сe 16 оздpaвени пациенти од: Тетово – 10, Скопје и Гостивар – по 2, Прилеп и Штип – по 1.
Досега во земјата се направени вкупно 955.617 тecтиpaња на Koвид-19.
Вкyпната бpojка на KOBИД-диjaгнocтициpaни лица во нашата земја од почетокот на епидемиjaта изнесува 156.086 бројката на оздpaвени пациенти е 150.295, починaa 5.491, а бројот на активни cлyчаи изнеcyва 300
На 28.07.2021/ среда/ од 19.00 ч. во фоајето” на НУЦК “Марко Цепенков” во Прилеп ќе се одржи концерт „Музички вибрации“ на “Македонски квартет труби”.
Квартетот е составен од четворица дипломирани трубачи на Факултетот за музичка уметност во Скопје од кои двајца се и магистри по труба. (Бојан Митрески од Прилеп и Стојанче Косовски, Гоце Цоневски и Васко Рошков).
Концертот „Музички вибрации“ е поддржан од Министерството за култура како проект од национален интерес во културата од областа на музичко-сценска дејност за 2021 година. На концертот ке бидат изведени композиции од повеќе светски автори, како и две народни песни.
СДСМ Прилеп вчера одржале маалска средба со граѓаните од најстарата прилепска населба „Варош“, каде како што велат разговарале за најдоброто за нашата општина.
Веќе е познато дека партијата има двајца кандидати за кандидат за градоначалник. Од една страна е актуелниот градоначалник Илија Јованоски, а од друга поранешниот министер за транспорт и врски, Горан Сугарески.
Интересно е тоа што на вчерашната средба во “Варош” Сугарески не бил присутен.
Според информации од присутните оваа трибина поминала во многу тензична атмосфера. Ова е последица по се изгледа на разединетоста на СДСМ во Прилеп.
“Во изминатиот период реализирани се многу проекти во насока на подобрување на патната и комуналната инфраструктура во „Варош“, проекти кои претходно беа дискутирани со граѓаните од оваа населба. Така и ќе продолжиме. Со чесен и одговорен пристап, преку директен разговор со граѓаните да изнаоѓаме решенија за сите приоритетни проблеми и потреби, истакна градоначалникот Илија Јованоски.
СДСМ работи и ќе продолжи да работи заедно со граѓаните. Продолжуваме да го слушаме гласот на граѓаните и заедно да ја креираме новата победничка понуда на СДСМ за претстојните локални избори”, велат од Секторот за комуникации на ОО СДСМ Прилеп за вчерашната средба со варошани.
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,22 отсто. Бензините ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОСУПЕР БС-98 и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) од утре ќе поевтинат за 1,50, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 1,00 денар по литар.
Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе биде 71 денар, ЕУРОСУПЕР БС -98 ќе се продава за 73, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 60, а Екстра лесното масло 1 (ЕЛ-1) за 62 денари за литар.
За 1,138 денари се намалува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и килограм ќе чини 36,880 денари.
Ценовните корекции на нафтените деривати, како што информира РКЕ, е поради нивното поевтинување на светските берзи: бензинот за 4,152 %, дизелот за 4,259 %, екстра лесното масло за 4,631 % и кај мазутот за 4,31%.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, најави промена на законот за бремени жени и значително зголемување на стимулациите за новороденчињата. Судејќи според најавите, од денешните еднократни 100.000 динари, односно околу 900 евра за раѓање на првото дете, мајките и татковците во Србија може да очекуваат придобивки до 5.000 евра за раѓање на дете.
Вучиќ најави дека Србија ќе биде „најсилната земја во Европа според стапките на стимулација на раѓање“.
„Ќе одиме со измени во законот и ќе им олесниме многу работи на бремените жени и мајки, а исто така ќе одиме со големо и значително зголемување на износот за раѓање деца – за прво, второ, трето, четврто дете“, рече Вучиќ како гостин на ТВ Пинк.
Патем, сегашните придобивки за родителите или како што народот го знае „родителскиот додаток“ за првото дете, изнесуваат 100.000 динари и се плаќаат еднаш. Гледајќи во најавата за зголемувањето, еднократната исплата би се зголемила за повеќе од 4.000 евра.
Значи, судејќи според најавата на претседателот на Србија, дека секое новородено дете ќе добие до 5.000 евра, односно „прво, второ, трето и четврто“ дете.
Најавените мерки ќе донесат голем поттик и за второроденото дете. Досега, родителите добиле 240.000 динари за второ дете, односно околу 2.000 евра на рати, а според најавите на Вучиќ, според новата одлука, помошта би била многу поголема.