дома блог страница 1938

Света литургија за празникот и панихида за загинатите бранители на Kарпалак во храмот Св. Петка во Прилеп (Фото галерија)

Православните христијани денеска го празнуваат големиот празник Св. Петка

Во Прилеп празникот најмасовно се празнува во прекрасниот храм во населбата “Точила”, каде денеска голем број верници ќе се помолат и ќе запалат свеќа за здравје.

Во дворот на храмот се одржа и света архиерејска литургија со која чиноначалствуваше Митрополитот Преспанско-Пелагониски и администратор Австралиско-новозеландски Господин Петар.

По завршувањето на Литургијата се одржа и панихида за дваесетгодишен молитвен спомен на бранителите кои загинаа на Карпалак.

Мицкocки ќе положи цвеќе на cпоменикот на загинатите бpaнители кај Kapпалак

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска напладне заедно со делегација ќе положи свежо цвеќе на споменикот на загинатите кај Карпалак, кај кружниот тек во центарот на Прилеп.

По завршување на настанот Мицкоски ќе има и изјава за медиуми.

Чyдотвopната моќ на цpквата Cв. Петка во Бpajчино: Кладенчето има вода caмо пред пpaзникот, а од него жени добиле пopoд (Фото галерија)

Прекрасното Брајчино е село во општина Ресен, во областа Долна Преспа. Селото се наоѓа на само 6 км од езерото и 32 км од Ресен.

Ова е едно од најубавите и најживописните населени места во цела Македонија. Тука природата била дарежлива и го облагодарила местото со една од најбистрите реки во државата, Брајчинска река, како и раскошно зеленило.

Освен прекрасните селски куќи, чистиот воздух, и гостопримливите мештани, во околината на Брајчино се наоѓаат и повеќе свети места.

Едно од нив е манастирот посветен на Св. Петка, кој се наоѓа на 20-тина минути пешачење од селото.

До манастирскиот комплекс се стигнува низ калдрместа шумска патека која е посебно доживување, затоа што наликува на зелен тунел.

Не е позната точната година на изградба на Брајчинскиот манастир, но според пишаните документи, манастирската црква „Света Петка“ во Брајчино е една од постарите храмови во Преспа.

Според познавачите живописот е правен во периодот од 15 до 17 век. Конаците се градени во 1910 година, на остатоците на опожарениот конак од 19 век. Многу оддамна, во манастирската црква имало училиште за монаси.

Дека се работи за многу стар храм, зборува живописот во внатрешноста на црквата.

Добар дел од фреските се реставрирани и зачувани.

Веднаш до манастирската црква се наоѓа кладенче со света вода, кое преку целата година е пресушено. Кладенчето само малку протекува секоја година на 7 август, вечерта спроти празникот Св. Петка, а на 8 август кога се слави празникот на манастирот, повторно секнува.

Така било и минатата година, за што посведочија верници кои ноќта ја поминале во манастирските конаци. На самиот празник кога го посетивме манастирот, можевме да забележиме само малку вода во кладенчето.

Околу манастирската црква има конаци кои потекнуваат од поново време, но се изградени во традиционален стил. Конаците се градени во 1910 година, на остатоците на опожарениот конак од XIX век. Денес, за да се дадат се подобри услови за луѓето кои доаѓаат тука, а некои и преспиваат, сè е обновено, конаците, фасадата, чардаците, скалите, има кујна, две трпезарии, гостинска соба за дневен престој, владичка соба, три соби за преспивање со нови кревети и чиста постелнина. Првата иницијатива за враќање на стариот сјај се појавила во 1978 година, кога жителите на селото сами ја почнале обновата на конаците, без донации, а главното обновување почнало во 1995 година, кога селскиот одбор одлучно дал иницијатива да се обнови црквата и конаците.

Пecна посветена на десетмината пpилепски xepoи паднати на Kapпалак

Песната “ОСМИ АВГУСТ” на групата “Балканика”, oтпеана во чест на десеттемина прилепски бранители кои за време на кнфликтот во 2001 година свирепо беа убиени кај месноста “Карпалак”.

Песната на групата им донесе награда за најдобар дебитант на фестивало “Гоце Фест” во 2017 година.

Денеска кога се одбележуваат 20 години од овој немил настан, е вистинско време да се потсетиме на оваа прекрасна композиција отпеана во чест на десeтте прерано загубени животи.

20 години непpeбол и сеќавање за Нане, Сашо, Горан, Ердоган, Љубе, Бранко, Дарко, Пеце, Веби и Марко

20 години од загинyвањето на десеттемина херои, 20 години непребол и солзи за прилепчаните кои во 2001-та загинaa свирепо.

Прилеп се сеќава…

На 8 август 2001 година на патот Скопје – Тетово во близина на селото Групчин кај месноста Карпалак од заседа беше нападнат конвој на Армијата на Република Македонија, при што загинаа десет армиски припадници:

Нане Наумоски (48), резервен капетан, Сашо Китановски (40), резервен поручник, Горан Миновски (29), воен обврзник, Ердоган Шабановски (21), воен обврзник, Љубе Грујоски (32), воен обврзник, Бранко Секулоски (43), воен обврзник, Дарко Велјановски (27), воен обврзник, Пеце Секуловски (31), воен обврзник, Веби Рушитовски (26), воен обврзник и Марко Деспотовски (27), воен обврзник, сите од Прилеп и Прилепско.

Тој ужасен ден, кога мајките ги загубија своите синови, кога сопругите останаа без своите сопрузи, а децата плачеа по своите таткоци, ќе остане вечно во сеќавање на овој град и овој народ, како кобен ден, ден на болка и тага за Прилеп и Македонија.

Градот херој на своите храбри синови им се оддолжи со монументално дело во центарот на градот, спомен обележје кое вечно ќе потсеќа на нивните прерано згаснати животи.

Пpaвocлавните xpиcтиjaни денecка ja пpaзнyвaaт Cвета Петка – заштитничката од болecти и нecpeќи: 3a многу години!

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 26 јули, се празнува летна Света Петка Параскева.

Култот кон света Петка кај нашиот народ е многу раширен. Таа се смета за заштитничка од разни нecpeќи, но и од многу болecти, поради што народот ја нарекува уште и мајка Параскева. Многу лековити извори се поврзани со нејзиното име и се наречени Петочни води. Петковден како домашен празник со служби посветени на св. Петка, со чекање гости и со други обичаи и свечености го празнуваат голем број македонски семејства.

Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка…

Светата православна црква празнува три личности со исто име Параскева-Петка поради што кај народот често се мешаат и се мисли дека се работи за иста личност. Најчесто трите се идентификуваат со св. Петка Епиватска позната и како Трновска, чиј спомен се одбележува на 27 /14 октомври.

Името го добиле поради тоа што се родени во петок, а петокот како ден пред сабота, бил ден за подготовки за празникот. Во претхристијанскиот период кај Евреите саботата бил празник, а не неделата. Оттука, Параскева значи подготовка.

Првата света Петка е преподобната маченица Параскева Римјанка. Се празнува на 26 јули /8 август и меѓу народот е позната како летна Света Петка.

Во нејзиното житие се вели дека нејзините родители биле Римјани и дека и дека таа како единствена ќерка им се родила по долги и искрени молитви кон Бога.

Рано се замонашила а подоцна како и многумина други настрадала за верата Христова за време на царувањето на Антонин.

На нејзиното мачење присуствувал и самиот император, но кога била фрлена во котел со врело масло и катран таа останалаа неповредена, а од течноста му прснало во очите на императорот по што ослепел.

Параскева се помолила на Бога и тој оздравел. Гледајќи ги нејзините страдања, но и чудата што се случувале со нејзино посредство, многумина ја примиле христијанската вера.

Поради тоа била исечена со меч, а подоцна моштите ѝ биле пренесени во Цариград. На иконите света Петка Римјанка во рацете држи чинија во која има очи.

Оваа Параскева (Петка) беше родум од Рим. Родителите и беа христијани, така што од мали нозе ја воспитаа во Христовиот дух. Кога и умреа родителите го раздаде целиот свој имот на бедните и се замонаши. Со голема ревност го проповедаше словото Божјо, не криејќи се од никого.

Така и стигна до римскиот суд. Неколку пати беше предавана на маки, но Господ ја исцелуваше на чудесен начин. Најпосле, некој кнез Тарасиј и ја отсече главата. Моштите и беа зачувани, а подоцна пренесени во Цариград. Пострада за Христа во вториот век.

На тој ден се избегнува да се работат тешки работи на нива и дома.

Порано жените верувале дека на утрешниот ден не треба да се меси леб, да се пере, да се изнесува пепел или да се шие, за да не им трнат рацете преку цела година.

Новинар од Прилеп информира: Во Будинарци, сопственици на маркет им ги полнат ќeсите со храна на сите кои ги гаснат пожapите

Новинарот од Прилеп, Сунаи Сабриоски, кој од час во час информира за cocтојбата со пожapите во беровско, на Фејсбук напиша за сопственици на маркет во село Будинарци, кои им ги полнат со храна ќесите на сите кои учествуваат во гаснењето на огнената стихија.

– Има еден маркет таму сред село Будинарци, сопствениците и вработените заслужуваат орден за хуманост во целиот тој хаос настанат од пожарот, во сред криза плус и пандемија, на војниците, пожарникарите и сите кои што беа на помош за спас на селото одлучија да не наплаќаат ами да ги полнат ќесите со храна и се останато што имаа во маркетот. Како влегов не знаев како да излезам, ќесите ги наполнаа, вадиш пари и ти вика немој нема потреба земи што ти душа сака само да помине ова и да ни дојдете пак ама за убај работи. ВИЕ УШТЕ СТЕ ПО ОДМОРИ И ЛЕЖИТЕ ПО ПЛАЖИ БЕЗРБЕТНИЦИ!?

П.С. Во целиот тој хаос не успеав да го запаметам маркетот ако ги знаете сопствениците сторите абер за контакт. – напиша Сабриоски.

Според коментарите на објавата, се работи за брачниот пар Анита и Јованчо Пармачки, кои ги заслужуваат сите пофалби за хуманиот гест.

Од 16-ти авгycт влегување на секаков настан со над 30 лyѓе само со пpва доза вakцина

Владата донесе одлука за целосна забрана за работа и организација на настани на затворено во сите угостителски објекти.

Оваа мерка стапува на сила од 16. август.

-Од 16 август целосно се забранува работа и организација на секаков вид настани на затворено во сите угостителски објекти (и во кафетереии), вклучително и прослави во угостителски објекти регистрирани за прослави или друг тип објекти од затворен тип-велат од Владата.

Угостителските објекти регистрирани за прослави до 15 август ќе смеат да организираат настани во затворен простор, но со почитување на мерките и со 40% од капацитетот, а потоа прослави и настани ќе се организираат само на отворено.

-За ноќните клубови (дискотеки), кабареа, барови останува забраната за работа во затворениот дел од објектот, освен во отворениот дел (тераси) со 50% од капацитетот на просторот и ограничен број на посетители до најмногу 1.000 посетители, согласно постојните протоколи.

-Од 16 август се воведува задолжителна потврда за извршена имунизација, најмалку прва доза, со задолжителна редарска служба заради контрола на приложување доказ за вакцинација при влез во секаков вид на објект, вклучително и во угостителски објекти, каде има повеќе од 30 присутни лица, за било каков настан (прослава, концерт, семинар, обука, работилница, конференција, културни или спортски настани).

-Приложувањето и поседувањето потврда за извршена имунизација – најмалку прва доза вакцина, се однесува на лица над 18 годишна возраст.

Победа paзочapa во Прилеп: Oxpиѓани ги “отpeзнaa” црвено-белите

Попладнево на Градскиот стадион ,,Гоце Делчев“ во пријателски натпревар, фудбалерите на Победа загубија од членот на Втората лига – Запад Охрид со 0-2, полувреме 0-1.

По одличната игра во ремито 1-1 со Вардар минатиот викенд, денеска црвено-белите одиграа лош натпревар. Се покажаа оправдани стравувањата дека по тој добар натпревар може да дојде до опуштање, што на крајот и се случи.

За разлика од тој меч денеска малку нешта функционираа добро во тимот на Победа. Ова денешно издание треба да биде такво од кое треба да се извлечат поуки, дека секој меч е посебен, секој меч е ново докажување, и дека не може да се живее на ловорики и не од изданието на претходниот натпревар.

Црвено-белите фудбалери мора да се „отрезнат“ и да сфатат дека едноставно мора да бидат 100% во и на секој меч.

Првенството е на прагот. Клупските амбиции се високо поставени и нема место за никакво опуштање. Само со максимално залагање и дисциплина ќе може да се одговори на поставените задачи и цели-победа на секој меч и борба за првото место!

Од друга страна компактниот тим на гостите предводен од Бочевски, денеска се покажа во многу добро издание. Иако ориентирани на дефанзива, охриѓани демонстрираа одлично дефанзивно позиционирање со голема дисциплина во играта, а со брза и едноставна игра со еден-два допири на топката беа искллучително опасни во контранападите, од кои во првиот дел креираа 3 изгледни шанси, а на тој начин и ги постигнаа двата погодоци.

Во вторник на 10 август е ждрeбот за новата сезона во двете Втори лиги (која започнува на 21-ви август), по што ќе се знае каде Победа ќе ја игра „генералката“ со новиот второлигаш Беса во Прилеп, или во Охрид следната сабота.

Петар Димоски

Ристески се потсети на Карпалак: Никогаш нема да го простиме предавството на тие кои го пуштија нашиот конвoj необезбеден

Поранешниот градоначалник на Прилеп, преку фејсбук статус се потсети на немилите случувања на Карпалак пред 20 години, каде самиот беше сведок.

8 Август – голем ден! Голем празник Света Петка!

Ден на сеќавања, неизмерна тага за прерано изгубените животи и огромна болка во нас преживените… вечна рана…
Ден на непребол за сите нас, за Прилеп, за Македонија… Ден со крв испишан во историјата на Македонија!

Чест и гордост беше да се бориме со Вас херои Прилепски, во одбрана на независноста, суверенитетот и територијалниот интегритет на нашата татковина!

Секоја година е присутно чувството на разочараност, затоа што сторителите останаа недопрени… а предавството од страна на тие кои дозволија нашиот конвој да биде упатен необезбеден, никогаш нема да го простиме!

Немирот е присутен секогаш кога лицемерно се положуваат цвеќиња пред спомениците на хероите, а недостоинствено и без грижа на совест и срам се распродаваат националните интереси стекнати со крв и пот… исто како и Карпалак!

Споменикот Карпалак е симбол на вечност, а негрижата за него – непочитување, избледување и заборав на славниот дел од историјата… разорување на раните… поттикнување на болните емоции…

Почит за херојството, пожртвуваноста, несебичноста и жртвата на бранителите кои застанаа на браникот на Македонија!

Храброста на бранителите нека биде поттик за вечна љубов кон татковината на идните поколенија, а споменот за Карпалак засекогаш во срцата!

Вечна слава! Почивајте во мир!
Почит на семејствата на загинатите! Почит на преживеаните!
Да е вечен споменот за Карпалак! Да е вечна Македонија!