дома блог страница 165

Мицкоски: Не започнавме од нула, почнавме од минус

Во оваа тешка година имаме резултати зад нас кои се јасен показател дека стигнавме на солидна основа. Реализиравме или отпочнавме над 250 поголеми проекти, рече вечерва премиерот Христијан Мицкоски во обраќањето на настанот по повод една година од Владата, под слоганот „Доаѓа времето на Македонија! Ги градиме темелите на промените“.

Мицкоски истакна дека очекува максимална посветеност во исполнување на програмата и преку 400 проекти, мерки, чекори, реформи во наредниот период кои ќе бидат насочени на развој и раст, подобар стандард, поквалитетно образование, борба против корупција, инвестиции и реформи во здравството, големи проекти во инфраструктурата,….

По години на празни ветувања и пермaнетна политичка криза во државата, разочарувања и уништени ветувања, укажа премиерот, не започнавме од нула, почнавме од минус – од рушевини, кои ги оставија зад себе.

– Наследивме систем што се кршеше и паѓаше, институции што изгубија доверба, луѓе што изгубија верб, но, не се предадовме. Не го оставивме својот дом во рацете на минатото. Ги ставивме првите тули на новите темели, со посветеност и љубов кон секој човек, секоја заедница, секој сон. Ги поставивме столбовите што ќе го издржат товарот на иднината. Ги засиливме носечките што ќе ја држат оваа земја исправена и горда. Овие темели не се само тули, или камења и бетон. Тие се секој наш збор, секој наша капка пот и секој чекор што го правиме за тебе, за твоето семејство, за твојата иднина. Овие темели се твојата доверба, твојата борба, твојата вера дека Македонија заслужува повеќе – заслужува правда, ред, развој и почит. Тие темели се почеток на нова ера. Време кога Македонија повторно ќе биде твоја – земја на можности, земја на човечност и вредности, земја во која секој ќе може да се гордее. Ние не ветуваме брзи решенија, затоа што знаеме дека вистинските промени бараат време, трпение и упорност. Но, знаеме и дека секој ден на напредок е победа. Секој ден е борба за достоинство, за иднината што ја заслужуваме. За децата што ќе растат во безбедна и чесна земја. За сите нас што веруваме дека можеме и мораме подобро, рече премиерот.

Оваа година, рече Мицкоски, беше година на напорна работа, на посветеност и на враќање на довербата, консолидирање на состојбите и стабилизација.

– Година во која секој од нас даде дел од себе за да го изгради новиот пат, година во која свесни за огромните очекувања и досега многупати изневерените надежи, ние се трудевме да направиме стабилизација која ќе потткне развој, консолидација која ќе донесе раст. Затоа денес, гледаме напред со увереност и со срце полно надеж. Времето на секој еден од вас допрва доаѓа! Време кога ќе ги оживееме нашите соништа, кога заедничка Македонија на Македонците, Албанците, Турците, Ромите, Србите, Власите, Бошњаците, ќе се издигне посилна и посветла од кога било. Време кога твојот глас, твојот труд и твојата иднина ќе постојат како нераскинлив дел од нашата политичка и животна приказна и заложби, наведе Мицкоски.

Во оваа тешка година, дополни премиерот, имаме резултати зад нас кои се јасен показател дека стигнавме на солидна основа. Реализиравме или отпочнавме над 250 поголеми проекти. И она што денес сакам да го соопштам е дека за повеќе од три пати ќе се зголеми бројот на проекти за следната година. Веќе вклучуваме во 5-та па и 6-та брзина. И очекувам максимална посветеност во исполнување на програмата, очекувам преку 400 проекти мерки чекори реформи во наредниот период кои ќе бидат насочени на раст и развој, подобар стандард, поквалитетно образование, борба против корупција, инвестиции и реформи во здравството, големи проекти во инфраструктурата, реформи во даночната политика и справување со инфлациски и предизвици на животниот стандард, проекти за млади, проекти за земјоделци, проекти за работници, проекти за купување на нов дом, возила… проекти кое ќе го донесат времето за кое сите се надеваме и длабоки промени кои ги заслужуваме, наведе Мицкоски.

Оваа година, оцени, беше година на напорна работа, на посветеност и на враќање на довербата, консолидирање на состојбите и стабилизација. Година во која секој од нас даде дел од себе за да го изгради новиот пат на Македонија, година во која свесни за огромните очекувања и досега многупати изневерените надежи, ние се трудевме да направиме стабилизација која ќе потткне развој, консолидација која ќе донесе раст.

– Затоа денес, гледаме напред со увереност и со срце полно надеж. Времето на секој еден од вас допрва доаѓа! Време кога ќе ги оживееме нашите соништа, кога заедничка Македонија на Македонците, Албанците, Турците, Ромите, Србите, Власите, Бошњаците, ќе се издигне посилна и посветла од кога било. Време кога твојот глас, твојот труд и твојата иднина ќе постојат како нераскинлив дел од нашата политичка и животна приказна и заложби, рече Мицкоски, кој во обраќањето се осврнува одделно за постигнувањата и плановите во изминатата година.

Продолжува поскапувањето на горивата – четврт пат во една недела!

Во изминатите седум дена сведоци сме на три корекции на цените на горивата.

За жал, тие се движат нагоре и, судејќи според ситуацијата на планетата, тие уште ќе растат.

Од полноќ ќе плаќаме поскапо за 1,5 денари по литар за бензините и еден денар повеќе за дизелот, кој, патем речено, за само седум дена, поскапе за повеќе од четири денари по литар. Тоа ќе донесе лавина од поскапувања бидејќи логистичките испораки и ланци се зависни од овој енергенс.

Од полноќ, во малопродажбата, ќе важат следните цени:

ЕУРОСУПЕР БС-95 77,50 ден/лит,
ЕУРОСУПЕР БС-98 79,50 ден/лит,
ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) 73,00 ден/лит.

Најпознатите битолски панкери имаат нова песна и видео спот – Уживајте во “Љубичица” (ВИДЕО)

Најпознатите панкери од Битола, групата “Паркети” имаат нова песна и видео спот. Песната го носи името “Љубичица” и има одлична заразна рокенрол мелодија која сигурно ќе ви се допадне.

Музиката и текстот се дело на Симс Себастијан – ПАРКЕТ, а аранжманот го сработија заедно Сашо Паркет и Симс Паркет.

За видео записот на песната, Сашо Паркет вели дека е снимен за еден саат во “радиоактивните житни полиња околу РЕК Битола и Мариово”.

Слушнете ја “Љубичица” во продолжение:

Фудбалската оаза е подготвена! TAБАНА КАФЕ Прилеп ве кани на вистинско уживање во натпреварите од Светското клупско првенство

Кафе билијард „Табана“ ве поканува на незаборавно спортско лето во срцето на Прилеп! Во нивната пространа и пријатна летна бавча, опкружена со најубавата природна сенка, ќе се пренесуваат сите натпревари до крајот на Светското клубско првенство.

Фудбалската забава започнува денеска со последните натпревари од групната фаза. Вечерва заедно ги гледаме американскиот Сиетл против европскиот првак Париз Сен Жермен и Атлетико Мадрид против бразилски Ботафого.

Резервирајте си маса, натпреварите се играат со почеток од 21:00часот, а кафе “Табана” подготви одлични изненадувања и промо-пакети по супер цени.

За оние кои пак не се по фудбалот, “Табана” ве очекува на пакет од кафе и лимонда, секој ден до 16:00 часот по цена од само 60денари.

Уживајте во врвниот фудбал во одлична атмосфера, со ладно пиво и освежителни пијалоци. Дојдете со друштво и почувствувајте ја магијата на фудбалот под отворено небо. Комбинирајте забава, спорт и одлична услуга во едно уникатно искуство. Бавчата нуди доволно место за сите љубители на добар фудбал и добра дружба. Кафе билијард “Табана” е вистинската фудбалска оаза ова лето.

Не пропуштајте – резервирајте си место навреме! (078 922 922)

(Фото галерија) Car Show Битола приреди шоу за паметење – 160 автомобили од 5 држави и 29 градови, празник за очи пред “Боро Чурлевски”

Битола викендов беше домаќин на спектакуларен Car Show, кој го собра најдоброто од автомобилската сцена од целиот регион! На паркингот пред спортската сала „Боро Чурлевски“ блеснаа над 160 автомобили – од најнови модели до ретки олдтајмери кои го воодушевија секој љубител на четири тркала. Возачи и ентузијасти пристигнаа од Македонија, Бугарија, Србија, Грција и Црна Гора, како и од сите градови низ Македонија, носејќи со себе страст, стил и уникатни машини.

Публиката уживаше во динамична програма со музика, изненадувања и атрактивни содржини, а беа доделени и награди за највпечатливите автомобили во неколку категории. Настанот претставуваше вистинско уживање, го красеше одлична организација и многу позитивна енергија.

Oва е прв ваков настан во градот на конзулите, а организаторите од Car Club Битола, општина Битола и битолчани покажаа дека автомобилскиот дух живее со полна брзина – и дека Битола знае да приреди настан кој долго се памети!

ФОТО/Маја Груевска

Александар Николоски – министер кој ја забрза Македонија! Ретроспектива на изминатите 365 дена Влада и се’ она што е направено (ВИДЕО)

Во само една година од преземањето на функцијата министер за транспорт и врски, Александар Николоски го покажа она што граѓаните одамна го очекуваат – работа, посветеност и реални резултати на терен! Со јасна визија и енергија што ретко се гледа во домашната политика, Николоски успеа да го забрза темпото на инфраструктурниот развој како никој досега во првата година од мандатот.

Силната посветеност на премиерот Христијан Мицкоски и Владата за завршување на веќе децениските проекти и отпочнувањето на нови инфраструктурни зафати, е секако негов ветер во грбот, но граѓаните веќе заборавија како е да се работи, изгубија надеж, а општеството во изминатите години почна да ни тоне во апатија. На Македонија и’ недостигаа добри вести, на Македонија и недостигаше надеж дека работите можат да се променат.

Во изминатата година гледаме дека работите можат да се променуваат кога некој искрено сака. За само 365 дена Министерството за транспорт и врски под водство на Николоски направи револуционерни промени во целата држава.

Се завршија и се ставија во употреба:

Експресниот пат Страцин до Крива Паланка – Со пуштањето во употреба на овој експресн пат од Страцин до Крива Паланка, патувањето од 30 минути се крати на 10 минути, а од Крива Паланка до Куманово наместо еден час се патува за 40 минути.

Пругата Куманово – Бељаковце

За Прилеп и Пелагонија од огромно значење, пуштена во употреба првата делница од експрениот пат Прилеп-Градско, односно делницата од Градско-Дреново во должина од 15,5 километри

Очекувањата се дека до крајот на месец јуни, ќе биде ставен во употреба и вториот дел од овој експресен пат, односно потегот од Дреново до Фариш.

Пуштен во употреба е и реконструираниот регионален пат од Охрид до Св. Наум – пат кој беше заборавен, пат кој го заслужуваше Охрид, го заслужуваа граѓаните, туристите…

После години стагнирање, конечно и автопатот од Охрид до Кичево почнува да го гледа светлото на крајот од тунелот – пуштена е во употреба првата делница од ПОДМОЉЕ до ОХРИД

Тука не може, а да не се споменат и десетината нови авиолинии од македонските аеродроми до светските и европските дестинации.

Од скопскиот аеродром повторно се лета до Барселона и Дубаи. Нови линии се тие до Лион, Штутгарт, Париз, Женева…

На охридскиот аеродром, новина се линиите Охрид-Базел-Охрид и редовната линија Охрид-Истанбул-Охрид.

Тука секако е изградбата на автопатите од договорот со БЕХТЕЛ и ЕНКА, каде работите конечно почнаа да се одвиваат во правилна насока. Државата повеќе не плаќа за ништо, се работи на голем фронт, особено на автопатот од Прилеп до Битола, каде на 85% од трасата се завршени работите се рашавање на имотно-правните односи, a моментално се извршуваат градежни работи на речиси половина од трасата.

Ова се само дел од активностите на вториот човек на Владата во изминатите година дена, па нека бидат поттик и за останатите министри, директори, функционери…. дека работите и тоа како можат да се променат на подобро само ако се сака и се влoжува целата енергија.

ВИДЕОЛОТАРИЈА ЈА РЕАЛИЗИРАШЕ ТРАДИЦИОНАЛНАТА КРВОДАРИТЕЛНА АКЦИЈА

И овој јуни, тимот на Видеолотарија Касинос Австрија, по традиција, во хумана мисија. Во просториите на Институтот за трансфузиона медицина од Скопје, реализиравме уште една успешна крводарителна акција, 24 по ред.

Видеолотарија Касинос Австрија во соработка со Институтот за трансфузиона медицина од Скопје и Црвениот крст, уште еднаш успешно ја реализираше и најновата крводарителна акција, со што повторно ја докажа својата хуманост на дело. Ова е 24 крводарителна акција која се реализира од страна на нашата компанија.

Акцијата веќе е убава, хумана традиција, која ја практикуваме како колектив, додека голем дел од вработените практикуваат и индивидуално да поддржуваат вакви хумани активности. На овој начин, Видеолотарија Касинос Австрија дава придонес во спасувањето човечки животи и во промовирање и поттикнување на доброволното дарување крв.

Многукратни се придобивките од крводарувањето. Покрај хуманата цел- спасување човечки животи, кај крводарителите се обновува и регенерира крвта, а лицата кои ќе дадат десет пати доброволно крв, добиваат бесплатно лекување.

Крводарителството е доброволен чин и индивидуален одраз на хуманост и на солидарност. Крводарител може да биде секое лице на возраст од 18 до 65 години, со добра општа здравствена состојба. Според критериумите за крводарување, мажите може да даруваат крв на секои 3, а жените на секои 4 месеци. Едно крводарување може да спаси 3 до 4 човечки животи.

Анкетите се гласот на народот кој одлучува каков профил на градоначалник сака

Во пресрет на локалните избори, на политичките партии им се отвора можност за нов почеток – можност да покажат дека навистина ги слушаат граѓаните и дека демократските вредности не се само фрази во нивната реторика. Во таа насока, анкетите претставуваат важен инструмент – јасен показател за тоа што мислат, чувствуваат и посакуваат луѓето на кои им се служи.

Граѓаните најдобро знаат кој е човекот што заслужува доверба, кој има капацитет, искреност и визија да го води нивниот град напред. Затоа, токму анкетите се првото мерило кое треба да се земе предвид при изборот на кандидат за градоначалник. Тие не треба да се гледаат како обични бројки, туку како првичен глас на народот – глас што треба да биде слушнат и почитуван.

Време е да се надминат старите модели на партиски калкулации, закулисни договори и кандидатури што се наметнуваат од oд различни кујни без притоа да се слуша мислењето на народот. Локалните избори се најблиску до народот – токму затоа и изборот мора да биде народен. Доколку политичките партии навистина сакаат победа, но и почит од граѓаните, треба да го изберат оној кој народот го препознава како најсоодветен преку анкетите.

Со слушање на анкетите, партиите не само што ја зголемуваат својата шанса за изборна победа, туку и испраќаат порака дека ја почитуваат волјата на граѓаните. Само така ќе се добие кандидат кој не е само “партиски избор”, туку вистински лидер со поддршка од заедницата.

Граѓаните се тие што живеат со последиците од одлуките на локалната власт – затоа и тие треба да бидат првите кои ќе имаат збор во тоа кој ќе биде кандидатот. А анкетите се токму тој прв збор.

Ако политичките партии се водат по гореспоменатите вредности, ни следува интересна есен и изборен циклус!

И ДОМ го напишти СДСМ

Ова е една од трите одлуки донесени на седница на Централниот одбор на Демократската обнова на Македонија (ДОМ) одржана пред два дена, на која, како што велат од партијата, се донесени три важни одлуки кои ќе ја постават идната политичка насока на ДОМ, која води кон вредносна доследност, отвореност и одговорност Политичката партија Демократска обнова на Македонија (ДОМ) ја напушта коалицијата со СДСМ.

Ова е една од трите одлуки донесени на седница на Централниот одбор на ДОМ одржана пред два дена, на која, како што велат од партијата, се донесени три важни одлуки кои ќе ја постават идната политичка насока на ДОМ, која води кон вредносна доследност, отвореност и одговорност.

Изразувајќи целосна почит кон соработката во минатото, од партијата велат дека напуштањето на коалицијата со СДСМ претставува принципиелен исчекор кон заштита на вредносниот интегритет на ДОМ.

„Кога процесите стануваат затворени, потребна е нова насока на самостојно, јасно и идеолошки доследно политички дејствување. ДОМ коалициите ги разбира како алатка за остварување на заедничките вредносни цели, но кога тие се губат, доаѓа моментот за нова насока“, велат од Демократска обнова на Македонија, изразувајќи подготвеност за нова и самостојна насока.

Во насока на оваа е и одлуката на ДОМ за настап на локалните избори без партнери од традиционалниот политички спектар. Велат дека ваквиот политички избор е желба на членовите на партијата да градат нова култура на локална политика – автентична, вредносно доследна и поврзана со потребите на локалните заедници.

„Наместо компромиси со политички партнери без визија, ДОМ ги отвора вратите само за граѓанските сојузници кои ја споделуваат вредносната мисија за зелена, праведна и инклузивна локална политика“, велат од партијата.

На седницата на Централниот одбор на ДОМ одржана пред два дена донесена е и одлука со која партијата се отвора за, како што се наведува во партиското соопштение, вистинско партнерство со граѓанскиот сектор, локалните заедници и сите кои се борат за зелена, праведна и европска иднина.

„’Тивките’ коалициони партнери во два наврати едногласно гласаа за ограничување на граѓанското право на учество – ги избришаа независните кандидати од изборната игра. И затоа со оваа одлука го најавуваме формирањето на ‘Коалиција за зелена иднина’, отворена платформа за идеи, заедничка акција и поддршка на автентични локални кандидати од граѓаните за граѓаните. Оваа одлука е одговор на политичката затвореност, игнорирањето на граѓанските иницијативи и девалвацијата на меритократијата. Наместо следбеници, ДОМ ќе гради инклузивни политики со соработници. ДОМ упатува отворен повик до сите активисти од граѓанскиот сектор, до младите и студентите и до сите граѓани кои се залагаат за еколошко, праведно, одржливо и европско општество – да влијаеме заедно, да делуваме здружено и да ја изградиме зелената иднина на Македонија“, додаваат од партијата.

Со ваквите одлуки, нагласуваат оттаму, се проширува политичкиот спектар за сите кои со години се бореле, но не биле слушнати, за сите кои сè уште веруваат дека политиката може да биде доследна, вредносна и етичка.

Ристески: Вештачкото езеро во Прилеп мора да стане туристичка атракција (ФОТО)

Неуморен борец и еден од најистакнатите функционери во Владата, но и голем вљубеник во спортот и природата – Марјан Ристески вчера во преплива прилепското вештачко езеро.

Прекрасната природа, чистата и бистра вода и тишината на прилепското Вештачко езеро се секогаш инспирација за големи подвизи.

Должината на пливачката патека била 3км, а Ристески пливал краул.

Вели дека овој мини маратон одлично ќе му дојде за стартот на летната сезона и пред големиот број одлучувачки битки во интерес на граѓаните и државата.

Актуелниот заменик министер за економија и труд смета дека прилепското вештачко езеро има огромен потенцијал за равој на туризмот во Прилеп.

-Иако првичната немена му е наводнување на прилепското плодно поле, прекрасната природа, боровата шума и зеленото пространство околу езерото, треба и мора да се искористат, и да станат туристичка атракција – смета Ристески.