дома блог страница 164

Започнува третата сезона на проектот “Од 0 до култура” – Утре на камена бина во Прилеп, “Банда бенд” со tribute на NIRVANA

Во четврток – 26 јуни 2025г со почеток во 21.00ч, Општина Прилеп ќе започне со реализација на третата сезона од проектот: ОД НУЛА ДО КУЛТУРА – ПРОЕКТ ЗА МУЗИЧКО И КУЛТУРНО ОПИСМЕНУВАЊЕ НА ГРАЃАНИТЕ ОД ОПШТИНА ПРИЛЕП.

На Камената бина во центарот на градот настапуваат дечките од прилепскиот бенд BANDA BEND, кои ќе ги поздрават прилепчани со звиците на култните NIRVANA.

Банда бенд како еден од прилепските алтернативни рок и хард-рок состави веќе долги години ја одржува, промовира и развива оваа сцена, со што допринесува во зголемувањето на културната понуда, како и афирмација на музички стилови, што подоцна го креираат правецот на новите генерации.

Во своето постоење од 2012 година па наваму, имаат настапувано во речиси сите поважни алтернативни локали, во сите градови низ Македонија.

На 26ти јуни (четврток), заедно со неколкуте свои гости ќе ги свират култните НИРВАНА!

Илија Чакароски – ел. гитара и вокал

Методија Костоски – бас гитара и вокал

Александар Стеваноски – тапани

Повредените од “Пулс” кои се на лекување на Пониква, пуштија 62 балони кон небото во чест на жртвите, и побараа прошка што не можеа да ги спасат (ВИДЕО)

Повредените во пожарот во клубот „Пулс“ кои се наоѓаат на рехабилитација во одморалиштето на МВР на Пониква, во знак на почит кон загинатите во трагедијата пуштија 62 бели балони.

Од дворот на манастирот „Св. Василиј Велики“ на Пониква тие упатија порака и барање за простување што не успеале да им помогнат и да ги спасат од огнот.

-Ние сме децата што преживеавме една ноќ што никогаш нема да ја заборавиме. Ноќта кога небото се замрачи и срцата ни се распаднаа. Ноќта кога изгубивме 62 наши браќа и сестри, другари, пријатели, делови од нашите души. Денес не стоиме овде како жртви, туку како сведоци. Сведоци на една болка што не поминува, но и на една љубов што никогаш нема да згасне. За вас, нашите ангели – ви праќаме опрост. Опрост што не можевме да ве спасиме. Опрост што продолживме да живееме, додека вие останавте млади засекогаш, истакнаа во пораката повредените во „Пулс“.

Ќе биде одличен летен хит! Синооката убавица Мелани ја промовираше својата нова песна “Шах-Мат” (ВИДЕО)

Наследничката на Соња и Јохан Трачуловски, младата и убава пејачка Мелани, гордо чекори по стапките на нејзината мајка и постојано покажува дека кога иднината на македонската естрада е во прашање, на незе мора сериозно да се мисли.

Деновиве синооката убавица во етерот промовираше нова песна и видеозапис за истата, која носи име – „Шах-Мат“

Текстот и музиката се дело на младата Тарчуловска, а аранжманот на Андреј Ник. Изработката на видето комплетно ја потпишува Solution plus studio, зад која стои проверениот видеомејкер – Billy D.

Потсетуваме, Мелани е најстара ќерка на Соња и Јохан Тарчуловски, кои покрај неа го имаат и синот Младен, како и ќерката Јоана која ова лето наполни 10 години.

Во продолжение слушнете ја “Шах-Мат”:

Жешкото сонце ги стопи цените до максимум само во oвој локал во Прилеп: Вие понесете само убаво друштво и уште денес посетете ги (ФОТО)

Надвор од гужвата во центарот на градот, во просторот на поранешно “Жито Прилеп”, веднаш до Градската болница, Прилеп, се наоѓа едно прекрасно катче кое освојува со својата пријатна атмосфера и богата понуда.

Најголем дел од вас веќе знаат дека станува збор за Brunch Box Café, кафуле со душа и прекрасен амбинет кое од ден во ден се повеќе изненадува со својата понуда, примамливи цени и прекрасниот простор за релаксација и опуштање.

Покрај богатото мени со доручеци и разно разни закуски, како добредојде за жешките летни денови, тимот на Box Café подготви одлични промотивни пакети со кафе и освежителни пијалоци по цени кои одговараат за сечиј џеб.

Младиот сопственик Дарко Мискоски, вели дека секој заслужува да си дозволи и да помине одлично време со своите најблиски и пријатели, а притоа сметката да не претставува главоболка за никого.

Па поевтино од ова НЕ МОЖЕ и НЕМА никаде во Прилеп, а богами и пошироко! Ова лето во Brunch Box Cafe ќе уживате во:

-Екстра квалитетно Londоn кафе + лимонда или боровница за само 80 ДЕН.

-Цеден сок + кафе – 110 ДЕН,

-Пресни и крцкави кроасани + кафе за само 100ДЕН,

-Вкусни палачинки + кафе – 100ДЕН,

-Трилече + кафе – 90ДЕН,

-Кафе + цеден сок + кроасан – 160ДЕН,

На менито има и фреш од банана и од шумско овошје во комбинација со кафе, што ќе ве чини само 150 ДЕН.

Епа народе навали! Имате ефтин и широк паркинг на неколку метра оддалеченост, имате понуда која не се одбива, ваше е само да си договорите убаво друштво и да уживате во летните денови и ноќи со лаф муабет.

И за малку ќе заборавевме! За уште поубав помин, овој четврток (26.06) со почеток од 20:30часот, ќе се погрижи добро познатиот за сите генерации Орде Шало. Резервирајте навреме на: 078 845 442! Тимот на Brunch Box Cafe ве очекува!

Продолжува осовременувањето на прилепската болница: WIK донираше апарат за дијагностика кај децата вреден 25.000 евра (ФОТО)

Продолжува осовременувањето на прилепската Општа болница со ретки и софистицирани дијагностички апарати – Прилепската Општата болница добива нов, современ апарат за видео-електро енцефалографија за Одделението за детски болести. Апаратот, кој е донација од Компанијата „ВИК“, е во вредност од над 25 илјади евра и досега го имаше само на скопската Клиника за педијатрија и во некои од приватните болници во земјава.

„Со оваа донација, Општата болница во Прилеп, дополнително го зацврстува своето водство во областа на педијатрската неврологија во ЈЗ регион на Македонија и го потврдува својот континуиран стремеж за унапредување на здравствените услуги за најмладите пациенти. Исто така, со овој современ апарат, освен од ЈЗ дел, очекуваме пациенти од цела Македонија. За оваа метода и за овие испитувања имаме докторка суб-специјалист педијатар невролог која е обучена за оваа метода“, – изјави д-р Кире Јоноски, директор на Општата болница во Прилеп.

Според доктроката која ќе работи со овој најсофистицаран апарат од реномираниот бренд „Натус“, неговата набавка ќе биде од непроценлива полза за точна и брза дијагноза кај најмалите пациенти, вклучително и на оние со епилепсија.

„Станува збор за современ апарат, современ видео ЕЕГ-систем кој што овозможува попрецизна дијагноза затоа што добиваме синхронизирано снимање во реално време на мозочната електрична активност и на клиничките манифестации, односно на однесувањето на детето. Покрај можноста за видео-снимање овој апарат има можност и за кардио-респираторно следење, што исто така е многу важно за сеопфатна дијагноза“, – кажа д-р Габриела Тавчиоска, суб-специјалист по педијатриска неврологија.

Од германската Компанија „ВИК“ пак, како општествено одговорна компанија и донатор, велат дека нивната заложба за поквалитетно здравство на македонските граѓани, во случајов на најмалите, ќе продолжи и во иднина.

„Во „ВИК“ сме посветени како семеен бизнис да направиме се’ што е во наша моќ и можност за да дадеме поддршка онаму каде што ги имаме лоцирано нашите опреции. Иднината е добра за луѓето тука и затоа децата ни се многу важни, здравствениот систем ни е важен, а ние можеме да дадеме поддршка и сме посветни на тоа“, – рече Кристоф Доерн, извршен директор на „ВИК“.

За вредната донација, се заблагодари и градоначалникот Борче Јовчески, кој потсети дека Компанијата „ВИК“ и во изминатите години имала повеќе донации, најчесто наменети за најмалите жители, исто како што е втората денешна донација од инвентар за една Детска градинка во градот.

Каролина Дурло/ТВ АЛФА

Се очекуваат вонредно високи температури: Апел до граѓаните, институциите и работодавачите

Министерството за здравство ја информира јавноста дека, согласно прогнозите од Управата за хидрометеоролошки работи и заклучоците на Комисијата за спроведување на акцискиот план за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението 2025-2030, се активира фаза 3, кога се очекуваат вонредно високи температури, кои го загрозуваат здравјето на населението, особено на најранливите групи.

Граѓаните потребно е најтоплиот дел од денот да го поминуваат во затворени, разладени простории, да консумираат доволно течности и да избегнуваат алкохол.

Посебно да бидат внимателни хронично болните, лица постари од 60 години, бремените жени и помалите деца.

Министерството апелира до сите институции, работодавачи и граѓани да постапуваат одговорно и согласно следните мерки:

-Активирање на планови за вонредни услови – сите здравствени установи, установи за згрижување стари лица и образовни институции да постапат согласно интерните протоколи за кризна состојба.

-Да се реорганизираат работните процеси за вработените изложени на директна топлина и да се разгледа можноста за:

-Одложување на работниот процес во критичните часови (11:00–17:00) за работници изложени на директна топлина;

-Работа од далечина, флексибилно или двократно работно време каде што е изводливо;

-Работодавачите да обезбедат микроклиматски услови за работа согласно акцискиот план: простории со температура до 25°C, освен таму каде што природата на работниот процес налага поинаку;

-Ослободување од работни обврски за бремени жени и лица постари од 60 години, доколку работодавецот не е во можност да создаде соодветни микроклиматски услови за работа.

-Да се реорганизираат работните процеси за вработените изложени на директна топлина;

-Здравствените, образовните и социјалните установи да постапат согласно плановите за вонредни состојби, да го ротираат персоналот, и да обезбедат климатизирани простории за пациентите и вработените;

-Центрите за социјална работа, локалната самоуправа и Црвениот крст да ја интензивираат теренската поддршка за осамени, стари и бездомни лица;

-Образовните установи и градинките да избегнуваат активности на отворено во периодот од 11:00 до 17:00 часот;
-Работодавачите да обезбедат соодветни услови за работа (температура до 25°C) и по можност да применат онлајн работа или флексибилно работно време;

-Да се обезбеди климатизиран јавен превоз за граѓаните во текот на целиот ден.

Министерството за здравство, заедно со сите надлежни институции, ќе продолжи со редовно информирање и спроведување на мерките, со цел заштита на здравјето на граѓаните.

(ФОТО) Се опремува новата детска градинка во поранешниот дом за доенчиња и мали деца во Битола

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, ја посети новата детска градинка, сместена во објектот на поранешниот Дом за доенчиња и мали деца, која се очекува да започне со работа во септември оваа година.

Објектот е целосно реконструиран со средства обезбедени од Министерството за социјална политика, демографија и млади и Општина Битола. Во моментот, се врши негово опремување со соодветен мебел и опрема – креветчиња, плакари, масички, столчиња, кујнска опрема, ситен инвентар и постелнина.

Новата градинка ќе функционира како клон на ЈОУДГ „Мајски цвет“ и ќе згрижува 80 деца, распоредени во четири групи: една јаслена, една хетерогена група за деца од 2 до 4 години, една занимална за деца од 4 до 5 години и една за деца од 5 до 6 години.

Во текот на летниот период, објектот ќе биде дополнително опремен со дидактички материјали, како и детски реквизити за дворот.

Со отворањето на оваа градинка, Општина Битола и Министерството за социјална политика продолжуваат со заеднички инвестиции во проширување на капацитетите на предучилишните установи, со цел намалување на листите на чекање и овозможување услови за непречено извршување на работните обврски на родителите.

Битола и оваа година ќе грми! Еурофарм Пелистер повторно доби вајлд карта за учество во Лигата на шампионите

РК Еурофарм Пелистер претстојната сезона ќе игра во ракометната Лига на Шампиони.

Екипата на Пелистер доби вајлд карта за учество во лигата – потврдија од клубот утрово на социјалните мрежи.

Вицепремиерот Николоски од денеска во работна посета во Франција, во фокусот унапредување на економската и трговска соработка

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски од денеска е во дводневна работна посета на Франција каде е придвидено да оствари низа економски и политички средби на кои ќе се разговара за унапредување на билатералните односи и економската соработка меѓу двете земји.

На средбите покрај можностите за зголемување на трговската соработка, предвидено е да се претстават планираните инфрастрктурни проекти како дел од регионалниот развој, а исто така ќе се презентираат и условите за инвестирање во Македонија.

Во текот на денешниот ден, вицепремиерот Николоски предвидено е да се сретне со високи претставници од Министерството за надворешни работи како и претставници од Министерството за економија и финаисии.

Исто така ќе оствари средба со над 10 најголеми компании во Франција пред кои ќе ги презентира приоритетните инфраструктурни проекти како и можностите за инвестирање во Македонија.

Во текот на утрешниот ден предвидено е да оствари средба со министерот за транспорт, Филип Табарo.

Во рамки на постета во Париз, вицепремиерот Николоски ќе оствари работни средби и со претставници од УНЕСКО каде ќе се разговара за предизвиците во насока на зачувување на светското културно наследство.

Пpaвocлавните xpиcтиjaни ги празнуваат апocтолите Bapтоломеј и Bapнава: Споpeд нapодните вepyвања денecка coнцето почнува се вpти кон зима

Денескa правocлавните xpиcтиjaни го пpaзнyваат големиот пpaзник посветен на Светите апостоли Вартоломеј и Варнава, или кај народот познат како Вртолум, а во народното верување ден кога сонцето се врти кон зима. Се верува дека денешниот ден е тежoк празник кога не се работи.

Меѓу празниците од овој период од годината посебно важно место има празникот на светите маченици Вартоломеј и Варнава во народот познат под името Вртолум, што се празнува на 24. јуни според новиот, односно на 11 јуни според стариот календар.

Во некои наши краишта овој ден се смета за тежoк празник поради што не се paботи никaква работа. Овој ден народот го поврзува со вртењето на сонцето.

Имено се верува дека на овој ден сонцето се врти кон зима. Многумина дури верувале дека тоа е видливо, поради што гледале во сонцето за да виделе кога тоа ќе зacтанaло и ќе се завртело.

На Вртолум, според народните верувања, нe cмeeте да се качувате на дрва, и нe смeeте да се капете во река.

Житието сведочи дека светиот апостол Вартоломеј поради проповедање на Христовата вера бил распнат на крст со главата надолу, но се спасил затоа што во тоа време настанал голем земјотрес во кој загинале тие што го мачеле, како судиите така многу народ, а тој останал неповреден. Тоа се сметало за Божја казна кон оние што го клеветеле и што го суделе. Потоа Евангелието го проповедал во Индија, каде што го превел на тамошен јазик Евангелието по Матеј. Потоа се вратил во Еременија каде што од завист поради тоа што ја излекувал царската ќерка од лудило е распнат на крст, одрана му е кожата и отсечена му е главата. Неговиот спомен се празнува на 24 јуни, заедно со споменот на светиот апостол Варнава.

Светиот апостол Варнава (Јосиф), од Кипар, пак, е еден од седумдесетте Христови апостоли. Првото име му било Јосиф, а Варнава е наречен подоцна. На околината оставал впечаток со тоа што ги тешел луѓето, а Варнава значело Син на утеха. Христијанската вера ја ширел и Евенгелието го проповедал заедно со Апостолите Марко и Павел во Антиохија, Рим и Милано. Настрадал на Кипар од Евреите и бил погребан од Марко заедно со Евангелието по Матеј кое што за време на животот го препишал на рака.