дома блог страница 1614

“Ненаситен вакcep”: Примил пет дози од три различни вakцини против Koвид-19, го фатиле на шестиот обид

Властите во Рио де Женеиро истражуваат како жител на градот успеал да прими пет дози од три различни вакцини против кopoнавиpyc.

Според официјалните податоци, човекот чие име не е соопштено почнал да се вakцинира во мај, потоа продолжил во јуни и во јули се додека не бил откриен од вработените на вakциналниот пункт во шестиот обид да прими вakцина.

Извештајот кој го објавија бразилските медиуми покажува дека човекот прво примил „Фајзер“ на 12. мај, потоа „Астра зенека“ на 5.јуни. следна била доза „Синовак“ на 17.јуни, а патоа упорниот Бразлец отишол по уште една доза „Фајзер“ на 17.јуни и завршил со доза „Синовак“ на 21.јули.

Властите првично сметале дека се работи за пропуст во системот, но извештајот на Општинското здравствено одделение покажал дека не е грешка.

Според извештатие човекот се чувствува добро.

Информацијата е објавена во период во кој во Бразил има недостаток од вакцини и милиони луѓе чекаат да ја примат првата доза.

Извор: kurir

Тарвари: “Промените во Скопје доаѓаат!”

Промените во Скопје доаѓаат!,пишува на својот Фејсбук профил актуелниот градоначалник и секретар на Алијансатa на Албанците, Арбен Тарвари по средбата со независната кандидатка за градоначалник на град Скопје Данела Арсовска.

-Ndryshimet në Shkup po vijnë!

Промените во Скопје доаѓаат!, пишува Таравари во својата објава.

Бajден зacпа на cpeдбата со изpaeлcкиот пpeмиep: He cпиjaм jac, caмо paзмиcлyвaм

Американскиот претседател Џо Бајден задремал на средбата со премиер на Израел, Нафтали Бенет во Белата куќа за усогласување на ставовите кон Иран.

Средбата Бајден – Бенет се одржа пред два дена, од која се очекува да се намалат тензиите помеѓу САД и Израел настанати за време на мандатите на поранашниот американски претседател Доналд Трамп и поранешниот израелски премиер Бенјамин Нетанјаху.

На снимката објавена на социјалните медиуми се гледа како Бајден спие додека Бенет зборува за иднината на односите помеѓу двете држави.

He излегувajте без чадop – УXMP cooпшти каде ќе вpне денecка

Времето денеска во земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен, а во западните делови засилен ветер од западен правец.

Попладне ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи, претежно во планинските подрачја.

Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени. УВ индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 29 степени.

Од утре времето ќе биде претежно стабилно со слаб до умерен северозападен ветер, поизразен вдолж Повардарието.

Отворена изложбата “Светлина” од прилепската уметница Марта Макеска

Синоќа, 27.08.2021, во ликовната галерија на ЦК Марко Цепенков во Прилеп, беше отворена изложбата “Светлина” од прилепската уметница Марта Макеска која се претставува со платна и минијатури, изработени во техника акрил на платно и колаж.

За нејзиното творештво говореше Викторија Димеска, историчар на уметност, која посочи дека припаѓа на правецот симболичен експресионизам.

-Преку експресивниот уметнички израз, бојата преку чистата форма и силниот интензитет добива на предност на сметка на формата на композицијата.

Тргнувајќи од различните симболи, како што се културно историските споменици, кои го симболизираат многу вековниот опстанок на градот, крстот кој ја симболизира историјата на православната христијанска религија, колажните композиции со претставите на селаните и додадената елементи – везовите од традиционалната македонска народна носија, како и претставите со мотивот мајка со дете, како симбол на мајчината љубов, јасно одѕвонува замислата на уметницата.

Желбата за опстанок, истрајноста и трпеливоста, генерациски предавање на мудроста, претставуваат различни одлики со кои што се карактеризира мајчината љубов и нејзината заштитна улога – таа претставува ѕвезда водилка или зрак Светлина која го осветлува патот низ темнината – рече на отворањето на изложбата Димеска.

Две прашања што Сугарески не може да ги одговори

Твит на денот

Првото прашање е: Дали има реализирано барем еден проект за Прилеп во овие 20 функционерски години стаж?

Второто прашање е: Дали има храброст да напише на својот профил “МОЈАТА ТАТКОВИНА Е РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И НИКАКО ПОИНАКУ!”

Луѓето од Балканот масовно заминуваат во „земјата без стрес“

Ова е земја со потенцијал во која секој може да се пронајде себеси и да заработи за добар живот.

Неколку децении наназад од Балканот луѓето заминуваат во Германија, Австрија, Швајцарија, сè со цел да работат таму, но и да имаат подобар живот, а во последно време исто така тие се селат и во Шведска.

Во тие земји веќе имаат свои квартови, а неретко на улиците може да се слушне „нашиот јазик“. Сега се отвораат границите и за некои други земји кои нудат пред сè – вработување.

Норвешка е држава со голем потенцијал, во која лесно може да се пронајдете себеси и да заработите за добар живот.

Жена од Хрватска која релативно скоро се преселила во Норвешка секојдневно споделува искуства на својот Инстаграм профил од животот во таа земја.

Најчесто таа снима видеа во кои објаснува каков е животот во Норвешка, што е невообичаено во однос на Балканот и како да се најде работа.

Таа тврди дека на Норвежаните моментално хронично им фалат работници: од медицински лица, до градежни работници, просветни работници…

Таа исто така објаснила дека од оној момент кога ќе добиете ID, вие можете да се пријавите во Заводот за вработување кој таму се нарекува NAV. Тогаш тамошните луѓе ви помагаат да пронајдете работа, а покрај тоа постојат и приватни агенции за вработување.

Исто така може и самостојно да испраќате молби, односно CV за работа во фирми кои ви се допаѓаат.

Накратко, ID е личен матичен норвешки број и со негова помош може да направите многу во државата.

При барањето работа секогаш предност имаат оние кои го знаат норвешкиот јазик, што е логично.

Просечната плата во Осло моментално изнесува околу 3.000 евра и е една од најголемите заработки на ниво на европските престолнини. Но, треба да се има предвид дека таму трошоците за живот се поскапи, особено месечната кирија.

Извор: press24

63-годишен прилепчанец пpoнajден мpтов во неговото возило

На 27.08.2021 во 06.43 часот во СВР Битола, В.Д. вработен во pyдник во Пpилеп пpиjaвил дека М.Т.(63) од с.Беловодица, вpaботен како cтpaжap во pyдникот, бил пpoнajден починат под своето патничко моторно возило „југо“ со прилепски регистарски ознаки.

Увид на лице место бил извршен од јавен обвинител, по чија нapeдба телото на починатиот е предадено за обдyкциja – информираат од МВР.

Прилепчани се мајстори за високи добивки: Два фантастични тикети во Евро Тип (Фото)

Вчерашните натпревари од понудата на Евро Тип направија двајца прилепчани исклучително среќни.

Обложувачите од Прилеп уште еднаш докажаа дека со право го носат епитетот најдобри во државата, откако на два тикети одиграни во спортските обложувалници Евротип беа исплатени над 562 илјади денари!

Типувајќи  9 натпревари на конечен тип, првиот обложувач на влог од 200 денари и вкупен коефициент од 2163, успеа да стигне до добивка од над 412 илјади денари, вклучувајќи го и ЕвроБонусот од 30 отсто!

Од друга страна, неговиот сограѓанин кој типуваше 10 натпревари за 325 денари,  исто така користејќи го ЕвроБонусот, освои 150.000 денари.

Не заборавајте, најдобрите услови и коефициенти можете да ги најдете само во Евротип, а доколку се уште не сте дел од Евротип клубот, искористете ја можноста и подигнете ја Вашата Евротип клуб картичка во најблиската Евротип обложувалница до Вас и уживајте во бројните придобивки. www.evrotip.mk

Ha денешен ден гpoм yдpи во манacтиpoт Cвета Богоpoдица во Бepoво и ycмpти 9 лица (Видео)

На денешен ден во 1996 година на прослава на православниот христијански празник Успение на Света Богородица, во манастирската црква „Св. Богородица“, кај Берово, од громовите што удриле во масата, загинале девет лица, а 40-ина биле повредени.

Повеќе од две децении се уште останува неразјаснет случајот од трагедијата кога по силното невреме со грмотевици гром удри во дворот на манастирот.

Пред пет години штипската ТВ Стар објави сведочење на пензионираната новинарка Љубинка Клинчарска, која прва ја објавила веста за трагичната прослава на празникот.

– Некои од моите соговорници ги обвинија поповите, бидејќи курбанот беше преместен наместо во среда кога е посно тие го направија во четврток. Па, се толкуваше како божја казна. Но, едно што не ми се допаѓа е дека сите заборавија на жртвите им ветуваа, но за нив ништо не се направи, изјавила тогаш Клинчарска.

Покрај манастирот за Успение на пресвета Богородица и наредните години до ден-денес се собираат илјадници верници, каде во стотина казани се подготвува ручек за прославата за гостите, но на денот на празникот, со што Малешевијата ја продолжува вековната традиција на црковно-народниот собир.

Во видеото (под текстот), објавено од ТВ Стар во 2016 година, е сведечењето Клинчарска за настанот.