СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.Т.(33) од с.Мешеишта, општина Дебрца, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „напад на службено лице при вршење работи на безбедноста“, „Кражба“ и „Спречување на докажување“ и против П.Т.(28) од с.Мешеишта поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „спречување службено лице во вршење на службено дејствие“ и „помагање на сторител по извршено кривично дело“.
На 31.08.2021 во с.Мешеишта, првопријавениот со товарно возило превезувал огревни дрва и кога полициски службеници дале знак за запирање тој со возилото тргнал кон нив и се обидел да ги прегази.
После тоа кога се исклучил од патот, го оштетил возилото за да не му биде одземено, а второпријавениот му помагал и ги попречувал полициските службеници во извршувањето службени дејствија.
Цели два месеци пивка вода течи по улицата “Ѓорѓи Сугаре” во Прилеп
Водоводните цевки се дупнати на три места и никој нема дојдено да интервенира – велат жителите од оваа улица, кои потенцираат дека проблемот со водоводните цевки е со години.
Екипи од ЈКП Водовод доаѓале повеќе пати, се “санирало”, а потоа по само неколку недели одново на истото место пукала цевка.
Сега вода грга од три места на улицата, асфалтот е речиси целосно раскопан, па поради неодговорноста на надлежните улицата ќе мора целосно да се асфалтира.
Ако се земе во предвид колку е скапа и скапоцена водата за пиење во денешно време, слободно може да се каже дека “пари течат” по улиците во Прилеп.
Граѓаните велат дека проблемот не е само на оваа улица, пивка вода тече на повеќе локации во градот, а властите се зафатени со политичка кампања за локалните избори.
Одговарајќи на новинарско прашање премиерот и лидер на СДСМ потврди дека освен за Максим Димитриевски и за секој кој собра потписи за независен кандидат за градоначалник на Куманово, а е од СДСМ, ќе се примени исклучување од партијата и за други членови кои собрале потписи за независни кандидатури.
-Секако, тоа не е дали Заев така одлучил или централниот одбор или највисокото раководство, статутот на СДСМ е таков, односно одлуките ги носат самите поединци дали е Максим дали е господинот Зоран Ногачевски од СДСМ, бил член на раководни структури на СДСМ и пошироко. Тие ја носат одлуката знаејќи каков е статутот на партијата. Ние немаме што друго да додадеме.
Обврска е само на првиот Централен одбор да ги констатираме одлуките кои тие ги донеле и дефинитивно така е опишана демократската процедура кај нас а тие тоа го знаат, рече Заев.
Мотивацијата да се кандидирам за градоначалник на Прилеп ја најдов во секојдневните контакти со моите пациенти и со граѓаните кои искрено ми кажуваат што недостасува во градот, вели Д-р Борче Јовчески во интервју за „Република“.
Тој вели дека во градот има многу проблеми но оти најголем е комуналната хигена.
-По улиците има отворени контејнери со извадено ѓубре кое е извор на зараза но и вртилиште на кучиња и мачки. На граѓаните исто така им пречи и недостатокот на спортски објекти, градинки, средена инфраструктура-објаснува кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој нема дилеми со што прво би се зафатил кога ќе ја добие довербата на прилепчани.
-Отворените контејнери ќе ги замениме со подземни.Потребни се и повеќе пешачки зони, велосипедски патеки.Проблем на чаршијата е и недостатокот на паркинг места. Со изградбата на булеварот и тоа како се оневозможи паркирањето и тоа ќе биде приоритет во мојата изборна програма. Планирани се локациии за монтажни гаражи со кои ќе стопанисува јавното претпријатие за паркинг услуги.
Оценувајќи ја работата на актуелниот градоначалник на Прилеп, Јовчески вели дека има пофални зборови за Јовановски како стручњак бидејќи и двајцата доаѓаат од ортопедското одделение.
Но, како менаџер на градот за работата на Јовановски постојат многу аномалии.
-Од неговата работа постои незадоволство како во градската средина така и во руралните делови од градот.
Јовчески ветува дека ако биде на чело на градот ќе го врати препознатливиот бред на градот „Пиво фест“ кој привлекуваше многу туристи.
-Не само „Пиво фест“ туку и други манифестации кои се одржуваа во Прилеп во последниве години беа запоставени. За „Пиво фестот“ би се заложиле за обновување и за продолжување на таа долгогодишна традиција која привлекува многу туристи каде што секој сектор би го нашол бенефитот од посетеноста-вели Јовчески.
Целото интервју слушнете го во видео разговорот што го водеше новинарот Игор Чавески.
На 02.09.2021 во 19.43 часот во СВР Битола било пpиjaвено дека на ул.„Солунска“ во Битола, патничко моторно возило „форд“ со битолски peгиcтapcки ознаки, yпpaвyвано од Ј.Ј.(21) од Битола, yдpило во велocипед yпpaвyван од З.В.(50) од Битола.
Во незгодата З.В. се здобил со тешки телecни повpeди, конcтатиpaни во Клиничката болница Битола.
Извршен бил yвид на местото на настанот од yвидна екипа од СВР Битола – информираат од МВР.
Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен претежно северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 18, а максималната ќе достигне од 24 до 31 степен. УВ индексот ќе изнесува 7.
Според УХМР, и во сабота ќе се задржи стабилно, а дневната температура ќе биде во благ пораст. Во недела уште од ноќта ќе има услови за краткотраен дожд, а преку денот на повеќе места ќе биде нестабилно со поројни врнежи кои на места ќе бидат пообилни и проследени со грмежи.
Повремен пороен дожд со ретки грмежи ќе има во понеделник.
По ден одмор по поразот од 3-1 на отворањето на Европското првенство (ЕП) од кодомаќинот Финска, македонските одбојкари денеска во второто коло за противник ја имаат Холандија.
Својот воведен натпревар холандските одбојкари го одиграа вчера, забележувајќи максимална победа од 3-0 против Шпанија, и во улога на апсолутен фаворит влегуваат во дуелот со македонските одбојкари.
Во македонскиот табор, сепак, преовладува оптимизам и уверување дека атмосферата во репрезентацијата не е разнишана по почетниот пораз.
– Дојдени сме да играме. Не се откажуваме. Ќе биде се подобро, ќе се ослободиме од почетниот грч и, исто како на претходното Европско, мислам дека во подоцнежните натпревари ќе биде многу подобро, изјави репрезентативец Филип Деспотовски пред натпреварот со Холандија што започнува во 19 часот.
Натпреварот против Холандија нашите момци го играат со почеток од 19 часот, а преносот е на МРТВ.
Оваа сабота неофицијално СДСМ ќе го претставува кандидатот за Градоначалник Прилеп.
Mалку звучи излитено, бидејќи се претставува некој што не го познавате, но раководството заборавило дека Сугарески е 21 година функционер, без ниту еден реализиран проект за Прилеп.
Затоа граѓаните очекуваат од бината да одговори на овие прашања, а настапот да го полни до извик дека: Мојата татковина почитуван Заев е Република Македонија и никоја друга! Друго понатаму нема што да чуете, бидејќи се е веќе видено…
Две прашања што Сугарески не може да ги одговори: Првото прашање е: Дали има реализирано барем еден проект за Прилеп во овие 20 функционерски години стаж? Второто прашање е: Дали има храброст да напише на својот профил "МОЈАТА ТАТКОВИНА Е РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И НИКАКО ПОИНАКУ!" pic.twitter.com/oKc76LgExS
Во Фејсбук групата СПОРТ на МТВ, фудбалските вљубеници можат да гласаат и да одлучат кој натпревар од Лигата на шампиони ќе се емитува во живо на државниот сервис.
Спортскиот коментарот Драган Николовски креираше анкета каде фановите избираат помеѓу натпреварот Ливерпул-Милан и Реал Мадрид – Интер.
И двата натпревари се атрактивни. Ливерпул против Милан буди спомени од две неверојатни финалиња, а дуелот помеѓу Реал и Интер е реприза од минатогодишната групна фаза.
Засега побројни се тие кои сакаат да го гледаат натпреварот Ливерпул-Милан, а анкетата ќе биде активна до 13 часот утре.
Кликнете ТУКА, зачленете се во групата и гласајте.
Три четвртини од новата албанска влада ќе ја сочинуваат жени, соопшти мандатарот и актуелен премиер, Еди Рама, на денешната седница на Националното собрание на партијата…
ФОТО/Еuronews.al
Нема некои поголеми изненадувања околу имињата на членовите на новата влада, но она што посебно паѓа во очи е застапеноста на министерките. Од 16 министерски места, во дури 12 ќе седнат жени.
Ова е трета по ред Влада раководена од Рама, откако неговата партија победи на изборете на 25 април годинава.
Според најавите, за неа ќе се гласа на 10 септември, кога е закажана конститутивната седница на новиот законодавен дом.