дома блог страница 1607

Ja намаливме невpaботенocта на младите на 29 отcто, велат од СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ не го слушаше гласот на младите, мислеше само на наместени тендери, провизии, на полнење на своите џебови со народите пари, додека младите чаре бараа во странство и масовно се иселуваа во потрага по подобар живот – велат во соопштение од Центарот за комуникации со јавноста на СДСМ

СДСМ континуирано креира и реализира мерки и можности за младите во нашата држава, го поттикнува вработувањето со Оперативниот план и Гаранцијата за млади, неповратни средства за млади земјоделци, поддршка за младите лекари, го унапредува образованието и ученичкиот и студентскиот стандард.

Со мерките спроведени од институциите предводени од СДСМ стапката на невработеност на младите падна на 29 отсто, од 42 проценти, колку што беше во времето на ВМРО-ДПМНЕ.

Младите знаат дека СДСМ се бори за надминување на сите предизвици, со коишто се соочуваат, ги враќа парите кај граѓаните и обезбедува повисок животен стандард, а ВМРО-ДПМНЕ се бори за нова шанса за лично богатење.

Затоа СДСМ со најдобрата понуда е победник на претстојните избори, а на ВМРО-ДПМНЕ му претстои нов седми пораз од граѓаните.

Се’ е подготвено за презентацијата на Сугарески во Прилеп (Видео)

СДСМ вечерва во центарот на Прилеп ќе го промовира кандидатот за градоначалник Горан Сугарески

Поранешниот советник во Советот на општината, пратеник, коодринатор на пратеничка група, министер, директор на царина, сега ќе ја трча градоначалничката трка за Прилеп.

Во центарот на градот се’ е спремно за неговата презентација. Наместана е бина и столчиња, па граѓаните очекуваат со какви ветувања пред нив ќе излезе Сугарески.

Глоби за оние кои нема да се попишат, вели министерот Маричиќ

Министерот за правда Бојан Маричиќ смета дека сите граѓани треба да бидат попишани бидејќи државата веќе ги има најголем дел од податоците преку различните регистри на институциите.

Граѓаните кои ќе одбијат да бидат попишани, ќе бидат соодветно казнети.

-Тоа што ни треба е верификација на тие податоци за да добиеме една целосна, вистинита и реална слика. Нормално постојат и прекршочни мерки, односно глоби за оние кои би одбиле попишувачи, меѓутоа ние не сакаме како институција и како Влада воопшто да посегнуваме по тие методи. Сакаме да ги мотивираме и затоа и ја правиме оваа кампања, и јавно ги повикуваме граѓаните да се попишат бидејќи нема никаков интерес да не се попишат. Не се прави никаква политичка изјава со тоа што нема да се потпишат. Пописот е важен за сите, посочи Маричиќ во емисијата „10 Минути“ на ТВ21.

Германски доктор со ново предвидување: “Пандемиjaта ќе заврши на пролет”

Пандемијата со кopoнавиpycoт ќе заврши следната пролет, тврди претседателот на Здружението на лекари во Германија, Андреас Гасен.

Оние кои не се вakцинирани, голема е веројатноста во наредните месеци да бидат зapaзени со Koвид-19.

Тој вели дека неговата прогноза се потпира на фактот дека стапката на вakцинација ќе се зголеми, како и дека бројот на излекувани лица со антитела ќе биде многу поголем.

– Пролетта во 2022 година ќе биде означен крај на пандемиjaта со кopoнавиpycoт, а тогаш животот повторно ќе се нормализира. Оние кои не се вakцинирани, голема е веројатноста во наредните месеци да бидат зapaзeни со Koвид-19 – рече Гасен.

Со неговите предвидувања се согласуваат и други познати научници од Германија.

(Видeo) Покажaвмe дeкa kpиминалот e неиcплатлив, велат од CДCМ

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и институциите кои ги предводи се силно посветени на бескомпромисната борба против кpиминалот и кopyпцијата – истакна на прес-конференција Славјанка Петровска, пратеничката на СДСМ.

-Ова е борба која бара постојано стратешко зајакнување и унапредување на капацитетите на националните институции во следењето на текот на финансиите, откривањето на евентуално прикривање и трансфер на нелегално стекнатиот имот во светските даночни оази или на трети лица.

Досегашната примена на постојните законски прописи покажа одредени слабости, како и оневозможување на институциите целосно да ја спроведат конфискацијата на имотот.

Токму затоа, во насока на отстранување на овие недоследности во фаза на подготовка е Законот за потекло за имот, кој предвидува проверка на сомнително стекнат имот и отвора можност за негова конфискација.

Законот се изготвува од домашни и странски експерти, и влегува во фаза на јавни дебати со сите засегнати страни, како и политичките чинители во општеството.

Законот ќе важи за сите граѓани без разлика дали остварувале јавни должности и функции, ќе важи и за сите претходни, но и актуелни политичари, а истотака истрага ќе се врши и доколку имотот е префрлен на трети лица.

Со ова законско решение, за прв пат се воведува контрола на капиталот, со што се отвора патот за конфискација на нелегално стекнатиот имот и се спречува незаконско богатење врз грбот на граѓаните”, изјави Петровска според која ова е сериозен чекор што се прави за првпат по 30 години со кој се отстрануваат воочените системски слабости и се создаваат услови конфискацијата на имот и противправно стекната имотна корист да бидат императив за правдата да се истера до крај.

Од СДСМ тврдат дека покажале дека нема исклучоци, нема заштита за никого, нема недопирливи, а криминалот е неисплатлив.

Со заложбите и посветената работа на СДСМ, времето на неказнивост, избегнување на правдата, изигрување на законите, сега е минато.

Центapoт за безбеднocни иcтpaжyвања одбележа 4 години пocтoeње

Вчера во Скопје свечено беше одбележана четвртата годишнина од формирањето на Центарот за безбедносни истражувања (ЦБИ). Во присуство на членовите на ЦБИ, голем број на гости, партнерски организации, лица од бизнис секторот и од јавниот живот, раководството на ЦБИ ги презентираше резултатите од досегашната работа, како и плановите за идниот раст и развој на организацијата.

Настанот со свое обраќање го отвори заменик директорот на ЦБИ, Јане Јанчески, кој даде една ретроспектива на самите почетоци на функционирање на организацијата, предизвиците со кои се соочи организацијата, начинот на функционирање и организационата поставеност на ЦБИ.

Вториот говорник, Мартин Стојановски, Советник за надворешни односи и соработка во ЦБИ, се осврна на остварената меѓународна соработка во последните години, партнерствата со институции од земјата и од странство, и на одржаните семинари, работилници и конференции во организација на ЦБИ.

Настанот со свое обраќање го затвори Директорот на ЦБИ, доц, д-р Александар Нацев, кој направи краток рекапитулар на функционирањето на ЦБИ во изминатите 4 години, и ги претстави идните планови на организацијата и насоката во која ќе се движи Центарот.

Во времето кога мед и млеко течеше од уста (Видео)

Колку само убаво беше да се слушне сето ова…

Во продолжение една од слаткоречивите епизоди на премиерот на “нашата земја”:

Потомците на Методија Шаторов – Шарло се поклонија пред неговиот споменик во Прилеп

Денеска се навршуваат 77 години од загинyвањето на Методија Шаторов – Шарло македонски национален деец и создавач на првиот македонски партизански одред.

По тој повод членови на неговото семејство положија свежо цвеќе пред споменикот на Шарло во центарот на Прилеп.

кој бил Методија Шаторов-Шарло?

Син на ситен дуќанџија, роден на 10 јануари 1897 година во Прилеп, завршил гимназија и учителска школа. Во септември 1918 година емигрирал во Бугарија и станал член на Бугарската социјалдемократска партија, а во исто време се вклучил во политичките активности на македонската емиграција во Софија, непрекинато учествувајќи во националнореволуционерното движење на македонската левица. Во 1920 година станал член на Бугарската комунистичка партија и поради неговите активности повеќепати бил апсен и испрашуван од бугарската полиција.

Од 1925 година бил вклучен во Внатрешната македонска револуционерна организација (Обединета), а во август 1926 година бил избран за член на Комисијата за нелегални работи и член на Обласниот комитет на ВМРО (Обединета) за Пиринска Македонија. Во 1928 година, по своето враќање од Германија, ја раководел ВМРО (Обединета) во Пиринска Македонија, а во 1934 година, по враќањето од Советскиот Сојуз, повторно се вклучил во работата на ВМРО (Обединета).

Како еден од поистакнатите и најангажирани раководители на ВМРО (Обединета) во Бугарија, Методија Шаторов бил задолжен да работи по „македонска линија“ во Задграничното биро на ЦК на БКП. Така, Шаторов најрано од сите македонски револуционери и комунистички дејци ја истакнал идејата за создавање посебна македонска национална организација или партија.

Според досието на Методија Шаторов, заведено во Државната безбедност на Дирекцијата на полицијата на Бугарија од 1924 година, тој бил окарактеризиран како „активен комунистички функционер“, кој „работел во националноослободителното движење среде македонската емиграција во Бугарија“. Повторно бил апсен и осудуван, и откако бил ослободен од затвор, во 1930 година ја напуштил Бугарија и престојувал во Прага, Виена, а подоцна и во Германија.

Од 1930 година Методија Шаторов работел во телата на Коминтерната во Москва по прашањето на националнореволуционерното движење на балканските народи, каде што бил задолжен да работи по ,,македонска линија“. Учествувајќи во дискусиите во телата на Коминтерната за идниот статус на Македонската организација, се залагал за создавање „посебна македонска национална организација или партија“ што ќе дејствува по „македонските работи“.

Во ноември 1939 година Шаторов се вратил во Македонија, во Прилеп. Во април 1940 година бил избран за секретар на Покраинскиот комитет на КПЈ за Македонија. Тој веднаш го сменил името на Партијата, од Покраински комитет на КПЈ за Македонија во Покраински комитет на КП во Македонија.

Во резолуциите и повиците на ПК на КП во Македонија Методија Шаторов ја пропагира македонската национална платформа, чија цел е создавање македонска држава, а во меѓупартиската преписка првпат почнува да се употребува македонскиот јазик.

На Петтата земска конференција на КПЈ одржана во Загреб во 1940 година Методија Шаторов, како единствен член на ЦК на КПЈ од Македонија, им се спротивставил на другите делегати во врска со националното прашање и прашањето за враќањето на српските колонисти во Србија.

Во мај 1941 година, во познатото писмо до „Стојана“, Шаторов ги изнел своите актуелни полички ставови, ја осудил окупацијата на Македонија од германските, италијанските и од бугарските фашистички војски и ги повикал македонскиот народ и народностите во Македонија во заедничка борба за слобода: „Да се обединат сите Македонци и други народности во Македонија за општо свое право за слобода и рамноправност, но не цепење на македонската земја и македонскиот народ“. Во истата година, во писмото до ЦК на БКП, тој побарал „издигнување на актуелното прашање, како задача за непосредно решение: Македонија да биде откината од Бугарија и да биде оформена како независна македонска држава“.

Под негово раководство ПК на КП во Македонија презеде низа активности за организационо средување, зацврстување и проширување на партиската организација и за нејзино идејнополитичко издигнување. Во многубројните прогласи, апели и повици упатени до македонскиот народ и до народностите во Македонија е изложена целокупната програмска и практична акција на Покраинскиот комитет во тогашните услови: пред сè борба за одбрана и афирмација на македонскиот национален идентитет, борба против врзувањето на Кралството Југославија за кој и да е империјалистички блок и против негово вовлекување во војна, сојуз со СССР, борба за демократски национални и социјални права на работниците и на национално угнетените маси во Кралството Југославија, а во тој контекст и во Вардарска Македонија. Од содржината на овие прогласи, апели и повици се гледаат ставовите на Методија Шаторов за македонското национално прашање, борбата за создавање посебна македонска држава, односот кон окупаторите на Македонија, особено кон бугарскиот окупатор, потребата од оружен отпор на македонскиот народ и др.

Во својство секретар на ПК на КП во Македонија, Методија Шаторов покажал голема активност во организирањето на македонскиот народ во борбата за национално ослободување од тројното ропство и за организирање самостојна суверена држава. Основен предуслов во тоа гледал во организирањето на самостојна Комунистичка партија на Македонија, која ќе ги обедини комунистите и другите македонски прогресивни сили во борбата за национално ослободување на целиот македонски простор, со цел да ги отстранат штетните остатоци од распарченоста на македонската земја, кои предизвикаа тешки последици врз македонското национално револуционерно движење.

На Покраинската конференција на КП во Македонија од 8 септември 1940 година беа разгледани клучните прашања од општествениот, меѓународниот и внатрешнополитичкиот живот, пред сè од интерес за „развој на борбата на македонскиот народ за подобар живот, демократизација и национално ослободување“. На Конференцијата беше донесена резолуцијата позната како „Македонска платформа“, во која, меѓу другото, е истакнато дека „големо значење за комунистичките организации се разбирањето и спроведувањето на револуционерната политика и политиката на националното прашање, затоа што тоа се јавува како прашање над прашањата“.

Понатаму се вели: „Само слободна и независна Македонија може да им гарантира слобода на сите потиснати и поробени во Македонија“. Со тоа комунистичкото движење во Вардарска Македонија, предводено од Покраинскиот комитет, првпат настапува со изградени основни програмски цели за решавање на македонското национално прашање преку борба на македонскиот народ за докажување на неговиот национален идентитет, за рамноправност со другите народи на Балканот, за своја слободна и суверена држава.

Таквите ставови на Шарло не соодветствуваа на тогашната политичка состојба, на плановите на големите сили и тој беше обвинет: „1) по неовластеното приклучување на нашата партиска организација кон БРП(к); 2) по директивата за предавање на оружјето на окупаторот; 3) по ставот спрема колонистите; 4) по прашањето за распуштањето на ПК; 5) по прашањето за Првомајскиот проглас на ЦК на КПЈ од 1941 година…“

Врз основа на овие и некои други обвинувања, во средината на септември 1941 година Покраинскиот комитет бил суспендиран, а Методија Шаторов бил сменет од должноста политички секретар и исклучен од Партијата. Причината за сменувањето на Методија Шаторов од должноста политички секретар на Покраинскиот комитет лежела во неговата македонска платформа, која се потпира врз правото на самоопределување до отцепување на секој народ посебно, односно врз правото за сопствена суверена држава на Балканот.

Според зборникот „Методија Шаторов-Шарло – Документи и материјали“, издание на Друштвото за издавачка дејност „Македоника литера“ и Државниот архив на Република Македонија

Aнкета: Од сите кандидати на СДСМ, Сугарески досега со најубедлив пораз?

Изминатите 3 дена преку нашата Фејсбук фан страна, ги прашавме граѓаните на кој од кандидатите за градоначалник на општина Прилеп, ќе им ја дадат поддршката на локалните избори закажани за 17. октомври.

Д-р Борче Јовчески од ВМРО-ДПМНЕ или Горан Сугарески од СДСМ?

Резултатот од анкетата е повеќе од катастрофален за кандидатот на владеачката партија, кој доби само 30 гласа, наспроти 1.900 за Д-р Јовчески.

Граѓаните речиси едногласно и во коментари му даваат поддршка на Јовчески, а за Сугарески велат дека е вечен функционер на СДСМ кој ништо во 20 години политичка кариера не направил за Прилеп.

Вечерва во центарот на Прилеп ќе биде промоцијата на Сугарески за кандидат за градоначалник, па нека овој резултат биде мало отрезнување пред конечката политичка битка за градот под Марковите Кули.

Чудна средба денес помеѓу бившиот Градоначалник и кандидатот од ЛДП?

Денес неофицијално Јованоски остварил средба со кандидатот за градоначалник на ЛДП, човек кој што му беше од доверба додека го раководеше ЈП за ПУП.

Нивната соработка била нарушена под притисок на една од струите во СДСМ Прилеп, како борба за превласт во рамките на таа фирма. Со својот потег за овие локални избори ЛДП покажа дека ќе биде сериозен играч во борбата за гласови, земајќи го во предвид фактот дека до сега секогаш со нивна помош победувал СДСМ во Прилеп.

Дали овој пат Јованоски сака да му се оддолжи на Славе Петрески за тој факт ќе знаеме набрзо.