дома блог страница 1604

Haшата помош мy е потpeбна на малиот Tpajче, детето мopa да оди на опepaциja

Да ја покажеме хуманата страна и да донираме за малиот Трајче.

Трајче има 7 години, функционира со еден бубрег и му е дијагностицирана следнава дијагноза Q62.2 – Конгенитален Мегалоуретер, N13.3 – Друга и неозначена Хидронефроза.

Потребен е оперативен зафат или операција PSOS Hitch за која се потребни средства во износ 8.397 евра или 512.200 денари.

Нашите 100 денари многу ќе му значат на Трајче бидејќи истите може да значат нормален живот и безгрижно детство.

Телефонски броеви за донации:

143-479 – А1

143-183 – Т-мобиле

Пелагониските бизнисмени ќе почекаат за автопат Велес-Прилеп- Битола, иако им беше ветен за 1 и пол година (Видео)

Пелагониските бизнисмени, кои подолго од деценија и пол, ургентно и приоритетно бараат автопатско решение на патниот правец Велес – Прилеп- Битола преку Бабуна, а за што од државата добија и бројни ветувања, и понатаму ќе треба да чекаат идни подобри времиња – oбјави “АЛФА ТВ”

Според министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, во моментов, пелагониските бизнисмени биле согласни, а и задоволни со доизградбата на Експресниот пат Градско – Прилеп, која пак најрано треба да заврши за две години. Тој, одговарајќи на прашањето на Алфа, што се случува со ова автопатско решение, не давајаќи конкретен одговор, рече дека сега сите активности биле насочени на интензивирањето на градежните работи на експресниот пат.

„Јас разговарав со сите нив, имавме повеќе средби и нив ги интересира час поскоро да имаат подобра патна врска…Јас сум убеден дека ова е од сериозно значење и ќе бидат задоволни со овој потег што го правиме и дека после изградбата на овој Експресен пат ќе ја увидат можноста да работат непречено и да го видат благодетот од патната инфраструктура во регионот…Сега, во овој момент размислуваме на динамичките планови на овој Експресен пат да го завршиме, секако размислуваме и на автопатот Прилеп – Битола и на изградбата на Екпсресниот пат Битола – Меџитлија, така што во целиот овој регион се работи и секако ќе ги следиме состојбите колкав е бројот на превезени патници, на стока, на возила по овие рути, за потоа да можеме да димензионираме, доколку е потребно проширување, на нови рути отворање понатаму, како што налагаат потребите на државата“ – рече министерот Бочварски.

Наспроти ова пак, пелагониските бизнисмени велат дека досега немале конкретна средба со актуелниот министер и дека ним и понатаму како приоритет број еден им останува автопатот преку Бабуна. Но, признаваат дека и Експресниот пат бил нешто повеќе од досегашното ништо.

„Точно е дека доизградбата на Експресниот пат е од огромно значење за нас и ако биде за две години тоа е сосема во ред. Но, ние и понатаму остануваме на нашето исклучително барање за автопатско решение. Конкретна средба со министерот сме немале, но тоа планираме да го направиме кон крајот на месецов“, – вели за “АЛФА ТВ” Мирко Велковски, претседател на Регионалната стопанска комора од Битола.

На ист став се и бизнисмените од прилепската Стопанска комора. Оттаму велат дека автопатот преку Бабуна им е насушно потребен, бидејќи преку него, покрај другите придобивки, добиваат и значително кратење на километрите.

Инаку, автопатското решение преку Бабуна беше едно од ветувањата на премиерот Заев, како и на екс-министерот за транспорт, Горан Сугарески, кој сега пак е кандидат за градоначалник на Прилеп.

Каролина Дурло

А еве што вети вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи при посетата на Прилеп во февруари годинава:

Полициjaта во Пpилеп yaпcи жител на Албаниja, ce coмничи дека пpeдизвикал пожap на Плетвap

На 06.09.2021 во 06.00 часот во Прилеп, полициcки cлyжбеници од Полициcка cтаница Прилеп го лишиле од cлобода А.М.(54) од Република Албанија.

Toj се сомничи дека пpeдизвикал пожap во обjeкт на пpeвojoт „Плетвар“ на патниот правец Прилеп – Градско.

Лицето е задржано за понатамошна пocтапка – информираат од МВР.

Пyтин не смее ниту мyва да го прелета (Видео)

Ополномоштениот претставник фати мува во лет што леташе околу рускиот претседател.

Снимката направена при посетата на рускиот претседател на Далечниот Исток е објавена на интернет.

Ополномоштениот претставник на рускиот претседател во Далекуисточниот федерален округ Јуриј Трутнев уби мува што леташе околу главата на Владимир Путин. Снимката е направена за време на работната посета на претседателот на Далечниот Исток – објави Russia Beyond

„Ниедна мува нема да помине покрај Путин кога е Трутнев тука“, пишува во описот на видеото објавено на „Твитер“.

На Македониja и се слyчyва катacтpoфа: Во изминатото деноноќие починати пациенти на возpacт од 35, 45, 49, 53… години

Министерство за здравство информира:

Во последните 24 часа се направени 2.558 тестирањe, а регистрирани се 199 нови случаи на КОВИД-19:

Скопје – 157, Куманово и Кавадарци – по 6, Прилеп, Гостивар, Кичево и Дебар – по 4, Велес- 3, Битола, Штип, Струга, Свети Николе и Крива Паланка – по 2, Богданци – 1

Пријавени се 32 починато лице: 13 починати лица од Скопје (80г, 76г, 75г, 72г, 72г, 69г, 69г, 64г, 61г, 57г, 55г, 45г, 35г), 6 починати лица од Тетово (81г, 78г, 77г, 69г, 62г, 53г), 3 починати лица од Гостивар (83г, 74г, 68г), 2 починати лица од Велес (72г, 64г) и по едно починато лице од Прилеп (80г), Кавадарци (72г), Охрид (77г), Струмица (77г), Струга (79г), Свети Николе (57г), Радовиш (49г) и Делчево (71г). 30 од пријавените починати лица се починати во болнички услови, двајца се починати во домашни услови.

Регистрирани сe 556 оздравени пациенти од:

Скопје – 164, Тетово – 115, Струмица – 50, Куманово – 40, Гостивар – 35, Штип – 26, Кавадарци – 20, Кичево – 15, Битола – 14, Велес – 11, Дебар – 10, Ресен и Пробиштип – по 9, Валандово – 8, Прилеп – 7, Кочани -6, Кратово – 5, Неготино и Радовиш – по 4, Свети Николе – 2, Виница и Богданци – по 1

Досега во земјата се направени вкупно 1.190.914 тестирање на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 180.243, бројката на оздравени пациенти е 159.365, на починати е 6.097, а бројот на активни случаи изнесува 14.781

Петрески: “Со моите прилепчани ќе извојувам победа”

“Со моите прилепчани ќе извојувам победа. Нема да работам само 40 денови пред избори, туку секојдневно 4 години”. Вака го започна своето интервју Славе Петрески, кандидат за Градоначалник на Прилеп од коалицијата ЛДП и ДОМ.

-По природа сум човек што обединува, со либерални сфаќања и секогаш сум се трудел да ги разберам потребите и слободата во размислувањето на другите. Таа моја мисла водилка ја пронајдов како политичка парадигма во мојата партија ЛДП, од која секогаш сум ја добивал можноста да ги потенцирам моите ставови и размислувања, вели Петрески.

За себе вели дека е човек кој секогаш самиот со макотрпна работа успевал во животот.

-Моите сограѓани знаат дека во животот секогаш сум успевал сам со макотрпна работа и во многуте години стаж, само шест месеци сум бил на “терет” на државата како директор на ЈП за ПУП, сето друго време сум бил приватен стопанственик. Сум успеал на тоа поле, бидејќи никогаш не сум ги делел луѓето по ниту една основа…ни партиски, ни по вера или нација. За мене се сите луѓе исти и вреди да му се даде шанса на секого. Оваа моја карактерна особина ќе биде водилка и во кампањата, бидејќи е испробан рецепт за успех. Нема делби меѓу луѓето, сите сме различни, но и исти на некој начин, вели кандидатот за градоначалник на општина Прилеп од коалицијата ЛДП и ДОМ.

На прашањето кои се приоритетите доколу ја добиете довербата на прилепчани, Петрески беше конкретен и дециден:

– Имам одличен тим. Можеме да ветиме дека сите започнати проекти ќе ги завршиме и реализираме. Не сакаме да бидеме кочничари како некои. Ќе имаме и нови интересни проекти во интерес на прилепчани, а програмата ќе произлезе од активностите на терен и средбите со граѓаните. Тие се барометар за нивните потреби, а моја задача е потребите да ги преточам во проект, што ќе се реализира со определена динамика. Како што рекле стари: “Повеќе глави, поумно мислат”. И на крајот би сакал да апелирам за фер и коректна кампања, бидејќи тоа им го должиме на нашите сограѓани.

За крај на летната сезона, водени лудории во центарот на Прилеп (Видео)

Не им тргна на локалците со фонтаните и не им тргна…

Цели четири години крај не можат да им најдат, а требаше само да ги одржуваат, бидејќи сите се направени пред да дојдат на власт…

Концepт на Taмapa Тодевcка овoj четвpток во комплексот “Голд Фелициа” во Битола

На 09 септември на летната сцена во комплексот Голд Фелициа во Битола, концерт ќе одржи популарната македонска пејачка Тамара Тодевска. Како што најави уметничкиот директор на Голд Фелициа, Димитар Андоновски, во наредниот период фокус ќе се стави на македонските уметници.

Тамара Тодевска е родена на во музичко семејство. Сестра е на пејачката Тијана Дапчевиќ. Во 1991 за првпат на само шест години настапува на престижниот фестивал „Mакфест“, заедно со тогаш познатите пеачки и сестри Маријана и Росана.

Во 2008 година заедно со Адријан Гаџа и Врчак победуваат на националниот избор за песна на Евровизија и со „Во име на љубовта” ја претставуваат Македонија во Белград-Србија.

На 8 март 2019, таа ја претстави својата песна “Proud” (мак. горд) со која настави на Изборот за песна на Евровизија кој се одржа во Тел Авив, Израел и го освои 7мото место од вкупниот број на гласови, а 1вото место според бодовите од жири комисиите на земјите учеснички.

На концертот ќе бидат спроведени предвидените протоколи донесени од Владата за влез во угостителски објекти, а влезот е закажан за во 21 часот.

Попоски pacпали по Димитров за афepaта со yaпceните македонски дипломати

Фејсбук статус на поранешниот министер за надворешни работи, Никола Поповски

Типично за Димитров! Само тој е неупатен, не знаел, доцна му кажале, не сакал да си се меша во сопствените ингеренции и сите други му се криви до петто колено. Вака си има човекот истерано цела кариера.

А фактите се едноставни: целата ерменска афера е во негов мандат, ако сметал дека некој од вклучените не треба да биде каде е, можел веднаш да го реши проблемот, ако сакал да премести некој исто можел веднаш.

Инаку Димитров менувал, враќал, поништувал конкурси, незаконски уназадувал, шиканирал куп луѓе во МНР, за што државата ја задолжил да исплаќа преку загубени судски спорови.

Но на клучниот од аферата не му фали влакно од глава во текот на цело министерување на Димитров. Дури изгледа имал и време за слободни активности.

Зошто Димитров не реагирал, ако како што пишува сега самиот бил запознат?

Сега според него е виновна директорката на градинката во која Миленковски престојувал како мал, само тој не е одговорен за ништо? Па ни за МНР? Додека е на чело?

Димитров бил министер кога цел филм се одвивал, од почеток до крај. Се уште е член на Влада! Вели дека бил запознат. Но решил да си тера гледајќи во таван, а за се во негов мандат да му се криви сите наоколу, освен самиот тој.

Криви му се сите од поранешната партија која го праќаше по светот, сегашните другари со кои е во Влада му се исто криви, но и идните коалициски преку кои би сакал да се престрои.

Ако има чувство треба да ја стави шапката на глава и да го изоди ходникот кон излезната врата. Барем некој ќе рече дека еве еднаш имал чувство за одговорност на функционер.

Не бил интepнетот, туку паднала апликациjaта за попишyвање – Од Државниот завод за статиcтика се извинyвaaт

Од Државниот завод за статистика велат дека нивната апликација паднала, а не интернетот како што претходно изјави директорот Симовски.

-Денес, 6 септември, во претпладневните часови се појавија спорадични и локациски изолирани проблеми при процесот на попишување на населението на терен.

Во кратки периоди и на одредени локации апликацијата за попишување не функционираше и одреден број на попишувачи не можеа да попишуваат.

Техничките тимови интензивно работеа на отстранување на проблемот и за кратко процесот продолжи непречено. Би сакале да потенцираме дека проблемот што се појави не се должи на интернет конекцијата со која се овозможува попишување, туку ова се можни и нормални проблеми кои се резултат на поголем број паралелни сесии.

Колку за илустрација, во тие 2-3 часа додека траеја техничките проблеми, беа попишани речиси 10 илјади лица на целата територија на државата, велат од ДЗС.

Од таму додаваат дека Државниот завод за статистика се извинува за лошо изнесената изјава дека проблемите се должат на паѓање на интернетот и јавно се извинува на Македонски Телеком АД за несреќно дадената изјава што се должи на недостиг на точни информации.