дома блог страница 1600

ВМРО-ДПМНЕ го објави кандидатот за градоначалник на Битола

Д-р Тони Коњановски е кандидат за градоначалник на Битола од ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата, објавија од ВМРО ДПМНЕ.

Коњановски е долгогодишен доктор, битолчанец од стара позната градска фамилија, а професионално ја продолжува традицијата на својот татко. Д-р Тони Коњановски, својот работен век го поминува во ЈЗУ “Центар за јавно здравје”, а последниве четири години ја извршуваше и функцијата советник во Советот на општина Битола.

„Коњановски е најсериозно најдобрата понуда за Битола, заради тоа што најпрвин ја познава Битола, ги познава сите проблеми на битолчани, а четиригодишниот мандат во Советот му помага точно и прецизно да ги лоцира инфраструктурните, сообраќајните и предизвиците за локален економски развој на Битола, преку нови инвестиции, нови работни места и вложување во туризмот.

Д-р Тони Коњановски, во време на КОВИД кризата, ја потврди својат висока професионалност, човечност и хуманост.

Професионалност, стручност, чесност и совесност ги одликуваат и носителот на советничката листа на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата, Пеце Милевски – актуелниот претседател на ОК НА ВМРО ДПМНЕ Битола и целиот тим, кој што заедно ќе учествува и ќе извојува голема победа на овие локални избори.

ВМРО ДПМНЕ со Коалицијата, со програмската и персоналната понуда, со својот непосреден пристап со граѓаните е единствената алтернатива на оваа власт што четири години ја уназади и упропасти Битола.

Затоа таков е и изборот, д-р Тони Коњановски е толерантен, чесен, еснаф – човек, разумен, со мирна реторика, тој е вистинскиот профил, и вистинската шанса Битола да добие градоначалник на сите битолчани“, пишува во образложението за својот кандидат ВМРО ДПМНЕ.

(Видео) Венко Филипче не поднесе оставка: “Кога ќе заврши истрагата, ќе донесам одлука”

Министерот за здравство Венко Филипче се извини што толку доцна излегол на прес-конференција за вчерашната тpaгедија во модуларната koвид болница во Тетово бидејќи било потребно време да ги собире сите потребни информации за да и ги соопшти на јавноста.

Од одговорност никој нема да биде иземмен истакна тој, но не соопшти дека ќе поднесе оставка.

-Од одговорност ниту бегам ниту ќе бегам туку ќе чекам да заврши истрагата, поради тоа што и во овој период има потребна за менаџирање на кризата, посебно околу пациентите во Тетово, вели Филипче.

Кога ќе заврши истрагата додаде тој ќе донесе одлука дали ќе поднесе оставка. Тој го потврди сооштението од Владата дека странски истражители ќе ја утврдуваат причините за несреќата.

Тврди дека модуларната болница била соогласно сите светски стандарди, бидејќи е финансирана од Светска банка.

Ни дoaѓа еден од најтешките пpaзници: Во сабота е cтpoг пocт, а според вepyвањата овие работи не треба да се јадат

Во сабота се одбележува празник посветен на погубувањето на св. Јован Крстител што секоја година се празнува на 11 септември во народниот говор се среќава под различни имиња: Св. Јован Сечиглав, Св. Јован Отсечен, Св. Јован Опсечен итн. Поради значењето на овој светец црквата овој ден го прогласила за строг пост.

Денот на погубувањето на Св. Јован Крстител со строг пост црквата го празнува на 11 септември под името Отсекување или Отсечение на главата на Свети Јован Крстител. Иако Свети Јован е погубен пред Пасха празникот е поместен на овој ден зашто на овој ден е осветена црквата што над неговиот гроб во Севастија ја подигнале светите цареви, како што ги викал народот царот Константин и неговата мајка, царицата Елена.

Значењето на Свети Јован Крстител неговиот голем култ воопшто во христијанскиот свет оставил значајни траги и во традицијата на македонскиот народ. Па така како и другите празници посветени на овој светител и овој ден се празнува со многу внимание, со домашни, селски или поголеми свечености, со заеднички гозби (ортии) и сл. Народот на овој пост држи строг пост, не јаде не само мрсно, туку и риба и зејтин.

Останало забележано дека на овој ден луѓето не јаделе ни лубеница, домати, црвено грозје и други продукти со црвена боја што потсетувале на крвта на светителот.

Последниот старозаветен пророк Свети Јован е наречен Крстител затоа што го крстил Исус Христос во реката Јордан. Тој е наречен и Претеча што значи претходник, зашто со своето учење навистина му претходел на Исус, одел пред него, го повикувал народот на покајание и го најавувал доаѓањето на Спасителот. „Јас ве крштевам со вода, а тој што ќе дојде по мене ќе ве крсти со Дух Свети”, говорел Свети Јован додека го покрстувал народот. Многумина Јудејци доаѓале кај него за да бидат крстени, а многумина го почитувале како вистинскиот Спасител.

Јован сведочел дека Исус е синот Божји. „Он треба да расте, а јас да се смалувам! Кој доаѓа одозгора, тој е над сите, а кој доаѓа од земјата, земен е и како земен зборува. Кој доаѓа од небото над сите е”. (Јован, 3/30-31)

Почитувајќи го како најголем пророк, Црквата му посветила неколку празници во годината. Во христијанскиот календар се празнува денот на неговото раѓање (Иванден, 7.VII/24.VI) денот на неговото погубување наречен Отсечение главата на Свети Јован, потоа за голем празник се смета и денот кога Св. Јован го крстил Исуса во реката Јордан, Собор на св. Јован Крстител (денот по Богојавление 20/7.I.) на 24 февруари (с.с.) се празнува Првото и Второто, а на 15 мај (с.с.) и Третото наоѓање главата на Св. Јован кога таа е пренесена во Цариград итн. Така во христијанската вера Св. Јован е една од ретките личности покрај Исус и Пресвета Богородица кому Светата црква му посветила повеќе празници. Празникот Отсечение главата на Св. Јован Крстител е еден од петнаесетте големи христијански празници, а за подостоинствено празнување и за сочувство со страдањата на Св. Јован од страна на Светата црква одреден е строг пост.

Прилепчани секогаш на трибините за Македонија (Фото)

Maкедонија вчера го одигра третиот последователен нерешен резултат. После ремито со Ерменија и Исланд, Македонија синоќа ремизираше и со Романија.

Блескавата игра на нашите момци за жал не беше крунисана со погодок. Како и секогаш на трибините не изостана поддршката од прилепчани, кои важат за едни од најголемите поддржувачи на националните селекции.

Платете оброк во овие прилепски ресторани и донирајте оброк за социјално загpoзени ceмejcтва (Фото)

Лајонс клубот од Прилеп започна донаторска акција во соработка со повеќе ресторани од Прилеп.

Станува збор за хумана иницијатива со која граѓаните при купувањето во рестораните ќе можат да донираат, да подарат оброк за социјално загрозените семејства во општината.

Досега се вклучени 5 фирми кои што работат со приготвување на храна, пицерии, ресторани или кетеринг служби.

Како што велат од Лајонс клубот доволно е луѓето да изразат желба да помогнат, да платат оброк, а потоа доставата на храната е на домашна адреса на семејството.

“ЛК Прилеп започна со вториот имиџ проект на Гувернерката Весна Пацаноска, “КУПИ И ПОДАРИ ОБРОК-НАХРАНИ СЕМЕЈСТВО”.

За почеток, почнавме соработка со 5 ресторани во Прилеп, каде секој граѓанин може да плати оброк, кој се доставува на домашна адреса, на семејства од социјална категорија.

Самите сопственици на некои од рестораните, понудија попуст за оброците. Ги повикуваме сите хумани луѓе да се вклучат во акцијата.

Нека ни е успешна оваа прекрасна акција и да нахраниме што повеќе луѓе”, напишаа од Лајонс клубот на Фејсбук.

Се јави компанијата на Анѓушев која ги градеше модуларните болници: Болницата во Тетово беше направена според најсовремени стандарди за безбедност

Велешката компанија „Брако“, која ги изгради модуларните болници во земјава, ги негира обвинувањата за технички проблеми при изградбата на тетовската модуларна болница. Од компанијата изразија длабоко сочувство до семејствата на загинатите луѓе, а на повредените им посакуваат брзо оздравување.

Изразуваме најдлабоко сочувство и жалење за вчерашната трагедија во Тетово. Нашите мисли и молитви се со семејствата на настраданите жртви во вчерашниот пожар. На повредените им посакуваме брзо оздравување.

Во врска со вчерашната трагична несреќа во модуларната КОВИД болница во Тетово, а поради зголемениот интерес на јавноста, но и како одговор на и одредени шпекулации кои се појавија во дел од јавноста, би сакале да информираме за следното.

Нашата компанија, која работи по највисоките стандарди за квалитет, е испорачувач на модуларни префабрикувани контејнери на споменатата модуларна болница, а во интерес на објективно информирање на јавноста, сакаме да потенцираме дека оној дел од работите кои беа наша одговорност при изградбата се реализирани согласно сите најсовремени стандарди за безбедност и квалитет.

Пред техничкиот прием, сите позиции на работа кои беа наша обврска се тестирани и проверени, за што впрочем е доказ уредниот технички прием на објектот, кој е потоа предаден во употреба, а согласно ригорозните стандарди на Светската Банка како финансиер на проектот, а преку Проектната единица при Министерството за труд и социјална политика.

Во оваа прилика сакаме да напоменеме дека забелешките кои се појавиле при техничкиот прием, а кои се споменуваат од дел од медиумите, беа во најголем дел од естетска природа, и никако не можат да се поврзат со несреќата, а уредно беа отстранети во зададениот рок а пред пуштање на болницата во употреба.

Повикуваме целокупната документација за техничкиот прием да биде објавена од страна на надлежните институции.
Нашата компанија ги повикува сите истражни органи, што побрзо да ги расчистат сите околности околу овој трагичен настан, и да излезат со детали од истрагата.

Компанијата стои на располагање за стручна помош, информации и соработка со сите надлежни институции, а со цел да се разјасни случајот во најкус можен рок.

На крајот, згрозени сме од манипулациите со овој случај и апелираме и повикуваме, оваа трагедија и губитокот на човечки животи, да не се користи како средство за дневно политички и лични препукувања.

Брако е компанија која работи повеќе од 20 години и е доминантно извозно ориентирана за светксите пазари и извезува во 42 држави, меѓу кои Шведска, Велика Британија, Холандија, Белгија, САД итн. каде исто така се бараат и почитуваат највисоки стандарди.

Најостро ги демантираме сите шпекулации чија единствена цел е оцрнување на нашата компанија, а не откривањето на вистинските причини за трагичниот настан.

За сите нови сознанија или информации навремено ќе ја информираме јавноста.

Со почит
БРАКО ДОО

Македонски доктop од Германиja за тpaгедиjaта во Teтово: “Не сме способни да водиме држава, откако се pacпадна Jyгocлавија, во Македонија се нема ништо добро cлyчено”

Доктор Горан Трајковски е македонски лекap од Скопје кој веќе неколку години живее и работи во Германија, а доста е активен на социјалната мрежа Инстаграм каде редовно дава медицински совети за своите следбеници особоено откако започна пандемијата на коронавирусот.

Трајковски на Инстраграм објави видео во кое со огромен гнев говори за трагедијата која ги затекна тетовчани, откако се запали модуларната ковид болница во Тетово, несреќа во која загинаа 14 лица.

Докторот говореше за иронијата во која пациентот со сета доверба го препушта својот живот на лекарот и здравствениот систем да го спаси, а наместо тоа се случува ваква трагедија во која болниците наместо да спсасуваат убиваат луѓе.

Трајковски проговоре и за иронијата имајќи во предвид дека трагедијата се случи на денот на независноста.

Според него Македонија не треба да слави независност имајќи во предвид дека ја свиткавме опашката пред сите соседи, сменивме и име и знаме.

Тој истакна дека очигледно не сме способни да водиме држава, посочувајќи дека од распадот на Југославија ништо добро се нема случено.

Изгope жива oбидyвajќи ce да ја cпacи cвojaта мajка (Фото)

Coчyвcтво до ceмejcтвата на загинатите и повици за одговopнocт денecка ги пpeплавиja coциjaлните мpeжи. Тетовчанката Луљета Адеми сподели фотографија од девojката која ocтана покрај кpeветот на cвojaта мajка до последен момент.

-Изгope жива cпacyвajќи ја мајка си! Да вpиштиш од болка од гнев! ОДГОВОРНOCТ МOPA ДА ИМА! Оваа девојка што ја гледате овде на сликата, ја чуваше мајка си во таа гpoзна болница, а бидејќи не можеше да ја cпacи, изгope заедно покpaj неа, сподели Адеми.

Новинар од Прилеп pacпали по 3aeв и Венко: “Да бевме држава каде функционираат институциите досега некој ќе одговараше”

Фејсбук статус на новинарот од Прилеп, Сунаи Сабриоски

-Да бевме држава каде функционираат институциите до сега некој ќе одговараше, ама сериозно ќе одговараше за катастрофата што се случи во модуларната болница во Тетово.

Пропусти имало ама нема кој сега да докажи. Не случајно вчера оној што милува да држи говори по сто саати избегна изјави а и Венкота па се служеа со твитер и фб профили.

Жално за семејствата кои изгубија свои блиски.

Уште пожално е тоа што ќе се дозволи случајот да помине туку-така. Некој сериозно треба да одговара и за тие проклети тендери! – напиша Сабриоски на својот Фејсбук профил.

Becна Бejби: Ни ce pacпаѓа цел cиcтем, caмо еднаш бидете доблecни, одговopнocт и ocтавки

Македонската актерка Весна Бејби Петрушевска преку социјалните мрежи повика на одговорност и оставки по вчерашниот пожар во модуларната болница во Тетово.

-Одговорност и оставки!!! Еднаш само еднаш бидете доблесни, нема разбирачка за ова, да одиш да се лечиш и жив да изгориш. Јас сум згрозена за оваа неодговорност! Лицемерни и жедни за власт ….до кога ? Ни се распаѓа цел систем, пишува Петрушевска на Фејсбук.

Според досегашните официјални информации во пожарот животот го загубија 14 лица.