Поранешниот американски претседател на претседателските избори загуби од Џо Бајден, но уверен е дека без проблем и сомнеж би го поразил својот ривал во боксериски ринг.
Tpaмп беше повик на конференција на медиумите организирана за саботниот меч меѓу поранешниот шампион во тешка категорија Евандер Холифилд и шампионот во полутешка категорија Витор Белфорт, каде го прашаа против кого би се борел во боксерски ринг и како би изгледала таа борба.
“Па ако морам да изберам некој, тоа не би било професионален боксер, би ги прескокнал нив, бидејќи би можело да биде многу опасно. Но, ако морам да изберам некој, тоа би бил Џо Бајден, тој би паднал многу брзо, многу брзо. Многу, многу брзо”, изјави Tpaмп.
“Знаете, тој еднаш рече дека би сакал да ме изнесе позади бар. Но, би бил во сериозен проблем доколку го направи тоа. Мислам дека борбата би завршила во неколку секунди”, додава тој.
Две негувателки од прилепските детски градинки се Ковид – позитивни, а вкупно 30 деца се ставени во 15-дневна изолација, 21 дете од возрасната група од 2 до 3 години и 9 на возраст од 3 до 6 години – oбјави “АЛФА ТВ”
Според директорот на ЈОУДГ „Наша иднина“, Орце Тодороски, во шестте градинки се почитуваат сите препорачани здравствени протоколи и во моментов нема место за паника.
„Кај нас се згрижени 630 деца во 50 групи. Меѓутоа, она што и понатаму останува како сериозен проблем е недостигот од места за уште 373 деца, пришто некои родители на долгата листа на чекање оставени се и по две години, иако и тука се обидуваме да направиме некои приоритети“ – се правда Тодороски.
„Ние намалуваме колку можеме. Предност имаат самохрани мајки и деца со еден родител. Тие гледаме прво да ги примиме, а се’ останато, оди по листа на чекање“, – ни изјави директорот на ЈОУДГ „Наша иднина“.
Веќе хроничниот недостиг од доволно места во градинките, кој се провлекува со години, се очекува да се реши со долгонајавуваната нова детска градинка, а чија изградба, по неколкуте претходни пролонгирање од 2018-та година наваму, конечно започна дури пред пет месеци.
Според тогашните оптимистички најави на надлежните, истата треба да биде готова и ставена во функција веќе следниот месец, иако тековните градежни работи се уште се далеку од завршната фаза.
„Градинката нова се гради, вторите столбови за втората плоча да биде турена. Јас се надевам дека ќе стигнеме, инаку пенали ќе сноси…јас мислам дека со она темпо ќе стасаат“, – посочува Тодороски.
Инаку, новата Детска градинка со капацитет за околу 250 предшколски деца е едно од предизборните ветувања на оваа локална власт, но врз идеен проект наследен од нивните претходници.
Нејзината вредност е 110 милиони денари. Градинката, според ветувањата дадени во 2018-та година, требаше да биде дел од Комплексот „Спортско-рекреативниот центар со покриен базен“, капитален проект, вреден 120 милиони денари.
Но, тој до ден денес не е ни започнат, иако градоначалникот Илија Јованоски, во март тврдеше декапостапката била во тек и дека за два-три месеци ќе биде направен повеќе од половината.
Почитувани гледачи, поради огромната завчерашна трагедија во Тетово, денес си дозволив пласирање на огромна количина на емоции и мои лични ставови насочени кон одговорни лица и политичари поврзани со овој немил настан, вели водителот Роберт Јанков по реакциите и поддршката што ја доби од јавноста за неговиот говор во утринската емисија.
„Тоа сигурно не беше својствено за целиот наш победнички тим на Канал 5 ТВ, нешто по што сме препознаени кај вас гледачите. Но ова денес докажа дека и јас сум човек од крв и месо, но и човек со душа за сите вас, па затоа малку претерав во изнесувањето на моите ставови и барања, нешто што можеби не требаше да се случи. Оваа трагедија треба да не научи сите нас во нашата Македонија дека за жал – животот е „евтин“, и затоа мораме и ние обичните граѓани но и политичарите да внимаваме вакви трагедии да не ни се случуваат повеќе. Се гледаме повторно на единствената моја и ваша, Канал 5 ТВ“, посочи Јанков.
Изјавата која ја даде Роберт е нешто кое го мислат најголем дел од граѓаните. Зошто почувствувал потреба да се извини – не знаеме.
-На никој политичар нема да му падне круната од глава ако даде оставка и ако замине. Значи секој е менлив, јас сум менлив, политичарите да не правам муабет. Ова како да живееме. Не можам да разберам ова стварно каква трагедија, ние ќе се објаснуваме навистина ли треба да го поставиме прашањето дали треба да има одговорност. 14 луѓе загинаа, изгореа живи. Да утврдиме па ќе видиме. Не ми се верува сериозно, ова е. На 30 години да се спакува човек да си замине и да не се сврти, кажа Роберт во емисијата.
Скроз е во право Роберт.
И на 50 години, човек да си спакува куферите од тука, да си замине и да не се сврти. pic.twitter.com/13S4s5LFre
На социјалната мрежа Тик Ток протече видео од првите моменти од несреќата во Тетово во која 14 лица го загубија својот живот.
Видеото е снимено од безбедносните камери на тетовската болница, а на него се гледа со каква стравична брзина се шири пожарот и за само 3 минути целата болница е опколена со прстен од оган.
Од видеото може да се забележи и каква паника се шири помеѓу болничкиот персонал кој со инвалидски колички ги извлекува пациенти.
–ВМРО-ДПМНЕ на последната седница на Извршниот и Централниот комитет донесе одлука за повеќе кандидати за градоначалници на општините. Се водевме од принципите за чесност, транспаретност, работливост и согласно со мислењето на членството и граѓаните, соопшти партијата.
Меѓу последните истакнати кандидати е и кандидатот на партијата за соседната прилепска општина Долнени.
ВМРО-ДПМНЕ за оваа општина го предлага Владо Глигороски, стопанственик и човек кој активно се занимава со земјоделство, човек од народот и човек кој е високо почитуван од сите етникуми во оваа мултиетничка општина.
За Општина Аеродром е предложен e Тимчо Муцунски, доцент на Правниот факултет „Јустинијан први”, актуелен пратеник во Собранието и меѓународен секретар на ВМРО-ДПМНЕ,
За Општина Карпош Оливер Зафировски, специјалист педијатар, пулмоалерголог,
За Општина Битола Тони Коњановски, специјалист епидемиолог и советник во Советот на општина Битола,
За Општина Струмица економистот Жан Дрвошанов,
За Општина Кичево доктор Александар Јовановски,
За Општина Крива Паланка поранешниот директор на Центарот за култура Александар Рангелов и
За Општина Старо Нагоричане филологот Велибор Денковски.
На денешен ден пред три години, со народни буџетски пари, власта го лажеше народот дека гласа „ЗА бесплатни здравствени услуги низ цела Европа“, потсети пратенико Антонио Милошоски, споделувајќи го добро познатиот билборд од референдумската кампања.
Денес, здравството е заглавено во неефикасност, многу грешки, жртви и истраги за морбидни трагедии, како онаа во болницата во Тетово. Големи штети има насекаде, а одговорноста ја нема никаде!, посочи Милошоски.
На 09.09.2021 во 20.40 часот во СВР Охрид било пpиjaвено дека на магистралниот пат Ресен-Охрид, на влезот за с.Свиништа, патничко моторно возило „опел“ со гевгелиски регистарски ознаки, yпpaвувано од Д.И.Ч.(93) од Стар Дојран, излетало од коловозот.
Во незгодата Д.И.Ч. се здобила со тешки телecни повpeди конcтатиpaни во Специjaлната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.
Извршен бил yвид на местото на нacтанот од yвидна екипа од СВР Охрид – информираат од МВР.
Иако информациите не се засега потврдени, иницијалите од билтенот на МВР одговараат на Добрила Ивановска Чабриќ, харизматичната Македонка, која пред 3 години победи на популарното шоу “Никогаш не е доцна” и го освои целиот регион.
Кој дозволил објект за сместување на болни и неподвижни лица да биде изграден од запалливи материјали? Како можело да им падне на памет да употребат полиуретан (ПУР), ако се знае дека тој материјал гори побрзо од слама? – прашува на Фејсбук Проф. Д-р Дејан Трајковски од Техничкиот факултет во Битола
Второ прашање: дури и ПУР-от не може да се запали моментално, бидејќи се наоѓа во сендвич од метални лимови, колку и да се тенки. Дали имало персонал да се обиде најпрво самиот да го угасне? Дали во просторијата имало или немало доктор, сестра, болничар или чистачка? Ако имало, биле должни да гаснат по појавата на пламенот. Ако пак немало персонал, тогаш зошто немало?
Пламенот на почетокот, ако навистина избил поради куса врска или искрење на утичницата, можел да се угасне со рачен противпожарен апарат или макар со обично ќебе од најблискиот кревет.
Трето прашање. Дали во модуларната болница имале соодветен противпожарен апарат, за гаснење на пожар од дадената категорија? Дали е можно персоналот никогаш да не научил да ракува со противпожарен апарат? Па сите ние во колите имаме по еден таков апарат, а ги имаме и дома.
Четврто прашање: ако персоналот презел мерки за гаснење и не успеал во тоа, а пожарот толку бргу се ширел, тогаш катастрофата потенцијално може да се повтори во било кое време и во било која модуларна болница во Македонија – и никој нема да може да ја спречи. Дали тогаш ќе продолжат да ги изложуваат на ризик ковид-болните во државата?
Доаѓа зимата, времето на греалки, а ние многу рано видовме што може да стане во овие монтажни болници од пеколот. Тогаш подобро нека ги затворат со време.