дома блог страница 1598

Во понеделник во Македониja пpиcтигнyва Евpoпскиот воз

Република Македонија е дел од глобалниот настан „Connecting Europe Express“ со кој се одбележува Годината на железницата.

По тој повод, како што соопшти Министерството за транспорт и врски, во понеделник, на 13 септември, на Железничката станица Скопје во 22 часот ќе пристигне Европскиот воз, со кој се претставува железницата како еден од најодржливите, најбезбедните и иновативни начини на транспорт.

На настанот најавени се обраќања на министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и евроамбасадорот Дејвид Гир.

Светско, а наше: Прилепчанецот Мартин Јованоски го освои Светскиот Куп во параглајдинг во Турција (Видео)

Прилепскиот параглајдерист Мартин Јованоски, го освои првото место на Светскиот куп во Aксарај, Турција, кој се одржуваше од 4-11 септември, и со тоа на маестрален начин ја претстави Македонија и својот град.

Јованоски оствари 3.716 поени, а зад себе го остави Глеб Сукџоткиј.

“Сигурни сме дека луѓето во Македонија кои го следеа последниот ден од Купот, буквално не дишеа така да кажеме последните 10 минути од трката, во исчекување на резултатите од Купот” – стои на официјалната страна на Светскиот Куп.

Јовановски е дел од македонската репрезентација што треба да настапи на Светското првенство во Аргентина (31 октомври-13 ноември), но само ако националниот тим успее да најде пари за долгиот пат и престојот во оваа јужноамериканска земја. Проценките се дека им требаат околу 10.000 евра, а колку се очајни нашите најдобри параглајдеристи, покажува и фактот што парите ги бараат и преку донации на интернет.

Четворица Македонци, меѓу кои еден прилепчанец, бараат донации за да ја претставуваат Македонија на Светско првенство

Народот навали… секојдневно се pacкpaдyва “Еурокомпозит” – МВР спие? (Фото галерија)

Oна што во неколку наврати го кажуваа од синдикалната организација и вработените во некогашниот прилепски гигант “Еуркомпозит”, го потврдуваат и фотографиите кои ги добивме.

Фабриката се раскрадува од провалници и сето тоа пред очите на државата и полицијата кои се надлежни да го зачуваат државниот имот.

Дворот на фабриката е целосно обраснат со трева, а од фабриката секојдневно снемува скапи делови…

Една жална слика од некогашниот гигант кој прехрануваше стотици семејства во Прилеп.

Вработените веќе не паметат од кога не зеле плата, а да не правиме муабет за придонеси, или други бенифиции од работниот ангажман во фабриката.

Јавноста памети дека актуелната власт ветуваше решавање на статусот на овој загубар, дури пред 2 години тогашниот вицепремиер за економски прашања, Кочо Анѓушев, заедно со сегашниот кандидат за градоначалник, Горан Сугарески, најавија две можни решенија, па дури и влегување на странски инвеститор.

Се чини дека од тоа нема ништо, а во ваква состојба на фабриката тешко дека некој воопшто повторно би се интересирал, ако и постоел некој интерес некогаш.

(Видео) Деловите од сложувалката кои ја откриваат историјата на Марс

Роверот на НАСА успешно го зеде и вториот примерок од карпа од Марс и беше извршена првата анализа, објави американската вселенска агенција.

Примероците се веројатно вулкански карпи, а на нив се уврдиле и траги од вода, објави НАСА во петокот на Твитер.

Прилепчанец излетал од патот Прилеп-Битола

Увид на лице место извршила екипа од Полициска станица Прилеп.

На 10.09.2021 во 12.15 часот во Полициска станица Прилеп, Т.Ј. пријавил сообраќајна незгода на патот Битола- Прилеп во близина на с.Ерековци.

Полициски службеници излегле на местото на настанот и констатирале дека на патот Битола-Прилеп патничко моторно возило „сеат леон“ со прилепски регистарски ознаки управувано од Н.М.(47) од с.Дебреште излегло надвор од коловозот. Во сообраќајната несреќа со тешки телecни повpeди се здобил Н.М. кои му биле констатирани од доктор во општа болница-Прилеп.

Teтовчани излегоа на пpoтecтен мapш: Се бapa oдгoвopнocт (Фото)

Како што беше претходно најавено, денеска во Тетово со почеток од 13:30 часот се оддржа протестен марш во чест на починатите во пожарот во модуларната болница во Тетово.

Организатори на овој протестен марш беа навивачката група „Балисти“.

Маршот беше мирен, започна од плоштадот Илирија во 13.30 часот и заврши пред болницата во Тетово. Река од народ излегоа и се придружија на овој протестен марш оддавајќи им почит на трагичнно изгубените животи.

-Дојдов тука на овој марш во знак на почит кон починатите. Лично се гледам како одговорен, бидејќи овие последни години сите ние сме молчеле, на сите лоши работи што се случувале овде и ова е капка на се, на сите трагедии што овде се случуваат последните години и се надевам дека народот веќе ќе сфати дека мора да се направи нешто, а да се направи нешто мора да се почувствува секој одговорен, затоа што со нашето молчење со нашето проголтување на сите лоши работи кои се случиле ние на некој начин сме дале придонес за ваквите работи. Се надевам дека ќе се освестиме сите и ќе дадеме придонес да ги спречиме овие работи, изјави Беким Демири, учесник на маршот.

Кога пристигнаа пред изгорената модуларна болница, водичот и некои останати присутни ги замолија полициските службеници кои стоеја пред болницата да ги пуштат преку лентата за да го остават венецот. Полицијата наиде на разбирање и венецот беше однесен пред болницата.

Директорите на сите Ј3У преку пиcмо бapaaт 3aeв да не ja пpифаќа ocтавката на Филипче

Директорите на Јавните здравствени установи во земјава испратија писмо до премиерот Зоран Заев во кое наведуваат дека не ја прифаќаат понудената оставка на министерот за здравство д-р Венко Филипче и посочуваат дека му даваат безрезервна поддршка да продолжи да ги води.

-Почитуван премиер, во екот на четвртиот бран од пандемијата со корона вирусот, кога бројките на хоспитализирани и за жал починати пациенти не стивнувнаат и кога целиот здравствен систем се бори не само со короната, туку и со сите останати хронични и акутни болести, ни се случи една голема трагедија. Тетово не погоди сите нас, пред се како луѓе, лекари и како менаџери на здравствените институции во нашата држава. Секој изгубен живот е трагедија. Како за семејството, така и за нас, лекарите. Не сме имуни на болката по изгубениот живот, иако работиме во систем каде секојдневно се спасуваат и гаснат човечки животи. Болката ја носиме со себе. И Тетово е болка на сите нас. Изразуваме длабоко сочуство до семејствата и до најблиските на починатите. Нашите мисли се нив и нема зборови со кои може да ги утешиме, стои во писмото од директорите.

Пандемијата, посочуваат тие, се уште трае и болниците се преполни со тешки пациенти.

Потенцираат дека во моментов 1.112 пациени со тешки симтоми се лекуваат во ковид одделенијата, околу 30 пациенти се на респиратор, а близу 700 се на кислородна маска.

– Триесетина пациенти денес се борат да преживеат. Се лекуваат во систем кој го постави и секојдневно го менаџира заедно со сите нас д-р Венко Филипче. Тој е всушност столбот на овој систем, систем кој докажа дека спасува животи. Благодарение на тој систем успеавме да ги лекуваме ковид болните, но во исто време да ги згрижиме сите останати пациенти со други болести од почетокот на пандемијата. Се донесоа тешки одлуки, одлуки кои беа пресудни и помогнаа да излеземе од вториот, третиот и да се справуваме успешно со четвртиот бран на пандемијата. Уморни, истрошени понекогаш и деморализрани, соочени неретко со гневот на јавноста. Во сето нашиот стожер беше и е д-р Филипче. Човекот кој секогаш го превземаше товарот на заедничките одлуки. Тоа е водач и конструктивен партнер. Тој е човекот кој не водеше низ тешките и помалку тешки моменти, кој никогаш не престана да верува во системот и во неговите колеги. Тој го познава здравениот систем, неговите недостатоци и можности. Во изминативе 18 месеци слоганот „Слушај го Венко”, не беше само слоган, беше начин на живот, не само за нас, туку и за цела држава, нагласуваат директорите на јавните здравствени установи.

Според нив Филипче го врати дигнитетот на професијата лекар.

– Наместо руинирано здравство, сега имаме реновирани и достоинствени услови за работа, по современ европски терк. Тој знае дека секоја инвестицијата во здравството е инвестиција за иднината. Кога целиот свет се бореше за парче заштитна опрема, тој ја обезбеди за нас. Успеа да ги помери границите и да набави терапии за пациентите со ретки болести и современа терапија за пациентите со малигни болести. Тој го укина паралелен увоз на лекови. Се воведоа нови методи за лекување во нашето здавство, услуги за кои порано нашите граѓани патуваа во странство. Кај илјадници лица успеа да поттикне свеста за донирање на органи и коскена срцевина. Затоа, во име на сите директори на јавните здравствени установи во земјава, категорично ја одбиваме оставката на министерот за здравство, д-р Венко Филипче и му даваме безрезервна поддршка да продолжи да не води, стои во писмото.

Неоправданиот страв, стигма и дискриминација, посочуваат тие, не придонесуваат кон напредокот на кој целиме.

– Почитуван премиер, не ја прифаќајте оставката на министерот Филипче, само сфатете ја како длабоко морален чин на човек кој демонстрира висок степен на етика, морал, ематија и алтруизам. Почитуван д-р Филипче, продолжете да не мотивирате, за да можеме да ги претвориме емоциите во иницијатива за уште подобар здравственот систем. Нема оставка за министерот Филипче!, стои во писмото од директорите на јавните здравствени установи упатено до премиерот Заев.

Ѓорчев го зеде Сугаре под нозе

Фесјбук статус на членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев

-Сугаре, срамота е да пишуваш “Поддршка за Венко”. Во Прилеп (досега) има 441 мpтви од ковид.

Прилеп има најголема cмpтност на СВЕТОТ, поголема од Вухан или Бергамо. Сугаре, ти и Венко треба да запалите 441 свеќа за тој кутар народ што умре во Прилеп.

Тоа е 44 пати Карпалак. Го закопавте Прилеп. Немало вакво фијаско во историјата на Прилеп.

Одете си. Доста беше. Оставка

Пендapoвcки: Малкyмина од гpaдоначалниците на СДCM одpaботија добpo

Најголемата грешка на власта е поставувањето погрешни луѓе на некои позиции, вели Претседателот

Коментирајќи ги состојбите во државата, претседателот Стево Пендаровски во интервјуто за 360 степени рече дека најголемата грешка на власта е поставувањето погрешни луѓе на некои позиции. За пример ги зема градоначалниците.

-Мислам дека најголемата грешка е што за некои позиции беа поставени погрешни луѓе. Да ги земеме градоначалниците: за колку од 60те градоначалници, еве од мојата структура, како граѓанин би рекле дека добро одработиле? Да не лицитирам со бројки, ама за малкумина. Еве и во градот кајшто живееме, каде што најдобро ги познаваме состојбите, рече Пендаровски.

Милевски кандидат за Битола – Cepиозен yдap за СДСМ

Претседателот на ЛДП и актуелен министер за локална самоуправа ја поднесе својата кандидатура за градоначалник на Битола

“Синоќа, ја доставив мојата кандидатура за градоначалник на Битола, во централата на партијата.

Денес, на овој голем празник, овластениот претставник на “Движењето ОДЛУЧНО ЗА ПРОМЕНИ” до општинската изборна комисија ќе ги достави потребните документи, како за градоначалник, така и за советничка листа на Битола.

Долго размислував дали да го прифатам предизвикот и да влезам во изборната трка. Неможев да се оглушам на барањето на членовите на партијата, како и на големиот број на граѓани кои бараа од мене да се кандидирам за градоначалник.

Доколку не се кандидирав, ќе имав чувство дека сум ги предал очекувања и барања на моите пријатели и сограѓани. Тоа ќе беше голем терет за мене и немаше да можам да продолжам да работам со таквите чувства.

Влегувам во трката без никакви притисоци за изборниот резултат. Ќе понудиме проекти, ќе ја претставиме нашата визија за развој на градот и ќе се обидеме да ги убедиме граѓаните да гласаат од срце, а не по наредба.

Граѓаните ќе имаат шанса, заедно да сработиме и да ја направиме Битола подобро место за живеење.
Ќе имаат шанса да гласаат за личност, не за партија, да бидат сигурни дека следните четири години ќе работиме чесно и во интерес на битолчани.

Ќе настапиме со тим на кандидати за советници во кој има голем број на непартиски луѓе, ентузијасти, со желба на направиме заедно промени во Битола.

Големи финансиски средства немаме за трошење во оваа кампања, но тоа ни дава слобода потоа никому да не должиме ништо, освен на граѓаните.

Одлуката е ваша!”, напиша Милевски.