дома блог страница 1597

(Фото) Јовчески ја бодреше Победа, Сугарески отсутен, има проблеми со листата?

Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за Прилеп, Д-р Борче Јовчески и овој викенд ја бодреше ФК Победа на градскиот стадион “Гоце Делчев”.

Д-р Јовчески беше помеѓу четириилјадната публика на градски и навиваше за црвено-белите, кои викендов одиграа само 1:1 со САСА од Македонска Каменица.

– Прилеп важи за најфудбалски град во Македонија и тоа денес се потврди. Прилепчани во огромен број дојдоа да ја поддржат својата Победа. Победа е гордост на нашиот град, тоа така било, така и ќе остане – напиша Јовчески на Фејсбук.

Дизелот не се променува, бензините од полноќ со нови повиcoки цени

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,84 % во однос на Одлуката од 6.9.2021 година.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,00 денар/литар, додека малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менуваат, односно остануваат на исто ниво, како што биле утврдени со одлуката од 06.09.2021 година.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,552 денар/килограм и сега ќе изнесува 38,395 ден/кг.

Од 14.9.2021 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 73,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 75,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 63,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 63,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 38,395 (денари/килограм)

Со 16 години блecна на cцената и ocвои пpecтижна нагpaда: Мелани Тapчyловска е вистинcко мyзичко откpитие

На годинашното 28. по ред издание на познатиот интернационален музички фестивал Охрид Фест – Охридски трубадури, кој се одржуваше од 10-11.09., Мелани Тарчуловска ја освои престижната награда Долни Сарај.

16-годишната Мелани за прв пат застана пред камерите и покажа дека дури и на оваа возраст може да се постигне голема професионалност во музиката.

Мелани на сцената блесна со преубав стајлинг и настапи со балада која ги освои срцата на публиката и стручното жири.

Песната се вика “А ти”, за која текстот и музиката се дело токму на младата Мелани, додека аранжманот се погрижи Иле Спасов.

Несомнено Мелани ја чека блескава музичка кариера и допрва ќе не’ радува со нови хитови.

Прилепчани пpoкoцкaa тpиyмф во последните минути од гocтyвањето кај Бyтел

Во драматичен натпревар од 1. коло на ракометната машка Супер лига, во Скопје екипата на Бутел со минимални 28:27 постигна победа над Прилеп.

Мора да се каже дека прилепскиот тим беше поблизу до победата. На полувреме водеше со 14:13, а и во вториот дел се беше по планот на тренерот Горан Кузманоски, практично до самиот финиш.

Драмата се случи по водството од 27:25 за Прилеп. До крајот не беше постигнат ниту еден во полза на гостите, а примени три гола.

При 27:27 Прилеп организираше напад, се чинеше дека има најмалку нерешено в џеб, но топката им беше доделена на домашните.

Во последните секунди од мечот Бутел постигна победоносен гол и конечниот резултат е 28:27.

Следниот меч, од 2. коло е Прилеп – Металург, в среда во 18.30 часот, во салата од СОУ „Ристе Ристески – Ричко“.

Победа не ја оправда фаворитската улога пред 4.000 гледачи на градски (Фото)

Фудбалерите на Победа вчера попладнето на Градскиот стадион “Гоце Делчев” одиграа без победник 1-1 со тимот на Саса од Македонска Каменица.

Дербито на колото предизвика голем интерес кај прилепските љубители на фудбалот, кои дојдоа во бројка од над 4.000 и сите со очекувања дека на крајот ќе се радуваат на нова победа и 3 бода на црвено-белите.

Но, за жал на крајот бодовите беа поделени, во меч во кој домашните играчи не ја оправдаа фаворитската улога и остануваат покуси за 2 бода во борбата за првата позиција.

Стрелец на голот за Победа беше Филип Стомнароски во 57-та минута, додeка конечните 1-1 ги постави Филип Димоски во 84-тата минута.

Пред почетокот на натпреварот актерите и гледачите со едноминутно молчење оддадоа почит на настраданите во пожарот во модуларната болница во Тетово.

Победа:Столевски, Дигаловски, Стомнароски, Петкоски, Кисески-Илијоски (од 46 мин Бошески), Карчески, Ангелески, Момироски (од 83 мин Јосифоски), Неделков (од 58 мин Дунимаглоски), Најдов (од 76 мин Митрески) и Б.Спиркоски.
Втора МФЛ 3 коло: Победа-Саса 1-1, Осогово-Братство 2-0, Локомотива-Слога 1-2, Детонит-Кожуф 0-0 и Беласица-Кит-Го 3-1.

Табела: Слога 9 бодови, Беласица, Саса и Победа по 7, Кожуф 4, Кит-Го и Осогово по 3, Братство и Детонит по 1 бод, Локомотива 0 бодови.

Двојки за 4 коло (сабота18 септември – 15 часот): Слога-Победа, Братство-Кит-Го, Кожуф-Беласица, Саса-Детонит и Осогово-Локомотива.

Како се cтанyва coветник во СДCM Пpилеп, пpaшyвaaт paзочapaните?

Неколку денови прилепската јавност не престанува со реакциите за советничката листа на СДСМ и коалицијата со ВМРО -НП и НСДП.

Чудните критериуми, истите имиња од 2017. год. и задкулисните игри при составувањето на листата, створија револт и кај членовите и гласачите.

Се прашуваат, ако е образованието критериум, тогаш како имаме советници ССС(Р), ако е активноста во прашање, како имаме луѓе што не цапнале во комитетот…

Општ е заклучокот дека само “близината” до Сугарески и Талески е клучот за да бидете на листа.

Оние подобро упатените пак и тврдат дека во игра се и бизнис релациите, но и тајните што некои од тие на листа ги знаат, за тоа како досега се работело противзаконски, се исто така услов пак да се наградени.

Оваа листа тврдат тие ќе доживее дебакл на 17. октомври.

Во прилог на хаосот во СДСМ Прилеп оди и расколот во ВМРО-НП, се’ заради тоа добитно советничко место.

Пандев се доближува до неверојатен рекорд во Серија А


Македонската фудбалска легенда Горан Пандев го продолжи договорот со екипата на Џенова со што ќе му овозможи да запише јубилејна бројка настапи во најсилното италијанско фудбалско првенство.

Македонскиот ветеран моментално стои на 475 натпревари во Серија А. Со евентуални 25 во тековната сезона ќе ја достигне бројката од 500 настапи.

Од активните играчи во шампионатот на „чизмата“ најмногу мечеви брои Самир Хандановиќ со 517, на втората позиција е голгетерот Фабио Кваљарела (502), а зад него е сместена нашата фудбалска легенда.

Џенова верува дека ќе има придобивки од Пандев во она што се чини дека ќе биде негова последна сезона во клупскиот фудбал.

CДCM: Филипче има дела кои ce пpeпознaeни од гpaѓаните и yжива огpoмна поддpшка од нив

Владејачкиот СДСМ со нивните „виртуозни“ соопштенија продолжува од црното да прави бело и обратно.

Партијата која поранешниот министер за здравство го нарекуваше „министер за смрт“ поради смртта на едно невино девојче, денес го фали и заштитува својот министер, со обвиненија за „некрофилство кај опозицијата“. Тие што го измислија некрофилството и бескруполозно ги користеа смртта на Мартин и Тамара за политички цели и да дојдат на власт, денес обвинуваат за некрофилство.

Но, еве го комплетното денешно соопштение од седиштето на Бихаќска и обидите да се обвини некој што нема вина и да се чисти од одговорност тој што најмногу ја има:

-Додека цела држава жали ВМРО-ДПМНЕ монтира и шири лажни вести за министерот Венко Филипче.

Работата и посветеноста на Венко Филипче и неговите дела се препознаени од граѓаните и ниту еден фотошоп и манипулации не можат да го избришат тоа.

Јавноста уште еднаш сведочи на нечовечно некрофилско однесување на ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски.

ВМРО ДПМНЕ и Мицкоски се извор на лажни вести, посочени и во студија финансирана од ЕУ.

Нивните деструкции и лажни вести , се препознаени од граѓаните и затоа нема да им поминат и овојпат повторно ќе бидат поразени на избори.

Центар за односи со јавноста на СДСМ

Прилепчанец од Австралија купи 115 карти за натпревар на Победа: Кој не може да си дозволи карта, може да си подигне во оваа гостилница

Maрио Јосковски, прилепчанец кој живее во Австралија, купил 115 влезници за утрешниот натпревар помеѓу Победа и Саса од Македонска Каменица – информираат од навивачката група “Мајмуни”.

-Секој кој сака да го проследи натпреварот, а не е во можност да си купи карта, слободно да ја посети “Гостилница кај Кекеле” и да си подигни билет, велат од навивачката група.

Во изминатото деноноќие две нови жpтви од кopoнавиpycoт во Прилеп

Во последните 24 часа се направени 6.542 тестирања, а регистрирани се 609 нови случаи на КОВИД-19:

Скопје – 276, Куманово – 50, Струмица – 36, Штип – 21, Велес – 20, Охрид и Кавадарци – по 18, Гостивар и Битола – 17, Кичево, Струга и Радовиш – по 15, Прилеп – 14, Кочани – 11, Тетово и Берово – по 9, Ресен – 6, Гевгелија, Свети Николе, Дебар, Валандово и Кратово – по 5, Виница – 4, Крива Паланка, Делчево и Пехчево – по 3, Неготино – 2, Македонски Брод и Македонска Каменица – по 1.

Регистрирани сe 347 оздравени пациенти од: Скопје – 173, Тетово – 25, Куманово – 24, Струмица – 22, Гостивар – 15, Штип – 14, Кичево – 13, Велес – 8, Берово и Делчево – по 6, Кавадарци, Прилеп и Македонска Каменица – по 5, Радовиш, Свети Николе и Пробиштип – по 4, Неготино – 3, Битола, Ресен и Гевгелија – по 2, Крива Паланка, Кочани, Валандово, Кратово и Виница – по 1.

Пријавени се 22 починати лица: 6 починати лица од Скопје (65г, 66г, 73г, 77г, 78г и 81г), 5 починати лица од Струмица (45г, 52г, 64г, 71г и 82г), по 2 починати лица од Прилеп (51г и 82г) и Струга (70г и 80г) и по едно починато лице од Тетово (54г), Гостивар (64г), Берово (72г), Кавадарци (54г), Куманово (46г), Крива Паланка (72г) и Дебар (65г).

Сите пријавени се починати во болнички услови.

Направени се 6.542 тестови преку: ИЈЗ-297, ЦЈЗ Скопје-53, ЦЈЗ Битола-78, ЦЈЗ Прилеп-67, ЦЈЗ Тетово–84, ЦЈЗ Куманово-88, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија – 5, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–163, Жан Митрев (Филип Втори)-152, Авицена-324, Биотек-588, Систина-107, лабораторија Лаор-439, Синлаб-46, Ремедика-42, Плодност–102, Генеа-7, Никоб лаб-853, ВФВ Медикал-145, Ели Медика-182, Ројал Медика –63, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 2.657.

Досега во земјата се направени вкупно 1.218.501 тестирање на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 183.059, бројката на оздравени пациенти е 163.417, на починати е 6.236, а бројот на активни случаи изнесува 13.406.