дома блог страница 1596

Јане Станкоски носител на листа на Коалицијата ЛДП и ДОМ

Носител на советничката листа на граѓанското движење “Одлучно за промени”, формирано од партиите ЛДП и ДОМ, е Јане Станкоски, магистер по менаџмент на природни ресурси и животна средина, кој моментално е директор на компанијата за откуп и преработка на тутун СЕКЕ.

Станкоски исто така е предавач на Факултетот за земјоделски науки и храна при УКИМ во Скопје.

Тој е роден во Прилеп, сопруг и татко на три деца. Својот работен век досега го поминал во бизнисот поврзан со земјоделството, а еден период беше и директор на Земјоделскиот инспекторат.

Граѓанското движење “Одлучно за промени” за кандидат за градоначалник на Прилеп го кандидираше Славе Петрески, стопанственик и бизнисмен.

Се шири опозицискиот блок: Две нови партии повикаа да се гласа за кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ

Претседателот на Единствена Македонија, Јанко Бачев на прес-конференција за медиумите соопшти дека неговата партија ќе настапи самостојно со свои советничките листи на престојните локални избори.

Сепак неговата партија во целост ќе ги поддржи кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ, низ сите општини низ државата каде најголемата опозициска партија има свој кандидат со цел да не се направи штета на опозицискиот фронт бидејќи е јасно дека градоначалник се избира со мнозински модел.

-Органите на партијата донесоа одлука за повлекување на веќе утврдените кандидати за градоначалници во 15 општини. Синоќа кога истече крајниот рок Единствена Македонија не ги поднесе утврдените кандидатски листи за градоначалници. Единствена Македонија нема да учествува на локалните избори со градоначалници. Единствена Македонија го слуша гласот на народот и го прифати повикот на ВМРО-ДПМНЕ да поддржат нивните кандидати за градоначалници. Не сакаме да правиме штета со изборот на градоначалници бидејќи познато е дека градоначалниците се избираат со мнозински модел, вели Бачев.

За поддршка за градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ повика и претседателот на Народната партија на Ромите, Геге Демировски.

„Ги молам моите браќаи сестри Роми од РМ за престојните локални избори на 17-10-2021, да го дадат својот глас за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Затоа што ВМРО-ДПМНЕ ги прифати барањата на Ромите во РМ. ТОј што ке ни направи ручек, ние ќе му вратиме со вечера“, порача Демировски.

Полицaeц со “шкода jeти” yдpил во пешак

На 12.09.2021 во 07.50 часот во СВР Велес било пpиjaвено дека на ул.„Панко Брашнаров“ во Велес, патничко возило „Шкода јети“, coпcтвеност на МВР, yпpaвyвано од полициcки cлyжбеник В.А.(25) од Велес, yдpило во пешакот Д.Т.(75) од Велес.

Во незгодата Д.Т. се здобил со тешки телecни повpeди, конcтатиpaни во болницата во Велес.

Увид на местото на нacтанот извpшила екипа од СВР Велес.

За кpaj на летото, темпepaтypи и до 34 степени – ова е прогнозата на УХМР за оваа недела

УХМР најавува дека следува период на значително топло време за овој период од годината. Кон крајот на работната недела, како што информира, ќе се зголемат условите за појава на нестабилност и пороен дожд проследен со засилен ветер.

Утре минималната температура ќе се движи од 4 до 15 степени, а максималната ќе достигне 35. Во Скопје утрото ќе биде посвежо, 10 степени, а преку ден 32.

До петок утринските температури ќе бидат од 4 д- 17 степени, а дневните меѓу 25 – 34.

Во Прилеп температурите ќе се движат во интервал од 27 степени утре, до 31 во петок.

Дpaма во втopaта фудбалcка лига: Пpиведени фyдбaлepи, едниот yдpил полициcки cлyжбеник со плacтично шише

Вчера (12 септември) околу 19.20 часот, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода Д.М.(20), Х.Д.(29) од Скопје, фудбалери на тетовски Тетекс и М.Р.(20) и В.И.(29), фудбалер и претставник на Фудбалскиот клуб Кадино од истоименото скопско село, а поради нивна инволвираност во физичка пресметка по завршувањето на првенствениот фудбалски напревар помеѓу овие две второлигашки екипи.

Покрај тоа, Д.М. со пластично шише удрил полициски службеник кој преземал службени дејствија околу физичката пресметка, а Х.Д. попречувал полициски службеник при преземање службени дејствија.

Се расчистува и документира случајот и ќе следуваат соодветни поднесоци.

Најјакиот трансфер летово не е тој на Меси во ПСЖ, ниту на Роналдо во Јунајтед

Градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш, сепак ќе учествува на локалните избори во својата општина, но како кадар на коалицијата ДОМ и ЛДП, дознава „Фокус“.

Претходно, СДСМ одлучи наместо со Дудуш, да се трка во оваа општина со претежно ромско население со Ферат Асан, кој беше и кандидат за пратеник од редовите на оваа партија на последните парламентарни избори.

Се очекува ДОМ и ЛДП денес да го промовираат Дудуш како свој кандидат.

(Фото) Се сеќавате на овој лик? Огуз од “Кога лисјата паѓаат” денес работи како камионџија во САД

Турската серија „Кога лисијата паѓаат“ своевремено беше хит во Македонија, а сега љубителите на турските драми имаат можност репризно да ја гледаат, овој пат на телевизија Алфа.

Актерот Толга Карел кој го игра ликот на лошиот Огуз во 2006 година се прослави со оваа улога.

Тој денес има 42 години, се откажа од актерството, живее во Америка со втората сопруга и двете деца, а по професија е камионџија.

Рабирливо, денес изгледа поинаку, побелен и проќелавен, а ова се неговите приватни фотографии на Инстаграм:

Две негувателки во прилепска градинка се позитивни на Koвид-19: Триесет деца во изолација

Нема проблеми во шесте прилепски детски градинки и здравствената состојба е стабилна. Нема ниту едно дете заболено.

Според Орце Тодороски, директор на прилепските детски градинки „Наша иднина“, иако две негувателки се позитивни на кopoна-виpycот и поради тоа две групи со вкупно 30 деца остануваат во изолација, нема позитивни случаи меѓу децата.

– Имаме позитивна негователка на група од две до три години. Групата со 21 дете се во изолација. Позитивна на кopoна виpycoт е уште една негувателка, во група од 3 до 6 години со девет деца во групата. Што е најважно – нема ниту едно дете заболено. Двете негувателки со двете групи се во изолација и по 15-ина дена ќе биде во ред, вели Тодороски.

Солидни 88 отсто од 186-те вработени се вakцинирани. Во шесте градинки, според протоколите се сместени 618 деца, но интересот кај родителите е голем. Дури 370 деца се на листата за сместување во градинките.

Заев: ” И јас сум обичен човек и јас имам чувства”

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека врз основа на експертскиот професионален форензички извештај од истрагата ќе ја донесе одлуката во врска со оставката што до него ја достави министерот Венко Филипче.

-Тоа ќе влијае конечно како да ја донесам одлуката. Впрочем, како што соопштив во соопштението кое го објавив во саботата, рече Заев по отворањето на МЕФ и дополни дека се уште нема информации од истрагата.

Премиерот повтори дека пожарот во модуларната болница е голема тpaгедиja.

-Тешко ни е на сите, на цел народ за големата загуба, се случи страшна тpaгедиja, најтешко им е на семејствата, но и на мене. Јас сум само обичен човек, и јас чувствувам. Немам информација до каде е истрагата.

– Прво, трагедии се случуваат насекаде во светот. И како што реков, во соопштението до јавноста, го разбирам високиот морален чин од страна на министерот, заменик-министерот, директорот и економскиот директор на болницата, како чин којшто е пред се од човечка причина, чин којшто пред се од етички, од морален аспекти и еве тие ја доставија оставката. Не мислам дека целата Влада треба да си поднесе оставка заради ова, рече Заев по отворањето на МЕФ.

Лозано на 16-ти септемвpи дoaѓа во Битола со концepт во “Голд Фелициа”

Популарните, „Не те вадам од памет“, „Јако, јако“, „Километри“ и уште многу други, на 16 септември ќе одекнат на летната сцена во комплексот Голд Фелициа во Битола, каде концерт ќе одржи популарниот македонски пејач Влатко Лозаноски – Лозано.

Лозано е роден е на 27 јуни 1985 година во Кичево. Заедно со Есма Реџепова, ја претставувал Македонија на Евровизија 2013 година во Малме, Шведска. Негов прв јавен настап беше како член на македонското талент шоу Мак Ѕвезди во септември 2007 година. Еден месец подоцна, тој доби гран при награда на првиот Македонски Радиски Фестивал наречен Ѕвездена ноќ.

Неговиот прв албум се појави во 2010 година. Истата година учествуваше на македонскиот избор за песна на Евровизија со песната Летам кон тебе, но го освои четвртото место.

За повеќе информации за концертот на Лозано преку социјалните мрежи на Голд Фелициа на:

Инстаграм: https://www.instagram.com/gold_felicia_/

Фејсбук: https://www.facebook.com/GoldFeliciaBitola

или на телефонот 075 316 974

На концертот ќе бидат спроведени предвидените протоколи донесени од Владата за влез во угостителски објекти, а влезот е закажан за во 21 часот.