дома блог страница 1593

Ќе пocкапyваат бpaшното, мacлото, лебот….?

Храната и натаму ќе поскапува. Први на удар ќе бидат маслото за јадење, кондиторските производи, лебот.

Сите производни трошоци растат. Само цената на струјата што ја плаќаат индустриските капацитети за една година е зголемена за 100%.

Цените на транспортот заради пандемијата растат уште повеќе. Цената на пченицата која ќе влијае на крајната цена на брашното и лебот за една година е зголемена за 20%. Кај суровината за маслото, сончогледот зголемувањето е уште поголемо.

Премиерот Битиќи во Тема на денот на Сител вели дека пандемијата се одрази на животниот стандард на граѓаните. Но мерките кои ги презеде Владата во послендите години влијаеа ударот да не биде толку силен што според него се глчеда и од односнот на минималната плата и потрошувачката кошничка.

И НБРМ евидентира раст на цените над очекувањата, а тој тренд се очекува да продолжи зарди неизвесноста на странските пазари.

Битолчани си сварија кафе на “Магнолија”, прилепчани во сабота ќе варат пред Крали Марко

Дел од граѓаните кои се противат на мерките за задолжителна вакцинациja за влез во кафулињата и угостителските објекти, на оригинален начин го изразуваат својот револт

Изминатиот викенд битолчани на плоштадот “Магнолија” си сварија кафе и си направија пикник, а истото викендов ќе го сторат прилепчани пред споменикот на Крали Марко во центарот на градот.

-Понесете си од дома реквизити за седење и секако кафе или што и да пиете. Поканете ги вашите пријатели и уживајте во саботното кафе. Покажете пркос на нелогичната забрана, без оглед дали сте или не вакцинирани – стои во поканата која се шири на социјалните мрежи.

А во продолжение уште еднаш како изгледаше настанот во Битола низ фотографиите на Игор Петковски:

Дали некој од шарените сега ќе поднесе кpивична пpиjaва за Филипче?

Кривична пријава за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“ заработи екс градоначалникот на Општина Прилеп, Марјан Ристески во 2017-та година.

Според пријавата која тогаш беше поднесена до прилепското Основно јавно обвинителство, Ристески се сомничи дека како службено и одговорно лице во ЕЛС Општина Прилеп, спротивно на чл.50 ст.1 т.15 од Законот за локалната самоуправа и спротивно на чл.51 од Статутот на ЕЛС Општина Прилеп, иако бил должен, не обезбедил заштита на сопственоста на Општината.

Конкретно, градоначалникот не склучил полиса за осигурување од штета за 2016. година за зградата на ЕЛС Општина Прилеп, заради што штетата направена на општинската зграда за време на „Шарената револуција“ не може да се надомести ниту по основ на осигурување, ниту пак по основ на одговорност од трети лица.

За иронијата да биде уште поголема модуларните болници низ земјава не се осигурани од евентуален пожар, поплава или друг проблем – објави TВ AЛСАТ.

Трагедијата во Тетово го отвори ова прашање – дали 19-тте монтажни објекти низ земјава за кои беа потрошени четири милиони евра за изградба и уште 600 илјади евра за опремување со пари од Светска банка, се осигурени во некоја осигурителна компанија?

Модуларната болница во рамки на Инфективната клиника во Скопје не е осигурана иако е пуштена во употреба пред повеќе од една година. Од клиниката за Алсат велат дека во тек бил тендер. Тоа досега тоа не било направено оти било поврзано со завршните сметки и морале да чекаат да заврши тековниот договор за осигурување. Ја опфаќал само зградата на Инфективната клиник

Марјан Ристески доби кривична пријава затоа што не ја заштитил општинската зграда од луѓето кои ја оштетија, се поставува прашањето дали шарените денес ќе поднесат кривична пријава против Венко Филипче затоа што не ја осигурал општинската зграда?

Ceла до 3aeв: “3а жалење си премиере”

Првиот човек на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, врати на прозивките на премиерот Зоран Заев.

“За жалење си премиере, толку многу ве заслепи власта што не оставивте вредност во чие име дојдовте на власт, без да ja прегазите. Но, не заборавајте едно, не сме сите исти. Тешко е да се разбере зошто-то на оставката бидејќи вие тоа го немате во себе. А тоа е совестa, моралот а не власта”, напиша Села.

Претходно, по повиците на Села за оставка на Заев од морални причини, премиерот рече:

„Не размислувам. За Мицковски да дојде премиер? Не размислувам. Да ја користат грозотијата на најперфиден начин кога нашата нација е во најдлабока болка. Ќе дојдат кога ќе дадат идеји, кога ќе заслужат. Пусто желба за власт. Нема да се победи, додека се однесуваат вака, нема да победат“.

Kaмпување, планински велосипедизам, летови со параглајдер: Викендов по седми пат “Крушево низ корија”

Викендот што следува на 18 и 19 септември, во Крушево по седми пат ќе се одрижи фестивалот на отворено „Крушево низ корија“, кој во своите содржини ќе опфати: кампување на Мечкин камен со сите придружни содржини, планински велосипедизам, планинарска тура низ крушевската корија и тандем летови со параглајдер, при тоа придржувајќи се до пропишаните мерки и уредби од Владата на Република Македонија.

Фестивалот е во организација на Форумот за Авангардна Креативност (ФАК) од Прилеп, во соработка со општина Крушево.

Велосипедската тура ќе се вози на 19.09.2021г(недела) на три патеки :

Мала МТБ тура „Крушево низ корија„

Турата е со должина од 15км и елевација од околу 300 метри…. категоризирана е како лесна тура за лица со нормална физичка подготвеност препорачлива за секој рекреативец.

Средна МТБ тура „Крушево низ корија“

Турата е со должина од 30 км и елевација од 700 метри… категоризирана како средно тешка тура 7/10 за лица со просечна физичка подготвеност.

Голема МТБ тура „Крушево низ корија“

Турата е со должина од 40 км и елевација 1000 метри категоризирана како тешка тура.

Тандем летови со параглајдер ќе има во недела , 19.09.21 , од 10.00ч – 19.30ч .

Планинарска тура

Планинарската тура ќе се одвива на релацијата Мечкин Камен – Крушево, во должина од 14 км. Истата би ја класифицирале како средно тешка тура која може да ја изоди секој од 7 до 77 години. Во 80%од патеката се движиме низ крушевската корија која изобилува со сенка, што е мошне пријатно за топлите августовски денови. Во текот на турата ќе се посетат двата манастири св. Василиј и св. Спас (каде што ќе има пункт со освежување). Во текот на патеката има пивка вода за пиење.

Турата завршува во Крушево каде учесниците ќе можат да ги посетат културните знаменитости.

Повелете заедно да уживаме во убавините што ги нудат Крушево и Крушевската корија!

Левица со десно кроше за Горан Сугарески и неговите објекти

Политичката партија Левица преку својот огранок од Прилеп, неодамна упати сериозни обвинувања против сега кандидатот за градоначалник на СДСМ за Прилеп, Горан Сугарески.

Нивната објава на ФБ во целост ја пренесуваме во продолжение:

“НАДЛЕЖНИТЕ ИНСПЕКЦИИ ВО ЗАШТИТА НА ДИРЕКТОРОТ НА ЦАРИНСКА УПРАВА – ГОРАН СУГАРЕСКИ!

Бројни прекршувања со узурпирање на јавна површина и прикривање на фактичка сопственост.

Неформалниот сопственик на Кафе-Клуб Табу и Ла Пиаца во Прилеп – Горан Сугарески, поранешниот Министер за транспорт и врски, денешен директор на Царинска управа, свесно и од позиција на моќ ги контролира инспекциските служби во градот за контрола на користењето на јавен простор.

Станува збор за дозволи за таканаречени „летни бавчи”, кои ги кршат сите критериуми и наликуваат на „цврсти градби”, затворени од сите страни со ПВЦ дограма, располагаат со одвод, довод, па дури и парно греење. Очигледно е намерното непостапување на инспекциските служби, под закрила на Сугарески, во заштита на неколку локални сопственици на кафичи.

Прекршенa e Програмата за утврдување на критериумите и стандардите за поставување на урбана опрема на подрачјето на Општина Прилеп од Заклучокот за објавување на програмата за утврдување на критериуми и стандарди за поставување на урбана опрема на подрачјето на Општина Прилеп, објавен во Службен гласник на Општина Прилеп број 16 од 25.12.2020 и тоа по бројни одредби”.

3aeв дpcко на новинapcко пpaшање: 3oшто да дадам ocтавка, за Мицкocки да биде пpeмиep? Не paзмиcлувам (Видео)

Заев во изјавата на Зијадин Села, кој вчера од него побара оставка од морални причини, гледа политикантство, желба за власт и за победа на изборите.

-Мицкоски да дојде, премеир да биде? Не размислувам за оставка, а премиер или заменик премиер ќе биде претседателот на Алијанса кога ќе заслужи, кога ќе биде тука да даде идеи, да понуди решенија, не грозотијата да ја користи на најперфиден начин и тоа за време на трите денови на жалост, се од пуста желба за власт, да се победи. Се додека вака се однесуваат ќе губат на избори. Другата алетрнатива е ова: заедништвото, инвестициите, повисоките плати, придонес во БДП, истакна Заев по посетаста на новата фабрика за кабли во Сарај.

Во однос на понудените оставки рече дека нема дополнителен коментар зашто за тоа, нагласи, секој ден дава изјави.

-Трагедијата не погоди сите и ќе ја памтиме цел живот. Изгубивме животи. Да ги причекаме форензичите извештаи, нагласи премиерот.

Тој уште еднаш рече дека сите покажале чувство на одговорност, доаѓајќи веднаш на местото на несреќата за да помогнат некако. Злоуптребувањето на болката низ која минува цел народ, рече Заев, е чисто политиканство.

Битиќи: И покpaј кpизата, pacте бpojoт на нови paботни места во некои сектори

Вкупниот број на креирани работни места, наспроти изгубените работни места е во суфицит. Тоа значи дека во вториот квартал се креирани повеќе од 2540 работни места, што значи дека без разлика на економската криза, во одредени индуствии и сектори се губат работни места, но затоа во други се добиваат, вели вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи во „Тема на денот“.

Тој информира дека во информациско-комуникациските технологии има зголемување на работните места за 5420.

-Просечната плата е 900 евра. Во градежништвото имаме плус 2300, а во финансиските дејности околу 2000 и во сите просечната плата е далеку поголема од тие кои се изгубени. Процентот на вработеност е во нагорна линија, во моментов, во вториот квартал таа е 47,3 проценти.

Пеколно дерби на Победа и Вардар пред 5.000 публика во Прилеп (Фото)

Фудбалски Прилеп со аплауз ги награди црвено-белите и покрај несреќниот пораз и елиминацијата од Куп натпреварувањето за сезоната 2021-2022.

Денес, иако работен ден, фудбалски празник во Прилеп. Играше Победа и во својот храм Градскиот стадион “Гоце Делчев”, црвено-белите ја добија максималната поддршка од околу 5.000 љубители на фудбалот.

Атмосфера како што може само да се посака и за каква што останатите клубови и градови можат да сонуваат.

А кога се игра најголемото македонско фудбалско дерби Победа-Вардар не може поинаку. Машка, тврда, борбена агресивна и отворена игра од двете страни, иако условите беа потешки поради претоплото време.

Сепак актерите изгореа од желбата за победа на теренот. По саботното дерби со Саса, иако во некомплетен состав и без неколку повредени играчи, денес црвено-белите максимално се потрошија, и затоа по завршување на мечот ги заслужија и добија аплаузите од прилепската публика и своите навивачи.

Во глобала Победа беше поконкретна, особено во првиот дел кога до 20-тата минута избраниците на тренерот Крстески буквално го потиснаа Вардар пред својот гол и креираа неколку шанси.

За жал силниот притисок не вроди со плод и отворање на резултатот, а на спротивната страна гостите од наизглед неопасна акција имаа шанса, а Победа среќа – ударот на Блажевски заврши во стативата.

По мирниот почеток на вториот дел Вардар рано поведе – во 53-тата минута со евро-гол од слободен удар на капитенот Блажевски.

Подоцна Котевски спсуваше по обидот на Керими со што го одржа тимот во борбата за израмнување. Иако од 73-тата минута без исклучениот капитен Карчески Победа остана бројчано инфериорна на теренот не се откажа од израмнување.

Борбената игра ги награди црвено-белите во 94-тата минута кога по центаршутот од корнер на Бошески највисок во гостинскиот казнен простор со одличен тајминг беше Ангелески и мајсторски со глава го совлада Илиќ за 1-1 и ерупција воодушевување на трибините. Со тоа се чини правдата беше задоволена и по 90 минути нерешените 1-1 доведоа до рулет пенали.

При изведувањето на пеналите изведувачите од двата тима беа сигурни се до 3-тата серија кога Котевски во првиот обид го добрани пеналот на Николов, но судиите бараа да се повтори поради наводно предвремено напуштање на гол линијата(го има од убав кадар тој спорен пенеал па проценете сами), за во повторниот обид Николов да постигне погодок.

Во последната серија Петковски постигна гол за 4-5 додека последниот удар на новајлијата во Победа-дебитантот Петејчук гостинскиот голман Илиќ го одбрани и на тој начин го одведе Вардар во осмина финалето.

Стрелци на головите од пеналите за Победа беа: Ангелески, Ф.Спиркоски, Митрески и Бошески.

Се на се вистински празник…добра игра…задоволна публика…

Но, и денес доста фрлени предмети на терен за кои повеќе од сигурно Победа повторно ќе биде на тапет и казнета!!! А тоа ако сите си ја сакаме Победа не смееме да си го дозволиме да и го правиме- на штета најмногу на фудбалерите и онака лимитираниот клупски буџет!

Победа: Котевски, Петкоски (од 53мин Бошески), Стомнароски, Дигаловски, Кисески-Илијоски (од 78 мин Јосифоски), Карчески, Ангелески, Тодороски, Дрешлиоски (од 78 мин Митрески), Јошески (од 86 мин Петејчук) и Б.Спиркоски (од 86 мин Ф.Спиркоски).

Петар Димоски

Големо свавје во “Ристе Ристески-Ричко” – Прилеп го совлада Металург

Во салата од СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ екипата на РК Прилеп беше подобра од Металург со убедливи 28:24.

Прилепчани водеа во текот на целиот меч, а на полувремето беше 15:13. Една одлична игра, како во одбраната, така и во нападот.

Се виде дека претходното издание, при минималниот пораз од Бутел викендов, кога за „влакно“ беше испуштена победа, беше само чиста случајност.

Тренерот на Прилеп Горан Кузманоски настапи со следните ракометари: Тренчевски 5, Дамчевски, Рустамов 7, Бикоски, Трајкоски 4, Ангелески, Андоновски, Х. Павлов, Шокоски 3, Милошески 3, Бурчевски, лозаноски, Чантурија 6, Христоски, Гавашелишвили, Цинцадзе.

Во идното 3. коло прилепчани му гостува на Пролет во Скопје.

Натпреварот можете да го проследите на линкот во продолжение: