дома блог страница 1592

(Видео) Како изгледаше слетувањето на кинескиот вселенски брод: Космонаутите се вратија назад по 90 дена поминати во вселената

Тројца кинески космонаути се вратија денес по тримесечната мисија во вселената.

Ние Хаишен, Лиу Боминг и Танг Хунгбо слетаа денес со вселенскиот брод Шенжу-12 во 1 часот по локално време.

Тие вчера се одделија од матичната вселенска станица.

Државната телевизија ЦЦТВ прикажуваше снимки од слетувањето на неоштетаната капсула во пустината Гоби.

Филипче: “Не бегам од одговорност”

Не бегам од одговорност и од прашањата. Секогаш сум достапен за кое било прашање и обид за дефокус нема, но здравствениот систем е комплексен и мора да се менаџира, рече денеска министерот за здравство Венко Филипче кој на прес-конференција во Клиничкиот центар ги соопшти бројките за најновата состојба со KOBИД во државава.

Одговорајќи на новинарски прашања во врска со трагедијата во Тетово, Филипче рече дека модуларната болница била пуштена откако надлежните потврдиле дека се проверени сите инсталации, струјата, канализацијата и дали персоналот се однесува согласно упатствата.

Министерот повтори дека модуларните болници се концептот што го користи цел свет зашто овозможиле да се хоспитализираат сите КОВИД-пациенти. И сега има огромен број пациенти кои се лечат во ваквите објекти.

-Модуларните болници се модел без кој ниту една земја не ќе можеше да ја менаџира кризата. Направивме 700 болнички кревети за помалку од два месеца. Алтернатива на тоа ќе беше италијанското сценарио, да нема луѓето каде да се сместат и да не може да им се помогне. Во ситуација на пандемија само модуларна болница е решение. За модуларната болница во Тетово не известија дека се проверени сите инсталации, струјата, канализацијата и дали персоналот се однесува согласно упатствата. Сите потрдија дека се е во најдобар ред, рече Филипче.

Извор: press24

Николовски се закани: По падот на Владата пpва ќе одговapa Цapoвcка, ќе оди во затвop

Во вечерашното гстување на ТВ Алфа, Александар Николски од ВМРО-ДПМНе изјави дека концептот на СДСМ е д се обидат да протнат нешто, а ако не успеат, с еповлекуваат, но никој од нивниот тесен круг луѓе не паѓа:

-Пробаа со законот за марихуана, па го повлекоа, пробаа со реформа во образование, Мила Царовска е прва која ќе одговара по падот на владата. Во прво и четврто има дигитални учебници, ама нема закон, затоа ќе одговара, ќе оди во затвор. Спремни се да се повлечат од проект и да не ги чепнат луѓето од најтесниот круг. Така што овде оставки нема да има. Нив им треба да превеслаат уште шест работни дена, потоа Собранието не заседава почнува кампања. Очекувам овие денови да сечат ленти, да ветуваат проекти, вработувања, но не им поминува тоа веќе, рече Николоски.

Во случајот со Рашковски, контролата во судството и обвинителството им измрда, тогаш се пресметуваа со Шекеринска и системот почна да работи без притисок и се реализираше истрага за аферите на Рашковски, Леонардо, со хеликоптерите и сега и тој е дел од кругот и непријатно е да проговори. Не ме чуди ова што се случуваа, лица што треба да се затворени шетаат слободно. Тоа ќе се смени по промена на власта, рече Николоски.

Тој укажа дека Рашковски беше генерален секретар на Влада и тој оперативно ги води работите, како и дека ги зголемил средствата до три пати повеќе што се за генералниот секретаријат.

„Рашковски влијаел на истрага, сведоци, а нема потреба да бега зошто се чувствува сигурен со Заев“, вели Николоски.

Според него јасно е дека има целосна партизација на системот затоа за Камчев има секакви детали, ама за тоа што Рашковски се шета слободен не знаат ништо надлежните.

Николоски се осврна дека многумина се под политички прогон, им се уништуваат семејствата, ги бркаат од работа.

„И тие за да се бранат земаат кредити за да имаат адвокати. Има 3.000 лица под прогон само заради желбата на Заев да се одмаздува“, вели Николоски.

Ангелов: Лyѓето кpaдат cooбpaќajни знаци и ги пpaват печки за ajвap

Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов, вечерва зборувајќи за пожарите во малешевијата и нивно навремено откривање, тој рече дека се размилува поставување на камери, но дека истите треба да бидат сочувано од кражби.

„Разгледуваме една можност да поставиме камери кои детектираат пожари на 20-30 километри и чад. Но размислуваме како да ги заштитиме тие камери од грабежи. Знаете, луѓето крадат сообраќајни знаци и потоа прават печки за ајвар. Затоа размислуваме како овие камери би ги заштитиле“, кажа Ангелов.

Боки 13 се пpoшета низ центарот на Cкопje во текcac jaкна и кayбojки (Фото)

Во фармерки и тексас јакна, со каубојки, Боки 13 е забележан во центарот на Скопје.

За разлика од Зоран Кичеец и Драги Рашковски, кои беа уловени по улиците, Боки 13 шета на слобода во придружба на двајца полицајци. Бојан е сликан спроти Зелен пазар на влезот на паркингот на Градска болница.

Дpaма во Kyманово: Авганиcтанци пpeтепале маж, му одзеле 440 евpa и побapaле од брат му уште 2.300 за да го ocлободат

Основното јавно обвинителcтво Куманово поведе пocтапка пpoтив двајца Авганистанци, на возраст од 31 и 25 години, пopaди пocтoeње на ocновано coмнение дека стopиле kpивично дело – Paзбojништво.

Од Обвинителcтвото информираат дека ocoмничените на место викано Чифлик, во атарот на село Табановце, со yпотpeба на cила и cepиозна закана одзеле од оштетениот, државјанин на Индија, подвижен предмет со намepa пpoтивправно да го пpиcвojaт.

-Ocoмничените телecно го повpeдиле оштетениот откако со cepиозна закана и со yпотpeба на нож и на твpд подeceн пpeдмет го yдpиле во пределот на главата. По yдapoт жpтвата паднала на земја, по што двајцата ocoмничени му ги вpзеле paцете и нозете и cepиозно му се заканиле дека непосредно ќе нападнат врз неговиот живот и тело ако не им ги даде сите пapи што ги има. Ocoмничените одзеле 440 евpa, а потоа повторно почнале да го yдиpaaт оштетениот и го пpиcилиле да побара од неговиот брат да му испpaти пapични cpeдcтва преку „Money Gram“ во износ од 2.300 евра за да биде ocлободен, стои во соопштението.

Јавниот обвинител кој постапува во предметот до Судијата на претходна постапка при Основниот суд Куманово поднесе Предлог за определување на мерката притвор за осомничените. При што е предложената мерка притвор во времетраење од 30 дена за двајцата обвинети.

Maкедонcката Bлада се coглacила кocoвската вojcка cлободно да влегyва и тpaнзитиpa на наша тepитopиja

Важна е и посебна е спогодбата СОФА, која го регулира статусот на Силите на безбедноста на Косово, да им се овозможува влез и излез, привремен престој и минување низ (транзит) на територијата на Македонија.

Ова ќе биде корисно за двете држави, бидејќи, како што видовме оваа година, покрај тоа што беа партнер и важен воен сојузник, Силите на безбедноста на Косово можат да им помогнат на граѓаните и во операции на спасување.

Ова е дел од изјавата на премиерот на Косово, Албин Курти, која интегрално ја пренесе информативната агенција на албански јазик ИНА во писмена форма под наслов „Курти: Ова е посебна и најважна спогодба со Македонија“.

СОФА спогодбата беше потпишана по заедничката седница на владите на Македонија и Косово, одржана во Скопје, во рамки на вкупно 11. спогодби за соработка меѓу Македонија и Косово на разни полиња, почнувајќи од економијата, безбедноста, меѓуграничната соработка, а вклучувајќи со оваа СОФА спогодба, и на воено поле.

Инаку, Силите на безбедноста на Косово, или како што се нарекуваат таму „Војска на Косово“, се формирани на 1 јануари 2009 година по распуштањето на Косовскиот заштитен корпус. Силите на безбедноста на Косово се наоѓаат во подготвителна фаза во насока на трансформирање како вистинска армија.

Силите на безбедноста во моментов имаат пет илјади активни војници и три илјади резервисти. Повремено добиваат одредено воено вооружување од САД и други држави – членки на НАТО.

Секоја чест! Идниот советник Д-р Јоноски, средствата ќе ги донира во хуманитарни цели

Д-р Кире Јоноски, ортопед во прилепската болница, кој се најде на листата за советници на ВМРО-ДПМНЕ за Прилеп, преку својот Фејсбук профил изјави дека советничката функција ќе ја обавува волонтерски, а надоместокот ќе го донира во хуманитарни цели.

-Почитувани сограѓани, пријатели чест ми е да ви соопштам дека сум дел од победничката советничка листа на ВМРО ДПМНЕ за град Прилеп.

Најнапред да кажам дека истата ќе ја извршувам волонтерски т.е. сите парични средства што ќе ги добивам ќе ги донирам за добротворни цели и таму кај што е најпотребно.

На овој нов ангажман се решив да дадам допринос за поубав Прилеп, за Прилеп град во кој ќе биде пристојно место за живеење. Сакам да дадам пример дека граѓаните ќе бидат на прво место пред личниот интерес.

Ви ветувам дека овој мој предизвик нема воопшто да се одрази врз мојот професионален ангажман и врз пациентите, туку напротив ќе имам поголема инспирација и мотив за работа.

Македонија и Прилеп пред се – напиша Д-р Јоноски.

Неколку чести гpeшки кои ги правиме кога вapиме тypcко кафе: Овие совети ќе ви го подобрат вкycoт

Има нешто посебно кај турското кафе. Иако можеби сè поретко се наоѓа во кафетериите, воглавно сите го пијат дома. Доколку сакате да го пиете турското кафе како луѓето во минатото, следете ги овие совети.

Пред сè, за добро турско кафе потребна ви е квалитетна мешавина, па немојте да штедите на тоа. Покрај тоа, малкумина знаат дека водата не треба да зоврие. Во ѓезвето се загрева водата до пред вриење, па се тргнува од ринглата.

Дел од водата се трга со филџан, а во останатиот дел се додава кафе (по една полна лажичка за секоја шолја).

Се промешува за да нема грутки, па ѓезвето се враќа на оган. Кога кафето ќе нарасне, повторно се трга од оган и се додава водата што ја истуривте на почетокот. Ѓезвето повторно се враќа на оган и се остава да зоврие.

Тргнете го ѓезвето од оган, почекајте неколку секунди и додајте лажичка студена вода. Тогаш кафето е подготвено за служење.

Ова се некои од најчестите грешки што ги правите додека подготвувате кафе:

Пречестото мешање го убива вкусот.

Доколку кафето се подигне неколку пати, се уништува пената и се губи вкусот.

Мешањето на свареното кафе ќе го измени неговиот вкус.

Доколку пиете благо кафе, најдобро е да го додадете шеќерот во водата додека е ладна. Односно, пред да го ставите и сварите кафето.

Молеше да и направат пpocтop за да стигне на погpeб кај свojoт татко: Скопје блокиpaно за делегациjaта од Кocoво (Видео)

Пристигнувањето на косовската делегација за заедничката владина седница во Скопје предизвика вистински сообраќаен хаос во главниот град.

Затворени улици, гужви, нервозни возачи. Ваква беше сликата денеска во Скопје.

Голем број скопјани не успеаја да пристигнат на местата кадешто се упатиле. Сител објави видео од гужвите, каде една скопјанка вели дека не може да стигне на погребот на својот татко.

-Јас само ги замолувам да ми направат простор колите да се ослободам и да одам на погреб кај татко ми. 20 минути никој не сака да ми направи простор да поминам, сите полицајци ми велат „чекајте две минути, чекајте две минути“, сведочи таа пред камерата на Сител телевизија.