дома блог страница 1591

Ова се нajбeзбедните гpaдови во cветот

Копенхаген е најсигурниот град во светот според индексот кој го објави „Economist Intelligence Unite“, со 82,4 бодови од можни 100.

Зошто Копенхаген е најсигурен?

-Една од клучните работи кои Копенхаген го прават толку сигурен град е неговата ниска стапка на криминал која во моментот е најниска, вели градоначалникот Ларс Вајс.

Вели дека овој град го карактеризира и социјалната кохезија, како и релативниот мал јаз во богатството меѓу населението.

Канадскиот Торонто е на второ место со 82.2 бодови, додека Сингапур е трет со 80,7. Иако Сиднеј го зазеде четвртото место со 80.1 бод, австралискиот град беше на врвот во категоријата по дигитална безбедност. По него следи Токио со 80 бодови.

По нив следат Амстердам, Велингтон, Мелбурн, Стокхолм, Њујорк, Барселона, Вашингтон, Лондон и Сан Франциско како 15-то место.

На дното на оваа листа се наоѓаат Лагос (Нигерија), Каиро, Каракас, Карачи и Јангон.

Ученик од Пpилеп ја помина конкypeнциjaта од 48.125 yченици од cветот и ќе се натпpeвapyва во финалето на Меѓунapoдниот натпpeвap по англиcки jaзик

На Меѓународниот натпревар по англиски јазик Hippo English Language Olympiad, на кој учествуваа 48,125 учецници од 42 земји, ученик од ООУ “Климент Охридски” Прилеп се пласираше во финалето.

186 учесници од целиот свет влегоа во финалето, а помеѓу нив е и нашиот Даниел Дамески и ќе не’ претставува на финалниот натпревар во Италија.

Под менторство на наставничката Зорица Трајаноска, Даниел ќе ги претставува Прилеп и Македонија, а ние сме неизмерно горди на вакви вредни ученици.

Даниел со среќа!

Битиќи: Повиcoките цени на пpexpaмбените пpoизводи не тpeба да ги загpижyвaaт гpaѓаните

Вицепремиерот за економски прашања, Битиќи при вчерашната посета во Битола рече дека ги следат состојбите со покачувањето на цените на храната, но евентуални мерки ќе бидат преземени после изборите.

-Ги следиме бурно состојбите, мора да кажам тоа што секоја година имаме изборни процеси не секогаш сме во можност да реагираме кога секогаш е најпотребно затоа што различно се толкуваат нашите одлуки. Ние планираме и разговараме секојдневно со различните чинители после изборните процеси да преземеме одредени мерки, не би сакал да зборувам денес бидејќи различно може да се толкува, изјави Фатмир Битиќи, вицепремиер.

За најавените покачувања на храната вели:

-Мислам дека во овој момент е под контрола и од аспект на зголемување цени и од аспект на инфлација граѓаните не би требало во овој момент да бидат загрижени затоа што сите показатели укажуваат дека нема да имаме ценовни шокови кои би можело да влијаат, но да завршат изборите ќе зборуваме за многу подобри работи тогаш
Битиќи потенцираше дека државата во пазарна економија во принцип не би требало да се меша во условите во пазарната економија, но вели дека интервенирале секогаш кога е тоа возможно преку различни начини на интервенција, а пазарните начела да не се нарушуват.

И’ побарале членска од СДСМ и список на гласачи, предавала и по 36 часа, на крајот останала без работа (Видео)

Скандал го тресе основното училиште „Страшо Пинџур„ во Карбинци. Наставничка која била уценувана на минатите извори од СДСМ дека мора да донесе пристапница и да обезбеди гласачи доколку сака да си го задржи работното место, сепак останала без работа – објави “АЛФА ТВ”

Стравувајќи дека ќе остане на улица, таа ги обезбедила списоците за вонредните избори во Штип во декември, за да на 1. септември годинава да добие известување повеќе да не се јавува на работа. На нејзино место е примена сосетката на градоначалникот, која пак е на листата на советници од СДСМ за престојните избори.

Прилогот на новинарката Александра Ристевска предизвика лавина реакции на социјалните мрежи, а истиот можете да го погледнете во продолжение:

Нов пycтош! Огpoмен пожap голта се пред себе кај прилепско Смолани, абер се нема од воздyшна поддpшка (Фото галерија)

Денеска во попладневните часови пријавен е пожap кај прилепско Смолани

Територијалната противпожapна едница од Прилеп, според нашите информации интервенирале со две екипи, но нивните напори се залудни затоа што пожapoт се простирал на неколку километри површина.

Според инфрмациите од терен се работи за 5-6 пожapи на потегот од Смолани до Тројаци, противпожарните екипи моментално се повлечени, а ќе продолжат со гаснење во утринските часови.

Засега нема најава дека државата ќе интервенира со поголеми екипи или со воздушна поддршка.

Од октомвpи нема влегyвање во реасторани и кафулиња само со една доза вakцина

Од следниот месец сертификатот за вакцинација ќе биде валиден само со целосна вакцинација, а не како досега и со една доза од вакцините против Ковид-19, најави министерот за здравство, Венко Филипче.

Вакциналниот сертификат е неопходен за влез на граѓаните во ресторани, кафулиња и трговски центри, како и за присуство на помасовни настани.

„Една од мерките која сигурно ќе се препорача, но ќе оставиме и доволно време да помине, е потребата да се прикаже сертификат за најмалку една примена вакцина ќе прерасне во потврда за целосно вакцинирани граѓани. Секако, тоа ќе биде некаде во месец октомври“, рече Филипче.

Министерот посочи дека потребата од дополнителни мерки ќе зависи од анализата што во моментов ја подготвува Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) и треба да биде готова во сабота. Таа треба да даде детали за тоа каква е состојбата со бројот на новите случаи на Ковид-19, во кои градови се регистрираат, каква е возраста на заболените и опфатот на вакцинација во тие региони.

Вакцинацијата, според Филипче, се одвива добро иако во последните денови се бележи пад на интересот. Со последните бројки 55% од населението над 40 години имаат примено барем една доза вакцина и 30% од населението над 18-39 години е вакцинирано со барем една доза вакцина. Тој посочи дека вирусот се шири меѓу невакцинираните – над 90 отсто од смртните случаи немале примено вакцина, а помеѓу новозаразените 79 проценти не се вакцинирани.

Претседателот Пендаровски се попиша: Моето семејство ја исполни граѓанската должност (Видео)

Претседателот Стево Пендаровски денеска објави на Фејсбук дека заедно со неговото семејство ја исполниле граѓанската должност за пописот и оти податоците од оваа статистичка операција се неопходни за креирање политики.

„Денеска со моето семејство ја исполнивме нашата граѓанска должност. Внесот на податоците потребни за #Попис2021 не одзема повеќе од 15 минути. Со попишувачите поразговаравме и за досегашниот тек на процесот, за одѕивот и за реакциите на граѓаните“, напиша Пендаровски.

Претседателот додаде дека податоците од оваа статистичка операција се неопходни од секој аспект и оти ќе ни дадат насока за планирање на идните политики и стратегии.

Вкупно 800,008 лица, 249,500 домаќинства и 336,109 станови се попишани заклучно со 20 часот вчера, објави денеска Државниот завод за статистика. Можноста за самопопишување на лица во странство, пак, досега ја искористиле – 193,168 лица.

Двегодишно дете во денешната статистика на починати од кopoнавиpycoт

Министерството за здравство информира дека во денешната статистика на починати како последица од Ковид 19 ќе биде заведено двегодишното дете кое починало на Клиниката за детска хирургија во Скопје.

Се работи за дете родено со конгенитални малформации, со дијагнози бактериска сепса кај новородено, Хоспитализирано и оперирано во повеќе наврати на клиниките за детски болести, детска хирургија и неврохирургија од конгенитални интестинални (цревни) малформации, компликации перфорација на црево, перитонит,некротизирачки ентероколит, ресекција на јејунум, интракранијална хеморагија, аплициран вентрикуло-преитонеален шант. При последниот прием на клиниката за детска хирургија поради малнутриција и дехидрација, поради ковид протоколите е тестирано и е со COVID-19 позитивен резултат. Поради компликации настaпува exitus letallis – пишуваат во објаснувањето од Министерството.

Во последните 24 часа се направени 4.384 тестирање, а регистрирани се 561 нов случај на КОВИД-19:

Пријавени се 29 починати лица: 13 починати лица од Скопје (88г, 76г, 70г, 70г, 69г, 68г, 67г, 66г, 56г, 54г, 53г, 40г, 2г), 3 починати лица од Куманово (84г, 69г и 39г), по 2 починати лица од Тетово (69г и 68г), Струмица (76г и 68г) и Охрид (88г и 67г), по едно починато лице од Гостивар (71г), Кичево (62г), Дебар (60г), Кратово (72г), Радовиш (67г), Крива Паланка (69г) и Ресен (72г). Од пријавените 29 лица, 27 се починати во болнички услови, а 2 лица се починати во домашни услови.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 186.010 бројката на оздравени пациенти е 166.606, на починати е 6.396, а бројот на активни случаи изнесува 13.008

По дваесет години на Сугарески му текна да правел економски развој на Прилеп

Успешното функционирање на општините во современи услови не може да се замисли без спроведување на локален економски развој и создавање поволна клима за деловни активности и инвестиции, напиша на Фејсбук Горан Сугарески, кандидатот за градоначалник на Прилеп од СДСМ.

Денес, по четири години на власт и безброј функции кои ги имаше во Владата, на Сугарески му текна да прави економски развој на Прилеп.

-Оттаму, доколку на претстојните локални избори ја добијам довербата на граѓаните на општина Прилеп, локалниот економски развој е еден од главните приоритети кон кои ќе биде насочена мојата и работата на мојот тим.

Во таа насока беше и денешната средба со менаџерскиот тим на Мермерниот Комбинат, глобален лидер во вадење и производство на светски прочуениот бел мермер „Сивец“.

Низ разговор дојдовме до заедничка констатација дека постои простор за унапредување на соработката, што е од интерес како на Комбинатот, така и на Општина Прилеп, а се’ во функција на подобрување на стандардот и условите за живеење на жителите на нашата општина, напиша тој.

Седумдесет годишна баба возела 60 километри на автопат во спротивен правец

71-годишната Французинка возела 60 километри во погрешна насока на автопатот пред да биде запрена од полицијата, пренесуваат медиумите.

Полицијата со мотоцикли ја запрела жената, која не била повредена, во петокот вечерта, пишува весникот Ouest France.

Полицијата затвори дел од автопатот, но им требаше час и половина да запрат жена на делот од автопатот А11, западно од Франција. Немаше несреќи, а полицијата го истражува инцидентот.