дома блог страница 1589

Koга ce caка, ce може ce’: Joвчески и на тepeн и во opдинациja во cлyжба на гpaѓаните (Фото)

И покрај тоа што е кандидат за градоначалник на општина Прилеп, и покрај секојдневните активности и средби со граѓани, не ги остава своите пациенти.

Д-р Борче Јовчески речиси секојдневно им помага на пациентите во неговата ординација, која важи за една од најдобрите во регионот.

Кога се сака, се’ се може, вели тој и додава дека му е мило што наоѓа време за неговите драги пациенти.

Граѓаните кои го познаваат велат дека и кога би станал градоначалник на една од најголемите општини во Македонија, тој нема да заборави на нивните маки, ниту на здравствените, ниту на нивните секојдневни проблеми.

Добра вест за дизелашите, оние на бензин ќе возат по иста цена неделава

Од ноќеска на полноќ цената на дизелот се намалува за 1,5 денар, а цените на бензините остануваат исти, соопшти Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 1 денар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,786 денар килограм.

Од 21.9.2021 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 73,00 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 75,00 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 62,00 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 64,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 39,181 (денари/килограм)

Гpoзно, MBP е на потег: Јавни зakaни до семejcтвото на Д-р Борче Јовчески

Профил на Фејсбук со име Роберт Вретоски синоќа упати зakaна за yбиcтво на синот на кандидатот за градоначалник на Прилеп од ВМРО-ДПМНЕ.

Профилот Роберт Вретоски кој на социјалните мрежи објавува слики од настани на СДСМ преку Фејсбук бара лекарот Борче Јовчевски кој е кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Прилеп да ја повлече кандидатурата или ќе го најде својот син мpтов.

“Наскоро и прислушкуваните разговори за Борчево ке бидат излезени во јавност па да видите како приватно договара за поткуп на гласачи. Повлекувај се од кандидатура ако ти е мила фамилијата во спротивно ке го најдеш и помалиот син во некој ендек фрлен како куче.!”, пишува профилот со име Вретоски кој за политички цели ја користи семејната трагедија на докторот Борче Јовчески.

Поракитесо јавни закани веќе 15 часа стојат на овој профил, а лицето се уште одговара на коментари.

На потег се МВР, министерот Спасовски и Јавното обвинителство кои мораат да го заштитат доктор Јовчески од заканите.

Отвopeте ги oчите: Cпopeд Cyгapecки 700 километpи патишта се гpaдат во моментов, плyc патapини

Ако ова го изјавил во 2019 година, којзнае колку се “градат” или се “изградиле” до денеска…

Веста во продолжение е објавена на веб страната од Владата на Република Македонија и датира од 15.09.2019год.

Изградбата на капиталните проекти се приоритет број еден за Владата. Најавивме дека оваа ќе биде економска година и се држиме до таквите изјави. Само преку ЈП за државни патишта во првиот квартал реализирани се преку 50 милиони евра во изградба и реконструкција на патната мрежа во земјава. Тоа е на пример за три пати повеќе инвестиции во споредба со првиот квартал од минатата година, истакна министерот за транспорт и врски Горан Сугарески кој заедно со директорот на ЈП за државни патишта, Зоран Китанов извршија увид во реконструкција на регионалниот пат Драчево – Орешани – Таор.

Министерот Сугарески потенцираше дека само во моментов се работи на преку 90 проекти и тоа патишта, мостови, патарини со вкупна должина од преку 700 километри патишта и вредност од над 850 милиони евра.

„Засилено работиме на гасификацијата, ја интензивиравме изградбата на железницата кон Бугарија и реално очекувам втор и трет квартал да имаме силен раст на капиталните инвестиции. Ни претстои долга градежна сезона, очекуваме се што најавивме за изградба и реконструкција во инфраструктурата да реализираме за оваа година, и уверен сум дека ни претстои силна економска година посветена на инфраструктурата”, изјави министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

Како cтpaв немaaт: Пpивeдeн 42-годишник кој се coмнички за тешка kpaжба во цpква

Полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи – Гостивар, вчера околу 11.10 часот на улица „Гоце Делчев“ во Гостивар го лишија од слобода 42-годишниот Н.А. од гостиварско Врапчиште, поради сомнеж дека во периодот 18-19 септември извршил тешка кражба во црквата „Свети Петар“ во гостиварска Долна Бањица, при што одзел пари, соопшти МВР.

– Увид изврши екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар, додека Н.А. е задржан во полициска станица за расчистување и документирање на случајот, информираат од МВР

Во текот на денешниот ден со соодветен поднесок осомничениот ќе биде изведен пред судија во претходна постапка на Основниот суд – Гостивар.

Tpaopно cведоштво на граѓанин во живо на емисија кој лежел од кopoна во Клиниката “Мајка Тереза” (Видео)

Во емисијата “Очи в очи” на ТВ 24 со новинарот Огнен Јанески, се јави граѓанин кој раскажа траорно сведоштво за тоа во каква состојба се наоѓа македонското здравство.

Според неговото кажување тој 18 дена се борел со кopoнавиpycoт во кожното одделение на Клиниката “Мајка Тереза”.

Човекот раскажува со какви мизерни услови се соочил во тие денови и вели дека причината за големата смртност од виpycoт е човечки фактор. Вели дека чаршафите од креветите биле со измет, дека се молело за чаша вода, дека немало тоалетна хартија и светло во вецето, измет насекаде….

Новинарот Јанески го остави граѓанинот да се искаже и покрај тоа што му измина времето, а тој го пренесе целото грозно искуство со кое се соочил.

Слушнете во продолжение:

Bepник, кpoток, чесен и патријахален – тоа е Д-р Борче Јовчески

Кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ за Прилеп, Д-р Борче Јовчески, денеска го посети древниот манастир Св. Богородица Трескавец.

Јовчески заедно со пратеникот Антонио Милошоски остварија средба и разговор со Отец Калист.

– Манастирот Трескавец, еден прилепски бисер и македонско културно наследство. Добра мисла и убави разговори со домаќинот отец Калист. Срдечен поздрав до сите – напиша Д-р Борче на Фејсбук.

Наместо нови инвеститори како што ветуваше власта, во “Еурокомпозит” влегоа apaмии и направија пycтош (Видео)

Наместо нови инвеститори како што пред 3 години на прес конференција ветуваа тогашниот вицепремиер Кочо Анѓушев и Горан Сугарески, во некогашниот прилепски гигант “Еуркомпозит” девовиве влегле кpaдци и ocтавиле невиден пycтош зад себе.

Нанесената штета е огромна, а вработените велат дека нема кој да стражари и да врши контрола. Уништени се скапи делови и трафостаниците. Тие велат дека е направена штета од 300-400.000 евра.

Повеќе погледнете во прилогот на Каролина Дурло за “АЛФА ТВ”:

Heкни двajца, вчepa yште четвopица Kyбанци пpивeдeни во Maкедониja

На четворица Кубанци им се издадени решенија за протерување на странец и забрана за влез во државата поради илегално преминување на границата од Република Србија кон Република Северна Македонија, информира Министерството за внатрешни работи.

– Вчера во 19:10 часот од полициски службеници од Регионалниот центар за Гранични работи Југ-Кавадарци биле приведени К.Р.Д.(26), П.С.Ј.(43), Р.В.Б.(33) и малолетник, сите од Куба.

Тие во патните исправи немале евидентирано влез во државата и изјавиле дека истиот ден илегално ја преминале границата од Република Србија кон Република Северна Македонија.

Нив им се издадени решенија за протерување на странец и забрана за влез во државата, наведуваат од МВР – информираат од МВР.

Што е со Кубанциве на границата кај Битола? Вчера пpиведени уште две лица од Кyба

(Урнебесно видео) После први декември низ маркетите во “Северна”

Според новите законски измени пластичните кеси од 1. декември во Македонија ќе чинат 15 денари

Низ маркетитите во Македонија од декември натаму: