дома блог страница 1585

Toa е комплетен cпopтиcт: Ни го донece нajголемиот олимпиcки ycпex, а сега дипломиpaше на Факyлтетот за менаџмент на чoвeчки pecypcи

„Менаџирање на човечките ресурси во спортските организации“- ова е темата на дипломскиот труд на вицешампионот Дејан Георгиевски, кој свечено ја одбрани дипломската работа на Универзитетот за Туризам и Менаџмент во Скопје на Факултетот за менаџмент на човечки ресурси.

Во трудот тој се осврнува на дисцпилината, посветеноста и релацијата, на најважните човечки ресурси во спортските организации, тренерите и спортистите.

Академската фела која го поддржа Георгиевски во истражувањето на овој труд, порача дека Дејан има амбиции не само за нови историски успеси, туку и за професионална кариера во спортскиот менаџмент.

Георгиевски летово ѝ донесе најголем успех на нашата држава. По пауза од две децении Македонија повторно се запиша на листата на освојувачи на медали на Летните олимписки игри. Тој освои сребро во Токио.

-Ова е успех на Македонија. Но, ова е успех и на еден тим кој напорно работеше со многу откажувања, посветеност и упорност. За мојот успех заслужни се и моите тренери Борче и Дарко Костовски на кои сум им многу благодарен. Среќен сум што со медал им се заблагодарив за нивната посветеност и труд кој го вложија во мене, порача неодамна Дејан Георгиевски.

Тој има 22 години и блескава иднина пред себе. Во Токио покажа зрелост и смиреност.Дејан вели дека дисциплината стекната на тренинзите му помогнала и во извршувањето на неговите обврски кон студирањето. Тој се заблагодари на Универзитетот за туризам и менаџмент, кој како општествено одговорна организација стипендира млади таленти.

Анкета: Борче Јовчески убедливо води пред Сугарески – Се наѕира ли победникот во Прилеп?

“Организацијата за граѓански активизам и независност” која се занимава со анализи, истражувања и граѓански активизам, за сопствени потреби направи теренско истражување поврзано со престојните локални избори во Република Северна Македонија, кои ќе се одржат на 17 октомври 2021 годиниа.

Теренското истражување се одвиваше во периодот од 13 септември до 17 септември 2021 на репрезентативен примерок во зависност од големината на општината/ градот Скопје.

Во теренското истражување на територија на општина Кисела Вода репрезентативен примерот од 727 испитаници.

Резултатите од анкетата, во делот за општина Кисела Вода, покажуваат дека во оваа скопска општина најголема доверба ужива кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски.

За него се изјасниле дека ќе гласаат 23.9% од испитаните граѓани.

Зад него е кандидатот на СДСМ, Филип Темелковски за кој довербата ја дале 18,7% од граѓаните, кандидатот на Коалиција ЛДП-ДОМ, Ѓулистана Марковска за која 3,5% од испинатиниците се изјасниле дека ќе гласаат, кандидатот на Левица, Јулијана Штрковска Колариќ со 4,1% и кандидатот на ТМРО Росанда Марковска со 1,1% .

Во теренското истражување на територијата на општина Прилеп на репрезентативен примерок од 563 испитаници.

Резултатите од анкетата, во делот за општина Прилеп, покажуваат дека во оваа општина најголема доверба ужива кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Борче Јовчески.

За него се изјасниле дека ќе гласаат 24.5% од испитаните граѓани.

Зад него е кандидатот на СДСМ, Горан Сугаревски за кој довербата ја дале 19,9% од граѓаните, кандидатот на коалиција ЛДП-ДОМ, Славе Петрески за кој 4,8% од испитаниците се изјасниле дека ќе гласаат, кандидатот на Интегра,Зоран Митрески со 1,4% и независниот кандидат Жарко Стеваноски со 1,3%.

Еве ви идеја како некого да препалите по дома (Видео)

Видеото во продолжение е жива комедија.

Секако внимавајте на моментот и немојте да направите од играчка плачка…

Најдобро знам да зготвам тава со диво месо, не можам без моите пациенти: Д-р Јовчески во едно поинакво опуштено издание (Видео)

Интересно видео со блиц прашања за кандидатот за градоначалник на Прилеп, Д-р Борче Јовчески

Најдобро знае да зготви тава со диво месо, не може без своите пациенти, најубаво место во Македонија му е Трескавец…

Погледнете повеќе во продолжение:

Македонските герилци се појаки од оние во Латинска Америка (Фото)

На кого бе вие “Национална опера и балет”?

Maкедонските герилци се појаки oд сите заедно во Латинска Америка…

Јовчески: “Премиере, македонските и прилепските партизани се бореле против бугарскиот фашиcтички окyпатop”

ФБ статус на кандидатот за градоначалник на Прилеп од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Д-р Борче Јовчески

-Господине Премиер,

Ве молам покажете повеќе почит за нашите херои во народно-ослободителната војна и прекинете со понижувањето на нашите предци.

Прилеп е град херој токму затоа што нашите партизани, заедно со кумановските, први го запалија факелот на слободата во борбата против бугарскиот фашистички окупатор. Нашите дедовци беа храбри родољуби и антифашисти, а ние сме горди на нивната саможртва и подвиг.

На 11ти Октомври повелете во Прилеп да се поклониме пред споменикот Могила на непобедените, за сами да се уверите колку народот си ја почитува и цени својата историја и прилепските херои кои загинаа за Македонија.

Максо до Заев: “Зоране не’ понижуваш сите, газиш по историјата и по кocките на нашите пpeдци”

Фејсбук статус на градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски

-Има ли крај на оваа самопонижување?

Зоране, пријателе, збoруваш од позиција на Премиер во име на сите нас, не’ понижуваш сите, газиш по нашата историја и коските на нашите предци.

Македонците и сојузничките балкански народи беа и се’ уште се антифашисти.

На 11-ти Октомври ќе треба на кумановската и прилепска Спомен костурница заедно да положиме цвеќе на жртвите на фашизмот, јас како градоначалник, а ти како актуелен Премиер.

Сега молкот е повеќе од срам!

Имало задоволни пензионери од пониските пензии и скапотијата, па дошле да аплаудираат за Сугарески?

Животното и стручно искуство на нашите највозрасни сограѓани, пензионерите, претставува неисцрпен извор на идеи за развој на Прилеп – напиша на ФБ Горан Сугарески, при денешната средба со дел од пензионерите од Прилеп.

-Со прилепските пензионери разговаравме околу нивните предлози за подобрување на условите во пензионерските клубови, за регулирањето на статусот на пензионерскиот станбен фонд, како и за нивните размислувања околу одредени сообраќајни и инфраструктурни решенија во градот.

Пензионерите, недвојбено и во секој поглед ја имаат нашата почит, затоа што споделуваме заедничка грижа: обезбедување на подобри услови за живот на идните генерации и поколенија.

Во изминати 4 години, Владата предводена од #СДСМ на дело и со конкретни мерки покажа како се работи посветено на унапредување на квалитетот на живеење на највозрасната категорија на граѓани, која го вгради својот работен век во нашата заедничка иднина – напиша Сугарески.

Инаку Прилеп е град во кој моментално има над 12.000 пензионери.

Јовчески и Сугарески испија заедничко кафе во пресрет на изборната кампања (Фото)

Kандидатите за градоначалници за општина Прилеп од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, Борче Јовчески и Горан Сугарески, во пресрет на изборната кампања испија заедничко кафе во центарот на Прилеп

-Денес на кафе-средба со кандидатот од редовите на СДСМ, Горан Сугарески, разговаравме на повеќе теми во очи изборите на 17 октомври. Дојдовме на заеднички став дека изборите и изборната кампања треба да поминат во фер и демократска атмосфера, напиша Д-р Борче Јовчески од ВМРО-ДПМНЕ.

-Во политиката постојат политички конкуренти, а не непријатели. Задачата на секој одговорен политичар е да ги обединува граѓаните, не да сее раздор помеѓу нив. Одговорноста за тоа лежи во секој учесник во изборната трка, без разлика на која и на каква кандидатска листа се наоѓа.

Ова беше главниот мотив, во пресрет на почетокот на изборната кампања за локалните избори, да иницирам средба со кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Борче Јовчески.

Се залагам и апелирам на достоинствена и фер кампања, во која кандидатите и политичките субјекти ќе се натпреваруваат со идеи и проекти, а не со меѓусебни навреди и клевети. Само на тој начин ќе покажеме дека ние, политичарите, работиме во интерес на граѓаните и на локалната заедница, напиша СУгарески после кафе средбата со Јовчески.

Плусинфо: Лицeто кoe мy ce зaкaнyвaшe на Д-p Joвчески во пoлициja пpизнало кoj го поттикнaл

Kaко што неофицијално дознава порталот Плусинфо заканувачот В.Р. во полиција признал дека бил поттикнат од кандидат на советничката листа на СДСМ и дека од него му било ветено вработување.

Тој пред три дена упати закани по животот за синот на д-р Борче Јовчевски кој е кандидатот за градоначалник на Прилеп од ВМРО- ДПМНЕ.

Еве што напиша заканувачот во постот објавен на Фејсбук:

„Наскоро и прислушкуваните разговори за Борчево ке бидат излезени во јавност, па да видите како приватно договара за поткуп на гласачи. Повлекувај се од кандидатура ако ти е мила фамилијата во спротивно ќе го најдеш и помалиот син во некој ендек фрлен како куче“, пишува на профил на Фејсбук извесен В.Р кој во политички цели ја злоупотребува семејната трагедија на докторот Јовчески.

Извор: “Плусинфо”