дома блог страница 1584

Големо обединување во Кривогаштани: Богданоски ги собра ветераните и најавува сигурна победа (Фото)

Кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ за Кривогаштани, Александар Богданоски оствари средба со ветераните на партијата од населените места во оваа општина.

Богданоски успеа да ги сплоти сите партиски сили во оваа пелагониска општина и најавува сигурна победа во прв круг.

Плодна почва македонска: На жителите од оваа улица им никнаа домати (Видео)

Бизарната приказна за патлиџаните што растат на улица е на Телевизија М од Штип.

Погледнете го видеото во продолжение:

Kaфе во оваа метропола ќе ве чини само 40 денари: Ова се најевтиниот и најскапиот град во Европа

Тирана ретко се наоѓа на врвот на листата на желби на светските патници, но сепак новото истражување покажува дека главниот град на Албанија им дава најмногу на гостите од Обединетото кралство за нивните пари.

„Post Office Travel Money“ ги споредил типичните трошоци за викенд патување во 40 различни градови во Европа, кое вклучува две ноќевања во хотел со три sвезди, вечера во ресторан за двајца, јавен превоз, туристичко разгледување и слични активности.

„City Cost Barometеr“ покажал дека во Тирана ќе потрошите најмалку од сите анализирани градови – во просек по 9.600 денари. За кафе во овој град треба да издвоите само 40 денари, а за две ноќевања околу 4.400 денари.

На второто место на листата на најповолни европски градови се најдоа Катовице на југот на Полска, а на третото место е главниот град на Литванија – Вилнус.

Во топ 10-те најповолни градови за викенд-одмор се најде и главниот град на Хрватска и тоа на 7-то место. „Post Office Travel Money“ пресметал дека за викенд во Загреб ви се потребни околу 15.200 денари.

Осло и оваа година се покажа како најскап град во Европа за викенд, бидејќи за таму ви требаат 31.400 денари. Во просек, пивото во главниот град на Норвешка изнесува 520 денари, а две ноќевања во хотел со три sвезди чини 11.000 денари.

Ова се најповолните европски градови за 2021 година според „City Cost Barometer“:

1. Тирана, Албанија (вкупен трошок 9.600 денари)

2. Катовице, Полска (вкупен трошок 12.000 денари)

3. Вилнус, Литванија (вкупен трошок 12.200 денари)

4. Лисабон, Португалија (вкупен трошок 13.300 денари)

5. Рига, Латвија (вкупен трошок 13.400 денари)

6. Варшава, Полска (вкупен трошок 13.900 денари)

7. Загреб, Хрватска (вкупен трошок 15.200 денари)

8. Будимпешта, Унгарија (вкупен трошок 15.700 денари)

9. Братислава, Словачка (вкупен трошок 15.800 денари)

10. Краков, Полска (вкупен трошок 16.200 денари)

Ќe пpимаме ли коктели co антитела како што пpeпopaчyва C30?

Комисија на Светската здравствена организација (СЗО) денеска препорача употреба на коктели од антитела против Ковид-19 развиени од компаниите „Регенерон“ и „Рош“ за пациенти со висок ризик од хоспитализација, за оние кои се тешко болни и луѓето што немаат природни антитела.

Третманот во САД доби итно одобрување, откако привлече внимание кога се користеше минатата година за лекување на тогашниот претседател Доналд Трамп кога беше заразен со коронавирусот.

Терапијата во моментов се разгледува во Европа, додека Британија ја одобри минатиот месец.

Во посебно соопштение, СЗО ја повика американската компанија „Регенерон“ да ги намали цените и да го дистрибуира третманот подеднакво низ целиот свет, особено во земјите со низок и среден приход.

Други компании исто така се повикани да ја пренесат технологијата за да помогнат во развојот на слични третмани.

Heрвозата pacте: Данела Арсовска не потпадна на пpoвокациите од Caше Политико (Видео)

На денешната прес-конференција на независната кандидатка за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска, која е поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, провокациите на новинари блиски до власта останаа без успех.

Саше Политико кој постави неколку прашања, кои секако беа легитимни, нападна жестоко, мислејќи дека Арсовска ќе реагира нервозно, но таа му одговори сосема смиерно. Нервозата се пренесе на другата страна.

Арсовска мирно ја напушти прес-конференцијата, а Политико тргна во герила новинарство со изговор дека сака да постави уште некое прашање. Сепак, обезбедувањето на Данела го спречи до физичко доближување, по што стана уште понервозен.

Тој тврди дека бодигардот со лактови го попречувал, иако тоа на видеото не се забележува.

Очигледна е нервозата и кај СДСМ и новинарите блиски до владејачката партија.

Погледнете го видеото:

Mapичиќ: Бyдимпешта не планиpa да го екcтpaдиpa Гpyевcки

Министерот за правда Бојан Маричиќ во гостувањето во „Студио 10“, ја коментираше екстрадицијата и притоа напомена дека нашата земја има основа да побара од Унгарија екстрадиција на екс-премиерот, Никола Груевски.

-За него има основа да го бараме. Од Будимпешта добиваме информација дека не планираат да го екстрадираат сега за сега затоа што има политички азил од унгарската влада, кажа министерот за правда.

Тивок бојкот од прилепчани за Сугарески во две населби (Фото)

Како што изминува времето, се повеќе расте незадоволството на прилепчани од оваа власт и од понудата за локалните избори од страна на СДСМ.

Советничката листа беше само еден од мотивите за расколот во членството, втората и најголема причина е кандидатурата на Сугарески.

Неговата тридецениска кариера во политиката, во која не направил ништо за Прилеп, придонесе резултатите на анкетите да се поразителни и за најзагреаните социјалдемократи.

Безредието во градот, заканите, уцените, поскапувањата, проблемите на пензионерите, земјоделците и рекордната ковид смртност се теми што прилепчани не ги забораваат.

Тие му замеруваат на Сугарески што нема став и за последната провокација од неговиот лидер Заев, дека нема бугарски фашисти и најавата за брусење на спомениците и нови учебници. Сервилноста на Сугарески значи дека и тој е истомисленик, заборавајќи ги жртвите во Дабница, Ваташа….

Дали казната за сето ова стигнува на 17. октомври?

Павловcка Данева: Cледно што е? Дека пapтизаните не окyпиpaле, а Бyгapите не ocлободиле?

Професорката Ана Павловска Данева на Фејсбук ги искоментира најавите дека во учебниците ќе има промени, и ќе се отстрани „бугарски“ пред фашистички окупатор.

Ова вчера го најави премиерот Зоран Заев.

„Следно што е? Дека партизаните не окупирале, а Бугарите не ослободиле?“, пишува Павловска Данева.

Дел од бугарските медиуми ова го оценија како нивна победа. Заев вели дека не смееме цели нации да обвиниме за фашизам.

Македонскиот дијамант слави роденден: Денеска полни 22 години

Македонскиот дијамант и фудбалер на италијанскиот калчолигаш Наполи, денеска полни 22 години

Елиф Елмас кој оваа година во составот на Спалети е речиси редовен првотимец, e роден на 24 септември 1999 год. во Скопје.

Неговата цена на трансфер пазарот е проценета на 17 милиони евра, а Наполи направи напори да го задржи во своите редови ова лето.

Сугарески молчи и се согласува дека Бугарите биле административци?

Премиерот Зоран Заев како и пред една година, повторно се соочи со лавина реакции и од јавноста и политичарите, за неговите ставови дека од учебниците треба да се избрише терминот “бугарски фашистички окупатор”.

На неговите изјави деновиве реагираа интелектуалци, професори, градоначалници и кандидати за градоначалници.

Реакциите повторно се најжестоки во Куманово и Прилеп, градовите каде пукнала првата пушка и започнало народноослободителната борба.

На Фејсбук се огласија градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, како и кандидатот за градоначалник на Прилеп од ВМРО-ДПМНЕ, Д-р Борче Јовчески.

Само Горан Сугарески, не најде за сходно да напише неколку збора во одбрана на стотици и стотици паднатни борци од Прилеп во народноослободителната борба против фашистичките окупатори.