дома блог страница 1582

Tpaгедиja на езерото Козjaк: Ловеле pиба, па им се пpeвpтел чамецот, едниот pибap се cпacил, а дpyгиот потонал

На 25.09.2021 во 17.40 часот во Полициската станица Македонски Брод, А.Д., пpиjaвил дека, додека со чамец ловеле риба на езерото Козјак заедно со Б.Л.(55) од с.Пополжани, кичевско, чамецот се пpeвpтел.

Според пpиjaвеното, А.Д. ocтанал на чамецот и дошол до брегот, а Б.Л. пливал, но на околу 30 метри пред брегот потонал во водите на езерото.

Во координација со Јавен обвинител се преземаат мерки за пpoнaoѓање на Б.Л. и за pacчиcтyвање на cлyчajoт – информираат од МВР.

Цела Европа во исчекување: Изборен ден во Германија – се бираа новите членови на Бундестагот

Трката за новиот состав на Бундестагот е во самиот финиш, а избирачките места беа отворени точно во 8 часот утрово.

Својот глас го дадоа и водечките кандидати за канцелар – Олаф Шолц (СПД) и Армин Лашет (ЦДУ).

Составот на Бундестагот содржи 709 пратеници, иако според Статутот би требало да има само 598. Бројот на пратеници се зголемува од избори до избори, а само на последните избори пред четири години, Бундестагот доби нови 78 членови.

Пред само една недела Скопје беше блокирано за неговиот дочек, а денес Курти не нарекува “привремена држава”?!

Проектот за размена на територии беше целосен неуспех, но идејата се уште живее во Белград. Таму, сите соседни земји кои не се интегрирани во ЕУ, како БиХ, Црна Гора, Косово и Македонија, се сметаат за привремени држави“, рече премиерот на Косово, Албин Курти, цитиран од Б92.

Според него, Србија „ја имитира Руската Федерација и, со зајакнување на сателитските парадржави, сака да ги прикаже своите соседи како нефункционални и да ги претвори во пропаднати држави“.

„Република Косово нема да го дозволи тоа, независно Косово останува тука и е посилно како држава со функционални институции, кое излегува од економската криза и напредува кон Запад. Ние никогаш не се сомневавме во тоа, нашата цел е да влеземе во НАТО и ЕУ“, рече Курти.

Скопјанец нaтeпал девојка оти не сакала да биде со него во врска

Дваесет и двегодишен скопјанец (Н.Ѓ.) е приведен откако физички нападнал 25-годишна девојка.

Тој вчера ја однел девојката со своето возило и ја нападнал, не дозволувајќи ѝ да си замине доколку не бидат во врска.

Со него е извршен службен разговор, известен е Јавен обвинител и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе следува поднесок.

Aлександар “Велики” Волкановски ја одбрани титyлата во УФЦ (Видео)

Александер „Велики“ Волкановски ја одбрани својата титула во перо категорија на УФЦ 266

Волкановски изминатата вечер во октагонот се бореше против Брајан Ортега, а победата ја однесе на поени (49-46,50-45, 50-44).

32-годишниот Австралиец со македонско потекло, кој често го гледаме и со македонското знаме, имаше посилен старт во првите две рунди во „Т-Мобиле арената“. Тој успеа да избегне неколку блиски обиди на противникот и да ја однесе победата.

Волкановски дури во еден момент беше соборен, но успеа да се исправи и да му нанесе силни удари на Ортега, кој пак мораше да добие долга пауза за медицинска помош пред почетокот на четвртата рунда.

15-годишно момче од ИндиJa освои златен медал на Евpoпcкиот шампионат во Cтpyга, натпpeваpyвajќи се за ШК Пpилеп (Видео)

15-годишниот Гукеш од Индија освои златен медал на Европскиот шампионат во шах кој се одржуваше во Струга.

Младиот Гукеш постигна резултат 5.5/7, натпреварувајќи се на првата табла за Шаховскиот клуб Прилеп и е прогласен за најдобар играч на турнирот.

На првата табла имаше познати имиња како Мамедов, Мамедиаров и Гришчук, но младиот велемајстор од Индија беше најдобар.

Твитерџија го матираше Сугарески со еден потег

Твитерџија го разобличи кандидатот на СДСМ за градоначалник на Прилеп, Горан Сугарески, министер за транспорт и врски во Владата што ја преименува Република Македонија, кој на вчерашната 15-годишнина од смртта на поетот и писател Петре М. Андреевски „се сети“ на авторот на „Пиреј“, за кој „голем срам е, ести голем, ако останеме без нашето име“?!

Ja збyни целата нација: Црногорска водителка стана хит во целиот регион (Видео)

Црногорската водителка Билјана Станковиќ стана хит на социјалните мрежи поради необичната временска прогноза, односно нејзината интерпретација на истата.

Имено, водителката која работи во „РТЦГ“ известувала какво време ги очекува Црногорците за викендот и направила симпатичен лапсус по кој никому не му било јасно какво ќе биде времето.

„Утре променливо обла… сончево со повремено, со повремени, облачно, повремено, температура до 26 степени“, рекла Билјана, а гледачите останале збунети.

Третата опција сериозен удар за СДСМ на анкетите во Прилеп?

“Организацијата за граѓански активизам и независност” која се занимава со анализи, истражувања и граѓански активизам, за сопствени потреби направи теренско истражување поврзано со престојните локални избори.

Резултатите од анкетата, во делот за општина Прилеп, покажуваат дека во оваа општина најголема доверба ужива кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Борче Јовчески.

За него се изјасниле дека ќе гласаат 24.5% од испитаните граѓани.

Зад него е кандидатот на СДСМ, Горан Сугаревски за кој довербата ја дале 19,9% од граѓаните. Она што е интересно е дека во Прилеп има и трета сила, а тоа е кандидатската листа за советници и кандидатот на коалиција ЛДП-ДОМ, Славе Петрески за кој се определиле 4,8% од испитаниците.

Листата на ЛДП и ДОМ за Прилеп ја сочинуваат главно луѓе експерти во својата област, интелектуалци и луѓе кои се почитувани во средината во која работат и функционираат.

За потсетување овие две политички партии беа во коалиција со СДСМ на претходните изборни циклуси.

За претстојните локални избори на 17. октомври се одлучија за своите кандидати за градоначалници и советници, и се чини дека не погрешија со нивното дистанцирање од владеачката партија.

Останува да видиме колку советници од оваа листа ќе успеат да освојат во идниот Совет на општина Прилеп:

(Видео) Трета генерација на најфудбалското семејство во светот: Реакцијата на Паоло по првиот гол на неговиот син во дресот на Милан

Презимето Малдини има голема историја во фудбалскиот великан Милан, а денеска истата е продолжена од страна на младиот Даниел кој го постигна својот прв гол во Серија А.

Милан успеа да слави на гостувањето кај Специја со 1:2, но веста на денот е погодокот на младиот фудбалер кој го надополни големото наследство кое го оставија неговиот дедо Чезаре и татко Паоло.

Паоло Малдини во овој момент е директор на Милан и директно од трибините сведочеше на првиот гол на неговиот син, а неговата татковска реакција брзо стана вирална на социјалните мрежи.

– Навистина сум многу среќен, емоциите се многу силни. За среќа, ги вративме трите бода дома и ќе ми биде потребно време за да „легне“ се она што се случи.

– Вчера ми беше кажано дека ќе бидам стартер и имаше голема тензија. Соиграчите навистина многу ми помогнаа, но и тренерот Пиоли и мојота татко. Паоло има големи барања од мене, но пред се ми е татко и ми дава совети, – порача 19-годишниот Даниел за „ДАЗН“.