дома блог страница 1581

Бензините пoeвтинуваат, дизлеот пocкапува: Ова се новите цени на гopивата од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлука со која врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,40% во однос на Одлуката од 20.9.2021 година.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 1,00 ден/литар, додека малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 ден/литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,599 денар/килограм и сега ќе изнесува 39,780 ден/кг.

Од 28.9.2021 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 72,00 (денари/литар), Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 74,00 (денари/литар), Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 63,00 (денари/литар), Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 65,00 (денари/литар) и Мазут М-1 НС 39,780 (денари/килограм).

Повкycна е од ajвap и малиџано: Овaa зимница им ce допаѓа на cите, еве како да ja напpaвите

Оваа есен направете нешто повкусно од ајвар и малиџано.

Ова е рецепт за славната ловечка салата.

СОСТОЈКИ:

1 л. доматно пире, 2 кг. пиперки, 500 гр. кромид, 500 гр. морков, 100 гр. сол, 100 гр. шеќер, 100 мл. јаболков оцет, 2 лажици магдонос, 1 ловоров лист, 1 конзерванс, 100 мл. масло, 6 чешниња лук

ПОДГОТОВКА:

Се ставаат кромидот сомелен и доматното пире на оган да крчкаат половина час, а за тоа време се сечат пиперките на коцки и се чистат, се лупи морковот и се сече на кругови, па се меле лукот.

По пола час се додаваат пиперките, морковот и лукот, ловоров лист и се прелива се со масло и оцет, сол и шеќер.

Се остава од 90 до 120 минути да крчка со мешање, а густината треба да е како за ајвар.

Се трга од оган и се ставаат магдонос и конзерванс, па се меша.

Нека стои 10 минути да се лади, па наполнете во тегли.

Ставете им капак и оставете ги каде што чувате зимница.

Цpвенковcки: Maкедониja e кopyмпиpaна дpжава, живee на кpeдити, а кој живee на кpeдит yмиpa на paти

Поранешниот претседател Бранко Црвенковски, ги искритикува актуелните власти во Македонија, велејќи дека постојано се повторува една мантра: дека друга алтернатива освен членство во Европската Унија – немаме, па прашува што во тој случај ќе направиме ние, за кои не постои план „Б“?

Црвенковски, на денешниот научен собир „Современата македонска држава – две етапи во процесот на нејзиното формирање и развој: 1941-1991 / 1991-2021 година” во организација на Македонската академија на науките и уметностите по повод 30 години независност, праша што во случај Европската Унија да одлучи да нема повеќе проширување, без разлика дали ние сме ги исполниле сите услови. Дали тогаш ќе се самораспуштиме или самоукинеме?

Тој смета дека во Македонија мора да се изработи платформа, национална стратегија за иднината, со која би се утврдиле насоките по кои државата ќе се движи во иднина, без разлика дали тој пат ќе заврши со членство во Европската Унија или не. Смета дека би било идеално таа национална стратегија да ја изработат политичките партии, но исто така вели, дека не гледа начин, со оглед на нивните релации тоа и да го направат.

Секако, потсетува, таа национална стратегија не може да нѝ ја изработи некој од надвор.

Македонија, според поранешниот претседател е корумпирана држава. Дополнително, Македонија живее на кредити, а кој живее на креди, вели Црвенковски – умира на рати!

извор: Република

Шилегов попpaва точак, Сугаре пие кафе, друг бери дуњи – СДСМ го објави првиот спот за избopите

Мојот градоначалник си го знае својот народ. И решава проблеми Мојот градоначалник е од мое маало. Постојано е меѓу народот, добар со сите. Со конкретен план и решенија за проблемите Мојот градоначалник е подготвен за сѐ – се вели во првиот спот за локалните избори објавен од СДСМ.

Во него Шилегов поправа велосипед, Сугаре пие кафе, друг бере дуњи, четврт помага на стари лица….

Видеото можете да го погледнете ТУКА

3aeв: Го cменив името, па победив на избopите затoa што гpaѓаните почнaa да вepyвaaт во иднината

Го започнавме проектот „Отворен Балкан“ за да покажеме дека самите можеме да направиме многу позитивни работи, рече премиерот Зоран Заев во интервју за виенскиот дневен весник „Стандард“.

На прашањето зошто се приклучил кон иницијативата, за која многумина тврдат дека е само ПР акција на српскиот претседател Александар Вучиќ, тој нагласи дека станува збор за идеја на српскиот претседател, но дека тоа е транспарентен проект што го спроведуваат три земји.

„Тоа го направивме првенствено затоа што сакаме на земјите од ЕУ, кои се воздржани во однос на проширувањето, како Данска, Холандија или Франција, да им покажеме дека самите можеме да направиме нешто позитивно“, објасни тој.

Заев рече дека се работи за земјоделски производи побрзо да стигнат на пазарот во соседните земји.

„Познати сме по нашите добри производи. Во моментов, секогаш има 200 камиони кои чекаат на граница. Зошто да не им помогнете на овие претприемачи велејќи дека контролата на храната од Македонија е препознаена и во Србија? Се работи за заемно признавање на документи“, додаде тој.

Заев рече дека во следниот чекор ќе се направи обид за подобрување на културната соработка, на пример, преку соработка на филмската индустрија.

Запрашан за претстојната посета на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, во Скопје, и на кои теми Европејците треба повеќе да разговараат, Заев рече дека понекогаш членките на Унијата забораваат на причината за соработката.

„ЕУ е најдобриот проект во светот што гарантира демократија и слобода. ЕУ не е совршена, но исто така е најдобра кога станува збор за правата на вработените. Сепак, ЕУ мора да ги зајакне процесите на донесување одлуки, а тоа значи дека малите земји не можат веднаш да се третираат исто како големите. Мора да се земе предвид каде живеат и колкава е економијата. Заслугите исто така треба да бидат наградени. Ова предвидува нова методологија. Ако некој е добар тогаш треба да напредува, а ако има лоши резултати тогаш треба да се врати на стартната позиција“, вели Заев.

Тој рече дека Македонија може да сподели нешто позитивно во ЕУ, а тоа го покажало Охридскиот мировен договор и третманот на малцинствата, преку зајакнување на локалната самоуправа.

Смета дека ова е многу корисен модел не само за Босна и Херцеговина, туку и за земјите од ЕУ кои имаат меѓуетнички проблеми.

На прашањето дали Македонија ќе донесе подготвеност за компромиси во ЕУ, Заев рече дека подготвеноста не е видлива во Унијата.

„Го сменив името на земјата, а потоа победив на изборите. И тоа е затоа што граѓаните почнаа да веруваат во иднината. Кога го потпишав Договорот од Преспа со тогашниот грчки премиер Алексис Ципрас во 2018 година, 85% од граѓаните беа против. Ми се заканија, запалија пожар пред мојата куќа, имаше хаос во земјата и имаше протести и во Грција. Потоа победив на изборите. Тоа значи дека ако сериозно знаете дека правите нешто добро за земјата и граѓаните, тогаш треба да донесувате одлуки, иако населението не ги поддржува и не треба да се мисли на својата кариера “, објасни тој.

“До кога улиците во Прилеп ќе бидат пooпacни од бojно поле? Само за една недела имаше 4 cooбpaќajки со вклучени велосипеди, мотори и пешаци”

После синоќешната сообраќајна нecpeќа во центарот на Прилеп, граѓаните и граѓанските иницијативи со лавина реакции на социјалните мрежи.

-Уште што треба да се случи во Прилеп за да се превземе нешто за безбедноста во сообраќајот?

Во Прилеп буквално нема регулиран сообраќај.

Овде секој вози што ќе најде, и каде ќе му текне, се што има тркала се вози низ градот и се вози ама буквално секаде.

Само во изминатава недела имаме над 4 сообраќајни несреќи со вклучени велосипеди, мотори и пешаци.

До кога прилепските улици ќе бидат поопасни од бојно поле?

Бараме итно ограничување на брзината на движење за централното градско подрачје на 30км на час.

Засилени и не селективни полициски контроли и санкции за секој еден што ги прекршува законите.

Прилеп е единствениот град во Македонија низ чиј плоштад се возат четирицикли како да сме в сред планина.

Во Прилеп се возат мопеди и брзински мотори по тротоар и плоштад без никаков проблем, па и велосипеди кој исто така преставуваат опасност за пешаците и малите деца што се движат, затоа што пешачка зона е само тоа, ништо повеќе.
Во Прилеп да имаш и тенк дома, не е проблем, слободно вози кај сакаш.

Без демагогија, време е да се стави крај на убиствата во сообраќајот во строг центар на град и тоа мал град кој треба да е мирен и безбеден, а не во град со 5 улици да има жртви во сообраќај.

Закони има, може да се подобрат и изменат, но време е да важат за сите, за да немаме прегазени пешаци на пешачки, да немаме мотори од што возат на плоштад и на тротоари, за велосипедски патеки и да не зборуваме.

Плоштадот кое е единствено место каде што пешаците треба да “царуваат” кај нас е претворен во паркинг за мопеди.

Време е да застанеме сега, сите, сите се движиме по истите патишта, казни за сите подеднакво без оглед дали некој вози точак или авион, затоа што културата во сообраќајот се учи, не се добива од раѓање – пишуваат од иницијативата “Прилеп на точак”.

Јовчески: Пpилеп ќе добие пapк за миленици на Могила

-Кога утрото и неделата ќе ја започнеш со прошетка, неделата што претстои мора да биде добра. Планираната изградба на парк за миленици на Могилата на непобедените, ќе ги врати дружбите на љубителите на домашни миленичиња, пишува во својата објава кандидатот за градоначалникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ за општина Прилеп.

Прилепчани стигнаа до вториот триумф сезонава: Совладан РК Скопје на гостински терен

Екипата на РК Прилеп освои нови три бода вечерва на гостувањето во салата од СЦ „Борис Трајковски“. Во рамките на 4. коло од Супер лигата, со 30:29 совладан е домашниот тим на РК Скопје.

Уште во првото полувреме гостинските ракометари имаа сигурно водство од 5 разлика (13:8), а на одмор се замина со 3 разлика (18:15).

Се до средината од второто полувреме РК Прилеп го одржуваше водството, за во финишот домашните да се приближат на 27:28.

Следеа 2 гола за гостите и тука е решен победникот, бидејќи на крајот, иако скопјаните постигнаа 2 гола и го имаа последниот напад, 2 секунди не беа доволни за израмнување. Така 29:30 и заслужен триумф на РК Прилеп.

Екипата на тренерот Горан Кузманоски има 2 пораза и 2 победи, и со 6 бода го чека следниот дуел од 5.коло, дома, со битолски Еурофарм Пелистер 2.

Teшка cooбpaќajка вечерва во центарот на Прилеп, се cyдpиja aвтомобил и кола за ceчење дpва (Фото)

Огранокот на политичката партија Левица од Прилеп на социјалните мрежи информираше за тешка cooбpaќajка вечерва во центарот на Прилеп, кај раскрсницата пред домот на културата “Марко Цепенков”.

Според соопштението на партијата, причина за нecpeќата со немили пocледици биле несинхноризираните семафори и нерегулирано превозно средство (машина за сечење дрва).

-Околу 550.000 евра се потрошени само за ставка „одржување и набавки на хоризонтална и вертикална сигнализација во Прилеп.”

Сепак, секојдневно сме сведоци на нефункционалност и неисправност на семафорите, за чие одржување и поставеност, илјадници евра завршуваат во нечиј џеб.

Како резултат на тоа е опасноста во која се доведени човечките животи, кои нѝ висат на конец, но и материјалната штета која се предизвикува со честите, потенцијало-животопогубни несреќи.

Предмалку имавме уште еден во низата вакви случаи, каде што според случајни минувачи, директна причина за несреќата биле токму овие проблеми со несинхноризираните семафори и нерегулирано превозно средство (машина за сечење дрва, што довело до сообраќајна несреќа со немили последици., напишаа од Левица.

Засега не се познати точните причини за настанатата нecpeќа и дали има загинато лице. Повеќе информации во текот на утрешниот ден.

Се менува политичката карта на Европа: Германија доби нов канцелар

Кандидатот на СПД Олаг Шолц им се обрати на неговите соработници во изборниот штаб.

“Граѓаните одлучија дека СПД ќе оди напред и тоа е голем успех. Ова ќе биде долга ноќ, но многу бирачи заокружија дека сакаат промени, дека сакаат канцелар да биде Олаф Шолц. Сигурен сум дека граѓаните нема да бидат разочарани. Тоа е наше ветување. Сега можеме само да ги почекаме конечните резултати од изборите, а потоа ќе започнеме со работа”, рече Шолц.