дома блог страница 158

Што доби Прилеп од реализираните 98% капитални инвестиции на Министерството за спорт?

Реализацијата на капиталните инвестиции на Министерството за спорт до крајот на 2024 година изнесуваше 98,26%. Во првите шест месеци од 2025 година, веќе е достигната реализација од 74,32% – истакна министерот за спорт Борко Ристовски на прес-конференција на која беше презентиран годишниот отчет за првата година од формирањето на Министерството за спорт.

Целосна забрана за движење во шума од денеска до 31 август

Целосна забрана за движење во шума и шумско земјиште на територијата со која стопанисува/управува ЈП „Национални шуми” се воведува од денеска до 31 август годинава. Забраната, како што информираат се воведува со оглед на зголемената опасност од појава и ширење на пожари на отворен простор за временскиот период во терминот од 00.00 до 24.00 часот. Движењето ќе биде дозволено единствено со писмено одобрение издадено од подружниците на ЈП „Национални шуми” -Скопје за подрачјето со кое стопанисуваат управуваат.

За непочитување на оваа забрана на физички лица кои се затекнати да се движат во шума и шумско земјиште, согласно член 106 од Законот за шумите, се изрекува глоба од 1500 до 2000 евра во денарска противвредност.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, како што информираат од ЈП „Национални шуми” – Скопје, на 26 јуни годинава согласно член 57, став 3, дало согласност за Целосна забрана за движење во шума и шумско земјиште за периодот од 01.07.2025 до 31.08.2025 година.

Целосната забрана за движење во шума и шумско земјиште не важи за вработените во ЈП „Национални шуми”-Скопје и подружниците, како и за вработените во Министерството за внатрешни работи (МВР), Министерството за одбрана, Шумска полиција, Центар за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Државниот инспекторат за шумарство и ловство (ДИШЛ), субјектите што вршат шумскостопански активности сеча, дотур и транспорт на дрво и дрвни сортименти на површините со кои стопанисува ЈП „Национални шуми” – Скопје, припадниците на ловочуварската служба и службени лица од корисниците дивеч во ловиштата кои вршат работи за корисникот на дивеч во ловиштето и на лица кои што имаат писмено одобрение за движење во шумите со кои стопанисува ЈП „Национални шуми” – Скопје.

Забраната ја спроведуваат вработените од ЈП „Национални шуми” кои вршат дејност заштита, Шумска полиција, МВР и ДИШЛ.

FacebookTwitterCopy LinkShare

Mint Visa Не е само картичка. Тоа е „да“ – кога другите ти велат „подоцна“

Во свет каде што сè е итно, а парите секогаш „на пат“, Mint Visa е тука – веднаш.

Со неа не чекаш зелено светло. Го стартуваш сам.

🔓 Од 3.000 до 300.000 денари – достапни кога ќе ти затребаат.

📲 Цел процес дигитален, преку One ID. Без шалтери. Без нервоза.

🧾 Без непотребни документи. Со јасни услови.

 

Со Mint Visa, не прашуваш дали можеш – знаеш дека можеш.

  • Купуваш онлајн без нервоза.
  • Резервираш патување без дилема.
  • Плаќаш било каде – без објаснувања.

Во Mint Credit не глумиме магија.

Ние сме тука да направиме парите да работат за тебе – не обратно.

Mint Visa е нашиот најнов начин да ти кажеме:

Животот не треба да се одложува. Ни твоите планови.

Аплицирај денес. Јави се на 📞 15 107, или директно преку платформата на Mint Credit.

(Фото галерија) Битола станува вело-град: Нови патеки, паметна мобилност, одржлива иднина

Започната во 2014 како упорен глас и визија на „Битола на точак“, иницијативата за велосипедски патеки по цели 11 години добива свој епилог – Битола конечно влегува на мапата на вело – градови.

„Еден од првите посериозни состаноци кога започнавме ни беше во СВР, каде што ни го презентираа баш овој проект, уште тогаш, дека е одобрен и потпишан, но ете колку години требаше застапување за да го видиме реализиран“, вели Виктор Илиев од иницијативата „Битола на точак“.

Битола со забрзан чекор се движи кон визијата за уреден, еколошки и одржлив град. Градоначалникот Тони Коњановски, вчерашното утро го започна симболично – со велосипед до работа, како дел од заложбата за промоција на урбаната мобилност и активен начин на живот. По завршувањето на работниот ден, повторно го одбра велосипедот како средство за враќање дома, испраќајќи силна порака за личен пример и поддршка на вело-културата.

„Битола станува вело град. Со над 5 километри изградени велосипедски патеки и нови планови што следуваат, го трасираме патот за поеколошка, побезбедна, подостапна и поатрактивна урбана средина“, изјави градоначалникот Коњановски, по средбата со млади велосипедисти, пешаци и претставникот на иницијативата „Битола на точак“.

Во наредниот период, ќе следува доуредување на постоечките патеки – расчистување на теренот, поставување на соодветна вертикална и хоризонтална сигнализација, со што безбедноста и функционалноста ќе бидат значително унапредени. Паралелно, ќе започне и изградба на нови велосипедски рути во делот на поранешната касарна АРМ и други локации низ градот.

Реконструкцијата на тротоарите на улиците „Васко Карангелевски“ и „Партизанска“ со нови велосипедски патеки, се реализира со средства од Буџетот на Општина Битола и претставува проектна активност на проектот Smart4you2, поддржан од Европските фондови. Новите велопатеки се дел од пошироката стратегија на општината за подобрување на пешачките зони и воведување велосипедски патеки во клучни делови од градот.

Со ова, Битола не само што инвестира во подобра инфраструктура, туку и се позиционира како привлечна дестинација за љубителите на велосипедизмот и активниот туризам, поттикнувајќи здрави навики и зелени решенија.

Изложбата “Живи артефакти” од уметникот Филип Јовески, во петок пред прилепчани

На 4 јули 2025 /петок/ од 20.00 часот во Ликвоната галерија ќе биде отворена изложбата „Живи артефакти(ар)тистика“ од уметникот Филип Јовески. Изложбата е поддржана од Министерството за култура и туризам.

После успешното претставување во Културно-информативниот центар на Министерството за култура и туризам во Белград, Србија, прилепскиот мултимедијален трансдисциплинарен визуелен уметник М-р Филип Јовески, својата 12 – та самостојната изложбата насловена Живи артефакти – (АР)тистика ја носи дома, во ликовната галерија на НУЦК „Марко Цепенков“.

-На оваа повеќе-димензионална, интерактивна и мултимедијална интервенција во простор, презентирани се уметнички дела инспирирани од нашето богато материјално и нематеријално културно наследство, како и од мотивите на македонските народни носии. Изложба во која се среќаваат традицијата, технологијата и новите медиуми. Делата се транс-дисциплинарни, и меѓусебно поврзуваат повеќе уметности: архитектура, скулптура, музика, филм, дигитална анимација, поезија и визуелна уметност. Тие се претставени на повеќе нивоа на реалност: едно е физичкото кое го гледате веднаш штом застанете пред делото, а другото е виртуелно (дигитално) – кое можете да го видите со помош на апликација на вашиот мобилен телефон. Во истиот момент, двете дела ги гледаме паралелно на истото место, надредени, но во сосема различни реалности (физичка и виртуелна). Во тој момент, визуелниот код се претвора во дигитален код кој, пак, се претвора во информација која е визуелна и аудитивна. Концептуално, изложбата претставува продолжение на првонаградените мултимедијални дела од последното издание (2024 година) на реномираното и во светски рамки познатото Остен Биенале. Употребата на аугментирана реалност (AР) со цел да се претстават нови светови ја прави презентацијата на делата инклузивна и интерактивна. Таа го збогатува корисничкото искуство и ја претвора непосредната околина во интерактивна средина – вели уметникот Јовески.

Ако сакате да уживате во нешто “свежо” во овие топли денови, наполнете ги вашите мобилни телефони и во петок (04.07.2025) во 20 часот, дојдете да уживате во уметничките дела на М-р Филип Јовески, изработени во традиционални техники и дигитални медиуми и презентирани со помош на мобилна апликација за аугментирана реалност – велат од НУЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп.

Битолскиот театар со „Снежана и седумте џуџиња“ го отвора јубилејното 20.издание на Македонско културно лето во Албанија

Од 1 до 5 јули, живописниот Пустец во Република Албанија ќе биде домаќин на јубилејното издание на „Македонско културно лето“, во организација на Здружението на Македонците по потекло од Албанија „Сонце“, по повод 20-годишнината од своето постоење. Фестивалот, кој претставува симбол на културната виталност и самобитност на Македонците во Албанија, нуди богата програма со театарски претстави, концерти, изложби и активности за најмладите. Настаните ќе се одвиваат на неколку локации, вклучувајќи го плоштадот „Гоце Делчев“ и Музејот на Стерјо Спасе во Глобочани. Фестивалот ќе биде отворен на 1. јули во 19 часот, по што ќе следи претставата „Снежана и седумте џуџиња“ на НУ Театар Битола, а вечерта ќе заврши со концертот „Мала Преспа – Голема Песна“ на Драган Даутовски и ансамблот „Илинден“.

“Снежана и седумте џуџиња” е по текст на Љубивое Ршумовиќ, но се употребени и референци од бајките на браќата Грим, во режија на Драгана Милошевски Попова, драматург Билјана Крајчевска, сценографија Валентин Светозарев, костимограф Андреј Ѓоргиевски, композитор Марјан Неќак, кореограф Игор Киров, еден од најактуелните и најбарани светски кореографи.

Ова е претстава и за децата и за возрасните. Во театарската изведба на ,,Снежана и седумте џуџиња“, публиката ќе биде сведок на борбата помеѓу доброто и злото, преплетена со хумор, емоции и музика . Секој лик -од прекрасната Снежана , низ мудрите и смешни џуџиња, до злобната кралица -оживува пред присутните, носејќи магија директно од бајката. Улогата на Снежана ја игра Ана Грамосли, а останатите улоги: Никола Стефанов, Јулијана Мирчевска, Катерина Аневска Дранговска, Борче Ѓаковски, Никола Пројчевски, Маријан Ѓоргиевски, Живко Борисовски, Александар Димитровски, Петар Спировски, Александар Копања и Марија Стефановска.Суфлер е Гордана Михајлова, инспициент Димитар Михајловски.

Во следните денови на Македонското културно лето ќе се прикажат претстави како „Вечера за глупаци“ на НУ Театар „Ј.Х.К. Џинот“, изложби на фотографии од Охрид и Преспа, како и детската претстава „Рибарот и златната рипка“ според Пушкин. Свеченото затворање е предвидено за 5 јули во 14 часот со настап на ансамблот „Преспа“ на сцената во „Остров Мал Град“.Настанот се одржува со поддршка на Министерството за култура и туризам на Македонија.

Вицепремиерот Николоски го потпиша Договорот за грант средства со Европската банка за обнова и развој

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски го потпиша Договорот за грант средства со Европската банка за обнова и развој во висина од 350 илјaди евра наменети за техничка помош за изработка на Национална стратегија за полнење електрични возила и инфраструктура.

Националната стратегија за полнење на електрични возила и инфраструктура, прва од овој вид во Македонија, ќе овозможи стратешки пристап кон развојот на патната инфраструктура за поддршка на воведувањето на електрични возила во патната мрежа.

Во овој момент во тек е постапката за избор на Консултант (се очекува крај на јули, почеток на август да се избере) кој ќе има задача во две фази да креира:

1.Подготовка на Стратегија за електрични возила;
2.Акциски план со приоритетни активности и рокови кои треба да бидат одобрени од Владата, преку Министерството за транспорт и Европската банка за обнова и развој.

Покрај Консултанот, во изработката на Статегијата и Акцискиот план ќе бидат вклучени домашни и меѓународни експерти од области на експертиза за електрични возила, енергетската ефикасност, транспортот и екологијата.

Кривични пријави за четворица прилепчани кои нападнале полициски службеници

-СВР Битола поднесе кривична пријава против А.С.(22), Д.М.(25), А.М.(18), К.Р.(22) и М.М.(48), сите од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. На 14.06.2025 во угостителски објект во населбата “Точилa” во Прилеп, тие нападнале полициски службеници – информираат од МВР.

Концерт на женскиот камерен хор „Керамија“ на летната сцена од ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп

На 4 јули 2025 /петок/ од 19.30 часот на летната сцена од ЦК „Марко Цепенков“  ќе се одржи концерт на женскиот камерен хор „Керамија“. Концертот се реализира со поддршка на Министерството за култура и туризам. Гости на концертот се КУД „Стив Наумов“ од Битола и Градскиот камерен хор „Астибо“ од Штип.

Програма:

Женски Камерен хор „ Керамија “

1.Ave Maria – Vitorio соло Катерина Попоска

2.Ubi Caritas – Ola Gjelo

3.Zum Gali Gali – Israel Folk Song *Инструментална придружба Магдалена Ковилоска флејта Андреј Димоски бонгоси

4.Mamma Mia – ABBA соло Ане Чесноска

5.Ли ду ду – муз. Григор Копров -Васил Хаџиманов. арр. за хор Бурим Хидри

Куд. Стив Наумов Битола

  1. Тајно моја-Д. Темков
  2. Кољо гидија – А. Лековски
  3. Голем чечкалица – Д. Величкович
  4. Bullerengue – J. Antonio
  5. We will rock you – M. Brymer

Градски камерен хор “Астибо” Штип:

  1. Химна на Св. Климент Охридски – Кирил Македонски;
  2. Кумановка 5 – Трајко Прокопиев;
  3. Го пратиле дедо… – народна, арр. Ивана Ѓурѓевиќ – Јанков;
  4. El Condor pasa – Daniel Alomia Robles;
  5. Historia de un amor – Carlos Almaran;
  6. The Lion sleeps tonight – Solomon Popoli Linda.

 

 Биографија на хорот: Женски камерен хор „Керамија“

Женскиот камерен хорот „Керамија“ е формиран на 11.01.2023година во Прилеп под иницијатива и диригентска палка на Катерина Попоска од Прилеп, дипломиран музичар теоретичар педагог.

Во хорот членуваат ентузијасти и вљубенци во хорската уметеност.
Специфично е името „Керамија“ но тоа го означува античкот град Керамија, кој се простирал на задниот дел и ѕидините од Марковите Кули, кој е синоним на градот Прилеп.

Жкх.„Керамија“ е единствениот еднороден женски хор во Прилеп, во него членуваат и аматери  и девојки со музичко образование, но со голем стаж во хорската уметност, кој во многу кратко време покажа дека можи да се носи со тежина на материјал, обемна работа и професионалност на рамниште со професинални хорови. Хорот со досегашната работа има обработено композиции од духовен карактер, комерцијални англиски и божиќни хитови и македонски староградски и народни песни.

Целите на хорот е да се негува хорското пеење и традиција како дисциплина. Афирмација како единствен женски хор од Прилеп за афирмација во Македонија и за афирмација и надвор од границите на државата.

Женскиот камерен хор „Керамија“изминати настапувања од ревијален карактер:

  • 24-25 Јуни 2023 – Интернационалниот фестивал на хорска музика „ТеХо“ 2023 во Тетово, поддржан од министерство за култура за на Р.С.Македонија.
  • 16 Септември 2023 – Фестивалот за камерни хорови „Астибо“ Штип, поддржан од министерство за култура на Р.С.Македонија.
  • 12.2023 „Божиќен базар“ Шумски фенери – Битола.
  • 12.2023 „ Зимска приказна “ во Битола, поддржан од општина Битола.
  • 12.2023 „ Новогодишен базар “ во Прилеп, поддржан од општина Прилеп.
  • Специјална награда на Интернационалниот фестивал „Арт Ин“ Кавадарци
    (30.05-03.06.2024 год.)
  • Прво место во Камерна музика на Интернационалниот Пијано Фест во Битола
    (7-9.06.2024 год.)
  • Интернационален хорски фестивал „ТеХо“ 2024, жкх. „Керамија“ од стручната јавност е избран за најдобар фестивалски перформанс.
    (30.06.2025 год.)
  • Староградски средби во Прилеп „Звуците на градот“ (18.07.2024)
  • Хуманитарен настап во „Св.Петка“ Прилеп (24.07.2024)
  • Фествал за камерни хорови „Астибо “ Штип , освоена 1 награда (06.10.2024)
  • Гости на Годишен концерт на КУД„Пере Тошев“ од Прилеп (20.10.2024)
  • Целовечерен концерт на ЖКХ.„Керамија“ , (11.11.2024 ) Поддржан од министерство за култура.
  • „Пелистерски базар“ (16.12.2024)
  • Номинација за 12 Величествени – Доделување на наградите (12.02.2025)
  • Вклучување во проект на проф. Димитрије Бужаровски (02.03.2025)
  • Интернационален фестивал „ТеХо“ 2025 (27-29.06.2025)

Предвидени идни активност:

  • Октомври 2025 предвиден е настап во Молдавија.

30 години Кожувчанка – Јубилеј на успех, партнерство и визија (ФОТО)

Компанијата Кожувчанка денес го одбележа својот голем јубилеј – 30 години постоење со ПР настан на кој присуствуваа партнери, пријатели, новинари, претставници од институции и деловни соработници од земјата и странство.

Настанот се одржа по повод три децении успешна работа на Кожувчанка -компанија која од 1995 година израсна од локален производител во бренд со национално и меѓународно признание. Присутните имаа можност да слушнат инспиративни обраќања од водечките луѓе од компанијата, нејзини долгогодишни партнери, како и претставници од институциите.

Г-дин Бранко Азески, Претседател на Стопанската комора на Македонија

Г-динот Азески ја имаше таа чест прв да се обрати. Тој ја потенцираше улогата на компанијата Кожувчанка како пример за успешно македонско претпријатие. Исто, говореше и се осврна на одличната соработка помеѓу Комората и Кожувчанка низ годините, потенцирајќи ја нивната заедничка заложба за подобрување на деловната клима и охрабрување на другите домашни брендови.

Г-ѓа Јанинка Чупаркоска, Генерален менаџер на Компанијата Кожувчанка

Во своето обраќање, г-ѓа Чупаркоска ја истакна благодарноста кон сите кои се дел од 30-годишната приказна на Кожувчанка – вработените, потрошувачите и партнерите:

Тоа што не’ прави посебни и истрајни сето ова време пред сè се луѓето нашите верни потрошувачи, посветеноста на нашите вработени, како и поддршката од нашите партнери и соработници.“

Таа се осврна на почетоците од 1995 година, кога Кожувчанка започнала со неколку вработени и еден производ, а денес брои преку 70 производи, присутни во секојдневието на македонските семејства и пошироко.

Исто, зборуваше за постојаните инвестиции во производство, квалитет и одржливост, како и за извозните успеси на компанијата.

Г-дин Марио Маис, Маркетинг менаџер на Sinalco International Brands

Г-дин Маис, долгогодишен стратешки партнер на Компанијата преку брендот Sinalco, зборуваше за исклучителната доверба и професионалната соработка која трае веќе две децении.

Тој ја истакна Кожувчанка како пример за лојалност, квалитет и стабилен развој на локалниот пазар:

„Соработката со Кожувчанка не е само деловен однос тоа е долгорочно партнерство засновано на доверба, визија и заеднички успеси. Вашата истрајност и интегритет се инспирација.“

На крај од говорот кажа за важноста на синергијата помеѓу локалните производители и глобалните брендови, и ја најави подготвеноста од Sinalco International Brands за нови, заеднички проекти со компанијата Кожувчанка.

Г-дин Митко Јанчев, Градоначалник на Општина Кавадарци

Митко Јанчев со голема емоција зборуваше за почетоците на компанијата, визијата на неговите татко и чичко и патот до денешниот успех:

„Со голема чест и особена гордост ви се обраќам денес, на денот кој е од голема важност за мене и мојата фамилија – 30 години од постоењето на Кожувчанка.“

Тој го  најави и новиот бренд – Aqua Mila, природна изворска вода која го носи името на неговата ќерка:

  „Со ова претставување на нашиот нов производ пред вас, сакам да ѝ го честитам роденденот и на мојата ќерка Мила по која е крстен овој бренд.“

Јанчев објави и планирана соработка со СОС Детското село, со цел поддршка на децата и вложување во нивната иднина:

  „Тоа е она на кое сум најмногу горд – на моето семејство, на компанијата и на луѓето-партнери со кои секојдневно учествуваме во градење на подобро општество за сите.“

На крај, изрази благодарност кон сите потрошувачи, соработници и пријатели на компанијата:

„Се гордеам и сум благодарен на сите вас наши пријатели и соработници, на нашите верни потрошувачи и на сите што веруваат во оваа наша приказна.“

За Кожувчанка

Основана во 1995 година, Кожувчанка денес е еден од лидерите во македонската индустрија за производство на вода, алкохолни и безалкохолни пијалаци, со портфолио од над 70 производи и присуство на повеќе странски пазари. Компанијата е позната по квалитет, иновации и општествена одговорност, како и по своите долгорочни партнерства – како со Sinalco, така и со многу локални дистрибутери и институции.