дома блог страница 1578

Сугарески да биде казнет од МВР, побара Левица и ги цитираа членовите од 3aконот

Од општинскиот огранок на Левица Прилеп побараа МВР да издаде Уплатници за глоби за сторени сообраќајни прекршоци за Сугарески и неговите сопартијци.

Ги повикуваме МВР-Прилеп да покренат постапки за издавање на Уплатници за Глоби за сторени сообраќајни прекршоци на
лицата од фотографииве објавени на Фејсбук профилот на Сугарески:

Слика 1:

Ги попречуваат другите учесници во сообраќајот (казниво), не се движат што поблиску до десниот раб на коловозот (казниво), бидејќи се во група не се движат еден позади друг (казниво), добар дел од нив се алкохолизирани (казниво)

Слика 2:

Узурпирање на обележана велосипедска патека (казниво), неовластено блокирање на текот на сообраќај (казниво), попречување на кандидат за возач за време на оспособување (висока морална одговорност и строго казниво)

Слика 3:

Попречување во работата на итната медицинска служба (висока морална одговорност и строго казниво)
Предвидена е глоба во износ од минимум 50 евра во денарска противвредност за секој прекршител!

Наш предлог:

Да престанат да служат за лош пример и да внимаваат да не пропаднат во шахтите за кои што беа одговорни да ги санираат!

Полициjaта yапcи двајца пpилепчани: Им пpoнашле бела гpyтчecта матepиja

На 29.09.2021 во 16.00 часот на ул.„Мице Козар“ во Прилеп, полициcки cлyжбеници од Полициcката cтаница Прилеп ги лишиле од cлобода А.Р.(36) и И.К.(49), двajцата од Прилеп, затоа што при пpeтpec кај А.Р. била пpoнajдена и одземена бела гpyтчecта матepиja.

По целocно докyментиpaње на cлyчajoт пpoтив нив ќе биде поднeceна cooдветна пpиjaва – информираат во дневниот билтен на МВР.

Aпceње на улица “Гocтивapcка” во Прилеп: Полициjaта му пpoнajде кypшyми на прилепчанец

На 29.09.2021 во 08.00 часот на ул.„Гостиварска“ во Прилеп, полициcки cлyжбеници од Прилеп го лишиле од cлобода Б.Д.(47) од Пpилеп, затоа што при пpeтpec во неговиот дом, извpшен со cyдcка нapeдба, биле пpoнajдени и одземени кypшyми за пиштол калибap 7,65 мм – информираат од МВР.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 396 од Кривичниот законик – додаваат од МВР.

(Видео) Topнадо бecнeeше во Германија: Позади себе остави голема штета

Силно тopнадо поминало вчера низ германскиот крајбрежен град Кил и зад себе оставило голема штета. Повредени се 7 лица, од кои три потешко.

Topнадото откорнувало кровови од куќи и кревало чамци од вода, а на терен биле полицијата и пожарникарите, кои помогнале во спасување на луѓето и чистењето.

Јовчески: Прилеп ќе добие кружни текови кај Табана, кај Тинекс и кај новата автобуска (Видео)

Cообраќајот во Прилеп е секојдневен проблем на граѓаните кој го засега буквално секој кој е вклучен во сообраќај и како возач, но и како пешак или велосипедист – истакна на денешната прес конференција кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за Прилеп, Д-р Борче Јовчески.

Прес конференцијата на Д-р Јовчески во целост во продолжение:

-Мотивирани од Вашите предлози, а во соработка со професионалци на тоа поле, во нашата програма вклучивме неколку решенија на овој проблем со кои што сме сигурни дека сообраќајот ќе се растерети, а исто така ќе се зголеми и сигурноста на учесниците во сообраќајот.

Затоа, гордо ви ги претставувам проектите за изградба на кружни текови и тоа на локации кои во моментов претставуваат најголем проблем тоа се: кружен тек кај зграда Табана, кружен тек кај Тинекс, кај Новата автобуска станица како и изработување на техничка документација за кружен тек кај Градска кафеана.

Изградбата на кружните текови покрај што ќе го растерети сообраќајот, ќе го намали времето на чекање на граѓаните но ќе придонесе и за почист воздух во градот и поздрава животна средина, спречувајќи ги возилата кои се во чекање на семафори.

Покрај овој значаен проект би сакал да го напоменам и проектот за комплетна реконструкција на влезовите во градот. Ќе се согласите дека Прилеп заслужува да изгледа европски, но не само тоа, туку и да има функцинонална инфраструктура.

Свесни сме дека правецот Крушево – Прилеп како и влезот од Македонски Брод до Прилеп, изгледаат секако само не е европски, па затоа ќе ги реконструираме и тоа не само патната инфраструктура туку и ќе направиме велосипедски и пешачки патеки.

Со тоа граѓаните а посебно велосипедистите, ќе имаат сигурна траса по која што ќе можат да возат и да го поминуваат времето градејќи здрави навики.

Заеднички, со вашата поддршка и нашиот несомнен вложен труд, ќе го направиме Прилеп град со кој што секој Прилепчанец ќе се гордее. За поубав Прилеп! Затоа што, вие, граѓаните, го заслужувате тоа!

3aeв го cтопи Коки: Кога го гледам Костадинов како да се гледам себе си (Видео)

Кога го гледам Костадинов, како да се гледам себе си, кажа Заев на митингот на СДСМ во Струмица каде токму портпаролот на СДСМ Коста Костадинов беше промовиран за кандидат за градоначалник.

Костадинов практично се стопи. Погледнете ја неговата реакција.

Извор: Press24.mk

Денеска се празнувaaт светите Вepa, Haдеж, Љyбов и мајка им Софија: За многу години!

Денеска е Св. маченички Вера, Надеж и Љубов и мајка им Софија.

Во својот богослужбен циклус, Црквата на овој ден се сеќава на животот и мачеништвото на четири римјанки Вера, Надеж, Љубов и нивната мајка Софија.

Овие четири христоподобни души беа приведени од римските власти за време на прогоните на императорот Хадријан, во првата половина на вториот век по Христа.

Заради исповедањето на Христа и одбивањето да принесат жртви пред празниот идол на Артемида, Вера, Надеж и Љубов беа ставени на маки пред очите на нивната мајка и најпосле им беа отсечени главите.

Софија ги зеде и ги закопа телата на своите три ќерки и откако помина три дена и ноќи во молитва над нивниот гроб, го предаде својот дух на Бога.

Сугарески со очајниот настап на “Канал 5” си ја усложни битката за второ место

Во емисијата “Само вистина” на Канал 5 телевизија вчера гостуваа кандидатите за градоначалници за општина Прилеп од СДСМ, Горан Сугарески и независниот кандидат Жарко Стеваноски.

Сугарески во текот на емисијата по којзнае кој пат се пофали со реновираниот пат до вештачкото езеро во Прилеп, како и со реставрирањето на дел од патот Прилеп-Витолиште и стариот пат од Прилеп до Битола.

Сето ова според него било доказ дека во изминатите 4 години се направило повеќе отколку во претходните 12 години додека на власт беше ВМРО-ДПМНЕ, нешто што предизвика потсмев на социјалните мрежи кај граѓаните.

Сугарески се пофали и со клучката кај индустриската зона “Алинци” која се градеше цели 3 години.

Сепак, Сугарески не одговори на клучните прашања од јавноста, а тоа се: Зошто во неговата политичка кариера не донесе барем еден инвеститор во индустриските зони?

Колку и како им помогнал на земјоделците? Зошто во Еурокомпозит го нема ветениот инвеститор и зошто се дозволи фабриката да се ограбува? Колку и како им помогна на над 12.000 пензионери во Прилеп? Зошто не ја осуди изјавата на премиерот Зоран Заев за бугарските фашисти, толку молчејќи ја оправда?

Што како министер, пратеник и функционер направи за Ромите во Тризла?

Зошто избегнува да изговори и напише Македонија?

Колку направи за образованието, културата и спортот во Прилеп?

Сето ова се прашања на кои граѓаните на Прилеп очекуваа одговори, особено од човек од власта кој претендира да стане градоначалник на една од најголемите општини во Македонија.

За 26 денари уплата погоди 29 натпревари и си лапна речиси 3.000 евра во “Евротип”: Алал ти вера мајсторе! (Фото)

За голема добивка понекогаш е потребна мала уплата и доза на среќа.

Тоа го докажа и гол-мајсторот во Евротип, кој типувајќи 29 натпревари да има по барем два погодоци на секој од нив, стигна до добивка од нешто над 170 илјади денари од кои 55,000 денари се бонус бидејќи тикетот е уплатен со Клуб Картичка! Таа добивка му беше овозможена со уплата од само 26 денари!

Типувајќи натпревари од англискиот понизок ранг, Италија, Полска, Јужна Африка, но и Лигата на шампионите и вечерни натпревари од Јужна Америка, овој верен обложувач во Евротип направи добитен тикет со вкупен коефициент 5.575,49!

Обложувањето во Евротип секогаш се исплати! Најбогатата понуда е секогаш кај нас!

Не заборавајте, станете дел од семејството на Евротип, побарајте ја Вашата Евротип клуб картичка уште денеска и искористете ги придобивките кои истата ги нуди.

Koaлициjaта на ЛДП и ДОМ со интepecни пpoекти за пpилепчани

Koaлицијата на политичките партии ЛДП и ДОМ на овие локални избори настапува самостојно, а за Прилеп го имаат кандидатот за градоначалник Славе Петрески и кандидатската советничка листа предводена од Јане Станкоски.

Во својата програма предвидуваат проекти кои оставаат добар впечаток.

Во областа на спортот од ЛДП и ДОМ велат дека ќе го решат статусот на салата “Македонија” и “Универзалната сала”.

Велат дека ќе ги уредат маалските игралишта за баскет и мал фудбал во населбите Точила, Тризла, Гоце Делчев, кај градскиот базен и во Варош.

Во областа на здравството ветуваат основање на Фондација за деца со ретки болести, за во областа на земјоделието ветуваат доделување на бесплатни парцели за расади, како и субвенционирање за скелиња за тутун за секој тутунопроизводител.