дома блог страница 1576

Јовчески: СДСМ ги затвори градинките во прилепските села, ќе го исправиме тоа и ќе го решиме проблемот со недостиг на места (Видео)

Проблемот со недостиг на градинки и слободни места за дечињата oваа локална власт предводена од СДСМ не го реши. Сегашната актуелна власт, за жал со неградењето на ниту една градинка, лошо се справи со решавањето на простор за сместување на деца од претшколска возраст – истакна на денешната прес конференција кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ за Прилеп, Д-р Борче Јовчески.

Неговата прес конференција во целост ја пренесуваме во продолжение:

“Единствено што направија ја пуштија во употреба градинката во состав на ОУ ,,Рампо Левката’’ која ВМРО- ДПМНЕ им ја остави подготвена.

ВМРО – ДПМНЕ исто така, во свое време создаде подобри услови и за децата на жителите во руралните средини, со тоа што отвори групи за престој на деца од предучилишна возраст во селата Тополчани, Беровци, Канатларци и Големо Коњари. За жал, денес овие групи не функционираат. Затворени се благодарение на неспособноста на СДСМ и децата од руралните средини се обесправени и осакатени во предучилишниот развој.

Иако многу ветуваа, ветувањата останаа празно слово на хартија. Во последниов период, да не речам 1 месец пред избори, сведоци сме на некакво придвижување поврзано со изградбата на градинката во населба на Точила, но како и многу други проекти на СДСМ, изградбата застана уште на самиот почеток.

Затоа, ја анализиравме детално ситуацијата и во нашата програма внесовме реални и издржливи проекти за детски градинки со вкупен капацитет од 500 деца.

Моите предлози и решенија како кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за овој навистина голем проблем, се следниве:

-Прво, изградба на нова детска градинка, во населба Кузман 2 и доизградба на започнатата градинка во населба Точила, за која 133 милиони денари се издвоени од Вашите џебови,

-Второ, што е и економски поисплатливо и порационално е адаптација и пренамена на дел од училишните простории на основните училишта. Планираме дел од објектите да се пренаменат за згрижување на деца од предучилишна возраст и тоа ќе го започнеме од ОУ ,,Кочо Рацин’’,

-Трето, рестартирање на градинките во селата Тополчани, Беровци, Канатларци и Големо Коњари. Исто така, во комуникација со жителите од Сточен Пазар, доколку е потребно и пренамена и пуштање во употреба на училиштето кое во време на СДСМ беше запрено.

Со овие неколку проекти, повеќе од сигурни сме дека на граѓаните ќе им се олесни секојдневното функционирање, затоа што порелаксирано ќе ги извршуваат своите работни обврски. а децата ќе напредуваат и ќе се социјализираат”.

Д У И го има спотот на кампањата: Трка по фармерки во која Мерко победува (Видео)

Ако треба да се избере спот на кампањата за локалните избори, тогаш ова дефинитивно е “вистинскиот”…

Мерко, Бејта, Ганиу, облечени во фармерки се тркаат на патека придружени со спортски коментар, кој за жал не го разбираме бидејќи е на албански јазик.

Со лесен трк, Бејта ја води трката, а Мерко е тука некаде зад него, на крајот актуелниот градоначалник на Струга победува во трката…

(Фото) Дали од ова ќе разберите што ќе направи Сугарески за младите?

Извадок од програмата на Горан Сугарески, кандидат за градоначалник на Прилеп од редовите на СДСМ…

Повелете пробајте да анализирате…

Др. Коњановcки: СДCM ја потцени Битола затoa ќе биде пopaзена

Јас одлучив да влезам во борба за Битола, но заедно со Вас! Верувам во Битола, во нејзината способност да се издигне повторно во урбан и динамичен град! Верувам дека токму вие, битолчани, го имате решението да ги надминеме заедничките проблеми кои го уназадуваат градот во последните години! – порача на синоќешниот митинг во Битола, кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ за оваа општина, Тони Коњановски.

“Четири години и јас и Вие се изнаслушавме, како не може, се изнагледавме како не треба, како не се работи и како се гуши нашиот град. Затоа овие четири години јасно кажував што е тоа што ни треба, а сега е моментот да ве повикам, заедно да го направиме токму тоа што ни е потребно!

Мои битолчани, како мои единствени и најдобри сојузници, ве повикувам на 17 ти октомври да го потврдиме сојузништвото, да ја потврдиме решеноста дека Битола мора повторно да се исправи!

Гласно да кажеме, дека нема да дозволиме, како изминатите 4 години, да се потрошат 120 милиони евра од општинскиот буџет, а да не се реши НИТУ ЕДЕН проблем на граѓаните.

Да повториме уште еднаш од центарот на градот – општината е јавен сервис за СИТЕ битолчани, општината не е приватна фирма“, порача лекарот кој смета дека “Тоа што СДСМ ја потценува Битола, не потценува нас битолчани, ТОА ќе биде нивниот пораз”

Готов е базенот во “Точила” вечерва се полни (Фото)

Се чини дека активностите за ветениот затворен базен во прилепската населба “Точила” се во полн ек…

Предизборно дури работите напредуваат, останува уште да се наполни и да се покрие…

Зборот е збор!

Возиш со 80км/ч и некој ти фрла камења по автомобилот, или ти истура масло – Внимавајте кога возите на обиколницата кај Битола

Десетина автомобили се оштетени од каменување и истурање течност врз нив во последните три дена додека возеле на обиколницата над Битола. Од СВР Битола потврдуваат дека досега имаат пријави оти седум возила биле оштетени додека возеле на обиколницата во близина на тунелот, од лица кои фрлале со камења по возилата. Кај колите оштетени се ветробранското стакло, предната и задната хауба.

Според пријавите на граѓаните, каменувањето се случило околу 23 часот.

„Ова му се счучи на мој близок роднина, можете да замислите додека возите со 80 километри на час да удри камен во предното стакло од возилото. Среќа што останаа живи. Прво не знаеа што се случува, а кога возачот излезе надвор да види што е работата, лицата што фрлаа камења побегнаа“, вели Никола Стојановски од Битола.

Уште четворица други битолчани во полиција пријавиле дека пред два дена во периодот од 18 до 21 часот им била истурена непозната течност врз покривот и предната хауба на нивните возила во Битола. Дел од возилата биле во населбата Стрелиште.

Од полиција велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На обиколницата минатата година беше поставена заштитна ограда за да се подобри безбедноста на возачите, а и на ромското население кои живее во неурбанизирана населба од двете страни на овој магистрален пат. Претходно, се фрлаше и палеше смет на коловозот од обиколницата како револт кога жителите од околната населба ќе останеа без струја.

Извор: “Инфомакс”

(Видео) Премиерот на Романија нема да чека резултати од истрагата: Веднаш започна со разрешување на одговорните лица

Романскиот премиер Флорин Читу денеска преку романските медиуми по големиот пожap во Koвид болницата во романскиот град Констанца најави разрешување на директорот на болницата каде се случи трагедијата во која загинаа најмалку седум лица, објавува News.ro.

Тој исто така најави оставка и на првиот човек на Националната агенција за управување со квалитетот во болниците.

-Донесов две одлуки, го повикав градоначалникот на Констанца и го замолив да го разреши менаџерот на болницата, а ја потпишав и наредбата со која се разрешува претседателот на Националната агенција за управување со квалитетот во здравството (ANMCS) кој не направил никаква проценка во болницата откако ја презел функцијата.

Читу додава дека неприфатливо е да се случи ваква трагедија која е трета по ред во романските болници само оваа година.

Целата статија можете да ја прочитате ТУКА.

СДСМ: Никогаш порано општините не се развивале како во овие 4 години

Во изминатите четири години Владата предводена од СДСМ во континуитет покажува што значи вистинска грижа за напредок и развој на сите општини во државата, тврди СДСМ во своето денешно соопштение.

“Општините работеа отчетно, вредно и напорно, со силна поддршка на сите надлежни институции од централната власт предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев.

Успешните мерки и политики на СДСМ резултираа со реализација на над 7.000 проекти на локално ниво, проекти кои значат подобар живот за сите граѓани, нови вработувања, модерни општини.

Реализираните проекти се доказ дека никогаш досега не се развивале и напредувале општините како во изминатите 4 години со СДСМ.

Оваа силна динамика мора да продолжи, бидејќи од проектите зависи квалитетот на животот на нашиот народ.

Најдобрите проекти на СДСМ носат развој, а развојот носи подобар живот за граѓаните.

Тоа го носи најдоброто, подобар живот во секое едно населено место, концепт, визија што води кон развој и напредок”, пишува во соопштението на СДСМ од каде тврдат дека развитокот се случува бидејќи граѓаните го заслужуваат само најдоброто.

Успешната спортска приказна продолжува, сега во ново руво: Боксерскиот клуб “АС” Прилеп отсега во нови современи простории (Фото галерија)

Боксерскиот клуб “АС” од Прилеп е местото од каде низ годините излегоа врвни боксери и спортски имиња, сега приказната продолжува во нови современи простории.

Викендов во Прилеп, на локација сместена на вториот кат кај КАМ маркетот во населба “Точила”, свечено беа отворени новите современи простории на БК “АС”.

Клубот кој низ годините наназат е вистински репрезент на индивидувалниот спорт во Прилеп, ја продолжува приказната, сега со уште повеќе ентузијазам, енергија и секако супер модерни услови за тренинг и напредување.

На отварањето присутни беа спортски работници, поранешни и активни боксери, вљубеници во боксот, новинари…

Tренерот на клубот Дарко Чатлески вели дека и кога тој настапувал како репрезентативец и активен во боксот мечтаел и сонувал за вакви услови за тренинг, но се надева дека генерациите кои сега тренираат во клубот, а и оние кои доаѓаат, едноставно, максимално ќе уживаат во секој момент поминат во рингот, кој е поставен во средишниот дел, како и на сите боксерски сегменти кои ги поседува клубот, а се ставени во употреба за тренажните процеси.

Чатлески заедно со неговите ученици презентираа и повеќе демонстрации на отварањето и покажаа пред присутните со какви боксерски потези располагаат.

Чатлески нескромно истакна дека визијата и реализацијата на новото руво на БК “АС” се должи и на заедничката посветеност и упорност со сопругата Весна Чатлеска, како и огромната поддршка од децата Матеј и Бојана, кои и самите активно и вредно тренираат во клубот и мечтаат да постигнат големи спортски успеси.

Во моментов во тек се уписите за нови членови на клубот, а заинтересираните можат да се обратат на следниот ЛИНК

ТРЕНИРАЈТЕ СО НАЈДОБРИТЕ! ШАМПИОНИТЕ СОЗДАВААТ НОВИ ШАМПИОНИ!

Д-р Јовчески, пријател на луѓето, пријател и на животните (Фото)

Кандидатот за градоначалник на Прилеп од ВМРО-ДПМНЕ, Д-р Борче Јовчески, на почетокот од предизборната кампања најави изградба на парк за миленици во паркот на Могилата на непобедените.

Иницијативата со задоволство беше прифатена од огромен број граѓани кои ја поздравија идејата и со нетрпение ја очекуваат реализацијата на овој проект.

Тоа го потврди и Д-р Јовчески, кој денеска на ФБ напиша дека граѓаните биле воодушевени од тоа што еден ваков проект се нашол во неговата предизборна програмска понуда.