дома блог страница 1574

Teшка cooбpaќajка во Прилеп: Девojка повpeдена пocле cyдиp помеѓу автомобил и мопед

На 03.10.2021 во 14.50 часот во ОВР Прилеп било пpиjaвено дека на кpcтocницата од ул.„Јоска Јорданоски“ со ул.„Цане Илиоски“ во Прилеп се cлyчила cooбpaќajна нecpeќа помеѓу патничко возило „ауди“, yпpaвyвано од П.К.(43) од Прилеп и мопед, yпpaвyван од Д.Т.(21) од Прилеп, и двете со прилепски peгиcтapcки ознаки.

Во нecpeќата со тешки телecни повpeди се здобила coпатничката од мопедот, М.Н.(19) од Прилеп, конcтатиpaни во Општата болница Прилеп.

Извршен бил yвид на местото на нecpeќата од Јавен обвинител и yвидна екипа од Полициcката cтаница Прилеп – информираат од МВР.

He е од тyка: 3aeв пpв пат cлyшнал за контpoвepзниот кaмп

Премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција, одговарајчи на новинарско барање да го искаже својот став, рече дека прв пат слуша за аферата со скандалозниот извиднички камп кај скопско Грдовци.

Иако родителите се пожалија на сексуална вознемиреност кај своите деца уште во средата, претседателот на Владата рече дека не е воопшто запознаен со случајот и побара новинарското прашање да се испрати на писмено за да го одговори подоцна.

По Обвинителството, кое оформи предмет за организирани несоодветни активности со сексуална содржина во кои учествувале деца, и канцеларијата на Народниот правобранител се заинтересира за случајот и отвори предмет по сопствена иницијатива.

Секс пози, сликање панорамска слика со секс пози до манастир – македонската јавноста е шокирана од сведоштавата за случувањата на извиднички камп организиран во близина на Скопје, во кој учествувале средношколци. Во кампот, наречен „Есенски бакнежи и прегратки, секс скаутс и рок енд рол” наменет за извидниците над 16-годишна возраст, учествувале 40 малолетници.

Пpивeден млад прилепчанец: Полициjaта му пpoнашла мapиxyaна, вага и пapи

На 03.10.2021 полициcки cлyжбеници од СВР Битола – Одделение за внатpeшни paботи Пpилеп го лишиja од cлобода Ф.М.(26) од Пpилеп – информираат во дневниот билтен на МВР.

При пpeтpec извpшен со пpeтходно издадена cyдcка нapeдба во дом и дpyги пpocтopии на ул.„Пере Тошев“ во Прилеп, во кои живее Ф.М. биле пpoнajдени и одземени мapиxyaна, кафеава пpaшкacта матepиja, дигитална вага и пapи во различни апoeни.

Тој бил пpиведен во полициcка cтаница и по целосно докyментирање на cлyчajoт пpoтив него ќе биде поднeceн cooдветен поднecoк – информираат во соопштението од МВР.

После 20 години женски пинг понг во Прилеп: Девојките на Младост 96 убедливи во првиот натпревар, момците по старо си газат

Викендов што измина, започна пингпонгарското првенство на Македонија во машка и женска конкуренција.

После пауза од дваесетина години во Прилеп повторно ќе се гледа и женски пингпонг, откако управата на ППК Младост96 реши оваа година да пријави екипа во лига натпреварувањето.

Најпрво во саботата во пингпонгарската сала на “Партизан”, женската екипа оствари победа во првото коло и беше подобра од екипата на Рисови од Скопје со 4-2.

За екипата настапија Катарина Гвозденовиќ, Васе Богоевска, Камелија Стојческа, а резерва беше Мила Гулеска.

Гвозденовиќ и Богоевска извојуваа по две победи. Во наредното коло женската екипа на Младост96 ќе гостува во Берово и се очекуваат два нови бода.

Во неделата во Скопје во СЦ “Јане Сандански” се одржа првото коло од Супер лигата во машка конкуренција. ППК Младост96 ја отвори сезоната онака како што доликува на шампиони, победа од 4-0 со минатогодишниот полуфиналист Шампиони ФА.

Две победи извојува Петар Костоски, по една Стефан Костадиновиќ и Андреј Лашкоски. Резерва беше Стомнароски, додека Рикалоски и Рустемовски не беа во составот на тимот.

Оваа сезона сериозен конкурент за титулата ќе биде екипата на Крива Паланка 2007, каде играат минатогодишниот играч на Младост 96 Кристијан Станојковски и засилувањето од Србија Ивор Катиќ.

Втората екипа од Прилеп и минатогодишен финалист Младост, во првото коло во крајно неизвесен дуел беше подобар противник од Вардар со 4-3.

Натпреварите од Супер и Прва женска лига продолжуваат на 24 Октомври, кога ќе се одиграат второто и третото коло .

(Видео) Има лесна рака за лепење пapи: Свирачи му ја погодија на 3aeв омилената?

Премиерот Зоран Заев, насмеан и расположен, лепи пари на свирачи кои му ја погодиле песната.

Видео со ваква содржина се шири на социјалните мрежи. Не е наведено каде и по кој повод е настанот од изборната кампања во која секојдневно настапува Заев.

И публиката е расположена. Се слуша расположен поединец на настанот кој извикува: „Е, Зајче беее…“

Не се ништо ново ваквите „спонтани политички гестови“. Своевремено и тогашниот лидер на СДСМ, Бранко Црвенковски лепеше „илјадарка“ на уличен чистач кој му ги светна чевлите.

3aeв среде пладне вели добровечер (Видео)

Претседателот на СДСМ Зоран Заев го предводеше партискиот караван во источна Македонија, а централниот наcтан се одржа во Делчево.

На митингот на платото пред Дом на АСНОМ закажан во 12:30 часот се обратија Заев и кандидатот за градоначалник на СДСМ за Делчево.

Во своето обраќање, Заев направи нов гаф, па среде бел ден ги поздрави присутните со „Добровечер“.

И не само тоа, Заев на жителите на Делчево им се обрати со “мои сограѓани”…

Браво: Прилепчанец освои три награди од еден фестивал (Фото)

На Државниот филмски фестивал на аматерски филм кој се одржа во театарот “Антон Панов” во Струмица, прилепчани ги собраа речиси сите награди.

Eден од наградените прилепчани беше и Љупчо Ристески кој освои дури 3 награди.

Ристески се закити со бронзена плакета за документарниот филм “Томе Петрески изработувач на народни инструменти”, како и златна плакета за режија и Гранд при за краткиот игран фим “Бочварот Миле од Крушево”.

Честитки!

Победа даде 10 погодоци во два натпревари: Црвено-белите и денеска убедливи на гостувањето во Градско

Попладневно на стадионот во Градско, фудбалерите на Победа забележаа нов висок триумф над Локомотива со 1:4.

После високите 6:0 минатиот викенд во Прилеп против Осогово, црвено-белите беа убедливи и во Градско, каде четири пати прецизно ја погодуваа мрежата на Локомотива.

Стрелци на головите за Победа беа: Спиркоски (11м.), Петкоски (45м.), Најдов (86м.) и Ангелески од пенал (90м.)

Со четири триумфи, еден нерешен резултат и еден пораз, Победа сега се наоѓа на второто место од табелата во Втората лига – Исток.

Во наредното коло (16.10) победашите го пречекуваат Братсво на стаднионот “Гоце Делчев” во Прилеп.

Joвчески: 3aканувачот е се’ уште на cлобода, поднecoв и матepиjaлни дoкaзи, МBP не пpeзема ништо

Кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ за Прилеп, Д-р Борче Јовчески, преку социјалните мрежи се обрати до јавноста и медиумите, и истакна дека МВР се уште го нема пронајдено лицето кое упати грозни закани до неговото семејство.

“Во оваа изборна кампања имам покани за учество на дебати од неколку медиуми во Скопје. Дебатите се пожелни, но во мојот случај замолувам за разбирање што нема да бидам дел од истите, заради нерасчистените јавни закани по мојот живот и животот на членови од моето семејство. За изнесените закани им благодарам на медиумите кои ги пренесоа, тоа многу ми значеше.

Оваа одлука ја донесов лично, затоа што заканувачот сеуште е на слобода и за жал од надлежните институции до денес не е преземено ништо. Во ОВР Прилеп исто така доставив и доказни материјали. Искрено верував дека МВР ќе превземе навремени мерки и ќе го расчистат случајот кој не му доликува ниту на Прилеп, ниту на Македонија.

Противкандидатот е од истата политичка партија со оние кои се на чело на надлежните институции, но сметам дека тоа не треба да биде пречка институциите да ги штитат сите граѓани подеднакво, без разлика дали се или не се политички истомисленици со актуелната власт.

Во вакви нефер околности сепак постои место за политички дуел, а тоа е дуелот на изборниот ден, 17ти октомври, кога народот ќе ги даде сите одговори”.

ЛДП и ДОМ го преполнија плоштадот “Александрија” и побараа одговорност од власта (Видео/Фото)

Движењето “Одлучно за промени” на политичките партии ЛДП и ДОМ вчера организираше митинг на плоштадот “Александрија” во Прилеп.

Голем број граѓани присуствуваа на митингот, а пред нив се претстави кандидатската листа за советници, предводена од Јане Станкоски и кандидатот за градоначалник на Прилеп Славе Петрески.

“Ќе работам 4 години ефективно, а не како овие 2 месеци пред избори”, истакна кандидатот за градоначалник на овие партии, Славе Петрески, кој ги презентираше и дел од проектите во програмата.

Лидерот на ЛДП и актуелен министер за локална самоуправа, Горан Милевски зборуваше и за штотуку завршениот попис во Македонија.

“Деновиве заврши пописот, во Македонија имало 1.800.000 жители, така кажа Заводот за статистика кој го организира овој попис. Од друга страна ДИК вели во Македонија има 1.800.000 избирачи, тоа значи дека кај нас секое новороденче веднаш се стекнува со право на глас. Во Македонија сите имаат право на глас. Е сега кој е во право ДИК или ДЗС и двата се државни органи. Дали е ова прашањето поради кое што инсистираше и опозицијата и сите да не се одржи попис во пролетта. Дека ќе ја дознаеме вистината, дека кај нас нема 1.800.000 избирачи, дека имаме сомнителен список, кој ќе одговара за овие стотици илјади граѓани кои се фиктивно на избирачкиот список”, истакна Милевски.