дома блог страница 151

Црн чад се крена над градот, горат хаварисани возила со плински уреди – имало и масовна тепачка (ВИДЕО)

Денеска (09.07.2025) во 09.16ч. во СВР Скопје е пријавено дека на отпад за старо железо ул. „Б. Буна“ во Скопје има пожар односно дека горат хаварисани возила, на кои имало монтирано плински уреди и се слушаат детонации од истите. До сега нема зафатено приватен имот – куќи. Се преземаат мерки за гасење на огнот и расчистување на случајот.

До овој момент едно лице е повредено и е пренесено за укажување лекарска помош. Поради непочитување наредба од службено лице, приведен е А.Н., сопственик на правното лице што управува со отпадот – информираат од МВР.

Како што јавува пак репортерот на Press24, прво дошло до тепачка меѓу поголема група граѓани, а потоа интевернирала и полицијата при што приведено е најмалку едно лице.

Видеото погледнете го ТУКА

Црниот чад се гледа од целиот главен град. Пожарот беснее од изутрината.

На терен се противпожарните служби, а пред малку пристигна и хеликоптер кој досега гаснеше во Дојран каде според надлежните исто така има сложен пожар за гаснење.

Три девојки од Прилеп ќе ги бранат боите на Македонија на младинското Европско првенство во ракомет

Младинската женска ракометна селекција вчера отпатува за Црна Гора, каде што ќе настапи на Европското првенство.

Пред почетокот на шампионатот, нашите младинки синоќа одиграа пријателска средба со селекцијата на Косово и триумфираа со 30-20.

Ова беше и „генерална проба“ за младинките пред настапот на Европското првенство во Црна Гора, а првиот меч младинките ќе го играат против Унгарија вечерва со почеток од 19:30часот.

Во составот на селекторот Симе Симовски се и три девојки од Прилеп. Боите на Македонија ќе ги бранат Исидора Котевска, Андреа Конеска и Ања Лашкоска.

Станува збор за врвни таленти на кои треба да им посакаме среќа да се претстават во што подобро светло на теренот.

Македонија е во групата А, каде освен Унгарија противници ќе ни бидат и селекциите на Полска и Чешка.

Денес е Преподобен Давид

Родум солуњанин. Прво се подвизуваше во близината на Солун, во една колиба подигната под бадемово дрво. Подоцна го продолжи подвигот во Тесалија.

Постејќи, бдеејќи и молејќи се толку се очисти, што се удостои со голема благодат од Бога. Еднаш зеде жар во раката, стави темјан и го покади царот без ни малку да си ја повреди раката.

Кога го виде ова, царот му се поклони до земја. Со своите многубројни чуда ги восхити луѓето.

Се упокои мирно и се пресели во блажената вечност во 540 година.

Театарски претстави, фестивал на електронска музика, изложба, стенд ап настап на Бојан Велевски – Еве што ќе гледаме оваа недела на “Бит Фест” во Битола

Битолското културно лето „БИТ ФЕСТ“, оваа недела ќе донесе интересни содржини за битолската публика.

Денеска со почеток од 21:00 часот, на Малото плато пред Офицерски дом ќе се одигра театарската претстава „Сега му е мајката“, во продукција на Алтернативен театар „Пробатон“ од Свети Николе. Претставата е по текст на Горан Стефановски, во режија на Владо Денчов. Музиката е на Дарко Станојков, светло и тон: Иван Гичев, а улогите ги толкуваат Стефан Ѓорчев и Антониј Ѓорѓиев.

На 10.07 од 20:00 часот во изложбениот салон на Културниот центар Магаза во Битола, со поддршка од БИТ ФЕСТ ќе биде отворена традиционалната годишна изложба на Друштвото на ликовни уметници на Битола кое повеќе од пет децении активно придонесува за развојот на ликовната сцена во градот.

На изложбата ќе бидат претставени 35 дела – слики, дигитални графики и скулптури, создадени во 2024 и 2025 година – 34 уметници од Битола и други македонски градови. Изложбата се одликува со изразена стилска разновидност и свежина, што ја рефлектира динамиката на современото ликовно творештво.

Во изложбата учествуваат: Симеон Силјановски, Роберт Михајловски, Драган Најденовски, Слободан Рајчевски, Ване Костуранов, Вангел Срнаков, Синиша Кашавелски, Владимир Илиевски, Владимир Младеноски, Стефан Анчевски, Маријан Котевски, Тони Попов, Татјана Манева, Филип Јовески, Бојана Артиновска, Симона Мирчевска, Дијана Колонџоска, Димитри Балојани, Мирјана Бубевска, Маја Танева, Петар Кирановски, Александар М. Поповски, Ѓорѓи Зајаковски, Душан Шешиќ, Златко Крстевски, Бојана Тошевска, Валентина Илијевска, Дејан Макаријовски, Љупка Галазка-Василев, Билјана Толевска Наумовска, Николче Српчански, Динко Ненов и Виктор Лозанов. Гостин на изложбата е Александар Сотировски.

Во петок и сабота, на 11 и 12 јули, ќе се одржи 13 издание на Фестивалот на електронска музика СМОТРА. Почетокот на програмата е во 21:00 часот, а првиот ден е резервиран за Стара Битолска Чаршија, додека во сабота програмските содржини ќе се реализираат во „Безистен“.

Идејата за овој фестивал датира од 2011 година, а настана како одговор на потребата за алтернативна сцена во Битола. Целта беше да се понуди поинтимна атмосфера на необични локации каде ќе се презентира поквалитетен избор на електронска музика и диџеи/презентери и каде младите ќе можат да се изразат преку било која уметничка форма.

Со необичните локации (запуштени објекти во поранешната касарна, Старата Чаршија и др.) и внимателно избрани изведувачи кои настапуваат со енергични ди-џеј сетови и настапи во живо, СМОТРА претставува одлично место за сите перфекционисти и љубители на алтернативната култура.

Во изминатите 12 изданија СМОТРА константно еволуира апсорбирајќи нови содржини од современиот електронски звук и проширувајќи ги вообичаените рамки на делување според барањата и очекувањата на посетителите и развојот на современите технологии.

Работната недела во петок на 11 јули на БИТ ФЕСТ, ќе биде заокружена со вечер исполнета со смеа и добра енергија и настап на Бојан Велевски – еден од најпознатите македонски стендап комичари, кој доаѓа во Битола со нова доза хумор и животни ситуации кои сите ги препознаваме. Настанот ќе се одржи во Амфитеатарот „Тумбе кафе“, со почеток во 20:30 часот.

Дали сте подготвени за еден поинаков пивски фестивал во Прилеп?! Родителите уживаат, децата се забавуваат – три дена BeerFellas, настан кој ќе го одбележи ова лето!

Сакаш добра музика, ладно пиво вкусна скара, и нешто поразлично?

Летна бавча на GOOD FELLAS станува фестивалска зона!

Beer Fellas пристигнува во Good Fellas Prilep од 18-20 јули

3 дена забава , повеќе од 15 видови на пиво, скара, специјално мени, пивски коктели, Giveaway, дневни и вечерни забави, акустична музика, рок-поп балкански и македонски хитови, DJ, детска програма, Happy hour понуда, натпревар во најбрзо пиење пиво…

И најважното! BeerFellas е и за најмладите!

Со кловнот Јојо, вонземјанинот Стич, капетанот/ пират Морган, многу балони, face painting,смеа, водени игри + фотозона за деца…ова и уште многу повеќе!!!!

Родителите уживаат со пиво – децата се забавуваат безбедно!

BEERFELLAS 2025 – ПРОГРАМА ПО ДЕНОВИ

▶️ 18 ЈУЛИ (петок) – BEERFELLAS OPENING NIGHT

16:00 почеток на BeerFellas
18:00 – 19:00 детска забава со КЛОВНОТ ЈоЈо
19:30 – 20:30 “Happy Hour” плати 2, земи 3
21:00 “Најбрз пивопијач”натпревар
21:30 “Погоди го пивото”натпревар
22:00 – 01:00 Филип Александровски
👉Старт со енергија, за љубители на пиво, скара и добра музика

▶️ 19 ЈУЛИ (сабота) – PARTY BEER NIGHT

👉Забава за сите генерации – пивски коктели, Giveaway,забава до кулминација
12:00-15:00 Александар Здравков
17:00-20:00 DJ Dzaga
18:00-19:30 детска забава со Stitch
19:30-20:30 Happy Hour плати 2 земи 3
21:00 “Најбрз пивопијач”натпревар
21:30 “Погоди го пивото”натпревар
22:00-01:00 Модус

▶️ 20 ЈУЛИ (недела) – CHILL & GRILL NIGHT

👉Одлична вечер под отворено небо, со пивска чаша во рака и добра дружба 🍺
12:00-15:00 група Антика – акустика
17:00-20:00 DJ Dzaga
18:00-19:00 детска забава со капетан Морган
19:30-20:30 Happy Hour плати 2 земи 3
21:00 “Најбрз пивопијач”натпревар
21:30 “Погоди го пивото”натпревар
22:00-01:00 Молика

Влезот е слободен – ама местата брзо се пополнуваат!
Резервирај си маса на време +389-73-333-209

Настан кој ќе го одбележи ова лето!
Пивски фест со семејна душа!

На здравје Прилеп!

Општина Прилеп ги повикува жителите од Кадино Село и Мало Коњари кои претрпеа штети од невремето да пријават – еве како!

Се информираат сите жители од населените места Кадино село  и с. Мало Коњари во Општина Прилеп, дека Советот на Општина Прилеп на 63-та  седница на Совет ќе формира стручна комисија за проценка на штетите од природната непогода врз земјоделските култури. Комисијата по доставените барања ќе излезе на терен за да ја утврди висината на штетата, ќе изготви Извештај и Елаборат за вкупните и поединечните штети, кои Извештаи со одлука на Советот на Општина Прилеп се доставуваат до комисија која што ја формира Владата за понатамошна постапка.

Ги информираме жителите од населените места Кадино село  и с. Мало Коњари во Општина Прилеп, дека од денес 08.07.2025 година до 11.07.2025 година, секој работен ден од 8:30 до 15:30 часот, во приемното одделение на Општина Прилеп на ул.,,Прилепски бранители’’ бр.1. можат да ја достават следната потребна документација за утврдување на настанатата штета:

1.Барање (се подига од приемното одделение или се презема од веб

страната на Општина Прилеп https://www.prilep.gov.mk/

2.Соодветен документ со кој се докажува владение или сопственост

(имотен лист, договор за закуп, изјава од двајца сведоци заверена на нотар

дека ја работи нивата и сл.)

  1. Копија од лична карта
  2. Копија од трансакциона сметка
  3. Контакт телефон

КРАЈНИОТ РОК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА БАРАЊА ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ШТЕТА

ОД НАСТАНАТАТА НЕПОГОДА Е ПЕТОК, 11.07.2025 година.

Бр.03-2252/1

07.07.2025 година

Градоначалник на Општина Прилеп

Борче Јовчески

ПРЕЗЕМИ barane-shteti

ПРЕЗЕМИ СООПШТЕНИЕ ВО ВРСКА СО ДОСТАВУВАЊЕ НА БАРАЊА ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ШТЕТА ОД НАСТАНАТА НЕПОГОДА (1)

Нова услуга во прилепската болница: Благодарение на “Моцарт”, секое новороденче ќе добива ЕХО-ПРЕГЛЕД на мозокот (ВИДЕО)

Со новата донација од компанијата Моцарт, Одделението за детски болести при Општата болница со проширена дејност Прилеп доби вреден, преносен апарат за ехо-прегледи на мозок кај новороденчиња – што значи нови можности за брза, безбедна и навремена дијагностика уште од првите денови на животот!

Со оваа донација, болницата започнува со рутински ехо-прегледи на мозок кај секое новороденче, што претставува голем чекор напред во грижата за невролошкото здравје на најмладите пациенти. Дополнително, се планира и воведување на ехо-прегледи на срце кај новороденчиња, со што ќе се обезбеди целосно следење на нивниот развој уште од самото раѓање.

„Оваа донација е од огромно значење за нашата болница, за тимот кој се грижи за новороденчињата, но најмногу за самите пациенти и нивните семејства. Благодарение на поддршката од компанијата Моцарт, започнуваме нова практика – секое бебе родено во нашата болница ќе добие ехо-преглед на мозок уште во првите денови по раѓањето. Досега, вакви прегледи се изведуваа само при клиничка индикација. Ова е дел од нашата заложба за квалитетна и современа здравствена услуга,“ – истакна д-р Кире Јоноски, директор на болницата.

Прегледите ќе ги изведува прим. м-р д-р Габриела Тавчиоска, супспецијалист по детска неврологија, која има искуство во ултразвучна дијагностика уште од 2014 година, по завршена сертифицирана обука за неуросонографија на Клиниката за детски болести „Клаичева“ во Загреб.

„Ултразвучниот преглед на мозокот е безбеден и многу корисен, особено кај новороденчињата, кога мозокот е сè уште во развој. Со оваа иницијатива ќе можеме навремено да ги детектираме потенцијалните ризици и да преземеме соодветни мерки. Горда сум што оваа услуга станува достапна и кај нас – за секое бебе родено во нашата болница. Благодарение на новиот апарат, прегледите ќе можат да се изведуваат и додека новороденчето е во инкубатор или во креветче, без да биде нарушен неговиот третман,“ – додаде д-р Тавчиоска, раководител на одделот за детски болести и постнатално згрижување на новороденчиња.

Оваа донација е пример за успешно партнерство помеѓу приватниот сектор и јавното здравство – во интерес на најмладите пациенти. Станува збор за вистински чекор кон унапредување на неонаталната грижа во Општина Прилеп.

Благодарност до Моцарт за хуманоста и вложувањето во иднината – затоа што секое новороденче заслужува шанса за здрав почеток!

Тошковски и Славевски потпишаа договор: Народна Банка ќе чува податоци во дата центарот во Прилеп

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и гувернерот на Народната банка, Трајко Славески денес потпишаа договор со кој Министерството за внатрешни работи и отстапува простор во Центарот за обновување од катастрофи и обезбедување на континуитет со работата во Прилеп, за колокација на информатичко-комуникациска опрема на Народната банка.

Центарот во Прилеп ќе се користи како дополнителна локација за информатичката инфраструктура на Народната банка, со што продолжува зајакнувањето на отпорноста и унапредувањето на сигурноста на информацискиот систем, особено во случај на кризни настани предизвикани од природни непогоди и кибер напади.

Центарот претставува резервна база (back-up) за клучните и витални информациски системи во земјава, која обезбедува нивно непречено функционирање во случај на прекин или закана за примарниот систем. Истовремено, гарантира безбедно чување на податоците при природни непогоди или катастрофи предизвикани од човечки фактор и овозможува компатибилна размена на информации со другите институции

Покрај Министерството за внатрешни работи, Центарот го користат и повеќе други државни институции, како што се Центарот за управување со кризи, Државниот завод за статистика и Царинската управа. Интерес за користење на Центарот имаат изразено и бројни министерства и агенции, а истовремено постои отвореност за соработка со сите останати институции и релевантни субјекти.

Изложбата „Порти кон бескрајот“ од прилепскиот уметник и архитект Илија Кочоски, во петок пред прилепчани (ФОТО)

На 11. јули (петок) во 20:00 часот, во фоајето на НУЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп, ќе биде отворена третата самостојна изложба на прилепскиот уметник и архитект Илија Кочоски, насловена „Порти кон бескрајот“.

„Порти кон бескрајот“ е ретка можност прилепската јавност да се сретне со досега необјавени дела од уметник чие визуелно наследство одамна е втиснато во генотипот градот – но без да го препознаеме како такво. Фонтани, споменици, обележја – секој од нас минал покрај некое негово дело, а малкумина знаат кој стои зад нив.

Изложбата го отвора сликарскиот свет на Илија Кочоски, уметник, архитект и автор на бројни јавни уметнички интервенции во Прилеп и пошироко, кој со децении делува тивко, но длабоко. Делата што ќе бидат изложени се создадени во еден продлабочен и самосвојен период на неговото творештво, а досега никогаш не се прикажани пред публика.

Овие слики не се создадени за декорација, туку како прашалници впишани во материја. Секоја од нив повикува – да се застане, да се вдише, да се зачекори нанадвор од рационалното. Во нив има нешто древно и истовремено потполно лично. Како иконите – не поради религиозноста, туку поради внатрешната строгост, ритамот и повторливоста, нивната скриена моќ на присуство.

Материјалите што Кочоски ги користи – бакар, дрво, масло, златни клинци – не се тука заради ефект, туку како наталожени слоеви на искуство: како тавите од нашето секојдневие, куполите од храмовите, прагот од старата куќа. Во нив се спојуваат ритуалот и интимата, светото и секојдневното.

Изложбата е поделена во два циклуса. Првиот, инспириран од мотивот на „Тајната вечера“, е геометриска и колористичка медитација – наспроти вториот, кој отворено се прашува за еволуцијата на свеста, за присуството на човекот во космосот, и за границите на духовното и материјалното. Тие „порти“ не водат во простор – туку во состојба.

Во време кога визуелното брзо се конзумира и уште побрзо се заборава, овие дела бараат да се остане со нив. Да се гледа подолго. Да се почувствува нешто што не се кажува лесно.

Изложбата е поддржанa од Министерството за култура и туризам на Република Северна Македонија.

Добредојдовте во Republic Kids – Модниот свет за најмалите во Прилеп! Новата колекција е тука! (Фото галерија)

Бутикот Republic Kids претставува вистинска модна дестинација за сите родители кои сакаат нивните деца да изгледаат стилски, современо и удобно. Со нова летна колекција, Republic Kids повторно го поставува стандардот кога станува збор за детска облека во Прилеп.

Во нивната понуда ќе најдете:

-Богат избор на облека за момчиња и девојчиња – од лежерна до свечена гардероба.

-Костими за капење за деца – идеални за летни авантури на плажа или базен.

-Парчиња кои комбинираат удобност, стил и издржливост – сѐ што е важно за активниот детски живот.

Како дел од брендот Republic, кој веќе со години е препознатлив по квалитетот и стилот во Прилеп, Republic Kids ја ужива довербата на стотици задоволни купувачи. Нивниот успех не е случаен – тој се гради со години посветена работа, внимателен избор на материјали и искрена љубов кон модата за најмалите.

Посетете ги во центарот на Прилеп уште денеска, а во меѓувреме погледнете дел од новата колекција низ фотографии:

Republic Kids – затоа што секое дете заслужува да блеска.