дома блог страница 142

Во недела боречки спектакл во Прилеп: БК “7-ми Мај” ќе биде домаќин на Меѓународниот турнир во борење “Крали Марко 2024”

Боречкиот Клуб “7-ми Mај” од Прилеп ве’ информира дека на ден 12.05.2024гoд. (недела) ќе го организира Меѓународниот турнир во борење, слободен стил и женско борење International wrestling tournament “Krali Marko” 2024.

Турнирот ќе се одржи во спортскта сала при ОOУ “Добре Јованоски” во Прилеп, a на истиот турнир учество ќе земат сите македонски клубови, како и гости од: Косово, Бугарија, Турција и др.

Од прилепскиот клуб учество ќе земат 25-30 борачи и борачки, а тренерите очекуваат добри борби, пред се’ поради домашниот терен и одличните резултати кои клубот ги има во контиунитет, како на државните натпревари, така и на меѓународните турнири.

-Исто така ве информираме дека нашиот клуб ќе го прослави и своето 20-годишно постоење на борењето во Прилеп и Македонија. Од клубот изразуваат огромна благодарност до сите членови во клубот, сите кои на некаков начин му помогнале на клубот да биде вистински амбасадор во Прилеп, Македонија и странство, како и на сите кои ќе ни помогнат во иднина да го задржиме статусот на шампиони на ниво на Македонија во женското борење, ни изјави секретарот на клубот Душко Стојаноски.

Американската амбасадорка Агелер со срдечни честитки до Гордана Силјановска Давкова

Амбасадорката на САД, Анџела Агелер упати честитка по повод победата на Гордана Силјановска Давкова.

„Mоите срдечни честитки до Гордана Силјановска Давкова за нејзиниот историски избор за прва жена претседател на Mакедонија. Честитки и за сите оние граѓани кои вчера го искористија своето избирачко право на претседателски и парламентарни избори. САД ќе продолжат да ги поддржуваат вашите цели за безбедност, просперитет и целосна евроатланска интеграција на оваа земја“, напиша Aгелер.

Со пригодна програма и положување цвеќе одбележани патроните празници на ООУ “Кире Гаврилоски-Јане” и OOУ “Круме Волнароски” во Прилеп (Фото галерија)

Делегации од Општина Прилеп, Советот на Општината, училиштата од општина Прилеп, Сојузот на борци и политичките партии оддадоа почит и положија цвеќе на спомен – бистите на прилепските народни херои, Kруме Волнароски и Кире Гаврилоски-Јане, чии две основни прилепски училишта, гордо ги носат нивните имиња, и денеска го чествуваат својот патрон празник.

По тој повод, наставниците и учениците од двете училишта подготвија и пригодни програми во чест на своите патрони.

Нашите прилепчани Kруме Волнароски и Кире Гаврилоски-Јане пред 80 години херојски ги положиле животите во Народно Ослободителната Војна за конечна слобода на Македонија. Убиени се во заседа на бугарската полиција борејќи се до последен здив и пеејќи за Македонија.

Воедно денес беше одбележан и 9 Мај, Денот на победата над фашизмот со оддавање почит и полагање цвеќе на Могилата на непобедените во Паркот на револуцијата каде се наоѓаат посмртните останки и се испишани имињата на 462 паднати борци од Прилеп и прилепско, учесници во борбата против фашимот и НОБ на Македонија.
Нека му е вечна славата на загинатите херои!

Радост за најмалите: Во сабота во Прилеп, претставата за деца “ДАЛМАТИНКО”

На 11 мај /сабота/ во 12.00 часот во големата сала од ЦК „Марко Цепенков“ ќе биде изведена претставата за деца ,,ДАЛМАТИНКО”.

Далматинко е урнебесна хит комедија за деца.Целото дејствие се случува во куќата на кучето Далматинко кое е најбогатото куче во населбата. Далматинко се променува целосно кога е избран да биде дизајнер на модната ревија за кучиња, но почнуваат многу незгоди кој му ги приредуваат кученцето Тошко и комшиката Тетка Светле. Низ многу комични ситуации и низ интеракција со публиката ќе дојдеме до главната порака на претставата која гласи: Никого не потценувај во својот живот, не прави разлика кој од каде потекнува и колку има, бидејќи сите сме еднакви и секогаш треба да бидеме заедно како едно.

Со многу комични ситуации, музика, интеракција со децата и педагошки елементи ќе успееме да го задржиме вниманието на публиката и преку театарскиот јазик ќе им прикажеме на децата колку е важно да сме сите заедно како едно.

Автор и режисер: Сашо Ристовски

Играат:

Бранко Атанасов
Магдалена Ризова-Черних
Сашо Ристовски
Сценограф: Диди
Изработка на костим за Далматинко: Раде Василев
Избор на костим: Диди
Продукција: Театар ХИТ Скопје 2024 година

ЦЕНА: 100 денари

Резервација и продажба на билети на телефонот: 076 442 378

Прво гостување на идниот премиер – и тоа кај прилепчанец во емисија!

Вечерва, со почеток во 18.30 ч. на Канал 5 ТВ, во емисијата Само Интервју гостин ќе ни биде мандатарот за состав на новата Влада на Македонија, г-дин Христијан Мицкоски.

Ова ќе биде негово прво интервју од позиција на иден Премиер и јавноста ќе ги добие одговорите за идните чекори во политичката, општествената но и правосудната сфера.

ДА НЕ СЕ ЗАБОРАВИ! Денеска се навршуваат девет години од случувањата во „Диво насеље”

Денеска се навршуваат девет години од вооружената престрелка во кумановско „Диво Насеље“ на 9 и 10 мај 2015 во која загинаа осум припадници на безбедносните сили.

Во 28 часовните престрелки, животот го загубија припадниците на безбедносните сили, Љубиша Аранѓеловиќ, Бобан Ивановиќ, Горан Илијевски, Жарко Кузмановски, Исамедин Османи, Сашо Самојловски, Ненад Серафимовски и Горан Стојменовиќ, кои посмртно се одликувани со медали за храброст. Други 37 припадници на безбедносните сили беа повредени.

Куманово два дена живееше во страв и неизвесност. Престрелките почнаа во раните утрински часови. Кумановци слушаа надлетувања на хеликоптер. Затворени беа улиците, затворен беше дел од град, речиси целата населба „Тоде Мендол“.

Фабриките во тој дел од градот, не работеа. Кумановци се сеќаваат на овој исклучително трагичен настан.

Престрелките беа со различен интензитет, од одредени места се гледаше густ чад. Безбедносните сили евакуираа жители, влезот од главната улица „Тоде Мендол“ од булеварот „Трета МУБ“ беше дозволен само за полиција, брза помош и противпожарна единица. Дел од сограѓаните од „Диво Насеље“ се евакуираа кај роднини. Полицијата во неколку наврати ги евакуираше жителите. Трагично-вознемирувачкиот настан остана во сеќавање не само на кумановци, туку на сите македонски граѓани.

Да не се заборави и никогаш да не се повтори.

Мандатот за состав на нова Влада десет дена по конституирањето на Собранието

Претседателот на државата е должен во рок од десет дена од конституирањето на Собранието, мандатот за состав на Владата да го довери на кандидат на партијата, односно партиите што имаат мнозинство во Парламентот.

Мандаторот, пак, во рок од 20 дена од денот на доверувањето на мандатот, на Собранието му поднесува програма и го предлага составот на Владата. Владата, на предлог на мандаторот и врз основа на програмата, ја избира Собранието со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.

По официјализирањето на изборните резултати, најдоцна на 12 мај треба да биде свикана собраниска седница за инаугурација нановоизбраната претседателка Гордана Сиљановска Давкова. Таа пред пратениците од стариот состав треба да даде свечена изјава по која и започнува да тече нејзиниот мандат.

Мандатот на новиот собраниски состав што беше избран на вчерашните парламентарни избори, почнува да тече од конститутивната седница на Собранието. Според одредбите од Уставот, новоизбраното Собрание се состанува на конститутивна седница најдоцна 20 дена по одржаните избори.

Седниците за инаугурација на новиот претседател и за кнституирање на новиот собраниски состав треба да ги свика актуелниот претседател на Собранието Јован Митрески.

Бројката постојано расте! Силјановска со 220.000 гласови разлика!

Имено бројот на гласови од досега преброени 76,10 % од избирачите е следен:

Гордана Силјановска Давкова: 413.598 гласа

Стево Пендаровски: 186.954 гласа.

СДСМ во моментов е трета партија по бројот на освоени гласови – Разликата со ВМРО-ДПМНЕ 3:1

На околу 60% обработени гласови од ДИК, СДСМ е трета партија во освоени гласови.

Разликата со ВМРО-ДПМНЕ е 3:1 во корист на опозицијата.

Ќе биде жена! Гордана Силјановска Давкова веќе со 100.000 гласови разлика

Кандидатката за претседател на Република Македонија Гордана Силјановска Давкова има освоено 190.926, а кандидатот поддржан од СДСМ, актуелниот претседател Стево Пендаровски, има освоено 92.597 гласови од обработени 44,38% од гласовите.