дома блог страница 141

Бојан Миовски номиниран за фудбалер на годината во Шкотска

Напаѓачот на Абердин и на македонската репрезентација Бојан Миовски е номиниран за наградата за најдобар фудбалер во сезоната 2023/24 во шкотската Премиер лигата, која традиционално од 1965 година ја доделува Здружение на фудбалски новинари (SFWA).

Миовски, како што е соопштено денеска, номиниран е за престижното признание заедно со голманот на Глазгов Ренџерс, Џек Батланд, Мет О’Рајли од Селтик и капитенот на Хартс, Лоренс Шекланд.

Миовски од почетокот на оваа сезона постигна 24 голови во сите натпреварувања и беше избран за фудбалер на годината на Абердин, а се најде во тимот на сезоната во шкотската Премиер лига.

Наградата за најдобар играч во изборот на шкотското Здружение на фудбалски новинари ќе биде доделена на гала свеченост на 19 мај.

Престижната награда се доделува од сезоната 1964/65 кога прв носител на признанието беше легендата на Селтик, Били Мекнил.

Низ историјата само четворица фудбалери на Абердин го освојувале престижното признание кое го доделува SFWA – Мартин Бухан (1970/71), Гордон Страхан (1979/80), Вили Милер (1983/84) и Алекс Меклиш (1989/90).

Боки пушти кривични за цело СДСМ – Заев го има во секоја од нив (ВИДЕО)

Ислам Абази и Бојан Јовановски се поздравија откако Боки 13 поднесе кривични пријави против претходничката Вилма Русковска, експремиерот Зоран Заев, сите поранешни генерални секретари на СДСМ меѓу кои и Оливер Спасовски. Изборни нерегуларности и измами, незаконско финансирање на политичка партија, злоупотреба на јавни набавки и средства се само дел од кривичните дела кои според Боки 13 ги сториле посочените во пријавите.

„Именувани директори, лица кои вршеле јавни функции, судии и обвинители, ексфункционери – сите беа дел од кривично-правната операција Бумеранг. Имавме прв распит пред предметен надлежен обвинител. Се работи за кривични дела за изборни нерегуларности и измами, незаконско финансирање на политичка партија, злоупотреба на јавни набавки и средства. Станува збор за повеќе дела за кои се поднесени кривични пријави“, рече Јовановски.

Јавна тајна во Македонија бил криминалот за кој Јовановски предал докази во Обвинителството на Абази. Боки 13 е уверен дека пријавите ќе резултираат со судски предмети и сите ќе одговараат. Тука ја посочи и екс-обвинителката Русковска која според него ја злоупотребила службената положба и примала поткуп.

„Мислам дека ќе произлезат предмети каде лицата од СДСМ ќе одговараат. Поднесена е кривична пријава и против Вилма Русковска за злоупотреба на службена положба, примање поткуп, примена на тортура. Зоран Заев е скоро во секоја пријава“, додаде Јовановски.

Јовановски тврди и дека Вилма Русковска знаела колку години ќе добијат осудените за 27-ми април, уште пред Добрила Кацарска да ја објави пресудата. Екс-шефицата во изјава за Алфа ги демантираше таквите тврдења на Боки 13, велејќи дека не ја знаела пресудата, а истата ја гледала онлајн, бидејќи била на патување во странство.

Прилогот на АЛФА погледнете го во продолжение:

11 претстави обединети под концептот „Ново читање“, на програмата на 58-то издание на МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Собранието на фестивалот одлучи наградите за животно дело да ги добијат актерите Мими Таневска-Србиновска и Јордан Витанов.

Единаесет претстави во продукција на националните театри и шест претстави во придружната програма се селектирани на 58. МТФ „Војдан Чернодрински“, што ќе се одржи од 7 до 14 јуни во Прилеп. „Ново читање“ е именувана програмата на уметничкиот директор Ана Стојаноска, која денеска на прес-конференција ја образложи својата селекција во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп. Иницијалната позиција од која почна селекцијата е да се дефинира сериозна голема театарска претстава која е во контекст или со годинешниот Автор во фокус – Горан Стефановски или во контекст на современиот пристап во третирањето на театарот денес, вели Стојаноска.

Собранието на фестивалот одлучи наградите за животно дело да ги добијат актерите Мими Таневска-Србиновска и Јордан Витанов.
Мотото на фестивалот годинава е „Промени се, промени сè“.

-Се решив да го прикажеме тоа што е современо и актуелно, истовремено во корелација со европските театарски трендови. Она што доминира во програмата е потребата да се најдат нови читања на стари теми, истовремено создавајќи поинаков третман на просторот. Доминантно во продукцијата беа повеќе камерните или „мали“ сцени наспроти големата сцена. Имаше неколку впечатливи камерни претстави работени според домашни автори, но не одговараа на концептот на ова издание на фестивалот. Тоа не значи дека беше естетички ограничена, туку создаде ново гледање и на драмите и на просторот. На македонската театарска продукција како и да ù фали сериозно истражување и на современите театарски тенденции, но и на сопствените театарски капацитети. На нашите театарски сцени им треба промена која се надевам ќе ја иницира фестивалот годинава – рече Стојаноска и додаде дека „промената е најблиската потрага по сопствениот креативен потенцијал. Таа е првата победа во битката со конформизмот, старите навики, инертните или наследени ситуации“.

Концептот „Ново читање“ ги опфаќа двете потпрограми: „Новото читање на драмите од авторот во фокус – Горан Стефановски“ и „Ново читање на класиците“.
Во потпрограмата „Новото читање на драмите од авторот на фокус – Горан Стефановски“, селектирани се:

1.„Дупло дно“ во режија на Наташа Поплавска, продукција на Народен театар „Војдан Чернодрински“ – Прилеп;
2.„Диво месо“ во режија на Мартин Кочовски, продукција на Албански театар – Скопје;
3.„Демонот од Дебар Маало“ во режија на Наташа Поплавска, продукција на Центар за култура „Ацо Шопов“ – Штип;
4.„Црна дупка“ во режија на Љупчо Ѓорѓиевски, продукција на ЦК „Антон Панов“ – Струмица.

Во „Ново читање на класиците“ го гледаме авангардниот пристап во третманот на драмите што се класични/лектирни, а истовремено и потенцијалниот нов моментум во третирањето на театарот. Во оваа програма се претставите:

1.„Хеда Габлер“ од Хенрик Ибзен, во режија на Васил Христов, продукција на Драмски театар – Скопје;
2.„Едвард Втори“ според Кристофер Марлоу, во режија на Андриј Жолдак, продукција на Ц.К „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ – Велес;
3.„Иванов“ од Антон П. Чехов, во режија на Зоја Бузалковска, продукција на Македонскиот народен театар;
4.„Домот на куклата“ од Лукас Хнат, во режија на Билге Емин, продукција на Турски театар – Скопје;
5.„На дното“ од Максим Горки, во режија на Ќендрим Ријани, продукција на Народен театар – Битола;
6.„Ало! Ало!“ според Џереми Лојд и Дејвид Крофт, во режија на Синиша Евтимов, продукција на Театар Комедија;
7.„Франкенштајн“ од Мери Шели, во режија на Кокан Младеновиќ, продукција на Театар за деца и младинци – Скопје.

Во придружната програма ќе бидат презентирани неколку претстави кои се во контекст на концептот на комплетната селекција:

1.„Кенди“ од Лук Дејвис, во режија на Тамара Стојаноска, продукција на Театар „Златен Елец“;
2.„Лекција“ од Ежен Јонеско, во режија на Ѓорѓи Ризески, продукција на Motion Network и НТ Штип;
3.„Црна дупка“ од Горан Стефановски, дипломска претстава по театарска режија на Александар Јовановски, во класата на проф. м-р Зоја Бузалковска, ФДУ Скопје;
4.„Натчовек“ од Сашо Димоски, во режија на Васил Зафирчев, продукција на Драмски театар „Стојан Бочваров“ – Варна;
5.„Поол“ од Марк Рејвенхил, во режија на Шенај Мандак, продукција на МКЦ и Хибрид.
6.„Арт“ од Јасмина Реза, дипломска претстава на студентите по актерска игра од класата на проф. Дејан Пројковски, Универзитет „Еуропа Прима“ – Скопје.

Фестивалот ќе биде отворен со настан во чест на добитниците на наградата за животно дело, што ќе се одржи во Центарот за култура, а потоа ќе следува изведбата на претставата „Хеда Габлер“ на Драмски театар.
-И годинава сакаме Прилеп да биде град-театар, ќе има уште фестивалски зони што ќе ги откриваме постепено. Им се заблагодарувам на сите што го помагаат фестивалот – рече Стојаноска.
За време на фестивалот ќе се одржи еден ден комплетно посветен на Авторот во фокус – Горан Стефановски, на кој ќе се презентираат сите актуелности поврзани со зачувувањето на ликот и делото на Горан Стефановски во македонската култура.

Ќе бидат одржани пет работилници, освен презентацијата на едукативната програма: Работилницата за драмско пишување што ќе ја води Ана Трпеноска, Работилницата за читање на Горан Стефаноски што ќе ја води проф. д-р Јелена Лужина, Работилницата за следење на фестивал што ја води тимот на Умно.мк, Работилница за тело – говор – простор што ја води Искра Шукарова и Работилницата за костимографија што ја води Александар Ношпал. Повиците за учество на овие работилници ќе ги објавиме наскоро.

Ќе бидат одржани промоции на повеќе изданија од театарска и театролошка литература од македонски и странски автори. Ќе бидат активни сите фестивалски зони како минатата година, ќе имаме и некои нови кои ќе ги откриваме постепено во текот на следните денови на фестивалот.

За наградите на фестивалот и годинава ќе одлучува тричлено меѓународно жири, во состав: д-р Марина Миливојевиќ-Маѓарев, театарска критичарка од Србија, д-р Марина Катниќ-Бакаршиќ, драматург од Сараево и актерката Варја Ѓукиќ од Црна Гора.

Eден пензионер удрил во друг пензионер: Тешка сообраќајка на ул. “Борис Буџевски” во Битола

На 09.05.2024 во 11.30 часот во СВР Битола било пријавено дека дека на ул.„Борис Буџевски“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со битолски регистарски ознаки, управувано од С.Н.(69) од Битола и мопед управуван од Б.С.(65) од Битола.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Клиничката болница Битола.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола – информираат од СВР Битола.

Добра вест за возачите: Се вратија старите цени на полисите за осигурување

Се вратија пониските цени на полисите за осигурување. Владината одлука е објавена во Службен весник попладнето на 7 мај, а намалените цени осигурителните компании почнаа да ги применуваат од денеска.

Дали ќе ги вратат парите на граѓаните кои плаќаа поскапи полиси изминативе две недели – се уште немаат став. Дополнително ќе ги консултирале правниците, но неофицијлано велат дека нема ни начин, ни основ за враќање на парите.

Процесот би бил сложен, затоа што полисите се продавале прегу агенти, на кои им плаќаат од 20 до 40% од вредноста на полисата. Но, ако некое осигурително друштво сака, може да им ги компензира парите во полисата за следната година.

Сепак, конечен став Групацијата на осигурителни компании, најавија за следниве денови. Од Асоцијацијата за супервизија на осигурувањето велат дека неделно во просек се регистрираат околу 10 илјади автомобили. Но, заради празниците и изборите, од 25 април до денеска бројката на граѓани кои платиле од 840 до 1,600 денари повеќе би била таа.

И додека се чека официјалниот став од Групацијата, реагираа само од Комората на Серозападна Македонија, кои велат дека:

– Амбиентот за водење бизнис станува дестимулирачки за локалните компании како и за странските инвестиции, со што, се оставаат долгорочни последици, но и во спротивност на ЕУ со законодавниот систем кој се уште му дозволува на Министерството за финансии да одлучува за премиите за осигурување на автомобилите, што е спротивно на acquis на ЕУ.

Од комората додаваат дека со донесенатa одлука од страна на Комисјата за автоодговорност се ограничуваат ингиренците на другите релевантни фактори како што се компаниите, со која цените за автоодговорност се контролираат целосно од државата.

Maкрон на македонски јазик и’ честиташе за победата на Силјановска Давкова

Честитки на македонски јазик за победата на проф. д-р Гордана Силјановска-Давкова, вчера, 9 мај 2024 година на социјалната мрежа фејсбук, упати претседателот на Република Франција, Емануел Макрон. Во честитка се потенцира француската поддршка за Македонија кон целосна евроинтеграција при што е наведено следново:

„Се отвора нова страница кај нашите македонски пријатели.

Ја поздравувам храбрата посветеност на Стево Пендаровски, а на Гордана Силјановска-Давкова ѝ ги упатувам моите срдечни честитки за изборот за Претседател.

Франција остнува на страната на Македонија за да ја придружува во реформите и нејзината европска иднина.“

Професорката Гордана Силјановска-Давкова упати благодарност за честитиката на македонски и на француски јазик, истакнувајќи ја улогата на Франција како една од основачите на ЕУ и потенцирајќи дека како претседателка ќе се залага за градење на консензус кој ќе овозможи македонските граѓани да живеат европски. А исто така, ја потенцира и билатералната соработка за зајакнување македонско-француските односи. Во одговорот на професорката Гордана Силјановска-Давкова стои:

„Претседателе Макрон, Ви благодарам за честитките! Франција, како една од земјите основачи на ЕУ има најважна улога и одговорност за успех на европскиот проект. Вашата поддршка се надевам ќе го отвори патот на Македонија кон Европа, а она што можам да се заложам е дека ќе градам консензус за реформи кои ќе им овозможат на македонските граѓани да живеат европски. Воедно, како две пријателски земји во мојот мандат ќе работам на зајакнување на билатералните односи, особено економската, културната и научната размена.“

Момироски: Миле Талески каде фатил, секаде тратил

Koлумна на новинарот Зоран Момироски после изборните резултати

По завршување на вториот круг од претседателските и изборот за новиот состав на Парламентот во Прилеп голема победа на ВМРО-ДПМНЕ и историски најслаб катастрофален пораз на СДСМ!!! Во општинава за Гордана Силјановска Дафкова гласале 25.864 граѓани со право на глас. За Стево Пендаровски 10.579 гласачи.НЗа новиот парламент, кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ освоиле 21.819 гласа,СДСМ само 8.455. Левица освои 3600 гласови а за ЗНАМ гласале 2268. Со вкупниот број на галсови во И.Е. 4 ВМРО-ДПМНЕ ИМА 13 пратенички места.СДСМ 5 пратеници. ЛЕВИЦА и ЗНАМ по 1пратеничко место.

По овој резултат не е потребен никаков кометнар. Бидејќи во изминативе 83 мои колумни предвреме укажував на состојбите во градов. Во партиите и во општественото живеење. Некои тоа лично го разбираа бранејќи ги личните суети и интереси, други пак беа ,,глуво-неми,, а трети паметот му одеше до таму што поединци се поистоветуваа со партијата.Како да е е лична своина.

Тука пред се мислам на челниците и нивните мини таборчиња од СДСМ. На последното обраќање на лидерот на оваа партија Ковачевски по обзнанување на резултатит, сега е сосема јасно дека и тој и овие наши ,,ПРИЛЕПСКИ СДСМОВСКИ ШЕРИФИ,, треба да си ги пакуваат куферите. Јас би рекол некои да си ги симнат костумчињата, и да си ги обесат на закачалка.Ако не повеќе за да си ги чуваат за на свадба. Да ги разбушават залижаните фризурчиња, да си ги облечат ,,опинците”, и да си го фатат патот кон родните му места.

Да не речам родните села. Ако имаат грам човечност и чуство , не само ОСТАВКИ туку треба да понесат сериозна одговорност и да се напикаат во шталите. Народ особено не членството на СДСМ око да не му види. Повеќе од реакциите на чесните членови и идеолошки определени СОЦИЈАЛДЕМОКРАТИ на своите фб профили беа во таа насока. Еден му предлага :ДА МУ КУПИ ОГЛЕДАЛО ОТИ ЌЕ НЕМАЛО СО КОГА КАФЕ ДА ПИЈАТ. Друг пак му порачува на МИЛЕ ТАЛЕСКИ ДА СЕДИ ВО СКОПЈЕ, ДА ЗЕМА ПРАТЕНИЧКА ПЛАТА , ДА НЕ СЕ ВРЌА ВО ПРИЛЕП. И ДА НЕ ПРАВИ ТРОШОЦИ, НО ИСТО ТАКА ДА НЕ ПОМИСЛУВА ПОВЕЌЕ ДА СЕ МЕША ВО КАДРОВСКАТА ПОЛИТИКА НА ПРИЛЕПСКАТА ПАРТИЈА .ОТИ КАДЕ ФАТИЛ СЕКАДЕ ТРАТИЛ. И ЗА ТРАТЕЊЕ ТОА ОД ПАРТИЈАТА УСПЕВАЛ ДА БИДЕ НАГРАДЕН.ОТИ БИЛ ДЕТЕ НА ПАРТИЈАТА.НЕ БАРЕМ СМЕ 1941/ 44 ГОДИНА. Има и сериозни констатации: ЗА 7 ГОДИНИ ДА НАПРАВИТЕ ВАКВА РАЗЛИКА ,ТОА ЗНАЧИ ДЕКА СТЕ ПРАВЕЛЕ ПУСТОШ МЕЃУ НАРОДОТ !!! СО ЛАЖЕЊЕ СО КРАДЕЊЕ СО ЗЕМАЊЕ МИТО ЗА ВРАБОТУВАЊЕ, ПОТОА СО ТЕНДЕРИ, СО НЕСПОСОБНОСТ НА РАКОВОДНИТЕ МЕСТА КАДЕ ШТО СТЕ ПОСТАВЕНИ АМА И СО ПРЕПОТЕНЦИЈА. На крај ми оставија силен впечаток две силни пораки од искусни културни и упатени членови на партијата:ЗАБОРАВИВТЕ ДЕКАТРЕБА ДА СЛУЖИТЕ А НЕ ДА СЕ УСЛУЖИТЕ. ОД 2019 ГОДИНА СЕ ШТО СЕ СЛУЧУВА И ЌЕ СЕ СЛУЧУВА Е САМО ВАША И НИЧИЈА ДРУГА ОДГОВОРНОСТ. ИСТОРИСКА ШАНСА ВИ БЕШЕ ДАДЕНА КАКО НА НИКОЈ ДРУГ ДОСЕГА. ВИE НАЈДОБРИТЕ ЛУЃЕ ГИ ИЗБРКАВТЕ И ГИ ГАЗЕВТЕ!!! А НАЈЛИЦЕМЕРНИТЕ, БЕЗИНТЕГРИТЕТНИТЕ НА ПИЕДЕСТАЛ ГИ ПОСТАВИВТЕ. А ТИЕ ВЕ ОДВЕДОА ТАМУ КАДЕ ШТО ЗНААТ И МОЖАТ. ЕТЕ НА ОВА ТЕРЕЏЕ!!!

Сега власта и надежта е во победничката партија. Голема би рекол преголема одговорност има ВМРО-ДПМНЕ пред народот и пред државата. Ветеното сакале или не ќе мора да се исполни. Во спротивно НАРОД НАГРАДУВА – НАРОД КАЗНУВА. Победата и славата не треба да ви се удри од главата. Резултатот на СДСМ не треба да ве радува туку само да ве потсетува. До година се локалните избори!!! Народот очекуваше многу.ТРИ НОВИ КРУПНИ ПРОЕКТИ НЕМАТЕ РЕАЛИЗИРАНО. ВО ТРИ ГОДИНИ ЛОКАЛНА ВАЛАСТ . И сега сваќам дека Бокио со неговата дружина кој во изминатиов период намногу го критикував во овие КОЛУМНИ ако реализираше ,НЕКОЛКУ КРУПНИ ПРОКЕТИ незнам ваков каков што е во моментов во Прилеп СДСМ, дали 4000 гласа ќе добиеше. Оти многу порано пред првиот круг на претседателските избори најголемите оптимисти типуваа на 18.000 гласа за ВМРО-ДПНЕ а за СДСМ не повеќе од 12.000 гласа ,,за,,!!!

На крајот би му препорачал на актуелниот претседател на О.К. на ВМРО-ДПМНЕ и нов пратеник Дејан Проданоски, за резултато што е постигнат во Прилеп, посебно да им се заблагодари на : ЗОРАН ПАЧЕШКОСКИ – ЦАКИО ,МИЛЕ ТАЛЕСКИ,ГОРАН СУГАРЕСКИ, ХАРИ ЛОКВЕНЕЦ ,ХРИСТИЈАН ПИЛИЧЕВ,ИЛИЈА ЈОВАНОСКИ – МУЦЕТО,САШО ДАМЕСКИ,МИЛЕ ВЕЛКОСКИ ,АЛЕКСАНДАР ЃОРЃИОСКИ ДИРЕКТОРЧИЊАВА НА УСТАНОВИВЕ И ПОДРАЧНИ ЕДИНИЦИ. И НА ОСТАНАТИТЕ ИЗМЕЌАРИ ОД ТАЈФАВАТА КОИ СО ПРАЗНИ ЏЕБОВИ ДОЈДОА АМА СО ПОЛНИ ТОРБИ ПАРИ И СО СЕ ,,МРТВО И ЖИВО,,ШТО ИМ Е ВРАБОТЕНО ЌЕ СИ ЗАМИНАТ. ТАКА Е ФЕРСКИ И ПОЛИТИЧКИ ЏЕНТЛМЕНСКИ !!!

Варошани денеска широко ќе ги отворат портите: На Голем петок прилепчани традиционално ќе го посетат манастирот Св. Архангел Михаил

Денеска православните христијани го празнуваат големиот верски празник Голем или Источен петок, односно Балаклија.

Жителите од најстарата прилепската населба Варош и манастирот Св. Архангел Михаил денеска широко ќе ги отворат портите.

Инаку празнувањето на Голем Петок е вековна традиција која започнува со литургија во утринските часови во манастирската црква, каде огромен број верници доаѓаат, ќе се помолат и ќе нацрпат од изворските води на манастирот, за кои се верува дека се лековити.

Варошани своите куќи на овој ден ги украсуваат со зелени гранчиња и чекаат гости.

Со овој празник, посветен на Пресвета Богородица, и’ се оддава признание на мајката Божја, поради тоа што непосредно по Велигден нема друг празник поврзан со нејзиното име.

Во некои места празникот е познат под името Богородица Балаклија. Поради тоа што Богородица му ги миела раните на Исус, на овој ден луѓето ги посетуваат изворите ги мијат лицето и очите, или три пати преку себе префрлаат вода од изворите. Поради тоа најчесто овој празник се празнува во црквите што се покрај извори.

На сите граѓани, а посебно на варошани им го честитаме празникот, со желби до година да пречекаат голем број гости.

За многу години!

Лукаревска: На Македонија и’ е потребен СДСМ

Благодарам за укажаната доверба да бидам заменик претседател на СДСМ. И таа должност ја извршував со почит, совесно, одговорно и чесно. Секако, со поддршка од сопартијците и незаменливата потпора од моите родители. Благодарам е најмалку што можам да им речам.

Во искреното соочување со причините за изборниот пораз е нашата прва победа. Тоа е најмалку што им го должиме на сопартијците, на симпатизерите и поддржувачите на СДСМ, но и на демократска Македонија. Важна е пораката од оние кои не излегоа на гласање, како и на оние кои гласаа против, стои во нејзиниот статус.

На ред е нашата внатрепартиска средба со вистината, заклучи таа.

Први помеѓу 129 екипи од цела Македонија: Фудбалската екипа од СОУ “Ристе Ристески-Ричко” Прилеп апсолутен шампион (ФОТО)

Најдобриот тим на СОУ „Ристе Ристески Ричко“ во футсал од 129 средни училишта во државава го освои првото место на сите училишни натпревари во оваа учебна година, под менторство на професорот Илија Ангелески. Тој го водеше тимот инспирирајќи ги играчите да дадат најдоброто од себе на теренот. Во тимот исто така се истакна и поранешниот ученик на Ангелески, а сега колега Христијан Митрески кој се докажа како важен дел од тимот како играч и како помошник на Ангелески. Со нивната водечка улога и поддршка, екипата ги освои сите средни училишни првенства во впечатлива футсал сезона, докажувајќи дека талентот и трудот се клучни за успехот.

🇲🇰Екипата составена од (капитенот) Стефан Спиркоски, Давид Крстески, Дарио Спиркоски, Давор Богевски, Андреј Петрески, Андреј Паскоски, Кирил Тасески, Леонид Талески, Андреј Кочоски, Мартин Деркоски, Андреј Николоски, Димитар Оклески, Јусуф Елмазоски и Сермет Османоски 🇲🇰 , на почетокот ги победија противниците од општинските натпревари, претходно совладувајќи ги сите средни училишта од Прилеп. Во зонските натпревари, предизвикот беше екипата од Неготино, која беше прегазена со впечатливи 10-1. Во регионалните натпревари, прво во полуфиналето се справија со Охрид со резултат 4-2, па потоа во финалето ја совладаја екипата на Гостивар со резултат 7-5, освојувајќи го регионалниот наслов.

На крајот, на Државните натпревари, во тврдото полуфинале беше совладана екипата на Брицо со резултат 2-1, додека во големото финале го победија Штип со резултат 5-2, афирмирајќи се како најдобри футсал мајстори во средните училишта во Македонија. Оваа година беше одлична за нив, со многу предизвици и победи во кои се докажаа како шампиони.