дома блог страница 140

Трoгателно обраќање на легендата на ФК “Победа” Николче Здравески

Легендата на прилепска Победа, голгетерот и миленик на публиката, Николче Здравески со трогателен Фејсбук статус

“Taжен ден за прилепскиот фудбал. Ех до каде дојде работата… Колективот да е помалку важен од некојси поединец. Колектив кој е од народот, на кој и старо и младо му ја полни, радува или растажува душата. Победа е бренд кој што не згаснува, секогаш како феникс ќе излези од пепелта кога и да е. Но, вас ќе ни остани срамот, грижата на совеста вас, кој воопшто не се потрудивте да и’ помогнете на било каков начин, и тоа поради некој кој бил на раководна функција во клубот. Срамота и гревота!

Па луѓе, да и’ помогневте сам ќе си заминеше. А да ве прашам вас кој допрва ќе грабите фотељи директорски, кој работите по 3/4 фамилијарни бизниси, и кој имате по неколку фамилијарни државни вработувања, уште кучето и мачето не ви се вработени преку партиите кој што ги претставувате, дали некогаш ќе ви биди гајле за некој друг, во случајов најголемиот спортски бренд Победа Прилеп?

Не сигурно не ви е и нема да ви биди, ама ко че дојди тендерче, тогаш очите че си ги извадите да приберите уште некоја материјална корист.

И ова не е наменето за една или друга партија на власт, важи и за двете, никој со прст не мрдна да ја имаме Победа онаму каде што и’ е местото. Првите ставија функционери, но за жал тие не играат фудбал. А вторите пак не даваа помош, оти првите ги ставија функционерите, па сега нека се давеле сами.

Жалосно, ама вистинито. Нека им е срам на сите кои допринесоа за овој срам. Спортски поздрав до многу истомисленици, кои не собраа храброст да го искажат својот револт. ФК Победа Прилеп била и ќе биди!

П.С. Кармата е опасна работа”

Ограбена канцеларијата на МАТИЧНОТО во Прилеп: Крадецот изнесол компјутери, куќишта и документи

На 11.05.2024 во ОВР Прилеп било пријавено дека во период од 10.05.2024 до 11.05.2024 од страна на непознат сторител било влезено во канцелариски простории сопственост на Министерство за правда- Управа за водење на матични книги, подрачна канцеларија Прилеп лоцирана на ул.„Димо Наредникот” во Прилеп при што одзел документација, оштетил дел од документацијата и одзел монитори и куќишта од компјутери.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот – информираат од СВР Битола.

Денеска, на една недела по најголемиот празник се слави Томина недела, еве зошто е значаен овој светец

Денеска е Томина Недела или Нова Недела, Антипасха, во западното христијанство позната како Бела Недела или Мал Велигден. Ова е значаен христијански празник кој се прославува во првата недела по Велигден и е посветен на светиот апостол Тома.

Кога Исус Христос се јавил на апостолите, Тома не бил со нив, а кога тие му кажале дека го виделе учителот тој не поверувал и им одговорил: „Дури не ги видам клинците на рацете Негови, и не го ставам прстот свој во раните од клинците, и не ја ставам раката своја во ребрата Негови, нема да поверувам“.

Поради тоа, апостолот Тома е наречен Неверен Тома. По осум дена кога и Тома бил со другите апостоли Христос пак им се јавил при што посебно му се обратил на Тома: „Дај го прстот свој овде и види ги рацете Мои; дај ја раката своја и стави ја во ребрата Мои; и не биди неверлив но верлив!“ На тоа Тома одговорил и рекол: „Господ мој и Бог мој!“ Исус му рече: „Тома, ти поверува, оти ме виде; блажени се оние, кои не виделе, а поверувале“.

Во организација на “Авто Контрол” во Прилеп одбележан 11. мај – Денот на сообраќајната култура – Заедно да изградиме систем на општествени вредности!

Во организација на “АВТО КОНТРОЛ Станица за технички преглед” Прилеп, во соработка со МВР и сообраќајната струка при СОУ “Ристе Ристески-Ричко”, денеска во центарот на градот се одржа настан посветен на Денот на културата во сообраќајот.

На платото пред Градскиот Саат, ученици од сообраќајната струка во ова училиште делеа флаери со едукативна содржина, со цел да се унапреди сообраќајната култура и да се подигне свеста за важноста од почитување на сообраќајните правила и прописи.

Секое незнаење, некултура и непочитување има цена, но незнаењето, некултурата и непочитувањето на правилата и прописите во сообраќајот чинат изгубени животи. Да се почитуваме меѓу себе, како луѓе и како учесници во сообраќајот, и заеднички да изградиме систем на општествени вредности, во кој културата во сообраќајот ќе има водечко место.

-Сообраќајната култура е важна за безбедноста во сообраќајот и не претставува само познавање на сообраќајните правила и прописи, туку истовремено претставува и навика, почитување и применување. Важноста за почитување и применување на правилата да ја пренесеме сите ние заедно на поинаков начин на еден ваков ден. Денешното одбележување е со фокус на важноста на безбедноста за возачите на моторцикли, посочи Даниела Перканоска од Авто Контрол Станица за технички преглед Прилеп.

“Денес, 11 мај, го одбележуваме Денот на сообраќајната култура, посветен на зголемување на свеста и одговорноста за почитување на правилата и прописите во сообраќајот. Оваа година, особено сакаме да ја истакнеме важноста на безбедноста на возачите на моторцикли. Возачите на моторцикли играат важна улога во нашите патиша и затоа треба да бидат особено внимателни. Носењето кацига е клучно за заштита од повреди и несакани настани. Ве повикуваме да ја зголемите вашата свесност за правилата на сообраќајот, особено за брзината, претекнувањето и употребата на заштитна опрема. Придржувајте се до сообраќајните правила и прописи за да создадеме побезбеден сообраќај за сите учесници. Бидете пример за другите и заедно да работиме кон намалување на несреќите и зачувување на нашите животи и имот. Чувајте се на патот и носете кацига секогаш кога возите моторцикл! Заедно можеме да создадеме побезбеден сообраќај за сите”, рече Перканоска.

ФОТО/“РАДИО ПЕЛА”

ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН седнаа на маса – Oва се постулатите на идната Влада

Денеска беше остварена средба помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН. Од страна на ВМРО-ДПМНЕ биле присутни претседателот Христијан Мицкоски, потпретседателите Александар Николоски, Владо Мисајловски, Тимчо Муцунски и Гордана Кочоска Димитриеска, како и шефот на кабинет на претседателот Владимир Нелоски, од страна нa ВЛЕН присутни биле Арбен Таравари, Изет Меџити, Биљал Касами и Африм Гаши.

Од ВМРО – ДПМНЕ соопштија дека се договорени општите начела на соработка за идната влада, која ќе се базира на три постулати: евроинтеграции, забрзан економски развој, борба против криминалот и корупцијата и владеење на правото.

– Заклучено е дека двете страни ќе формираат работни групи, на кое ниво ќе продолжат разговорите до нивно финализирање, се вели во соопштението од ВМРО – ДПМНЕ.

Претходно, од ВЛЕН изјавија дека според нив, првичната средба и разговори оделе во позитивна насока.

Важно известување до граѓаните од СВР Битола: Бидете внимателни, сериозни измамници се јавуваат на телефон

Во текот на изминатите денови и денес во СВР Битола стигнуваат пријави од измамени граѓани, а во врска со наводни сообраќајни несреќи во кои се учесници наводно блиски членови на семејството и плаќање на големи суми – велат од СВР Битола.

СВР Битола апелира до граѓаните, посебно до повозрасните, да не наседнуваат на вакви и слични информации добиени од непознати лица и секој таков случај да го пријават на телефонскиот број 112 и 192 или во најблиската полициската станица – стои во соопштението од СВР Битола.

Гордана Силјановска Давкова го доби Уверението за претседател на државата

Државната изборна комисија (ДИК) денеска издаде Уверение за избран Претседател на Република Северна Македонија, на Гордана Силјановска Давкова, откако на седница ги објави конечните резултати од Претседателски избори одржани на 24 април и 8 мај годинава. Уверението на Силјановска Давкова и го врачи претседателот на ДИК Александар Даштевски и во име на Комисијата посака успешен мандат.

Даштевски на седницата констатираше дека за Претседател е избрана Гордана Сиљановска Давкова со мнозинство гласови од избирачите кои гласале. Силјановска Давкова освои 561.000 гласови, наспроти нејзиниот противкандидат Стево Пендаровски за кого гласале 251.899

Државната изборна комисија на седницата утврди дека вкупниот број на запишани избирачи за претседателските избори кои биле запишани во Избирачкиот список изнесува 1 814 317, а гласале 861 218. Вкупниот број на неупотребени гласачки ливчиња е 953.121, на важечки ливчиња 812.899, на неважечки ливчиња 48.289, а процентот на избирачи кои гласале е 47.47.

За постапката за сумирање на резултатите за Претседателските избори до ДИК немаше приговори, додека за Парламентарните кои се одржаа исто така на 8 мај се доставени девет од Коалицијата Вреди, осум од ВМРО-ДПМНЕ, пет од СДСМ и четири од Левица. Даштевски посочи дека станува збор за групни приговори со опфатени повеќе избирачки места.

По објавувањето на конечноста на изборните резулатати за Претседателските избори, ДИК треба да достави извештај до Собранието за да биде закажана седница за инаугурација на новата претседателка која според најавите ќе одржи утре напладне. Таа пред пратениците од стариот состав треба да даде свечена изјава по која и започнува да тече нејзиниот мандат. Мандатот на актуелниот претседател и нејзин противкандидат истекува утре.

Универзитетската професорка Гордана Силјановска – Давкова ќе биде шестиот претседател на Северна Македонија и прва жена која е избрана на оваа позиција.

ВМРО-ДПМНЕ денеска ги започнува преговорите со коалицијата „Вреди“

Првата средба на работната група на ВМРО-ДПМНЕ предводена од партискиот лидер Христијан Мицкоски и претставниците на коалицијата „Вреди“ на партиите на Албанците се очекува да се одржи денеска напладне.

На средбата ќе стартуваат разговорите меѓу двата политички субјекта за евентуалната соработка во рамки на идната влада.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски, кој вчера во телевизиско гостување ја потврди оваа информација, истакна дека не очекува дека уште утре би се дошло до договор, но вели дека тој е извесен доколку постојат добра верба, реални очекувања и фокус на политиките во интерес на граѓаните.

-Секако, уверен сум дека нема да се дојде до заеднички јазик веднаш на првиот состанок. Ќе се претстават позициите на двете страни, ќе видиме какви ќе бидат гледиштата, но доколку имаме меѓусебна добра верба, доколку сме реални за очекувањата и доколку сме фокусирани на креирање политики во интерес на граѓаните да ја вратиме надежта во оваа безнадежна држава, безнадежноста којашто беше, јас би рекол, главен симбол на последните седум години од владеењето на СДСМ и ДУИ, тогаш ќе најдеме заеднички јазик, посочи Муцунски.

Муцунски додаде дека ВМРО-ДПМНЕ веќе презема конкретни мерки за, како што вели, формирање на контурите на изгледот на идната влада и додава оти очекувањата се дека и без поголем политички субјект може да се стигне до бројката од 61 пратеник бидејќи сè повеќе пратеници во моментов сакаат да бидат дел од мнозинството.

Мицкоски вчера пак оствари средба со претседателите на партиите во состав на Коалицијата „Твоја Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ на која било констатирано дека оствариле успешен и историски резултат кој создава и одговорност за реализирање на очекувањата.

(ФОТО/ВИДЕО) Патриотско БЕРАНЦИ крена знаме со шеснаесеткрако македонско сонце! Нека се вее за навек!

Жителите на село Беранци, општина Могила, денеска поставија јарбол со сонцето од Кутлеш кое ќе се вее над Пелагониско поле.

Знамето е поставено на крстот кај манастирот Св. Јован Крстител, едно прекрасно свето место кое вреди секој да го посети.

Во изминатиот период се повеќе зачестува поставувањето на јарболи со македонското шеснаесеткрако сонце, па пред десетина дена вакво знаме беше кренато и во прилепската населба “Жабино маало”.

Браво за беранчани кои важат за големи патриоти!

Нека се вее за навек!

На Св. Василиј Острошки во прилепско Чумово: Управата на манастирот во изградба ги кани сите верници во недела

Во прилепското село Чумово во тек е изградба на манастир кој ќе го носи името на Св. Василиј Острошки. Управата прави надчовечки напори и успева да ја турка оваа убава идеја, а се со цел на прилепчани да им подари уште едно свето место во убава природа.

На 12. мај православните христијани го слават токму тој празник, па по тој повод управата на овој манастир во изградба ги поканува верниците, да присуствуваат на света литургија, што ќе се одржи во 11 часот, а потоа следува ручек и пригодна празнична забава.

Посетете го ова место, уживајте во убавата природа и дајте свој придонес оваа убава идеја за скоро време да се реализира.