дома блог страница 139

Ждрепката за СП ќе биде наскоро, посакуваме Македонија да игра во Хрватска

Машката ракометна репрезентација на 29-ти мај ќе ги дознае противниците со кои ќе се соочи во групната фаза на Светското ракометно првенство кое во јануари 2025 година ќе се игра во Хрватска, Данска и Норвешка.

Нашата репрезентација ќе биде во третиот шешир заедно со Катар, Бразил, Аргентина, Куба, Италија, Јапонија и Алжир.

Од првиот може да ни паднат Данска, Франција, Шведска, Германија, Шпанија, Унгарија, Словенија и Египет. Во вториот се Австрија, Норвешка, Португалија, Хррватска, Чешка, Полска, Исланд и Холандија.

Во четвртиот се Бахреин, Тунис, Чиле, Кувајт, Капе Верде (Зеленортски острови), Гвинеја, САД и еден тим кој ќе добие вајлд-карта.

Првата групна фаза ќе се игра во три хрватски и по еден дански и норвешки град. За македонската Фаланга најдобра варијанта е да играме во хрватските Загреб, Вараждин или Пореч, бидејќи се најблиску и таму поголема би била поддршката од трибините за Црвено-жолтите отколку во Хернинг или Осло.

Системот за натпреварување е таков што ќе има осум групи со по четири тима, а првите три од секоја група одат во следната фаза, што значи дека само една победа во трите кола може да ни донесе учество во втората фаза. Последно место во груата носи разигрување во Претседателскиот куп кој ќе се игра во хрватскиот град Пореч.

Книга „Заклетва“ – вистината за 2001 година! Одговори на многу прашања за кои никој не знаеше досега!

Што се случило пред 23 години? Како бранителите го доживеале и преживеале конфликтот со албанските терористи? Нашата книга „Заклетва“ ги има одговорите на овие и на уште многу други прашања. Дел од средствата од секоја купена книга ќе бидат донирани на бранителите на кои тоа им е најпотребно.

Книгата е 599 денари со бесплатна достава до адреса. Промотивно можете да нарачате и маица „Заклетва“, а вкупната цена би била само 999 денари со вклучена достава. За нарачка оставете име, адреса и телефонски број во порака ТУКА

Oвие момци имаат срце како планина: Погледнете како изгледаше славјето во соблекувалната на Македонија по пласманот на СВЕТСКО!

Македонската ракометна репрезентација вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје ги совлада Фарски Острови со 34:26 и се пласираа на Светското првенство следната година.

Разликата од осум голови беше доволна да се анулираат седумте негатива од првиот дуел од барашот за СП одигран во средата на гостински терен кој Фараните го добија со 34:27.

Селекторот Кирил Лазаров постави извонредна игра, како во нападот, така и во одбраната. Македонците покажаа голема борбеност, беа агресивни во дуелите, играа трпеливо во нападот и на крајот заслужија мундијалски билет.

По првите 30 минути Македонија водеше со 19:15, во 37. минута ги имаше посакуваните +7, а во неколку наврати водеше и со девет разлика.

Жарко Пешевски со осум погодоци беше најефикасен во победничкиот состав. Се истакнаа и Филип Кузмановски со седум, Марко Митев со шест и Мартин Серафимов со пет погодоци.

За „Црвено-жолтите“ следното Светско првенство ќе биде деветти, по 17 пат ќе играат на голем ракометен настан, а задржан е и континуитетот на учество на големите натпреварувања кој трае од 2012 година.

ФОТО/ Ракометна Федерација на Македонија – официјална страница

Прилепчани добри домаќини и организатори, ама медалите не ги даваат: Се одржа традиционалниот Меѓународен турнир во борење “Крали Марко 2024” (ФОТО)

Успешен викенд на Боречкиот клуб “7-ми Мај” Прилеп.

После освоеното прво место на Државното првенство за борачи до 20години, кое вчера (11.05) се одржа во Радовиш, денеска во Прилеп клубот уште еднаш успешно го организираше Меѓународниот турнир “Крали Марко 2024”.

Во градот под Марковите Кули гостуваа боречки клубови од Косово, Турција, како и од голем број градови ширум Македонија.

Медалите одново не изостанаа за домашните борачи и борачки, па така Борис Спиркоски го освои првото место во категорија до 40кг, Габриел Кочоски беше прв до 43кг, а Христијан Аризанкоски освои сребро до 35кг.

Стандардно со медали се закитија и девојките:

Анабела Стојаноска освои прво место до 43кг,
Марија Христоска трето во истата категорија,
Ангела Трајкоска прво место до 46кг,
Марија Велјаноска трето во истата категорија,
Елена Дејкоска второ до 50кг,
Кристина Цветкоска трето во истата категорија,
Јована Тодороска трето до 54кг.,
Ева Мирческа трето до 56кг.,
Тамара Цветкоска прво до 59кг. и
Андреа Маркоска трето во категорија до 70кг.

Анабела Стојаноска најдобра борачка на турнирот.

Огромни честитки до тренерите и стручниот штаб за беспрекорно организираниот турнир.

Прилепските џудисти од “Сеишин” меѓу најдобрите на силниот меѓународен турнир “Скопје Опен 2024” – Се вратија со дури 26 освоени медали

Вчера (11.05.2024) во Скопје се одржа Меѓународниот турнир во џудо за помлади пионери, пионери и кадети “Скопје Опен – 2024”. Турнирот беше во организација на ЏК Ипон- Скопје, а на истиот настапија околу 240 џудисти од 19 клубови и 8 држави. ЏК Сеишин-Прилеп настапи со вкупно 25 џудисти, кои освија 26 медали (12 златни, 5 сребрени и 9 бронзени), бидејќи дел од спортистите настапија и во повозрасна категорија.

Резултати поединечно:

Помлади Пионери-ки
1. Пупаловиќ Дила 1 во место
2. Ѓорѓиоска Софија 1 во место
3. Ајла Јеина 1 во место
4. Николоска Матеја 1 во место
5. Димески Арсениј 1 во место
6. Игнески Александар 1 во место
7. Стојковска Тамара 2 ро место
8. Пупаловиќ Елдина 2 ро место
9. Јовеска Бисера 3 то место
10. Ацески Ване 3 то место
11. Стрезоски Владан 3 то место
12. Конески Марио 3 то место
13. Мојсоски Леон 3 то место

Пионери-ки
1. Џагадуроски Немања 1 во место
2. Ацески Марко 1 во место
3. Мантароски Благојче 1 во место
4. Ангелески Јана 1 во место
5. Илиоска Тамара 1 во место
6. Илиоска Теодора 1 во место
7. Нанески Дарио 2 ро место
8. Василески Марко 2 ро место
9. Пупаловиќ Дила 3 то место
10. Ацески Ратко 3 то место
11. Илијоски Димитар 3 то место

Кадети-ки
1. Илиоска Теодора 2 ро место
2. Стојановски Михаил 3- то место

Одлични борби кај кадетите прикажа и Џагадуроски Борис но поради полесна повреда не ги продолжи борбите понатаму.
ЏК Сеишин-Прилеп е прогласен за НАЈУСПЕШЕН КЛУБ во категорија ПОМЛАДИ ПИОНЕРИ-КИ за што е освоен ПЕХАР.
Клубот продолжува со подготовки за наредните натпревари на Меѓународен план.

(Фото галерија) Во прилепско се гради првиот манастир во Македонија посветен на Св. Василиј Острошки – Денеска на празникот голем број прилепчани го посетија местото

Во прилепското село Чумово, се гради првиот манастир во Македонија посветен на големиот чудотворец Свети Василије Острошки.

Денеска кога се празнува големиот светец, како и празникот Томина Недела, кај параклисот се одржа литургија и празничен ручек.

Присуствуваа голем број прилепчани и иселеници од ова населено место, кои заедно потоа развиорија и македонско оро.

Верниците запалија свеќа, се помолија за своето и за здравјето на своите ближни и дадоа свои прилози за изградбата на овој нов духовен храм.

Природата околу ова место била дарежлива, па секој добронамерник е секогаш поканет да го посети и да ужива во чистиот воздух со своето семејство и пријатели.

Секој кој сака да ја помогне изградбата на овој нов храм, може да ја контактира управата ТУКА

Нека е аирлија и за многу години!

Доаѓа нов топол бран од Африка: Температурите наместа ќе се искачат и до 35 степени

Пред нас е нов бран на повисоки температури, невообичаени за овој период од годината, но и нестабилност и врнежи, велат синоптичарите.

– На повидок ни е и првиот поизразен топол бран од Африка, а тој барем според моменталните следења и наблудувања ни доаѓа од средината на следната седмица, а особено за време на следниот викенд, напиша метеопрогнозерот Славчо Поповски на неговата веб страна „МетеоАларм“.

Тој дополнува дека во текот на следната недела се очекува температурите на многу места низ Македонија да се искачуваат до 30 степени.

Во најтоплите централни и југоисточни предели од државава температурите се очекува да се искачат и до 35 степени.

Силјановска го испрати Пендаровски од вилата „Водно“

Новата претседателка на Македонија, Гордана Силјановска Давкова, го испрати досегашниот претседател Стево Пендаровски од вилата „Водно“.

Воедно ова беше и последниот работен ден на Пендаровски. Во наредните пет години на чело на дражавата ќе биде Силјановска Давкова.

На официјална церемонија со највисоки државни и воени почести денеска во Кабинетот на претседателот, претседателката Гордана Силјановска Давкова ја презеде функцијата Претседател.

По официјалната церемонија на примопредавање на функцијата Претседател, македонската претседателка Гордана Силјановска Давкова оствари тет-а-тет средба со поранешниот претседател Стево Пендаровски и ги поздрави вработените во Кабинетот на претседателот.

На средбата Пендаровски ѝ честита на претседателката Силјановска Давкова за победата на претседателските избори и ѝ посака успех во извршување на функцијата.

Двајцата соговорници го поздравија спроведениот изборен процес посочувајќи дека изборите беа израз на волјата на македонската јавност и ја демонстрираа демократската зрелост на нашата држава.

ВИДЕОТО погледнете го ТУКА

Македонија повторно горда: Гордана Силјановска Давкова даде заклетва без “северна” (Видео)

Претседателката на Република Македонија Горгана Силјановска Давкова денеска положи свечена заклетва пред пратениците на Собранието на Македнија.

Иако заклетвата беше со „Северна Македонија“, Силјановска-Давкова се заколна дека ќе го штити суверинитетот на Македонија.

При положувањто на заклетвата Силјановска Давкова го одржа ветувањето дека за неа лично право е да го почитува името на државата како Република Македонија.
„Изјавувам дека функцијата претседател на Република Македонија ќе ја извршувам совесно и одговорно…“ рече Силјановска Давкова повикана од собранискиот спикер да ги повторува зборовите од заклетвата…

„Ќе бидам претседателка и на левата и на десната страна. Ќе бидам претседателка на сите граѓани нема да правам разлика ниту по етничка ниту по верска ниту по полова ниту по било каква разлика„, рече новата претседателка Силјановска Давкова од собраиската говорница.

„Време е за единство и за тоа ќе им се обратам на жените. Бидејќи ние покажуваме дека не се грижиме само за себе туку и за сите околу нас“, истакна Силјановска во обраќањето кое беше посветено на улогата на жените во политиката и која, според неа, треба да биде многу поголема.

Гордана Силјановска Давкова е прва жена претседател на Република Северна Македонија.

“Бев понудена да ја претставувам Македонија на Евровизија 2024” – Aндријана Јаневска кажа зошто не ја прифатила поканата од МРТВ

Минатата година, тимот на МТВ ме покани да ја претставувам Македонија на Евровизија 2024 во Малме. Им одговорив дека со задоволство ќе прифатев да беше 2000 година, кога се натпреварував со „Твоето писмо моја библија” или 2001 година кога на Скопскиот фестивал победив со „Носталгија”. Тогаш имав 20 години, кариерата ми беше во подем и имав желба да направам нешто за Македонија – напиша на својот ФБ профил пејачката Андријана Јаневска.

-Исто така, тоа беа времиња кога Евровизија сè уште важеше за некаков културно-уметнички натпревар помеѓу народите и кога секоја земја се натпреваруваше со песна на својот јазик.

Денес имам 42 години и се чувствувам исполнето, среќно и остварено на приватен и професионален план. Што се однесува до мојата желба да направам нешто за Македонија, тоа го направив преку докторскиот труд на кој работев девет години, со кој успеав да заштитам над 150 македонски народни песни во регионите Мала Преспа, Голо Брдо и Гора, кои соседните држави претходно суптилно, а во последен период јавно почнаа да ги претставуваат како свои.

Благодарност до МТВ за укажаната можност, но, после ова издание на Евровизија, сметам дека донесов правилна одлука – напиша Јаневска.