дома блог страница 129

Вечерва во Цепенков промоција на поетската збирка “Скршен терариум” од Филипа Сара Попова

Литературно-издавачката дејност при НУЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп ја продолжува својата серија литературни промотивни настани, овој пат во летен амбиент.

„Поетскиот терариум“ замислен како настан со поетско-дебатен дискурс чиј примарен фокус ќе биде промоција на дебитантската поетска збирка на Филипа Сара Попова (1998) – „Скршен терариум“ ќе се одржи вечерва од 20.00 часот.

За оваа збирка Попова ја доби поетската награда „Млада Струга“ 2024 за најдобра необјавена поетска збирка од млад автор-дебитант доделена од НУМ „Струшки вечери на поезијата“.

Преку луциден, бескомпромисен автореференцијален преиспитувачки стихопис, Попова со својот израз исполнет со отсечни поетски слики, предизвукува на отворен дијалог за актуелниот статус, состојба и релевантност на поезијата во современ контекст, но и на потребата од превреднување на самата реалност преку поезијата.

Разговорот ќе го води Кирил Бисероски.

Модератор: Александар Еленин

Николоски со нова убава вест: 5 нови авиолинии до скопскиот аеродром од Стокхолм, Мадрид, Бари, Келн и Прага

Отвораме уште пет нови авиолинии, од ноември од Скопје ќе се лета до Мадрид и Стокхолм, а од декември до Прага, Бари и Келн. Утрово го потпишавме Договорот за петте нови авиолинии кои ќе значат повеќе туристи, повеќе бизнис во Македонија и повеќе можности за сите граѓани од Македонија, се обрати вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

Во продолжение интегралната изјава на вицепремиерот:

“Утрово потпишавме Договор за 5 нови дестинации кои што ќе се оперираат од скопскиот аеродром. Пет нови авиолетови кои ќе значат повеќе туристи во Македонија, повеќе бизнис во Македонија и повеќе можности за сите граѓани на Македонија.

Веќе од месец ноември почнува редовна авионска линија Стокхолм- Скопје.

Исто така, веќе од месец ноември почнува редовна авионска линија Мадрид- Скопје, а од декември почнува редовна авионска линија Бари- Скопје, од декември Келн- Скопје и исто така од декември почнува и редовна авионска линија Прага -Скопје.

Ова се пет нови авиолинии кои за неколку месеци ќе почнат да оперираат од скопскиот аеродром. Со 11 нови линии кои што веќе ги отворивме и овие 5, веќе зборуваме за 16 нови авиолинии кои ги отворивме за само една година.

И тоа бројките го покажуваат, само во првата половина од оваа година од скопскиот и охридскиот аеродром вкупно се превезени 1, 5 милион патници што е зголемување за 5 % од скопскиот аеродром и 11 % на охридскиот аеродром.

Во следниот период ќе има уште добри вести, најавувам дека ќе има уште нови авиолинии.

Нека се со среќа авиолиниите од Стокхолм, Мадрид, Бари, Келн и Прага кои што ќе значат многу повеќе туристи за Македонија, многу повеќе бизниси и повеќе можности за граѓаните на Македонија.

Нека е аирлија! – изјави вицепремиерот Николоски.

Почнува со работа Истражниот центар при Основното јавно обвинителство Битола

Во Основното јавно обвинителство во Битола денеска ќе биде пуштен во функција Истражен центар.

Како што соопштија од Државното јавно обвинителство, официјалниот старт на работа на Истражниот центар ќе го означат државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски и Основниот јавен обвинител на ОЈО Битола Оливера Нечаковска.

Истражни центри досега се формирани во ОЈО Скопје, во ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција, како и во основните јавни обвинителства во Тетово и во Куманово.

Истражителите од истражните центри самостојно преземаат голем број различни дејствија – прибирање документација, барања до институции, учествуваат при претреси и лишување од слобода на лица, а се ангажирани и во дејствија на меѓународна соработка со истражни органи од други земји.

Вардар вечерва во Лозана брани гол предност од Скопје: “Ќе покажеме што и колку можеме”, рече Седлоски

Тмот на Вардар брани еден гол од победата од (2-1), а тренерот Гоце Седлоски е крајно претпазлив пред реваншот.

„Одигравме само едно прво полувреме од овој двомеч. Далеку дека било што е готово. Ние одиме утре да покажеме што можеме и колку можеме. Вардар ќе тргне максимално ангажирано, одговорно и прагматично. Ќе се обидеме максимално да сме фокусирани, и да ги искористиме шансите. Горан Закариќ е со нас во тимот исто така како што беше и во Скопје. По денешниот тренинг ќе одлучам што и како околу составот. Што се однесува до вештачката трева, ние сме подготвени на се. Трениравме на неа, вештачки терен имаме во нашата база. Тоа воопшто не е тема за нас. Ние гледаме да одиграме како што знаеме и умееме, како што покажавме и во Скопје. Посакувам добар меч, против сериозен ривал. Па нека победи подобриот“, изјави Седлоски.

Најгурманското место во Прилеп заминува на краток заслужен одмор – ќе се вратат во ново, поудобно и пошироко издание!

Најгурманското место во Прилеп, ресторан Beer ti & ja, каде чорбите се приготвени со душа, скарата мами со мирис, а ширденот и печените коленици стануваат незаборавен вкус, заминува на заслужен годишен одмор.

📅 Од 31 јули до 13 август 2025 година, ресторанот нема да работи – но не само поради одмор! Во тој период, Beer ti & ja ќе се реновира и прошири, за веќе во август да ги пречека своите верни гости во ново, поудобно и пошироко издание.

Помеѓу старите рецепти и новите простори, останува истата љубов кон храната и истото топло добредојде кое ги прави сите посетители дел од оваа вкусна приказна под Марковите Кули.

Затоа, се гледаме повторно наскоро – со повеќе место, уште повеќе вкус и уште подобар ресторан Beer ti & ja!

Прилепчани на шопинг во Битола ќе влегуваат по нов асфалт (ФОТО)

На улицата „8 ми Септември“ се изведува асфалтирањето со втор слој асфалт, во должина од околу 800 метри, од левата коловозна лента.

Градоначалникот Тони Коњановски, советникот Бојан Бојкоски и дел од општинската администрација задолжена за реализацијата на проектот,
извршија увид во завршната фаза од асфалтирањето на терен.

Со завршувањето на комплетниот слој од асфалтирањето на оваа делница, во наредните денови се очекува нов времен режим. Сообраќајот ќе биде
пренасочен на новоизградената сообраќајна лента, со цел градежните активности да продолжат од десната страна на коловозот.

Во меѓувреме, покрај асфалтирањето на реконструираниот прв дел од булеварскиот влез на Битола од страната на Прилеп, заврши поврзувањето
на новата водоводна линија ф450 со постоечката.

Oбиколницата од “Лукоил” до “Салида” кај Прилеп, три дена ќе биде затворена за сообраќај

Дел од патот Градско – Прилеп целосно ќе биде затворен за сообраќај од 3 до 6 август, информираат денеска од Јавното претпријатие „Македонија пат“.

– Поради изведување градежни активности на вијадукт на Сарачки дол кој се наоѓа на државниот пат А1 Градско – Прилеп, обиколницата на градот Прилеп, државниот пат – од раскрсницата кај бензинската станица „Лукоил“ до клучката кај бензинската станица „Салида“, ќе биде целосно затворен за сообраќај од 3 август, недела, од седум часот до 6 август, среда – соопшти компанијата.

Сообраќајот ќе биде пренасочен низ градот Прилеп.

Голем пожар кај оранжериите во Прилеп – сите противпожарни возила на терен (ФОТО/ВИДЕО)

Голем пожар претпладнево избувна кај оранжериите во Прилеп. Повеќе противпожарни возила се упатија на терен. Над градот се издигаат густи облаци со чад, а пепел лета дури до центарот на градот.

Засега нема информации што гори и дали се загрозени станбени објекти. Повеќе информации во текот на денот.

Николоски: По 200 нови туристи секој ден oд Германија, Франција и Англија слетуваат во Македонија

Секој ден на скопскиот аеродром слетува по еден авион со туристи од Германија, Франција или Англија, тоа се 200 туристи секој ден. Од месец октомври на охридскиот аеродром секој ден ќе слетуваат по два чартер авиони со по 400 туристи, истакна вицепремиерот Александар Николоски во интервју на ТВ Канал 5.

Тој потенцира дека владините политики за поддршка за воведување на нови авиолинии ги даваат ефектите, тоа е 20 проценти повеќе или за 101 илјада повеќе туристи споредено со минатата година.

“Мај месец во споредбa со мај месец минатата година има зголемување од 101 илјада туристи повеќе. Број еден е Скопје и треба да е Скопје бидејќи трендовите на туризмот се менуваат, главно главните градови или туристичките центри се број еден туристичка дестинација во светот, луѓето сакаат да патуваат, да истражуваат. Така да број еден е Скопје, број два е Охрид, во проценти имаме за 20 % повеќе споредено со минатата година и тоа е рeзултат на две политики. Едната на подршка на чартер летови. Секој ден на скопскиот аеродром слетува по еден авион со туристи од Германија или Франција или Англија, тоа се 200 туристи секој ден. Од октомври месец ќе идат два авиони, ќе слетуваат на охридскиот аеродром, значи ќе имаме 400 нови туристи секој ден, дополнително на тоа е чартерот од Манчестер и дополнително на тоа е за 9 месеци отворивме 11 нови авонски лиинии што секако имаме ефект, затоа што ја променивме политиката на субвенционирање и даваме субвенции на патници што доаѓаат, затоа што поентата е да подржите повеќе луѓе да доаѓаат во државата, а не да заминуваат. Претходно се давало субвенции за заминување од државата. Така да тие диркетни летови многу менуваат, се отворија дестинации од Скопје кои претходно ги немаше, се отворија од Охрид кои претходно ги немаше, така да овие сите летови го даваат својот ефект”– истакна вицепремиерот Николоски.

Македонскиот тим одличен на Олимпијадата по биологија на Филипини – меѓу нив и гимназијалецот од Прилеп, Георги Николоски

На 36. Меѓународна олимпијада по биологија (International Biology Olympiad – IBO 2025), која се одржа во Кезон Сити, Филипини, од 20 до 27 јули 2025 година, македонскиот тим постигна одлични резултати во конкуренција од 78 држави.

Македонскиот тим беше составен од:

• Теона Ана Георгиевска, ученичка од III година, ПСУ „Јахја Кемал“ – Скопје
• Емилиа Аврамоска, ученичка од II година, СМУГС „Д-р Панче Караѓозов“ – Скопје
• Георги Николоски, ученик од III година, СОУГ „Мирче Ацев“ – Прилеп
• Ања Спасевска, ученичка од IV година, ПСУ „Јахја Кемал“ – Скопје

Во силната меѓународна конкуренција, македонските ученици постигнаа забележителен успех:

🏅 Бронзен медал за Теона Ана Георгиевска
🎖️ Пофалница за Георги Николоски