дома блог страница 127

Св Илија – Kлyчapoт на небото и заповедник на гpмотевиците: Честит именден Илија, Илко, Илинка, Илина, Илчо…

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 20 јули. Денеска е Св. пророк Илија-Илинден.

Во народното верување свети Илија се смета за клучар кој го отклучува или заклучува небото и го пушта или запира дождот, бидејќи се верува дека тој повела со летните грмотевици и е Пророк кој пaли и гaси на небото и земјата.

Именден празнуваат: Илија, Илко, Илинка, Илинденка, Илина, Иљо, Илчо…

Бидејќи во народното верување Св. Илија се смета за клучар кој го отклучува или заклучува небото и го пушта или запира дождот, бидејќи се верува дека тој повела со летните грмотевици, очигледно е дека врз св. Илија се пренесени многу елементи на врховниот пагански бог на Словените, громовникот Перун.

Останало забележано во записите на Марко Цепенков дека „во летно време кога да биет ровја, св. Илија трчал со кочијата по облаци, за да ја втаса ламјата и штотуку да ја втасал ќе врлел со еден камен морски и одошто силно ќе yдpел со камчето, огон силен излегувало и кај ќе yдрело ќе расипело и ќе yбиело. Ламјaта од страв кај ќе и се вдаит, тамо ќе се скриет, за да не ја убиет. Тешко му кај ќе се скриет.“ И во Кумановско Свети Илија се држи како празник и не се работи од страв да не биjат гpомови по полето, луѓето и стоката и сл.

(ФОТО) Еве од каде му иди силата и знаењето на Стојанче

Гаси жед, ама гаси и пожари…

15 години баскет, братство и дружба! 15. издание на турнирот во баскет “КГЈ3Х3” во Прилеп – пријавте ваша екипа

Од 15. до 17. август ќе се одржи 15-то јубилејно издание на одличниот турнир во баскет 3X3 “Кире Гаврилоски – Jане”. Tри дена исполнети со страст, конкуренција и одлични натпревари!

Организаторите ги објавија термините и висината на котизацијата, која изнесува 1600 ден. за екипи под 17 години и 2000 ден. за екипи над 18 години.

Пријави ја твојата екипа во ИНБОКС на линкот во продолжение – бројот на екипи е ограничен!

⏳Пријавуването трае до 12 август!

Ова не е само турнир. Ова е традиција. Не го пропуштај петнаесетото поглавје на КГ3Х3!

https://www.facebook.com/photo/?fbid=122122515752928867&set=a.122122515782928867

Повторно голема кражба во поранешен “Еуркомпозит” – крадците изнесле се’ што можеле

На 31.07.2025 во ОВР Прилеп било пријавено дека во периодот од 16:30 часот на 27.07.2025 до 14:00 часот на 31.07.2025 со употреба на физичка сила и подесен алат било влезено во канцелариски простории во управна зграда од поранешна фабрика „11 Октомври – Еурокомпозит“ на ул.„Александар Македонски“ во Прилеп, при што биле одземени четири електромотори од хидраулична машина со електрични додатоци, кабли, инсталации и предмети од различни електронски уреди, два електромотори од фрижидер и две торби со повеќе метални предмети. Увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Прилеп и се преземаат мерки за расчистување на случајот – информираат од МВР.

Oдлична вест, Македонија создава нови пилоти: На 10 избрани кандидати денеска им беа доделени уверенија, следува оглас за 9 нови

На 10 кандидати за пилоти избрани согласно Јавниот повик за обука денеска им беа врачени уверенија.

Директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство, Драги Стојаноски истакна дека Агенцијата ќе ги кофинансира нивните обуки за стекнување на пилотски дозволи.

-Агенцијата за цивилно воздухопловство ќе учествува во висина од 50 проценти од цената на чинење на овие обуки. Во повеќе наврати на средбите со министерот Николоски ја констатиравме како критична состојбата со воздухопловен персонал во Македонија. На овој начин покрај тоа што ќе создадеме нови воздухопловци, сметаме дека ќе ги раздвижиме активностите во спортиските клубови и спортските аеродроми кои низ годините соочувајќи се со проблеми, полека замираат, а кои во минатото биле основ за создавање на персонал од кој подоцна корист имале многу институции, вели Стојаноски.

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски нагласи дека ваквите проекти се потврда дека Македонија може и има капацитет да води големи проекти и да се врати самодовербата и достоинството кај народот.

-Тука сме да ги согледуваме состојбите и да ги решаваме. Ќе продолжиме со поддршката, да стимулираме. Важно е дека процесот е транспарентен и се надевам дека на следниот оглас ќе има уште поголем интерес и поголем број на пријавени кандидати. Се надевам и дека истите покрај ангажманот во државниот, ќе можа да бидат ангажирани и во приватниот сектор, истакна Николоски.

Тој посочи дека по стапувањето на оваа Влада на функција, воведени се нови 16 авио дестинации кон скопскиот аеродром, а најави дека наскоро ќе биде објавени уште.

Николски и Стојаноски додадоа дека во понеделник ќе биде објавен уште еден оглас за нови 9 кандидати.

СВР Битола со апел до граѓаните да се воздржат од користење возила за претстојниот музички спектакл во недела

Во пресрет на еден од најголемите музички настани ова лето на подрачјето на Битола, кој ќе се одржи во недела на 3 август на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола, каде на концертот на Армин Ван Бјурен се очекуваат повеќе илјадна публика, СВР Битола упати апел до возачите в недела да се воздржат од управување на своите патнички возила.

Во соопштение за јавност, од СВР Битола нагласуваат дека заради големата фреквенција на луѓе и возила на подрачјето на Битола, граѓаните на Битола да се воздржат од управување на своите патнички возила, а особено ноќта на спектаклот.

Исто така, упатуваме апел до сите возачи учесници во сообраќајот, нагласуваат од СВР Битола, возачите да ги почитуваат посебните сообраќајни правила и да ги следат насоките на полициските службеници за паркирање.

Од СВР Битола очекуваат граѓаните в недела да се воздржат од управување на моторни возила со цел непречено одвивање на сообраќајот и реализација на настанот.

Има вкусен и обилен хамбургер во Прилеп за само 120 денари, ама треба да знаеш каде (ФОТО)

Сместено веднаш до градската болница во Прилеп, Brunch Box Cafe е тивко и пријатно катче кое нуди повеќе од само добра локација. Се издвојува по својата прекрасна летна бавча, совршено место за утринско кафе, ручек или опуштена вечера – далеку од градската гужва и врева.

Но, она што навистина ќе ве натера прво да ги посетите, а потоа и повторно да се вратите, се нивните обилни, домашни хамбургери подготвени со свежи состојки, полни вкус и сервирани со крцкави помфрити – и тоа по најповолни цени во градот!

🍔 Classic burger – 120 ден.
🧀 Cheese burger – 130 ден.
🥓 Bacon или Brunch burger – само 140 ден.

Покрај бургерите, во понудата ќе најдете и печени сендвичи, салати и тортилји – сè што ви е потребно за еден совршен оброк, секој ден.

Brunch Box Cafe – дојдете заради мирот, останете заради вкусот!

Посетете ги уште денеска, или нарачајте на телефонскиот број: 078 845 442.

Ве очекуваме со широка насмевка и полна чинија!

Над 150 коњаници од цела Македонија, меѓу кои и девојки пристигнаа во славно Крушево – Започнаа ИЛИНДЕНСКИТЕ празнувања (ФОТО)

Над 150 коњаници од повеќе краишта на Македонија вчера пристигнаа во Крушево и добија топло добредојде од голем број крушевчани и гости, кои деновиве престојуваат во туристичките капацитети на градот.

Традиционално илинденските коњаниници беа пречекани со леб, сол и вино, а потоа се упатија на Гумење.

-Денес ја пречекавме илинденската коњаница во Крушево – симбол на борбата, храброста и непокорот на нашите предци. Илинден не е само историја, туку обврска кон иднината. Крушево и понатаму останува чувар на илинденскиот завет и идеалите за слобода, правда и достоинство. Им благодарам на сите коњаници за нивната пожртвуваност, горд сум што оваа традиција живее и се пренесува на младите генерации. Крушево ги отвора срцето и вратите за секој кој доаѓа со љубов кон татковината – напиша на ФБ градоначалникот на Крушево, Томе Христоски.

Приведен возач во Прилеп кој управувал возило со 1,79 промили алкохол

На 31.07.2025 во 14:00 часот на бул.„Гоце Делчев” во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода С.Ѓ.(52) од с.Воѓани, прилепско. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници запреле возило „тојота” со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал С.Ѓ., и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,79 промили алкохол во крвта.

Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичен законик- „безобѕирно управување со моторно возило”.

МАТАДОР вработува! Одлични услови, одлична плата, аплицирајте!

Авто делови Матадор од Прилеп објавува оглас за вработување на едно лице на позиција:

Продавач на авто делови

🔧 Потребни квалификации:

Претходно работно искуство со авто делови (задолжително)

Одговорност, комуникативност и тимска работа

📍 Локација: Прилеп
🕘 Работно време за контакт: Секој работен ден од 09:00 до 16:00 часот
📞 Телефон за контакт: 075 460 269

Доколку сте заинтересирани и ги исполнувате условите, Ве охрабруваме да се јавите и аплицирате!